You are on page 1of 37

1. Дефинирај ја нужната одбрана.

-нужна одбрана е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие


од себе или од друг истовремен противправен напрад.

2. Елементи на нужната одбрана.

- Законската дефиниција на нужната одбрана содржи, според тоа два основни


елементи:

А) противправен напад (противправно дејствие насочено кон загрозување или


повреда на некое правно добро)

и б) одбрана(противправниот напад му дава на нападнатиот право да се брани со


преземање на дејствие со кое се остварува законскот о битие на некое казнено
дело)

3. Елементи на противправен напад кај нужната одбрана.

А) напад со дејствие,

Б) напад кој е објективно насочен кон загрозување или повреда на кое било
правно добро,

В) нападот да е противправен,

Г) нападот да е вистински.

4. Што е путативна нужна одбрана?

-Путативна (вообразена ,претпоставена нужна одбрана имаме кога


"нападнатиот" се брани од замислен напад.

Нема нужна одбрана од дејствие кое во објективна смисла не претставува


загрозување или повреда на правните добра.

Дејствието што има такво значење само во очите на нападнатиот не го


исполнува основниот законски услов-постоењето на противправен напад. На
пример ноќно време некој му подава на друг предмет, за кој овој мисли
помислува дека во него е вперено оружје и го убива “напаѓачот”. 5. Елементи на
одбрана кај нужната одбрана.

А) одбраната треба да биде потребна за одбивнање на нападот,


Б) да постои пропорционалноста на одбраната со нападот

В) одбраната да е истовремена со нападот.

6. Казнено-правни последици од пречекорување на нужната одбрана.

- Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни


поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или
уплав предизвикан од нападот, може и да се осободи од казна. Не е определено
поблиску според тоа ниту за кои граници се работи ниту какво и колкаво треба
да биде пречекорувањето на тие граници.

7. Дефинирај ја крајната нужда.

крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од


севе или од друг истовремена нескривена опасност што на друг начин не
можела да се отстрани, а притоа сторено зло не е поголемо од злото што се
заканувало.

8. Направи основна разлика меѓу нужната одбрана и крајната нужда.

- разликата меѓу нужната одбрана и крајната нужда е во тоа што кај нужната
одбрана доаѓа до судир меѓу правото и неправото, односно противправниот
напад и дозволената нужна одбрана,

а кај крајната нужда судир помеѓу две права,односно два подеднакво правно
релевантни интереси.

Едно прававо се жртвува во име на спасување на друго. Пример: лекарот има на


располагање еден апарат за реанимација, а двајца критични пациенти го
исклучува едниот од нив за да го спаси другиот.

9. Елементи на крајната нужда.

- Законската дефиниција на крајна нужда содржи два елементи:

А) опасност и б) отсранување на опасноста со жртвување на туѓо добро.

10. Казнено-правни последици од пречекорување на крајната нужда.

Сторителот што ги пречекорил границите на крајната нужда може да се казни


поблаго, а ако е сторено пречекорувањето под особено олеснувачки околности
може и да се ослободи од казна.
11. Дела извршени во вршење на службената должност.

- Вршењето на службената должност може да се состои и во преземањето


дејствија кои во формална смисла значат исполнување на законското битие на
некое дело: противправно лишување од слобода (полицаецот што лишува
некого од слобода врз основа на соодветните одредби од ЗКП), одземање
предмети (претрес), присилба (наредбата за вршење определено-дејствие).
Нивната противправност е исклучена кофа се превземени од службено лице што
со закон е овластено за нивното преземање, во пропишана постапка и во
рамките на службените овластувања определени со закон.

12. Дела извршени по наредба на претпоставениот.

- кај делата извршени во вршење на службената должност наредбата на


претпоставениот не може да се појави како основа за исклучување на
противправноста ако таа не е заснована врз изречно законско овластување.
Потчинетиот што ќе изврши незнаконита наредба ја презема врз себе целата
одговорност за стореното казанено дело, за кое исто така одговара и
претпоставениот како поттикнувач, соизвршител или ако се работи за посебвен
однос на строга субординација во еден организиран и хиерархиски
структуриран систем – како извршител зад извршителот.

13. Дозволен ризик.

- како општа основа за исклучување на противправноста, дозволениот ризик ги


покрива подрачјата на штетни но социјално адекватни дејствија. Општеството
мора да плати висока цена за својот општ напредок

поставувајќи граници на толеранција на таквите ризици определени со технички


и со др. Норми. Дејствието преземено во тие граници не е противправно. Такви
се дејностите во определени индустриски гранки, како што се фабриките за
експлозиви, запаливи материи или рудниците.

14. Дела во вршење на лекарска дејност.

- Посебен случај на дела преземени во границите не дозволениот ризик


претставуваат лекарските зафати со кои во формална смисла се остварува
законското битие на некое казнено дело (убиство, телесна повреда). Ако е
изведен лекарски зафат со почитување на сите стандарди и правила не постои
лекарска грешка односно казнено дело без оглед на неговите последици
(операцијата успешна, пациентот умрел). Исклучувањето на противправноста е
засновано врз претпоставената согласност на пациентот, како и врз
општествената корисност од вршењето на лекарската дејност.

15. Дела извршени врз основа на правото на воспитување.

- Правото на воспитување е составен елемент на родителското право. ВО


воспитувањето на своето дете, родителот може да применува и присилни мерки
кои значат остварување на законските битија на одделни дела: така на пр.
Заклучувањето на детето во неговата соба додека не ја научи лекцијата ги
исполнува обележјата на делото противправно лишување од слобода,
повлекувањето за уво или удирањето шлаканица-на делото навреда. Исклучена
е и противправноста и за делата преземени во основа на правото на воспитување
во образованието како и специјалните образовни институции (воспитно-
поправни домови).

16. Согласност и претпоставена согласност на оштетениот.

- согласноста на оштетениот не ја исклучува противправноста,слободата за


самоповредување или за самоубиство не вклучува и слобода на пренесување врз
друг овластување да располага со туѓиот живот или телесен интегритет.
(убиството од благородни побуни се казнува како привилегирано убиство-иако е
дадена претходна согласност на жртвата и се третира како небрежно убиство.

Во ситуации на крајна нужда се претпоставува согласноста на


оштетениот(лекарот мора и без согласност од пациентот кој е во несвесна
состојба да преземе итна ризична операција)

17. Дефинирај го делото од мало значење.

Кај делата од мало значење или багателни дела се работи за ситни,минорни дела
како што е на пр.кражба на едно јаболко,

- Кривичниот законик на РМ ја содржи следната дефиниција на делото од мало


значење: не е казнено дело она дело што иако содржи обележја на кривично
дело претставува дело од мало значење поради отсуството или незначителност
на штетните последици и нискиот степен на кривична одговорност на
сторителот.

18. Кои услови треба да се исполнети за неказнување на делото од мало


значење.
- Малото значење на делото е самостојна основа за исклучување не постоењето
на казненото дело поради исполнувањето на два кумулативни услова:

-отсуство или незначителност на штетните последици го тангира објективното


неправо на делото. Делото од мало значење не претставува повреда на
заштитеното правно добро, што би налагала активирање на казненоправните
механизми.

-низок степен на казнена одговорност го исклучува субјективното неправо на


делото. Делото е од мало значење кога однесувањето на сторителот не
заслужува никаков социјалноетички заснован прекор.

19. Наброј ги случаите на исклучување на противправноста од Посебниот дел на


КЗ

- член 129 - противпварно прекинување на бременоста,

- член 132 - учество во тепачка,

- член 150 – неовластено откривање тајна,

- член 176 – неказнување за кривичните дела: клевета, навреда, изнесување


лични и семејни прилики и омаловажување со префрлање за казнено дело,

- член 352 – одговорност за казнено дело извршено по наредба на


претпоставениот.

20. Поимот на вина според КЗ

кривично е одговорен сторителот кој е пресметлив и што го сторил кривичното


дело со умисла или од небрежност.

21.кој е виновен сторител на каз.дело според КЗ

Според КЗ кривично е одговорен сторителот кој е пресметлив и што го сторил


кр.дело со умисла или од небрежност. и при тоа бил свесен или бил должен и
можел да биде свесен за забранетоста на делото.

За постоење на вина не е потебна свест на сторителот за забранетоста на делото.


Доволно е сторителот кој е пресметлив да е свесен за за своето дело како настан
во надворешниот свет.
Застапниците на оваа теорија ја ограничуваат содржината на вината само на
умисла и свесна небрежност, не наоѓајќи место за несвесната небрежност.

22. кои правила ги поставува КЗ за утврдување на вина

За утврдување на вината КЗ ги поставува следните правила:

-способност за вина – пресметливост

-постоење на умисла или небрежност

-свеста (односно должноста и можноста за свест за противправност на делото)

23. Способност за вина (пресметливост) се претпоставува кај секој сторител на


казнено дело. (Непресметливоста во законот претставува основа за исклучување
на вината).

Способен е само сторителот кој е пресметлив во време на извршувањето на


казненото дело. (кривично е одговорен само сторителот кој е пресметлив)

-способноста за вина законот ја врзува за возраста на сторителот во време не


извршување на казненото дело.

Децата (малолетници кои не наполниле 14 г.) се надвор од казненото право и за


нив важи несоборливата претпоставка дека не можат да бидаат способни за
вина.

Постарите малолетници (од 16-18 г.) може да бидат прогласени за виновни и да


се казнат со казна малолетнички затвор само во случај кога за стореното дело е
пропишана казна потешка од 5 год. затвор.

Во однос на полнолетните сторители законо5т тргнува од претпоставка –за


секого се претпоставува дека е пресметлив ,а со тоа и способен за вина.

Пресметливоста треба да се проценува како конкретна способност за вина.

Претпоставката за способност на секој сторител да биде виновен е соборлива.

За секого се смета дека е пресрлив се додека не се докаже спротивното.

24.Непресметливост
не е пресметлив сторителот кој во време на извршување на казненото дело не
можел да го свати значењето на своето дело или не можел да управува со своите
постапки поради трајна или привремена душевна болест, привремена душевна
растроеност или заостанат душевен развој или други особено тешки душевни
пречки.

25.Биолошки основи за непресметливост

Според КЗ се:

- трајна душевна болест

- привремена душевна болест

- привремена душевна растроеност

- Заостанат душевен развој

- други особено тешки душевно пречки

трајна душевна болест е дефинирана како прогресивно ,неповратно и


непоправливо растројство на психичкиот живот.Тоа е заболување на
централниот нервен систем што резултира со патолошки растројства на
психичките функции, што го прави човекот неспособе да се однесува во
согласност со барањата на општеството.
(шизофренија.епилепсија,параноја,алкохолска психоза и др.)

привремената душевна болест е циклична или повремена излечлива болест что


може да се излекува спонтано или со примена на некои медински методи.
(манијата,меланхолијата,манично-депресивна психоза,пароксистична криза
предизвикана од интоксикација и др.)

привремена душевна растроеност се дефинира како поминлива состојба на


нарушување на психичките функции,предизвикана од ендогени и егзогени
причини-треска,висока температура,алкохолизам ,наркоманија и др.

заостанатиот душевен развој е интелектуална и карактерна заостанатост поради


неразвиеност на централниот нервен систем предизвикани со вродени
(ологофренија,кретенизам) или стекнати аномалии(деменција,склероза)или со
неживење во социјална средина.
Други особено трешки душевни пречки се моментални или подолготрајни
душевни состојби што не може да се дефинираат ниту како душевна болест
ниту како растроеност. Обично се предизвикани од алкохол или дроги или пак
се тешки нарушувања на карактерниот развој, психопатски состојби на
личноста, тешки неврози и др.

26. Казненоправни дејства на непресметливоста

Непресметливоста ја исклучува вината

На сторителот кој не можел да го свати значењето на делото или да управува со


своите постапки не може да му се упати никаков прекор.што за последица има
исклучување од казната.

Во непресметливите сторители остануваат во рамките на казненото право и се


третираат како сторители на казнени дела.Поради тоа КЗ предвидува
изрекување на мерки на безбедност задолжително психијатриско лекување и
чување во здравсвената установа и задолжително психијатриско лекување на
слобода како единствени санкци за непресметливите сторители.

27. Битно намалена пресметливости нејзини елементи.

Сторителот на кривичното дело чија способност да го свати значењето на своето


дело или способноста да управува со своите постапки била битно намалена
поради некоја состојба (непресметливост) може да се казни поблаго.

Дефиницијата содржи 2 елементи:

-биолошкиот и психолошкиот.

Делото е сторено во состојба на битно намалена пресметливост кога ка ј


сторителот постоела некоја од биолошкие основи на непресметливоста ,што за
психолошко дејство го имала мбитното намалување на негобвата способност
зарасудување и управсување со своите постапки.

Битно намалено пресметливиот сторител е пресметлив. Тој е способен за вина


бидејќи биолошките основи за непресметливоста имаат послаб интензитет и не
ја исклучуваат интелектуалната и волунтаристичка способност.

Битно намалената пресметливост е намалена способност за вина, има понизок


степен на вина, а со тоа и можност за поблаго казнување.
28. Actio libera in causa (дејствие слободно во причината) е исклучок од
правилото според кое нема вина за сторено дело во непресметлиба состојба.

Ислчучочкот се состои во тоа што се прогласува виновен сторителот кој самиот


по своја сопствена вина се довел во непресметлива состојба,и во таква состојба
го сторил делото.

Според КЗ кривично е одговорен сторителот на кр.дело кој со употреба на


алкохол,дроги или на друг начин ќе се доведе во состојба во која не можел да го
свати значењето на своето дело или да управува со своите постапки,ако пред да
се доведе во таква состојба делото било опфатено со неговата умисла или во
однос на кр.дело кај него постоела небрежност,а законот за такво дело
предвидува кривична одговорност и за небрежност.

29. Услови за одговорност кај . Actio libera in causa

- Делото да е сторено во непресметлива состојба

- сторителот самиот себе да се донел во непресметлива состојба

-да постои субјективна врска меѓу сторителот и делото извршено во


непресметлива состојба

-Делото да е сторено во непресметлива состојба

Непресметливата состојба се изразува како предизвикување на привремена


душевна болест или растроеност. Треба да се смета за виновен сторителот кој се
довел во таква состојба.

- сторителот самиот себе да се донел во непресметлива состојба со употреба на


дроги алкохол и на друг начин.

Ако состојбата на непресметливост ја предизвикало друго лице без знаењена


сторителот -тоа лице се третира како посреден извршител на делото а сторитело
ке има статус на непресметливо лице.

-да постои субјективна врска меѓу сторителот и делото извршено во


непресметлива состојба

За да постои таква врска потребно е сторителот да е пресметлив во времето кога


се доведува во состојба на непресметливост. Душевно болно лице кое со
упетреба на алкохол ке предивикава додатна растроеност и ке изврши некое
каз.дело останува во истиот казненоправен статус на непресметлив сторител.

30. За умислено action libera causa се зборува во случај кога кај сторителот во
време на доведување во непресметлива состојба постоела умисла за извршување
на она казнено дело што го извршил.(се донесува во таква соастојба за да се
охрабри)

31. Небрежно action libera causa постои кога извршеното дело може да му се
припише на сторителот во времето на доведување во непрсметлива состојба.

32. Директна умисла и компоненти нејзини

Делото е сторено со директна умисла кога сторителот бил свесен за своето дело
и го сакал неговото извршување.

Законската дефиниција содржи 2 компоненти: интелектуална компонента и


волева компонента.

33.Евентуална умисла (dolus eventualis) и компоненети

Делото е сторено со евентуална умисла кога сторителот бил свесен дека поради
неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица,но се
согласил со нејзиното настанување.

КЗ ги определува двете компоненти за евентуална умисла: интелектуалната и


волевата компонента.

34.Интелектуалната компомента кај директната умисла

- свеста за делото ги опфаќа сите околности што се појавуваат како обележја на


законското битие на делото. (убиство со умисла врши тој е кој е свесен дека
лишува од живот друг)

За постоење на умисла за определено дело е потребно сторителот да има точна


претстава за она што навистина го прави.

Свеста на сторителот треба да ги опфати сите околности содржани во


законското битие, кои се делат на стварни, дискриптивни и вредносни,
нормативни.
Околности од стварна природа се преземени од надворешниот свет во нивното
обично секојдневно сваќање. Такви околности се: човек, тело, предмет и др.

Околности од нормативна природа се појави кои се дел од


нормативновредносниот поредок и постојат врз основа на определена
нормативна норма со која се определува нивната природа. Такви се поимите:
службено лице, службено дејствие, одговорно лице и др. КЗ предвидува и
законски дефиниции за некои од нив.

За постоење на умисла не е потребно сторителот да ја познава правната


сдефинициаја на овие поими,доволно е да го познава нивното општо
социјалнозначење.

35.Волева компонента кај директна умисла

- сакање на делото се дефинира како субјективна насоченост на дејствието од


страна на сторителот кон остварување на забранетата последица.

Сакањето на делото може да се појави во неколку варијанти.

1. сторителот треба да го насочи дејтвието непосредно кон целта што ссака да ја


оствари.(нишани во лице во кое сака да го убие.(непосредна цел)

2. сторителот го сака извршувањето на делото и насочувањето на дејствието кон


определена цел за да постигне некоја друга цел.(посредна цел) - го убива
стражарот на банката за да провали во банката.

36.Интелектуалната компонента кај евентуалната умисла

сторителот е свесен за можноста од остварување на делото.

37.содржина на волевата компонента кај евентуалната умисла

Волева компонента е согласувањето со последицата, сторителот не само што е


свесен за можноста за остварување на каз.дело туку и дека асе согласува, ја
прифаќа таквата можност.

Последицата се појавува како споредна како придружна компонента. Тој


презема некое дејствие, безобзирно или сосема рамнодушно однесувајќи се кон
неговиот резилтат.
Кај евентуалната умисла сторителот го сака делото, со самото тоа што се
согласува последицата да настапи.

38. Специјални видови умисла (само најбројување)

- неопределена општа умисла,

- алтенативна умисла

- предумисла

- наврапита умисла

- дополнителна умисла о др.

39.Небрежност (culpa)

Небрежноста се дефинира како неволево несакано извршување на казненото


дело.

Според К:З: Кривичното дело е сторено од небрежност кога сторителот бил


свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи
штетна последица, но лекомислено сметал дека ке може даја спречи или таа
нема да настгапи или кога не бил свесен за можноста од настапување на
штетната последица, иако според околностите и според своите лични својства
бил должен и можел да биде свесен за таа можност.

Законот разликува два вида небрежност:

- свесна небрежност и

- несвесна небрежност

40. Свесна небрежност (luxuria) и нејзини компоненти

Казненото дело е сторено со свесна небрежност кога сторителот бил свесен дека
поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна
последица, но лекомислено сметал дека може да ја спречи или дека таа нема да
настапи.
Законската деф.ги потенцира двете компоненти на свесна небрежност: свест за
делото и лекомислен однос кон последицата.

Свест за делото

Сторителот треба да е свесен за потенцијалната каузална моќ на своето дејствие


(кога вози со голема брзина во населено место-свесен е дека може да дојде до
незгода ако некој претрча преку улицата).

Лекомислен однос кон последицата

Лекомисленоста е психолошки однос за кој од една страна е карактеристично


несакањето на последицата но од друга страна и потпирањето на очекувањето
дека таа нема да настапи врз потценетата веројатност за нејзиното настапување
или врз преценетите можности на сторителот за нејзино спречување.(сторителот
ископал јама за вар и не презел мерки за обзбедување ,лекомислено сметајќи
дека никому нема ништо да ссе случи, па во јамата паднало дете и се загушило)

41. Несвесна небрежност поим и нејзини компоненти

Казненото дело е сторено од несвесна небрежност кога сторителот не бил свесен


за можноста од настапување на штетната последица, иако според околностите и
според своите лично својства бил должен и можел да биде свесен за таа
можност. (повреда на должното и можното внимание)

На сторителот му префрламе затоа што не го предвидел или спречил


настанувањето на последицата иако бил должен и можел тоа да го стори.

Непостоење свест за делото. Кај несвесната небрежност сторителот не е свесен


за можноста за настапување на последицата. Тој не знае дека некое негово
дејствие, предизвикувајќи определена последица, го остварува законското битие
на делото. (со тоа се разликува од свесната небрежност).

Сторителот е во свесна состојба, во која може да го свати значењето на делото и


да управува со своите постапки, но не е свесен за последиците од конкретното
дело.

Субјективна повреда на должното внимание

Несвесна небрежност постои кога во една конкетна ситуациај се активира некоја


обврска на сторителот за должно внимание, за предвидување и на другите
последици од неговото постапување.
Таа обврска може да е генерална-врзана за определена професија (хирургот при
операција има точно определени обврски наложени со правилата на
медицинската струка) или за внимателно однесување воопшто (правила во
сообраќајот) или создава обврски за внимание при преземање на конкретни
дејствија (управување со моторно возило)

Небрежна вина не може да ја се конституираат од после создадени правила на


должно внимание.

битие на казненото дело.

42.Казнување на небрежноста

За небрежно извршување на делото се казнува само кога тоа законот изрично го


определува.Законот не прави разлика меѓу свесната и несвесната
небрежност.Законот за прекршоци предвидува одговорност и за небрежно
извршување на секој прекршок,освен кога законот законот изрично определува
дека се казнува само умислено извршување на прекршокот

43.разграничување на свесната небрежност од евентуалната умисла

За разгранучување на евентуалната умисла од свесната небрежност зависи :

1.дали едни дело воопшто ке се казни (исклучителна казнивост на небрежноста)

2.со каква казна ке се казни сторителот(за умислено извршување е пропишана


потешка казна)

Умислата е волево,додека небрежноста неволево извршување на делото.

Теоријата на согласувањето ја употребува франковата формула која поаѓа од


едно хипотетичко прашање:како би се однрсувалсторителот кога со сигурност
би знаел дека последицата ке настапи?

-ако си рече сторителот –што и да се случи ке го довршам дејствието-постои


евентуална умисла

-ако сторителот би запрел со дејствието се работи за свесна небрежност.

Според теоријата на вољата евентуалната умисла е умисла за опасноста,не за


обичната можност,туку за повисока можноста за настапување на последицата .
44.Свест за противправноста

Под свест за противправност (свест за забранетоста) се подразбира свест за


неправото за негативното социјално значење, за забранетоста на делото од
гледна точка на општествената оцена на поведението на сторителот.

Казнувањето на сторителот кој не знае дека прави нешто недозволено е исто


како казнувањето невин.

Принципот ignoratia legis prodest (непознавањето на правото користи) води кон


признавање на правната заблуда како основа за исклучување на вината.

Денес системот на казненоправни норми содржи толкав број на забрани, што е


тешко нив а ги познава и добар правник, а уште потешко е нив да ги познава
обичниот граѓанин.

Свеста за противправноста е претпоставен елемент на вината кој не мора да се


утврдува во секој конкретен случај.

45. Заблудата е погрешна претстава на сторителот за определени фактички


околности,а со тоа и за самото дело како реален настан, или за оценувањето на
делото од гледна точка на неговата недопуштеност.

Може да се подели на три вида заблуда: заблуда за битието на делото, заблуда за


околностите што ја исклучуваат противправноста и заблуда за противправноста.

заблуда за битието на делото

сторителот може да има погрешна претстава за самото дејствие и сите


околности што се дел од неговото однесување со кое се остварува објективното
непрасво на делото.

заблуда за околностите што ја исклучуваат противправноста

сторителот може да има погрешна претстава за постоењето на противправноста


на неговото дејствие, така што неговата претстава за дејствието е точна но не е
точна претставата за основите за исклучување на противправноста.

Овие два вида на заблуда К.З. ги става под заеднички назив стварна заблуда.

Заблуда за противправноста
Кај сторителот може да недостасува свеста за забранетоста на делото. (К.З.ја
нарекува правна заблуда)

46. Стварна заблуда за битието на делото

Според К.З. – не е кривично одговорен сторителот кој за време на извршување


на кривичното дело не бил свесен за некое негово обележје определено со закон.

Според оваа деф.стварната заблуда за битието на делото е определена како


недостаток на интелектуалната страна на умислата.

За стварна заблуда за битието на делото се работи кога сторителот не е свесен за


некоја околност која треба да се супсумира под таквото обележје определено со
закон. (пр.мед.сестра по грешка на пациентот му инјектира друг,за него
смртоносен лек, ловец намест животно погодува човек скриен зад грмушката)

47. Стварна заблуда за околностите што ја исклучуваат противправноста

Според К.З. стварна заблуда за околностите што ја исклучуваат


противправноста постои ако сторителот погрешно сметал дека постојат
околности според кои, доколку тие на вистина постоеле делото бо боло
дозволено.(нужна одбрана, крајна нужда итн).

Пр.сторителот треба да има погрешна претстава за самите околности ,погрешно


да смета дека е нападнат, дека постои опасност итн.

48. Правна заблуда

Според К.З. не е кривично одговорен сторителот на кривично дело кој од


оправдани причини не знаел и не можел да знае дека тоа дело е забрането. Ако
сторителот можел да знае дека делото е забрането, може да се казни поблаго.

На пр.сторителот смета дека како постар има право да го воспитува секое дете
што ке го затекне на улица со цигара во рака удирајќи му шлаканица.(директна
заблуда)

За директна заблуда се работи кога сторителот не е свесен за забранетоста на


делото,а за индиректна заблуда кога е свесен за забранетоста на делото, но си
создава самиот за себе нова основа за исклучување на противправноста (кога
смета дека има право да апси лица за кои смета дека се криминалци, за на тој
начин да и помогне на полицијата)
49. Одговорност за потешка последица

Кога од казненото дело произлегла потешка последица за која законот


пропишува потешка казна,таа казна може да се изрече ако сторителот во однос
на последицата постапувал од небрежност.(казнено дело квалифицирано со
потешка последица)

Пр.потешка телесна повреда :сторителот ке се казни потешко ако поради


тешката телесна повреда повредениот умре.

50. Одговорност за казнени дела сторени преку mass-media

за делата сторени преку mass-media важат општите правила за казнената


одговорност и учеството на повеќе лица во казненото дело.

Пр.за клевета дадена преку радио ке се казни тиј што ја дал(авторот)

51.стафдиуми на извршување на казненото дело

На својот криминален пат (iter criminis) до потполна резлизација на казненото


дело, сторителот може да помине низ неколку стадиуми.

Првиот е мисловната фаза на донесување на одлука за извршување на делото.

Нареден чекор може да претставува вербалната фаза на соопштување на


донесената одлука.

Следна фаза е фазата на подготвување преземање на надворешни реални


дејствија со кои сторитрелот создава услови за извршување на делото.

Потоа може да следи фазата на обидот – започнување со дејствие за извршување


на делото.

Делото може да биде довршено така што по неговото довршување ке настапи


неговата последица.

По довршувањето на делото сторителот може да се повлече од делото, со тоа


што ке ги отстрани или ќе ги поправи неговите последици.

За стадиуми на извршување на казненото дело може да се зборува само кај


умислениот деликт.
52. Според законската деф. подготвителни дејствија се умислени дејствија со
кои сторителот создава услови, го олеснува извршувањето на делото, а кои
претходат на дејствието на извршување на конкретното дело.

Законот како подготвително дејствие го третира само создавањето услови за


непосредно извршување на делото, кои во временска, материјална,
функционална смисла претходат и се поврзани со дејствието на извршување на
казненото дело.

Подготвувањето со закон може да се определи:

- како посебно дело

- или со закон може да се пропише казнување на подготвување определено


казненео дело

Казниви подготвителни дејствија

Разликуваме два вида казнени дела на подготвување:

- самостојни дела на подготвување (delicta sui generis)

- несамостојни дела на подготвување (delicta preparata)

53. Според К.З: подготвувањето на определено казнено дело може да се состои


во:

- набавување или во приспособување средства за извршување на казнено дело

- во отстранувањето на пречките за извршување на казнено дело

- во договарање, планирање или организирање со други извршители на казнено


дело

- како и други дејствија со кои се создаваат услови за непосредно извршување


на казненото дело, кои не претставуваат дејствие на извршување

54.*Самостојно (подготвително) дело е она казниво дело што има свое законско
битие, што се разликува од другите законски битија единствено по тоа што за
дејствие на извршување има типично подготвително дејствие: по својата
природа тоа се појавува како претходна фаза за извршување на друго
делопредвидено како законска инкриминација.
Пр. делото злосторничко здружување.

55.*несамостојно (подготвително)дело нема автономно законско битие, туку е


содржано во одредба што е приврзок на некое друго дело.

Таква природа има одредбата за казнување на подготвувањето определени дела


против државата.

56. Поим и битие на обидот – Законски поим Според КЗ тој што со умисла ќе
запчне извшрување на кривично дело но нема да го доврши, ќе се казни за обид
на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело.

Обидот е започнато, но недовршено казнено дело умислено започнување


соизвршувње на делото што останало надовршено поради некоја причина
независна од волјата на сторителот.

57. Законската дефиниција на обидот содржи три елементи: -умисла за


извршување на казненото дело,, - започнување со извшрување на делото и –
ненастапување на неговата последица.

Умисла за извшрување на казненоево дело. Субјективен елемент со битието на


обидот е умислата за извршување на делото. Пр. го извлекол револверот за да
пука но без волја да убие некого во тој случај може да се работи за делото
загрозување на сигурноста.

Започнување со извршувње на делото: Сторителот започнува со извшрување на


делтото кога го презеа дејствието на извршување содржано во неговиот
законски опис. Пр. го вперурува пиштолот во лицето што сака да го убие, ја
крши вратата од станот за да изврши кражба.

Ненастанување на штетната последица Тоа значи дека делото останло во обид и


не настанала штетна последица.

58.Кои дејства ке се сметаат за подготвителни, а кои за обид. Подготвителните


дејства се дејствија на сторителот со кои се создаваат услови за непосредно
извршување на казненото дело, а кои не претставуваат дејствие на извшрување,
а обидот преземено дејствие кое според едно нормално секојдневно природно
сфаќање значи дејсвие на извшрување на конкретно казнено дело.

59.Казнување за обидот. Обидот се казнува како довршено дело кај сите


потешки дела за кои е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна
како и за други дела кога законот пропишува казнување и за обид . Како дела за
кои е пропишана казна затвор од пет години се сметаат и делата кај кои таква
казна е пропишана како посебен максиму зашто во тој случај може да се изрече
и таквата максимално пропишана казна. Сторителот се казнува за обид во
границите на казната пропишана за казнното дело,а може да се казни и поблаго.

60.Неподобен обид. За неподобен обид се работи кога сторителот ќе се обиде да


изврши кривично дело со неподобно средство или кон неподобен предмет.

Законската дефиниција ги содржи следните елементи:

- умисла за извршување на делото,

- започнување со извршување на делото,

- неподобност на среството со кое се извшрува или предметот кон кој се


извршува делото.

Неподобниот обид се дефинира како умислено започнување со извшрување на


казненото дело што објективно не можело да се изврши поради неодобноста на
средството или на предметот.

61.неказнивиот апсолутно неподобен обид би постоел во случај кога ниту


сторителот ,ниту кој и да е друг на негово место со такви средства или кон таков
објект во никој случај не би можел да го изврши казнено дело.(пукање со празна
пушка,пукање во труп)

62.Казнивиот релативно неподобен обид претставува обидот извршен со


средство или кон објектот кои се подобни,но во конкретниот случај се докажале
како неподни.(давање на помала доза отров,пукање во човек кој носи панцир)

63.Доброволно откажување од обид – Поим. Сторителот кој подготвувал или се


обидел да изврши кривично дело но доброволно се откажал од неговото
извршување, може да се ослободи од казна.

Франкова формула:Доброволност на откажувњето: откажувањето е доброволно


кога сторителот си вели не сакам да го довршам делото иако можам, а
недоброволно пак кога си вели не можам да го довршам делото иако сакам.

64.Откажување од подготвителни дејствија. Сторителот што преземал казниви


подготвени дејствија но доброволно се откажал или сериозно настојувал да го
спречи започнувањето со и звшрувњето на делото може да се ослободи од казна
за самото подготвување.
Квалифициран обид- Кривичниот законик пропишува дека во случај на
доборволно откажување сторителот ќе се казни за оние дејствија што
претставуваат некое друго самостојно казнено дело. Пр. При обидот на убиство
од кого сторителот се откажал на жртвата и е нанесена телесна повреда.

65.Довршување на делото (во формална и материјална смисла.)

Формалниот деликт е довршен со преземањето на дејствието на извршување,а


материјалниот со настапување на последицата содршана во неговиот законски
опис.

66.Делотворно каење (поим и негово реализирање).

Делотворното каење се дефинира како поведение на сторителот по довршеното


дело со кое тој ги отстранува или ги поправа неговите штетни последици.
Активно каење тоа значи признавање на сторителот неговото самопријавуање
или само изрази на подготвеност да ги поправи штетните последици на неговото
дело не може да се сметаат за делотворно каење.

67.Факултативна и облигаторна основа за ослободување од казна кај


делотворното каење.

На факултативно ослободување може да се повика сторителот кој го вратил


предметот,ја надоместил штетата или на друг начин ги отстранил штетните
последици на делото пред да дознае дека е откриен.

Облигаторно ослободување од казна е предивено за припадникот на


злосторничкото здружение кој ке го открие здружението пред да стори во негов
состав или за него некое од планираните дела.

68.Плуралитетот на сторители подразбира учество на две или на повеќе лица во


извршувањето на едно казнено дело. Ако пак со нивната заедничка активност се
остварени законските битија на повеќе казнени дела зборуваме истовремено за
плуралитет на сторители и за плуралитет на извршените дела.

69.соучесништво е умислен придонес во делото кој го врши некој


друг.Соучесничките дејствија не се самостојни дејствија,тие немаат никакво
казнено правно значење,туку таквото значење го добиваат дури во врска и преку
дејствието што го презема извршителот.(да му се даде на некого орушје не
претставува ништо се додека ако орушјето кое е дадедно за извршување на
убиство,тоа станува казнено релевантно –бидејку е во врска со убиството и
претставува умислен придонес кон тоа дело.
70.поим на непосреден извршител

непосреден извршител претставува единствен извршител,кога во извршувањето


на казненото дело нема други учесници,и непосреден извршител е оној сторител
што без оглед на тоа дали има и други учесници,самиот со своето дејствие го
остварува законското битие на делото.

71.Посредно извшрителство

Посредното извршителство во најопшта смисла се дефинира како извшрување


на делото преку друго лице што се користи како средство за неоговото
извршување.

72. Под соучесништво се подразбира остварување на казненото дело од страна


на повеќе лица. Всушност тоа е стек на повеќе лциа во едно казнено дело.
Покрај објективните врски кои се состојат во заедничко остварување на бините
елементи на казненото дело, помеѓу повеќе лица мора да постои и субјективна
врска за да се работи за соучесништво. Субјективната врска се состои во свеста
за заедничкото извршување на делото. Соучесништвото е заедничко
остварување на казненото дело од страна на повеќе лица со постоење на свест
кај нив дека заеднички делуваат свест за заедничко делување мора да постои кај
соучесниците, но не и кај извршителот на казненото дело.

73. Видови на соучесништво

1.) извршител (непосреден извршител и соизвршител)

2.соучесници и

3.други останати лица чиј придонес по интензитет и квалитет не е од такво


значење.

74. Соизвршителство.

Поим за соизвршителство - ако две или повеќе лица со учество во дејстието на


извршување или со друг особен придонес кон извшрувањето на делото, за
еднички сторат казнено дело секое од нив се казнува со каната пропишана за тоа
дело.

75. Објективната страна на соизврштиелството се состои во заедничко


сторување на делото со учество во дејствието на извшрување или со преземање
друго дејствие што претставува особен придонес во извшрувањето на делото.
76.Субјективен елемент- субјективна страна на соизвштелството претставува
договорот за заедничко извршувањето претставува договорот за заедничко
извшрување на делото. Догворот може да биде постигнат пред или во текот на
извршувањето на делото. Договорот може да биде изречен или молкумен.

77.Случајно соизвршителство – Ако две или повеќе лица преземаат активност


од која резултира настапување заедничка казненоправна последица, но без свест
и без договор за заедничко дејствуање, ќе постои случајно соизвршителство
односно паралелно соизвршителство. Пр. Ако ја турјат двајца потенцијални
наследници својата стара и богата тетка но секој одделно без да знае за другиот
не постои соизвршителство дури ни ако настанала смртта како резултат на сите
дози отров што ги дал одделно секој од нив.

78. Сукцесивно соизвршителство и соизвршителство кај сложените дела –

Сукцесивното осизвршителство се состои во дополнително приклучувње кон


делото, чие извршување го започнал друг.Соизвршителот одговара само за
заедничкото дело по приклучувањето.

79. Потикнување - потикнувањето е умислено создавање или зацврстување


одлука кај друг за извршување на делото. Според КЗМ тој што дуг со умисла ќе
го поттикне да стори казнено дело ќе се казни како да го сторил самиот.
Потикнувачот е интелектуален автор лица што е идеен творец на злосторството.

Агент провокатор – во казнено правната теорија и одделни законодавства како


посебна поттикнувачка фигура се издвојува фигурата на агент-провокатор. Тоа е
поттикнувач кој постапува со умисла за започнување со извшрување на делот од
страна на непосредниот извршител со специјална намера за негово откривање и
фаќање пред делото да е довршено.

80. Граница на одговорноста на поттикнувачот: Потикнувачот секогаш одговара


во границите на сопствената умисла. Тоа значи дека одговара за делото што е
опфатено со неговата умисла. Но се случува замислата на поттикнувачот да не
се совпадне со реализираното дело..

81.Казнување на поттикнувањето – Според КЗ поттикнувачот се казнува како


самиот да го извршил делото.

82. Неуспешно поттикнување - Неуспешнто потикнување е поттикнување што


останало во обид. поттикнувачот не упеал кај друг да создаде или да зацврсти
одлука за извшрување на делото или поттикнатиот иако создал таква одлука не
започнал о дкоја било причина со реализација. Потикнвањто е неуспешно и кога
извшрителот веќе има создадено одлука за извршување на делото така што
дополнителното влијание врз него во тој правец е сосема ирелевантно и без
поттикнувњаето тој е решен делото да го изврши.

83.Помагање Помагањето е умислен придонес во извршвуањето на делото


откако извршителот донел одлука за неговото извшрување. Придонесот во
делото што го врши друг може да се состои во: физичко, психичко помагање.

Физичко помагање опфаќа давање средства, одстранување на пречките или


преземање други дејствија со кои се олеснува извшрувањето на делот пред или
за време на неговото извршување.

Психичко помагање подразбира: давање совети и упатства за извршување на


делото, храбрење на извршителот пред или за време на извршување на делото и
однапред ветена помош по довршување на делото.

84. што се смета за помагање согласно КЗ

како помагање во извршување на казнено дело се смета особено давање совети


или упатства како да се изврши казненото дело,ставање на располагање на
сторителот средства за извршување казнено дело отстранување на пречките за
извршување казнено дело како и однапред ветено прикивање на казненото
дело , сторителот на средствата со кои е извршено делото на трагите на
казненото дело или на предметите прибавени со казненото дело.

85. Казнување на помагањето. Помагачот се казнува како самиот да го сторил


делото а може да се казни и поблаго, помагачот треба потплно да се изедначи со
извршителот по однос на казнувањето такак кај

помагањето на непресметливо лице, до такви во кои помагачот може да се казни


и понблаго зашто неговото помагање има сосема споредно значење.

Инфилтиран агент – Инфилтиран агент е полициски службеник или соработник


што се прикучува кон криминалната активност на друг најчесто на
злосторничко здружение, со цел за спречување на таквата активност или
откривање на сторителите и обезбедување докази. За разлика од агентот
провокатор инфилтриранито односно прикриениот соработниок е најчесто
службено лице или лице што постапува со знаење на полицијата кое не
поттикнува друг на извршување казнено дело.

86. Неуспешно помагање. Неуспешен обид за помагање постои кога е преземно


помагачко дејствие но не дошло до извршување на казненото дело.
Пр. Ако некој му дава н друг совети како да го изврши делото, а извшрителот
при извшрувањето на делото воопшто не постапувал на советуваниот начин или
му дал средство за извшрувње на делот а овој делото го извшрил со некое друго
средство. За разлика од неуспшното поттикнување кое содржи само за себе
доволна криминална количина што ја прави казната залужна законот не го
казнува неуспешното помагање.

87. Помагање како самостојно казнено дело.

Во посебниот кел на КЗ се содржани неколку инкриминации на помагање


предвидени како самостојни казнени дела: помагање на самоубиство на
противправно прекинување на бременост, овозможуање на бегство на лице
лишано од слобода. Помагањето е тука инкриминирано поради посебното
криминално значење на дејствијата кои само за себе претставуваат потежок
облик на загрозување на заштитните добра.

Наведувањето и на самоубиство се казнува и кога сторителот и самиот има


намера да се убие..

89. Доброволно откажување од извршување на казнено дело

– Според КЗ сторителот кој подготвувал или се обидел да извшри кривично


дело но доброволно се откажал од неговоот извшруивање може да се ослободи
од казна. Сторителот се откажал од подготвувањето на делот кога престанал со
натамошното подготвување или го спречил или сериозно настојувал да го
спречи започнувањето на извршувањето на кривичното дело. Доброволно
откажување значи повлекување на учесникот од реализација на делото и
неутрализирање на неговиот придонес кон остварувањето на казненоправната
последица.

90. Пасивно учество

пасивното учество претпоставува врска контакт со извршеното дело што се


сведува на свест за постоење на делото или на сторителот. Се работи за пасивен
набљудувач кој ништо не придонел за извршување на казненото дело. Тоа лице
што знае дека се подготвува, се извршува, или дека е извршено казненото дело и
не презема ништо за неговото спречување или откривање.

КЗ на РМ содржи две инкриминации на пасивно учество на непријавуавње –


непријавуање на подготвување казнено дело и непирјавуање казнено длео или
сторител.
91. Учество post delictum.

Учеството по довршување на делото се дефинира како приклучување кон


довршено дело во вид на дополнителна помош на извршување кон довршителот
на делото.

Помошта може да се состои во прикривање на предметите на делото пр.


Криење, продавање итн.на предметите на кражбата.

Дела на помагање по извршено дело. Покрај делата на непријавување што


претставуваат исто така облик на пасивно помагање во канзните законодавства е
инкриминирано и активното помагање. Се разликуваат два вида на помагање
стварно реално погодување лично. Делото на стварно погодување е
прикривањето, предметите може да се прибавени при кражба имамам идр.

Лично погодување во кривичниот законик се содржани две инкриминации на


нино погодување: помагањето на сторителот по извршено казнено дело, -
криење и помагање на сторител по извршено казндно дело.

92.Нужно соучесништво

Нужно соучесништво ги опфаќа законските описи што опфаќаат заедничко


извшршувње на делото од страна на повеќе лица. Делото постои само ако
дејствието на извршување е преземено од страна на две или повеќе лица.
Притоа за разлика од соизвршителството таквото заедничко извршување на
делото не е плод на заедничко договор и на претходна поделба на улогите туку
едноставно законски елемент.

Унилатералните дела – во закоснките описи соржат дејствија на учество на две


лица но се казнува само едното од нив додека другото има позиција на жртва, во
чија заштита е поставена самата инкриминација. Лицето во чијашто заштитта е
поставена казнената норма не може да се кани како соучесник . Типичен
приемер е делото лихварство. Делото постои кога е склучен договор меѓу две
лица со кој лихварот влече за услугата што му ја прави на друг несразмерна
имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна или друга состојба на
нужда. Самата жртва учествува во делото зашто без нејзина согласност и без
прифаќање на договорот делото не би било извршено но неможе да се казни
ниту како извршител.

Кај билатералните (мултилатерални) дела се работи за казнување на сите


учесници во дејствитеот на извршувањето. Во зависносто од тоа дали интересот
или целта на сите учесцници е заеднички или се тие меѓусебно спротивставени
разликуваме три групи на мултилатерални дела: дела на среќавање,
поклопување на интересите, конвергентни, дивергентни дела.

Дела на среќавање интересите на исти учесници се движат еден кон друг се


среќаваат нивните дејствија се насочени со давањето и примањето поткуп
(активно и пасивно поткупување). Идентична природа има

делото родосквернавење каде што се работи за доборволна обљуба меѓу две


лица во крвно сродство во права линија или меѓу брат и сестра.

Конвергентини дела се делата кај кои дејставата на сите учесници се насочени


кон единствена и заедничка цел.

Диверегентни дела се делата кај ки дејствиајта на повеќето учесници се заемно


спротивставени. Пр. Заемно непријатество е инкриминацијата на учество во
тепачка.

93. Дела на толпата

Учество на повеќе лица во предизвикувањето релевантни поселдици може да


биде резултат и на спонтана реакција на толпа на однапред неопределен круг
лица собрани врз основа нанекој заеднички поттик. Основни карактеристики на
толпата се флексибилноста на нејзиниот состав кој може да се зголемува или да
се намаулува прибирајќи и случајни минувачи и посебната наелектризирана
колективна психолошка состојба. КЗ познава две инкриминации на учество во
толпа – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено
дејствие, - учество во толпа што ќе изврши казнено дело.

94.организиран криминал –извршување на дела од страна на злосторничко


здружение заради остварување на профит и моќ,со употреба на насилство или со
користење на посебната положба во општеството ,со намалување на ризикот
преку вклучување во легалните економски ,политички и други активности и со
однапред создаден систем на заштита од гонење.

95. Кривичниот законик познава повеќе инкириминации на злостоничко


здружување: - злостоничко здружување, -терористичка организација, -
здружувње поради непријателска дејност, -здружување поради непријателска
дејност, - организирање груша за извршување геноцид и воени злосторства, -
организирање група за извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење
емигранти.
96.злосторничко здружување претставува создавање на група или банда што
има за цел вршење на казнени дела.

97. Група е здружение што има за цел вршење на поблиску определени дела со
поделба на улогите на нејзините членови.

98.Заговор е тајно здружение за вршење превратни дела против државата.

99.Банда е здружение создадено за вршење според бројот и местото времето и


начинот неопределени дела што се одликуваат со цврсти односи на внатрешна
хиерархија и мобилност.

100.Терористичка органазација е здружение на милитантни поединци подредени


на внатрешна хиерархија и систем на командување и координирање на заемните
активности, создадено за вршење насилнички дела пресметани на ширење страв
кај поширок круг на луѓе.

101.Мрежа е здружение за извршување определени дела организирано според


правилата на интензивни деловни контакти и врски.

102.Служба е организација вклучена во поширок институционализиран апарат


на друга држава или организација.

103.казнување за злосторничко здружување

Претпоставена одговоорност за извшрените дела

Начелото на индивидуална и на субјективна одговорност: Сторителот одговара


за самото создавање или за членувањето во злосторничко здружение кога тоа е
инкриминирано како самостојно казнено дело, како и за оние дела извшрени од
страна на здружението во чиешто извршување лично учествувал.

104.поим и видови на стек

Под стек на кривични дела се подразбира извршување со едно или со повече


дејствија на повеќе казнени дела за кои на сторителот допрва треба да му се
суди.

Во зависност од тоа дали сторителот со едно или повеќе дејствија причинил


повеќе казнени дела разликуваме:-идеален и привиден стек.
105.идеален стек –сторителот со едно дејствие ги остварил законските битија на
повеќе казнени дела или повеќекратно го остварил битието на едно казнено
дело(повеќе убиства со активирање на бомба)

106.реален стек –сторување со повеќе дектвија на повеќе казнени дела за кои на


сторителот истовремено му се суди.(повеќе кражби,денес убиство,утре кражба
задутре силување)

107.казнување на стек

Според КЗ –ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил


повеќе казнени дела за кои му се суди истовремено,судот претходно ке ги
утврди казните за секое од тие дела ,и за сите ке изрече единствена казна.

108. привиден стек претставува кога сторителот со едно или повеќе дејствија ке
оствари законски битија на повеќе кривични дела ,а всушност постои и се
работи само за едно казнено дело.(некој провалува во гаржа,со разбивање на
вратата,го краде возилото.тука имаме3 законски битија на кр.дела-
кражба,оштетување на туѓи предмети и тешка кражба;а всушност се работи за
едно казнено дело-тешка кражба.

109.видови привиден стек

Специјалитет,супсидијаритет,консумпцијаи алтернавитет.

110.специјалитет постои кога законското битие содржи некои натамошни


обележја или го специфицира обележјето на некое општо законско битие,поради
што се појавува како негов специјален случај.(присилба и силување –како
специфицирана присилба)

111.супсидијаритет-кога една законска одредба се применува само ако не се


исполнети претпоставките за примена на некоја друга законска одредба.Ако се
испонети условите за примена на примарната-резервната го губи своето
значење.

(пр.сторителот нама да се казни за подготвување,ако почнал со извршувањето


на делото)

112.консумпција е форма на привиден стек кај која врз основа на конкретното


оценување на материјалното неправо на две или повеќе сторени дела
заклучуваме дека неправото на еднното го покрива неправото на другото.
(потрешкото неправо го исцрпува и со тоа го истиснува поситното неправо)

113.продолженио каз.дело

На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани


дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто
дело,искористувајќи ист траен однос,исти прилики или други слични
околности ,судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната
пропишана за тоа дело.(повеќекратно поткраднување по 1000 ден.од слижбена
каса)

Зак.дефиниција упаатува на постоење на две групи конситутивни елементи:

-постојани објективни (идентитетот на сторителот,идентитетот на казненото


дело,временска и просторна поврзаност на дејствијата на извршување) и

-променливи(ист траен однос-поштарот што секојдневно поткраднуава на


исплата ,исти околности-сторителот што дошол до службен печат,повеќекратно
го користи за фалсификување)

- субјективни (збирна умисла-серија од умислени дејствија)

114.казнувањена продолжено дело

Сите дејствија со кои повеќекратно се остварува законското битие на едно или


на сродни дела при исполнувањето на постојанитреи променливите елементи се
третираат како едно едно.При тоа на сторителот му се изрекува казната
пропишана за делото чие што законско битие е остварено,или за најтешкиот
облик од повеќето дела во серијата.Бројот на поединечни дејствија и нивните
последици се земаат како отежнувачка околност при одмерувањето на казната.

115.поим на казненоправна санкција

Санкцијата е присилна мерка што на сторителот му ја изрекува судот ,низ


судска одлука олицетворена државна присилба со законот определена како
реакција за стореното дело.
116.поим и битие на казната

Казната е справедливо возвраќање за извршеното дело,односно,смислено,целно


зло што му се нанесува на сторителот поради извршеното дело во рамките на
вината за делото.

Казната е санкција која е пропишана со закон,и претставува зло што му се


нанесува на сторителот што се состои во одземање или ограничување на некои
битни слободи и права.(личната слобода,право на сопственост),таа не е одмазда
поради одмазда туку ретрибуција пресмеана наостварување на определени
социјално корисни цели.Основа за изрекување на казната претставува стореното
дело и вината .

117.цели на казнувањето

Општата цел на казнувањето е заштитата на слободите и правта човекот и


другите вредности од казнени дела.Како посебни цели се издвојуваат :
спречување на сторителот да врши казнени дела и негово превоспитување,и
воспитно влијание врз другите да не вршат казнени дела.Со тоа се нагласуваат
поливалентите функции на казнувањето:ртрибуција и превенција,специјална и
генерална превенција.

118.системот на санкции во кр.закон ги има карактеристиките на плуралистички


систем

Тој содржи :казни,алтернативни мерки ,мерки на безбедност и воспитни мерки.

119.Видови казни:затвор,парична казна,забрана за вршење професија,дејност


или должност;забрана за управување со моторно возило:и протерување на
странец од земјата.

Паричната казна може да се изрече како главна и како споредна казна заедно со
казната затвор или со условната осуда со која е утврдена казна затвор.

Ако за едно кривично дело се пропишани казната затвор или паричната казна,
како главна казна може да се изрече само едната од нив, освен кога со закон е
пропишано дека може да се изречат и двете казни.
Заедно со главната казна може да се изрече една или повеќе споредни казни, под
условите за нивното изрекување предвидени во законот. Со закон може да се
пропише и задолжително изрекување на споредна казна.

Казната забрана на вршење професија, дејност или должност може да се изрече


само како споредна казна заедно со казната затвор или со условна осуда со која
е утврдена казна затвор.

Казните забрана на управување со моторно возило и протерување странец од


земјата можат да се изречат ако на сторителот му е изречена казна затвор или
парична казна, условна осуда или судска опомена.

Казната забрана на управување со моторно возило може да се изрече и како


единствена казна на сторителот на небрежно дело за кое е пропишана парична
казна или казна затвор до една година, ако делото го сторил под особено
олеснувачки околности.

120.видови алтернативни мерки:условна осуда,условна осуда со заштитен


надзор,условно прекинување на кривичната постапка,општокорисна
работа,судска опомена и куќен затвор.

121.видови санкц.за малолетници

На малолетни сторители на кривични дела може да им се изречат следниве


воспитни мерки:

-дисциплински мерки: укор или упатување во дисциплински центар за


малолетници, мерки на засилен надзор: од страна на родителите, посвоителот
или старателот, во друго семејство или од страна на социјален орган и заводски
мерки: упатување во воспитна установа и во воспитно-поправен дом .

-Дисциплински мерки се изрекуваат спрема малолетник кога не постои потреба


од потрајни мерки на воспитување, а особено ако сторил кривично дело од
непромисленост или лекомисленост.

- Мерки на засилен надзор се изрекуваат спрема малолетник кога постои


потреба од потрајни мерки на воспитување, превоспитување или лекување со
соодветен надзор, а не е потребно негово целосно одвојување од дотогашната
средина.

-Заводски мерки се изрекуваат спрема малолетник кога постои потреба од


потрајни мерки на воспитување, превоспитување или лекување и негово
целосно одвојување од дотогашната средина. Овие мерки не може да траат
подолго од пет години.

122.Видови санкции за пр.лица

-парична казна,привремена забрана за вршење на дејност,трајна забрана за


вршење на дејност и престанок на правното лице.

123.посебни казнено правни мерки

-конфискација на имот

-одземање на предмети

124.конфискација на имот и имотна корист

Во постапка определена со закон,со судска одлука од сторителот ќе се


конфискува имотната корист прибавена со казненото дело што се состои од
пари,подвижни или неподвижни предмети од вредност како и секоја друга
сопственост,имот или актива,материјални или нематериајлни права,а ако
нивната конфискација не е можна на сторителот ке му се конфискува друг имот
што одговара на прибавената корист.

125.застареност

Со протрекување на определено време од извршувањето на казненото


дело,определено со законот како рок на застареност,не може да се преземе
казнено гонење против сторителот на казненото дело,а ако е преземено гонење и
во законски определениот рок не дојде до правосудна судска одлука,постапката
протива сторителот ке запре.

кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат:

1) 30 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да


се изрече казна доживотен затвор,

2) 20 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да


се изрече затвор над десет години,

3) десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може


да се изрече затвор над пет години,
4) пет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да
се изрече затвор над три години,

5) три години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да


се изрече затвор над една година и

6) две години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да


се изрече затвор до една година или парична казна.

-Ако за кривичното дсло се пропишани повеќе казни, рокот на застареноста се


определува според најтешката пропишана казна.

126.застареност на извршувањето на санкциите подразбира неможност да се


започне со извршување на истите по протекувањето на времето определено со
закон од денот на правосилноста на судската одлука со која се изречени.

определено изречената казна не може да се изврши кога ќе поминат:

1) 30 години од осуда на доживотен затвор,

2) 20 години од осуда на затвор над десет години,

3) десет години од осуда на затвор над пет години,

4) пет години од осуда на затвор над три години,

5) три години од осуда на затвор над една година и

6) две години од осуда на затвор до една година или на парична казна.

127.амнестија е акт во форма на закон со кој на поименично неодреден круга на


лица им се дава ослободување од гонење или потполно или делумно
ослободување од извршување на казната,им се заменува изречената казна со
поблага казна,им се определува бришење на осудата или има се укинува
определена правна последица од осудата.

128.со помилувањето на определено лице му се дава ослободување од гонење


или потполно потполно или делумно ослободување од извршување на
казната ,му се заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативна
мерка или му се определува бришење на осудата или му се укинува,односно му
се определива покусо траење на определена правна последица.
129.Убиство

Тој што друг ке лиши од живот

Потешки квалифицирани облици претставуваат:

-лишување од живот на свиреп или подмолен начин,

-лишување од живот при вршење на семејно насилство,

-лишување на друг од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност


животот на уште некое лице,

-лишување од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на


друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди,

-лишување од живот по порачка,

- лишување од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно
лице и

-лишување од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на


неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето
на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на
јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено
од слобода.

-Убиство од благородни побуди-Тој што друг ќе лиши од живот од благородни


побуди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

-Убиство на миг-Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина
во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како
последица на семејно насилство од страна на убиениот

-Убиство од небрежност-Тој што друг ќе лиши од живот од небрежност,

-Убиство на дете при пораѓање- Мајка што ќе го лиши од живот своето дете за
време на пораѓањето или непосредно по пораѓањето во состојба на растројство
предизвикано со пораѓањето.Обидот е казнив.

-Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство-Тој што друг ќе наведе


на самоубиство или ќе му помогне во извршувањето на самоубиството и тоа ќе
биде извршено-Противправно прекинување на бременост- Тој што спротивно на
прописите за прекинување на бременост, на бремена жена со нејзина согласност
ќе изврши, ќе започне да врши или ќе помогне да изврши прекинување на
бременоста,

-Телесна повреда- Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши


здравјето

-Тешка телесна повреда- Тој што друг тешко телесно ќе го повреди или
здравјето тешко ќе му го наруши

-Учество во тепачка- Тој што учествува во тепачка во која некој е лишен од


живот или на друг му е нанесена тешка телесна повреда,

-Загрозување со опасно орудие при течачка или караница

-Излагање на опасност- Тој што друг ќе остави без помош во состојба на


опасност за животот, која самиот ја предизвикал

-Напуштање немоќно лице -Тој што немоќно лице кое му е доверено или за кое
е должен да се грижи, ќе го остави без помош во прилики опасни за животот или
здравјсто,

-Неукажување помош-Тој што нема да му укаже помош на лице кое се наоѓа во


состојба на опасност за животот, иако тоа можело да го стори без опасност за
себе или за друг

130.Кражба-Тој што од друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера


противправно да го присвои,

131.Тешка кражба

Ако кражбата е сторена:

1) со кршење или провалување во затворени простории, со совладување


препреки или на друг начин совладување поголеми пречки,

2) од страна на повеќе лица здружени заради вршење кражба,

3) на дрзок начин,

4) од страна на лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие
заради напад или одбрана,
5) за време на пожар, поплава или слична несреќа и

6) со искористување на немоќта или несреќата на друг, сторителот ќе се казни


со затвор од една до десет години.

132.Разбојништво-Тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе


нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со
намера противправно да го присвои,

133.Разбојничка кражба- Тој што, затечен во кражба, ќе употреби сила или


закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг со намера
украдениот предмет да го задржи,

You might also like