You are on page 1of 11

Персиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Персиски јазик (фарси или парси) (‫فارسی‬, [fɒːɾˈsiː]) —


индоевропски јазик кој се зборува во Иран, Авганистан Персиски
и Таџикистан, и од малцинства во Узбекистан, ‫فارسی‬
Туркменистан, Азербејџан, и земји како Бахреин, Катар
Изговор [fɒːɾˈsiː]
и Кувајт, но и на други места. Води потекло од јазикот
на древните персијци. Дел е од иранската гранка на Застапен во Иран, Авганистан,
индоевропското јазично семејство. Таџикистан, како и делови од
соседните земји (на пр.
Персискиот јазик и неговите варијанти се службени Азербејџан, Бахреин, Кувајт,
јазици во Иран, Авганистан и Таџикистан. Според Ирак, Узбекистан и Русија).
Книга на светски факти на ЦИА, засновано на стари
Исто така и во разни иранска/
податоци, персискиот е мајчин јазик на околу 62
персиска/авганска дијаспори
милиони луѓе во Иран,[2] Авганистан,[3] Таџикистан[4]
во САД, Обединети Арапски
и Узбекистан[5] и уште толку луѓе во остатокот од
Емирати, Пакистан, Турција,
светот. Од УНЕСКО е побарано во 2006 да го избере
Канада и делови од Западна
персискиот како еден од неговите службени јазици.[6]
Европа.
Персискиот уште одамна бил медиум за книжевни и Подрачје Близок Исток, Средна Азија
научни придонеси кон Исламскиот свет како и на запад.
Говорници ~ 62 милиони како мајчин[1]
Има влијание врз извесни соседни јазици, особено на
туркиските јазици од Средна Азија, Кавказ и Анадолија. ~ 62 како втор јазик
Помало влијание има и врз арапскиот и другите вкупно 120 милиони  
месопотамски јазици. Јазично индоевропско
семејство
Пет века пред британската колонизација, персискиот индоиранско
јазик бил нашироко користен како втор јазик на иранско
Индискиот Потконтинент; бил важен како јазикот на
западноиранско
културата и образованието во неколку муслимански
дворови во Индија и станал „официјален“ за време на југозападноиранско
могулските цареви. Англискиот на потконтинентот персиски
почнал деловно да се употребува дури во 1843.[7] Како
доказ за историското влијание наперискиот јазик во Писмо персиско писмо (Иран и
регионот ја гледаме во мерата на неговото влијание врз Авганистан)
хиндустанскиот јазик (резултирајќи во урду), таџичка азбука (Таџикистан)
маратскиот, пенџапскиот, синдскиот и гуџаратскиот, Статус
како и популарноста која персиската книжевност сѐ
уште ја ужива во регионот. Покрај ова, мал број на Службен во  Авганистан[1]
говорницина персиски (главно дарски и таџички  Иран
дијалекти) можеме да најдеме во урбаните и западни  Таџикистан[1]
загорја во Пакистан. Регулативен Академија на персискиот
орган јазик и книжевност
Класификација Академија на науките на
Авганистан
Јазични кодови
Персискиот ѝ припаѓа на западната група на ISO 639-1 fa
индоиранската гранка на индоевропското јазично
ISO 639-2 per (B)
семејство, и е од типот Подмет Прирок Глагол. Ова не е
fas (T)
семитски јазик. Западната индоиранска група содржи
сродни јазици како курдскиот и белучкиот. Јазикот ѝ ISO 639-3 Разни:
припаѓа на југозападната индоиранска група, заедно со fas (http://www.sil.org/
татскиот и лурскиот јазик.[8] iso639-3/documentation.a
sp?id=fas) — Персиски
Дијалекти и блиски јазици prs (http://www.sil.org/
iso639-3/documentation.a
Главна статија: Персиски дијалекти и наречја
sp?id=prs) — Источен
Постојат три денешни наречја на стандардиот персиски персиски
јазик: pes (http://www.sil.org/
iso639-3/documentation.a
Современ ирански персиски е наречјето во
sp?id=pes) — Западен
Иран.[9][10]
персиски
Дарски е локалниот назив на персискиот кој се
зборува во Авганистан. tgk (http://www.sil.org/

Таџички е наречјето во Таџикистан, но за iso639-3/documentation.a


разлика од персискиот кој се користи во Иран и sp?id=tgk) — Таџички
Авганистан, се пишува со кирилица, наместо со aiq (http://www.sil.org/
арабица. iso639-3/documentation.a
sp?id=aiq) — Аимачки
Овие три наречја се засноваат на класичната персиска
книжевност. Постојат и неколку локални дијалекти во bhh (http://www.sil.org/
Иран, Авганистан и Таџикистан кои само по малку се iso639-3/documentation.a
разликуваат од стандардниот персиски. ларскиот (во sp?id=bhh) — Бухарски
Иран), хазарашкиот (во Авганистан), и дарваскиот (во deh (http://www.sil.org/
Авганстан и Таџикистан) се такви примери. iso639-3/documentation.a
sp?id=deh) — Деварски
Етнолог нуди друга класификација на дијалектите на
drw (http://www.sil.org/
персискиот јазик. Според овој извор, тие се следниве:[11]
iso639-3/documentation.a
Западен персиски, или ирански (во Иран) sp?id=drw) — Дарваски
Источен персиски (во Авганистан) haz (http://www.sil.org/
Таџички (во Тацикистан и Узбекистан) iso639-3/documentation.a
Хазарашки (во Авганистан) sp?id=haz) — Хазарашки
Ајмачки (во Авганистан) jpr (http://www.sil.org/
Бухарски (во Израел и Узбекистан) iso639-3/documentation.a
Дарваски (во Авганистан и Таџикистан) sp?id=jpr) — Џидски
Џидски (во Израел и Иран) phv (http://www.sil.org/
Пахлевиски (во делови од Систан и Авганистан) iso639-3/documentation.a
sp?id=phv) — Пахлевиски
Ова се сродни јазици на разни етноси во рамките на
границите на денешен Иран:

Лурски, главно зборуван во југозападните


ирански покраини Лорестан и Хузестан.
Талишки, зборуван во северен Иран, но и јужни
делови од Азербејџан.
Татски, зборуван во делови од иранските
покраини Источен Азербејџан, Занџан и Казвин.
Се зборува и во делови од Азербејџан, Русија
итн. Тука спаѓаат јудеотатски и христијански Региони каде што персискиот е доминантен
татски. јазик
Дарски или габриски, првобитно говорен во
подрачјето на Јазд и Керман од некои
зороастријци во Иран. Наречен и јаздиски.

Фонологија
Главна статија: Фонологија на персискиот јазик

Иранскиот персиски јазик има 6 самогласки 23


согласки, меѓу кои и две струјни /ʧ/ (ч) и /ʤ/ (џ).
Зелената боја означува статус на службен јазик;
портокаловата значи малцински
Самогласки

Податотека:Iranian-
languages-map.jpg
Регионот каде се зборуваат
персискиот (зелено) и
другите ирански јазици

Персиски јазик

Историја
Дијалекти

Дијалекти и наречја

Персиски јазик

Граматика

Фонологија

Именки
Глаголи

Лексика
Изговор

Дарски
Таџички

Граматика

Хазарашки
Бухарски

Писма

Персиска азбука
Таџичка азбука
Македонска транскрипција
Историски, персискиот разликувал должина: долги самогласки - /iː/, /uː/, Романизација
/ɒː/ за разлика од кратки самогласки - /e/, /o/, /æ/. Персиските дијалекти
се разликуваат по самогласките, повеќе отколку по
согласките.

Согласки

Лабијални Алвеоларни Посталвеоларни Палатални Веларни Увуларни Глотални

Назални m n [ŋ]

Плозиви pb td kg [ɢ] [ʔ]


Африкати tʃ dʒ

Фрикативи fv sz ʃʒ xɣ h

Ударни [ɾ]
Вибранти r

Апроксиманти l j

(Кога знаците се во парови, десниот е звучна согласка. Алофоните се во фонетски загради.)

Граматика
Главна статија: Персиска граматика

Морфологија

Во персиската морфологија доминираат наставките, а има и мал прој на претставки.[12] Глаголите може
да изразуваат време и глаголски вид, и се менуваат според подметот, лицето и бројот.[13] Не постојат
родови за именките, нити пак заменките имаат природен род.

Синтакса

Нормалните исказни реченици се структуирани: „Подмет Предлог Предлог Прирок Глагол“. Ова
значли дека речениците може да имаат изборен подмет, предлошки изрази, и прирок, проследени од
задолжителен глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш е проследен од зборот rɑ: и им претходи на
предлошки изрази: “Подмет Прирок + “rɑ:”) (Предлог Предлог) Глагол”.[13]

Лексика
Главна статија: Персиска лексика

Постојат многу заемки во персискиот јазик, главно од арапскиот, но и од англискиот, францускиот,


германскиот, и од туркиските јазици.
Персискиот има влијание врз лексиките на други јазици, особено индоиранските јазици како хинди и
урду, туркиските јазици како турскиот и узбечкиот, а и арапскиот.[14] Под негово влијание се и неколку
јазици од југозападна Азија, како ерменскиот и грузискиот. Персискиот имал влијание дури и врз
малајскиот јазик, а многу персиски зборови се влезени и во англискиот. Во македонскиот персиските
зборови дошле главно преку турскиот за време на отоманската империја.

Зборообразба

Персискиот е многу моќен во зборообразбата и сестран во начините на градење на зборот,


комбинирајќи афикси, основи, именки и придавки. Јазикот често употребува аглутинација за
формирање на нови зборови од именки, придавки и глаголски основи. Нови зборови се формираат во
голема мера, со помош на сложенки од два постоечки збора во еден нов, како кај германскиот. Како
што покажал професорот Махмуд Хесаби[15], само со изведување персискиот може да има 226 милиони
зборови.

Еве пример за група зборови изведени од основа во сегашно време комбинирани со некои постоечки
афикси:

Персиски Компоненти Македонски Вид на збор

дон дон Сегашна основа од донестан (знае) Глаголска основа


донеш дон + -еш знаење Именка

донешманд дон + -еш + -манд научник Именка

донешгох дон + -еш + -гох универзитет Именка


донешгохи дон + -еш + -гох + -и универзитетски Придавка

хемдонешгохи хем- + дон + -еш + -гох + -и состудент Именка

донешкеде дон + -еш + -кеде факултет Именка


дона дон + -а мудар, учен Придавка

доноји дон + -о + -и мудрост Именка

нодон но- + дон неук; глупав Придавка


нодони но- + дон + -и неукост; глупавост Именка

доненде дон + -енде зналец Придавка

донендеги дон + -енде + -и знаење Именка

Еве пример за зборови изведени од основа во минато време комбинирана со некои постоечки афикси:
Персиски Компоненти Македонски Вид на збор

дид ‫ديد‬ дид Мината основа од диден (гледа) Глаголска основа

дид ‫ديد‬ дид вид Именка


диден ‫ديدن‬ дид + -ен гледа Инфинитив

дидени ‫ديدني‬ дид + -ен + -и вреди да се види Придавка

дидор ‫ديدار‬ дид + -ор посета; среќавање Именка


дидори ‫ديداري‬ дид + -ор + -и видно Придавка

диде дид + -е видено Минато несвршено; Именка

нодиде но- + дид + -е невидено Именка


дидгох дид + -гох гледиште Именка

дидебон диде + -бон надзорник Именка

дидебони диде + -бон + -и надзорништво Имненка

Правопис
Совцремениот ирански и дарски персиски текст се пишува со
арабица. Во последно време латиницата се користи од извесни
технолошки и интернационализациони причини. Таџичкиот, кој
некои го сметаат за персиски дијалект со влијанија од рускиот и
туркиските јазици од средна Азија,[16][17] се пишува со кирилица
во Таџикистан (видете таџичка азбука). Ракописот на Али-Акбар Дехода;
типично ракопсино персиско писмо

Персиска азбука
Главна статија: Персиска азбука

Современиот ирански и дарски персиски јазик се пишуваат со изменета варијанта на арабицата (видете
персоарапско писмо) со поинакви и изговори и повеќе букви, додека пак таџичкиот се пишува со
кирилица.

По исламизацијата на Персија (видете Исламско освојување на Персија), требало некои 150 години
пред персијците да ја земат арабицата на место на старата азбука. Пред тоа се користеле две различни
азбуки, една за средноперсиски и една за авестански, за верски потреби, позната како авестанска азбука.

Во современото персиско писмо, кратките самогласки (a, e, o) обично не се пишуваат; во текстовите се


напишани само долгите самогласки (y, u, â). Ова, се разбира, создава извесни нејаснотии. Еве пример:
зборовите керм „црв“, карам „великодушност“, керем „крем“, и кром „хром“ сите се пишуваат со „крм“.
Читателот мора да го одреди зборот од контекстот. Арапските знаци за вокализација (харакат) се
користат и во персискиот (некои знаци се читаат различно), но ова не помага. На пример, арапскиот
знак дама се изговара како /у/, додека во иранскиот персиски се изговара како /о/. Овој систем не се
користи во матичната персиска книжевност; главно се користи за учење на јазикот и во некои (но не
сите) речници. Постојат и неколку букви кои персијците ги сметаат за 'арапски' иако тие си постојат во
персиското писмо. Додека овие постојат, обично не се изговараат по арапски. Наместо тоа, се
изговараат како ним слични персиски букви. Така имаме три функционално идентички букви 'з', три
букви 'с', две букви 'т' итн. Арапските букви се користат само ако зборот е позајмен од арапскиот јазик.

Додатоци

Персиската азбука има додадено четири букви на арабицата:


Глас Изолирана форма Уникодно име

[п] ‫پ‬ Пе

[tʃ] (ч) ‫چ‬ Че

[ʒ] (ж) ‫ژ‬ Же

[г] ‫گ‬ Гаф

Варијации

Персиската азбука исто така модифицира некои арапски букви. На пример, алеф со хамза под него ( ‫إ‬ )
се менува во алеф ( ‫ا‬ ); зборовите кои користат варијанти на хамзи се пишуваат пак со друга хамза (така
што ‫ مسؤول‬станува ‫ ;)مسئول‬и те марбута ( ‫ة‬ ) обично, но не секогаш, се менува во хе ( ‫ه‬ ) или те
(  ‫ت‬  ). Те марбута често се користи во арапскиот за означување на женски род. Персиските именки
немаат родови, па затоа те марбута никогаш не се појавила во персиското писмо.

Буквите кои се разликуваат по облик се:

Глас првична арапска буква променета персиска буква назив

[к] ‫ك‬ ‫ک‬ Каф

[ј] и [iː], ретко [ɑː] ‫ ي‬или ‫ى‬ ‫ی‬ Је

Пишувањето на буквите во нивната првична арапска форма не се смета за неточно, но обично тоа не се
практикува.

Латиница
Главна статија: Романизација на персискиот јазик

УниПерс, крат. од Универзална персиска азбука (Порсије Џехони) е латинична азбука популаризирана
од Мухамед Кејван, кој ја има користено за разни персиски учебници за странци и туристи.

Друга латинична азбука, заснована на еднообразната турска азбука се користела во таџикистан во 1920-
тите и 1930-тите. Во доцните 1930-ти била исфрлена и почнала да се користи кирилицата.[16]

Таџичка азбука
Главна статија: Таџичка азбука

Кирилица била воведена за пишување на таџичкиот јазик за време


на Таџикистанската ССР во доцните 1930-ти, заменувајќи ја
латиницата која се користела од времето на Октомвриската

Таџички оглас за академија


револуција, а пред тоа се користела персоарапската азбука. По 1939, материјалите напишани со
персиско и персоарапско писмо биле забранети.[16]

Македонска транскрипција
Главна статија: Македонска транскрипција на персискиот јазик

Историја
Главна статија: Историја на персискиот јазик

Перискиот е ирански јазик кој ѝ припаѓа на индоиранската гранка на индоевропското јазично


семејство. Најстарите записи на старопериски јазик датираат од големото Периско царство во VI век
п.н.е.[18]

Познатата историја на персискиот јазик може да се подели на три посебни периода:

Староперсиски

Староперсискиот еволуирал од протоиранскиот јазик како што самиот еволуирал во југозападната


Иранска Висорамнина. Најраниот измерлив пример за јазикот го наоѓаме на Бехистунскиот натипис на
Ахеменидите Дариј I (влад. 522 п.н.е. - ц. 486 п.н.е).

Староперсискиот се пишувал со староперсиско клинесто писмо, кое е уникатно писмо и се мисли дека
е измислено за време на владеењето на Дариј I

По арамејскиот јазик, или поточно неговата ахеменидска форма наречена „царски арамејски“,
староперсискиот е најчесто среќаван јазик на Ахеменидите. Додека примерите за него се среќаваат низ
сите територии на Ахеменидското Царство, за самиот јазик сведочат примери најдени во западен Иран,
особено во покраината Фарс „Персија“ на југозапад, татковината на родовите од кои настанале
Ахеменидите (а потоа и Сасанидите).

За разлика од подоцнежниот периски јазик, староперсискиот имал мошне флексивна граматика, со


осум падежи, со тоа што секоја деклинација подлежела на род - машки, женски, среден - и број -
еднина, множина, двоина.

Средноперсиски

За разлика од староперсискиот, чии пишани и зборувани форми биле драстично различни една од
друга, пишаниот среднопериски јазик рефлектира усмена употреба, и така бил многу поедноставен од
него. Комплексните коњугации и деклинации на староперсискиот сега се замениле со поедноставна
внатрешна структура на средноперсискиот; двоината исчезнала, оставајќи ги само еднината и
множината, а исчезнал и родот. Наместо ова средноперискиот користел предлози за да ги назначи
различните улоги на зборовите, како на пример наставката -и за присвојност „од/на“ наместо
повеќеобразните (зависно од род и број) генитивни форми на зборот.

Иако „средниот период“ на иранските јазици формално започнува со падот на Ахеменидското Царство,
преодот од стариот кон средниот персиски јазик веројатно веќе започнал во IV век п.н.е. Меѓутоа за
средноперискиот немаме сведоштва сѐ до 600 години подоцна кога се јавува на натписи од сасаниско
време (224 - 651), така што секоја форма на јазикот пред тоа не може да се опише со сигурност. Порај
ова, како книжевен јазик, средноперискиот се јавува дури во VI или VII век. Од VIII век натаму,
средноперсискиот полека почнал да се заменува со новоперсиски, со тоа што средноперсискиот
продолжил да живее само во зороастриската традиција.
Локалниот назив на средноперсискиот бил парсик, по етничката група на југозапад наречена парси",
додека староперсискиот се нарекувал парса, а новоперсискиот фарс. Ова е потеклото на денешниот
назив на јазикот. По распадот на сасанидксата држава, парсик се применувал само за (средниот или
новиот) персиски кој се пишувал со арабица. Од ~ IX век натаму, кога средноперсискиот бил на
граница да стане новоперсиски, постарата форма на јазикот почнала грешно да се нарекува пахлевиски,
кое е всушност едно од писмата за пишување на средноперсискиот и други средни ирански јазици. Тоа
писмо претходно го зеле Сасанидите (југозападни персијци) од претходните Арсакиди (партијци од
североисток). Додека Абдула Ибн ел-Мукафа во VIII век сѐ уште разликувал помеѓу пахлевиски (т.е.
партиски) и фарси (т.е. средноперсиски), оваа разлика ја нема во арапските коментари по ова доба.

Современ персиски

Ранонововековен персиски

Класичен персиски

Исламското освојување на Персија ја одбележува современата историја на персискиот јазик и


книжевност. Ова доба е познато како Златното доба на персискиот јазик. Во ова време живееле и
твореле светски познати писатели, додека персискиот бил лингва франка на источните делови на
исламскиот свет и Индискиот Потконтинент. Бил и официјален и културен јазик на многу исламски
династии како Саманидите, Могулското царство, Тимуридите, Газнавидите, Селџуциѕр, Сефевидите,
Отоманците и др. Големото влијание на персискиот врз други јазици сѐ уште може да се види во
исламскиот свет, особено, како почитуван книжевен и престижен јазик меѓу образованата елита,
особено во полето на музиката (на пр. кавали) и уметноста (персиска книжевност). По арапската
инвазија на Персија, персискиот почнал да зајмува многу зборови и структури од арапскиот, и како што
минувало времето, некои зборови биле земени и од монголскиот за време на нивното царство.

Современ персиски

Од XIX век, рускиот, францускиот и англискиот како и многу други јазици придонеле кон техничкиот
лексикон на персискиот јазик. Националната Академија на персискиот јазик и книжевност е одговорна
за оценувањ на новите зборови за да даде совет за нивните персиски еквиваленти.

Самиот јазик се има развиено во голема мера низ вековите. Заради технолошкиот развој, во персискиот
доаѓаат нови зборови и идиоми.

Пример
Персиски Транскрипција Значење
‫تمام افراد بشر آزاد به دنیا‬ Сите човечки суштествa се
‫میآیند و از لحاظ حیثیت و‬ Темоме афроде бешер озод бе
раѓaaт слободни и еднакви по
донјо мијојенд ве ез лехозе хејсијет
‫ همه‬,‫حقوق با هم برابرند‬ достоинство и правa. Tиe се
о хокук бо хем бероберенд. Хеме
‫دارای عقل و وجدان‬ обдарени со разум и совест и
дороје акл о веџдон мибошенд ве
‫میباشند و باید نسبت به یک‬ требa да се однесувaaт еден кон
бојед несбет бе јекдигер бо рухе
‫دیگر با روح برادری رفتار‬ друг во дуxот на општо човечкaтa
беродери рефтор коненд.
‫کنند‬. припaдност.

Поврзано
Персиска азбука Издание на
Фонологија на персискиот јазик Википедија —
Академија на персискиот јазик и книжевност слободната
Македонска транскрипција на персискиот јазик енциклопедија на
персиски јазик
Џидски јазик
Список на персиски писатели
Персиска книжевност
Персиска митологија

Белешки
1. 2006 Книга на факти на ЦИА: Иран (https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/g
eos/ir.html) Архивирано (https://web.archive.org/web/20120203093100/https://www.cia.gov/library/publications/the-wo
rld-factbook/geos/ir.html) на 3 февруари 2012 г. 39 М (58%), Авганистан (https://www.cia.gov/library/publi
cations/the-world-factbook/geos/af.html) Архивирано (https://web.archive.org/web/20160709035637/https://ww
w.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/af.html) на 9 јули 2016 г. 15 М (50%), Таџикистан (https://
www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/ti.html) Архивирано (https://web.archive.org/we
b/20070612213308/https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/ti.html) на 12 јуни 2007 г. 5.8 М
(80%), Узбекистан (https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/uz.html)
Архивирано (https://web.archive.org/web/20190105201620/https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/g
eos/uz.html) на 5 јануари 2019 г. 1.2 М (4.4%)
2. „Книга на факти на ЦИА: Иран“. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на
2007-08-29.
3. „Книга на факти на ЦИА: Авганистан“. Архивирано од изворникот на 2016-07-09. Посетено
на 2007-08-29.
4. „Книга на факти на ЦИА: Таџикистан“. Архивирано од изворникот на 2007-06-12. Посетено
на 2007-08-29.
5. „Книга на факти на ЦИА: Узбекистан“. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на
2007-08-29.
6. Би-Би-Си (https://archive.is/20130113235300/www.bbc.co.uk/persian/tajikistan/story/2006/03/060
310_so_conference_persian.shtml)
7. Clawson, Patrick (2004). Eternal Iran. Palgrave Macmillan. стр. 6. ISBN 1403962766.
8. Windfuhr, G. L. (1987), "Persian", in Bernard Comrie (едиц.), The World's Major Languages, стр.
523--546 (Oxford: Oxford University Press)
9. Henderson, M. M. T. (1994) "Modern Persian Verb Stems Revisited" во Journal of the American
Oriental Society, Том 114, бр. 4. (окт. - дек., 1994), стр. 639–641.
10. Keshavarz, M. H. (1988) "Forms of Address in Post-Revolutionary Iranian Persian: A
Sociolinguistic Analysis" во Language in Society, Том 17 бр. 4 стр. 565-75 дек 1988
11. Етнолог - Јазични лози - Персиски (http://www.ethnologue.com/show_family.asp?subid=90035)
12. Megerdoomian, Karine (2000). „Persian computational morphology: A unification-based approach“
(PDF). Memoranda in Computer and Cognitive Science: MCCS-00-320. стр. 1. Архивирано од
изворникот (PDF) на 2013-09-02. Посетено на 2007-08-29.
13. Mahootian, Shahrzad (1997). Persian. London: Routledge. ISBN 0-415-02311-4.
14. „Bashgah“. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2007-08-29.
15. http://www.fareiran.com/no26/1.HTM
16. Perry, John R. (2005). A Tajik Persian Reference Grammar. Boston: Brill. ISBN 90-04-14323-8.
17. Lazard, Gilbert (1956). „Charactères distinctifs de la langue Tadjik“. Bulletin de la Société
Linguistique de Paris. 52: 117–186.
18. Katzner, Kenneth (2002). The Languages of the World. Routledge. стр. 163. ISBN 0415250048.

Надворешни врски
Македонско-персиски разговорник со снимки (http://www.goethe-verlag.com/book2/MK/MKFA/
MKFA002.HTM)
Збирка на персиски двојазични речници (http://www.dicts.info/dictlist1.php?l=Persian)
(англиски)
Академска граматика на новиот персиски, на персиски англиски и германски (http://www.faze
l.de/dastur/EN/index.html) Архивирано (https://web.archive.org/web/20080412035445/http://www.fazel.de/dastur/
EN/index.html) на 12 април 2008 г. (персиски) (англиски) (германски)

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Персиски_јазик&oldid=4973426“

You might also like