You are on page 1of 69

А. ТРГОВСКИ ДРУШТВА – стр.

1. Трговец (поим и видови)


2. Трговец – поединец (поим, упис, фирма и престанување)
3. Трговски друштва (поим, фoрми и основање)
4. Белези на трговските друштва (фирма и седиште)
5. Предмет на работење на трговско друштво
6. Застапување на трговско друштво
7. Прокура (поим, видови и упис)
8. Трговски полномошник и трговски патник
9. Трговски регистар (поим, начин на водење и постапка за упис)
10. Субјекти што се запишуваат во трговскиот регистар
11. Јавно трговско друштво (поим, основање, правни основи меѓу
содружниците, со трети лица и престанување на јавното друштво и
содружништвото)
12. Командитно друштво (поим, основање, упис, правни односи меѓу
содружниците, правни односи на друштвото со трети лица и
престанување)
13. Друштво со ограничена одговорност (поим, основање и упис во
трговскиот регистар)
14. Права и должности на содружниците во ДОО
15. Престанување на содружничкиот однос во ДОО
16. Акти, документи и информирање на содружниците во ДОО
17. Управување и раководење со ДОО (органи на друштвото) 23
18. Престанување на ДОО (основи)
19. Акционерско друштво (поим, фирма и број на акционери)
20. Акции и други хартии од вредност на АД (издавање, пренос и
евиденција)
21. Основање и упис на АД
22. Содржина и измени на статутот на АД
23. Акти, документи и информирање на акционерите на АД
24. Правни односи меѓу друштвото и акционерите
25. Органи на АД (систем на управување)
26. Собрание на АД (надлежност, годишно собрание, свикување и
одржување на собрание)
27. Ништовност и побивање на одлуката на собранието на АД
28. Зголемување и намалување на основната главнина (начин на
зголемување и намалување)
29. Престанување на АД (основи и упис на одлуката за престанување)
30. Командитно друштво со акции (поим)
31. Трговски книги, годишна сметка и финансиски извештаи)
32. Распоредување на добивката
33. Распределба на дивидендата
34. Преобразба на друштвото од една во друга форма на друштвото
(поим и постапка)
35. Присоединување, спојување и поделба на друштвата
36. Ликвидација на друштвото
37. Стопанска интересна заедница
38. Управување и застапување на стопанската интересна заедница
39. Странско трговско друштво (поим)
40. Странски трговец поединец

1
Б. СТЕЧАЈ – стр. 23

1. Цели на стечајна постапка


2. Лица над чиј имот се спроведува стечајна постапка
3. Услови за отворање на стечајна постапка
4. Начела на стечајната постапка
5. Стечаен судија (овластувања)
6. Стечаен управник (именување, овластување и разрешување)
7. Одбор на доверители (основање и разрешување)
8. Собрание на доверители (свикување, седници и одлучување)
9. Поведување стечајна постапка
10. Претходна постапка (поведување на претходна постапка)
11. Отворање на стечајна постапка (рочиште за изјаснување по
предлогот за отварање на стечајна постапка)
12. Одлучување по пријава (предлог) за отворање стечајна постапка
13. Решение за отворање стечајна постапка
14. Стечајна маса
15. Утврдување на побарувањата (пријавување)
16. Стечајни доверители 24
17. Излачни доверители
18. Развлачни доверители
19. Доверители на стечајната маса
20. Правни последици од отворањето на стечајната постапка
21. Исполнување на правните работи (право на стечајниот управник на
избр)
22. Побивање на правните дејства на стечајниот должник (општо)
23. Намирување на стечајни доверители
24. План за распределба
25. План за авансна распределба
26. Конечна распределба на средствата
27. Заклучување на стечајната постапка
28. Запирање на стечајната постапка
29. Намирување на доверителите на стечајната маса
30. План за реорганизација (сочинување, поднесување, содржина)
31. Прифаќање и одобрување на планот за реорганизација
32. Стечајна постапка врз имот на умрено лице – трговец
33. Стечајна постапка врз заеднички имот на брачни другари
34. Меѓународен стечај
35. Меѓународна надлежност на суд на Република Македонија за
спроведување на стечајна постапка
36. Претпоставки и постапка за признавање странска одлука за отворање
на стечаја постапка(примена на општи правила)

В. ДОГОВОРИ, ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ – стр. 40

1. Склучување на договори меѓу присутни лица и отсутни лица


2. Договорна казна
3. Казнена камата
4. Договорна камата
5. Договор за продажба (поим, предмет и цена)
6. Обврски на продавачот и купувачот
7. Одговорност на продавачот за материјалните недостатоци F воопшто
8. Договор за градење (поим)
9. Одговорност за недостатоците кај договорот за дело

2
10. Одговорност на изведувачот, проектантот и лицето кое вршело
надзор за солидноста на градеж или земјиштето
11. Договор за превоз на предмети
12. Товарен лист
13. Однос на испраќачот и превозникот
14. Однос на превозникот и примачот
15. Одговорност на превозникот за загубување, оштетување и
задоцнување на пратка
16. Договор за складирање (поим)
17. Складишница (Состојки и содржина) 25
18. Договор за комисион
19. Договор за експедирање (шпедиција)
20. Договор за организирање на патување (поим)
21. Договор за ангажирање на угостителски капацитети (договор за
алтоман – поим)
22. Договор за осигурување (поим)
23. Обврски на осигурувачот и осигуреникот
24. Осигурување на имот
25. Осигурување на лица
26. Упатување (асигнација – поим)
27. Договор за кредит (поим, форма, содржина)
28. Акредитиви
29. Банкарска гаранција (поим)
30. Хартии од вредност (поим, видови и издавање)
31. Номинална вредност и валута во која се издаваат хартиите од
вредност
32. Регистрирање на хартии од вредност
33. Дозволени нетрговски преноси на хартии од вредност
34. Тргување со хартии од вредност (секундарно)

Г. ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ – стр. 55

1. Права од индустриска сопственост


2. Субјекти на правата од индустриска сопственост
3. Државен завод за индустриска сопственост (раководење и
надлежност)
4. Постапка за стекнување, остварување, одржување и заштита на
правата од индустриска сопственост
5. Патент (предмет на заштита и субјект на правото на патент)
6. Постапка за признавање на патент, содржина на пријавата и одлука
за признавање
7. Индустриски дизајн (предмет и заштита)
8. Постапка за стекнување на право на индустриски дизајн
9. Трговска марка (предмет и заштита)
10. Постапка за признавање на трговска марка, содржина на пријавата и
стекнување на право
11. Географски назив (предмет на заштита)
12. Постапка на заштита на географски назив, содржина на пријавата и
одлука на заштита
13. Прометливост на правата од индустриска сопственост (договор за
пренос)
14. Застапување во постапката за заштита на правата од индустриска
сопственост 26
15. Судска заштита на повредените права од индустриска сопственост

3
(лице овластено за заштита, содржина на тужбеното барање и рок за
поднесување на тужба)

Д. ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ – стр. 63

Платен промет – стр. 63


1. Носители на платниот промет (субјекти)
2. Учесници во платниот промет
3. Вршење на работите на платниот промет
4. Платни инструменти
5. Извршување на решенија за присилна наплата
6. Електронски пари (издавач)

Девизно работење – стр. 66


1. Дефиниции и поими од девизното работење
2. Трансакции и трансфери (меѓу резиденти и нерезиденти)
3. Тековни и капитални трансакции
4. Депозитни работи
5. Плаќања и трансфери
6. Пазар на странски платежни средства
7. Известувања

Централен регистар – стр. 68


1. Основање и организација
2. Делокруг на работа (внесување и чување на податоци)
3. Односи на централниот регистар и другите регистри и нивните
корисници

4
А. ТРГОВСКИ ДРУШТВА

1. Трговец (поим и видови)


Трговец во смисла на овој закон е секое лице кое самостојно трајно во вид на занимање
врши трговска дејност заради остварување добивка со производство, трговија и давање
услуги на пазарот и тоа со: 1) купување на подвижни ствари со цел да ги продаде во
првобитен, преработен или обработен вид; 2) продажба на подвижни ствари во
преработен или обработен вид од сопствено производство; 3) тргување со хартии од
вредност и управување со фондови; 4) банкарски, менувачки и други финансиски
дејности; 5) дејности на осигурување; 6) превоз на лица и стока; 7) комисиони работи,
шпедитерски услуги, складишни (магацински) услуги и лизинг; 8) трговско
застапување и посредување; 9) угостителско-туристичка дејност, информативна
дејност, маркетинг и други интелектуални услуги; 10) производство на филмови,
видеокасети, аудиовизуелни записи, софтвер, како и други слични дејности; 11)
издавачка и печатарска дејност и други работи поврзани со трговијата со книги и
уметнички творби и 12) купување, изградба и уредување на недвижни ствари со цел-
продажба и издавање. За трговец, во смисла на овој закон, се смета и секое лице кое, во
вид на занимање, води претпријатие кое што според природата и обемот на дејноста
бара да биде организирано и водено на начин на којшто се водат трговските дејности.
Ако фирмата е запишана во трговскиот регистар, не може да се истакнува дека
претпријатието што се води под таа фирма не е трговско. За трговци, не се сметаат: 1)
физичките лица кои вршат земјоделска и шумарска дејност (индивидуални земјоделци),
освен ако нивната дејност може да се води како претпријатие; 2) занаетчиите и
физичките лица кои вршат услуги, освен ако нивната дејност може да се определи како
претпријатие, 3) физичките лица кои вршат угостителски услуги со издавање соби во
своите живеалишта. Секој трговец е должен да ги направи достапни следниве
податоци: 1) фирмата; 2) седиштето; 3) ЕМБС; 4) телефонот, факсот и адресата.

2. Трговец-поединец (поим, упис, фирма и престанување)


Трговецот-поединец е физичко лице кое, во вид на занимање, врши некоја трговска
дејност определена со овој закон. Трговецот-поединец одговара за своите обврски
лично и неограничено со сиот свој имот. Како трговец-поединец може да се запише во
трговскиот регистар секое деловно способно физичко лице со постојано место на
живеење во Република Македонија. Својство на трговец-поединец се стекнува со
уписот во трговскиот регистар. Не може да биде регистрирано како трговец-поединец
физичко лице: 1) над кое е отворена стечајна постапка; 2) на кое надлежен орган, врз
основа на закон, му забранил да врши некоја од дејностите определени со овој закон,
додека трае забраната. Трговецот-поединец се запишува во трговскиот регистар кај
Централниот регистар на Република Македонија. Во пријавата за упис се наведуваат: 1)
името и презимето, ЕМБГ и местото на живеење; 2) фирмата под која што ќе се врши
дејноста; 3) седиштето од каде што ќе се врши дејноста и 4) предметот на работење.
Кон пријавата за упис се приложува заверен потпис на трговецот-поединец кај нотар.
Едно физичко лице запишано како трговец-поединец не може, истовремено, по која
било основа, да биде запишано како трговец-поединец под друга фирма. Фирмата на
трговецот-поединец ги содржи и неговото лично име, татковото име и презиме како и
ознаката ,,ТП". Трговецот-поединец престанувањето на работењето му го пријавува на
органот-надлежен за јавни приходи. Трговецот-поединец, најдоцна три месеца пред
пријавувањето на престанувањето на работењето, го објавува престанувањето на
работењето и го наведува денот на престанувањето на работењето, најмалку во еден
дневен весник и во деловните простории. Трговецот-поединец ги известува познатите
доверители, поединечно, по писмен пат. Во трговскиот регистар се запишува и
престанувањето на трговец-поединец. Трговецот-поединец поднесува пријава за
бришење на уписот на трговецот -поединец во трговскиот регистар. Кон пријавата за
бришење на уписот се приложуваат: 1) изјава за престанувањето на трговецот-
поединец; 2) доказ дека сметката на трговецот-поединец е затворена и 3) доказ дека

5
трговецот-поединец уредно ги платил даночните обврски и придонесите за пензиско,
инвалидско, здравствено осигурување и придонесот за вработување.

3. Трговски друштва (поим, форми, основање)


Трговското друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица вложуваат пари,
ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат
добивката и загубата од работењето. Трговското друштво самостојно трајно врши
дејност, заради остварување добивка. Трговско друштво, според формата, без оглед на
тоа дали врши трговска или некоја друга дејност, е: 1) јавното трговско друштво; 2)
командитното друштво; 3) друштвото со ограничена одговорност; 4) акционерското
друштво и 5) командитното друштво со акции. Имотот создаден со вложувања во
трговското друштво се изразува во пари и ја претставува основната главнина на
друштвото. Правата и обврските што содружникот ги стекнува врз основа на влогот во
основната главнина на трговското друштво се негов удел во друштвото. Трговското
друштво има договор за друштвото, односно статут на друштвото кое склучува во
писмена форма. Трговското друштво стекнува својство на правно лице со уписот во
трговскиот регистар. На трговското друштво му престанува својството на правно лице
со бришењето на уписот во трговскиот регистар. Трговското друштво може да врши
дејности и работи од предметот на работење на друштвото надвор од седиштето преку
една или повеќе подружници. Трговското друштво одговара за своите обврски со сиот
свој имот. Содружниците на јавното трговско друштво и комплементарите во
командитното друштво и во командитното друштво со акции, одговараат за обврските
на друштвото неограничено и солидарно со сиот свој имот. Трговско друштво можат да
основаат домашни и странски физички и правни лица. Основачите на трговското
друштво, односно управителот, кон пријавата за упис на основањето на трговското
друштво во трговскиот регистар, поднесуваат изјава во којашто ги наведуваат
дејствијата извршени со цел правилно да се основа трговско друштво и со којашто
тврдат дека друштвото го основале во согласност со закон и дека податоците содржани
во прилозите (исправите и доказите) коишто ги поднесуваат кон пријавата за упис на
основањето во трговскиот регистар се вистинити и се во согласност со закон. Изјавата
се заверува кај нотар.

4. Белези на трговските друштва (фирма и седиште)


Фирмата на трговското друштво е името под коешто друштвото работи и под коешто
учествува во правниот промет. Фирмата на трговското друштво се определува и менува
на начинот определен со изјавата за основање на друштвото од едно лице, со договорот
за друштвото, односно со статутот. Фирмата на трговското друштво и сите нејзини
промени се запишуваат во трговскиот регистар. Фирмата содржи ознака којашто
упатува на предметот на работење на трговското друштво, седиштето и формата на
друштвото, а може да содржи додатоци (цртежи, слики, симболи, ознаки и друго) што
служат за поблиско обележување на трговското друштво. Фирмата не може да содржи
имиња, знамиња, грбови или други државни амблеми на други држави или на
меѓународни организации без нивна дозвола, а не можат ниту да се имитираат во
хералдичка смисла. Фирмата не може да содржи и зборови кои создаваат привид и
мешање со фирма на друго друштво, име, односно назив на установа или друг субјект.
Зборот ,,Македонија" и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, знамето и
грбот можат да се содржани во фирмата само со дозвола на Министерството за правда.
Во фирмата може да се внесе име и презиме на некое физичко лице само со негова
согласност. Фирмата на трговското друштво гласи на македонски јазик, со кирилско
писмо. Кон фирмата на трговското друштво над коешто е отворена и се води стечајна
или ликвидациона постапка, задолжително се додава ознаката „во стечај", односно „во
ликвидација" и така се запишува во трговскиот регистар. Трговското друштво, во
своето работење, мора да ја употребува фирмата онака како што е запишана во
трговскиот регистар, а може да употребува и скратен назив на фирмата кој се запишува
во трговскиот регистар. Новите фирми на трговските друштва мора јасно да се

6
разликуваат од сите фирми на друштвата запишани во трговскиот регистар. Седиштето
на трговското друштво е местото коешто е запишано во трговскиот регистар.
Трговското друштво може да го промени седиштето на начин и според постапката
определени со изјавата за основање на друштвото од едно лице, со договорот за
друштвото, односно со статутот. Промената се запишува во трговскиот регистар.

5. Предмет на работење на трговско друштво


Трговското друштво може, како предмет на работење, да ги врши сите дејности што не
се забранети со закон. Ако за одделни дејности со закон е пропишано дека можат да се
вршат само врз основа на согласност, дозвола или на друг акт на државен орган или на
друг надлежен орган, тие дејности можат да се вршат само врз основа на согласноста,
дозволата или друг акт на тој орган. Трговското друштво може да започне да врши
дејност која што е предмет на работење на друштвото по уписот на предметот на
работење во трговскиот регистар и по добивањето одобрение од надлежен орган за
исполнување на пропишаните услови за вршење на дејноста во рамките на запишаниот
предмет на работење, ако тоа е определено со закон. Трговското друштво може да
презема правни работи и дејствија само во рамките на предметот на работење запишан
во трговскиот регистар. Правните работи коишто ги склучува, односно правните
работи коишто ги презема трговското друштво спрема трети лица и со кои што е
пречекорен предметот на работењето на друштвото, запишан во трговскиот регистар,
се полноважни освен ако трговското друштво докаже дека третото лице знаело или со
оглед на околностите, морало да знае за пречекорувањето. Уписот на предметот на
работењето на друштвото во трговскиот регистар не значи дека третото лице знаело
или дека морало да знае за пречекорувањето.

6. Застапување на трговско друштво


Застапник на трговско друштво по закон е физичкото лице коешто е определено да ја
застапува одделната форма на друштвото. Именувањето, престанувањето на мандатот и
податоците за застапникот по закон, како и ограничувањата на неговите овластувања
спрема трети лица се запишуваат во трговскиот регистар. При уписот на застапникот
по закон во трговскиот регистар се приложува потпис-заверен кај нотар. Застапникот
по закон не може, без посебно овластување на трговското друштво, да настапува како
договорна страна и со друштвото да склучува договори од свое име и за своја сметка,
во свое име, а за сметка на други лица, или во име и за сметка на други лица.
Застапникот на трговското друштво, може да даде полномошно на друго лице.
Полномошното може да се даде во границите на овластувањата на застапникот што се
запишани во трговскиот регистар. Вработено лице во трговското друштво кое врши
работи коишто, според редовниот тек на работата, вклучуваат и склучување
определени договори, односно преземање определени правни работи, е овластено како
полномошник на друштвото да склучува и такви договори и да презема такви правни
дејствија во рамките на работите што ги врши.

7. Прокура (поим, видови, и упис)


Прокурата е трговско полномошно и може да даде само лице кое според овој закон, се
смета дека е трговец. Прокурата се дава на начин определен со изјавата за основање на
трговското друштво од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот.
Прокурата се дава во писмена форма. Прокурата може да се даде на секое деловно
способно физичко лице, без разлика на должноста и работите што ги врши. Прокурата
не може да се даде на правно лице. Прокурата може да се даде на едно физичко лице
(поединечна прокура), или на две или на повеќе физички лица заедно (групна прокура).
Ако прокурата е дадена на две или на повеќе физички лица, секое од тие лица е
прокурист кој самостојно го застапува трговското друштво во рамките на
овластувањата. Прокуристот може да ги склучува сите договори и да ги врши и сите
други правни работи и дејствија во име и за сметка на трговското друштво во рамките
на предметот на работењето на друштвото, да го управува претпријатието на давателот

7
на прокурата и да го застапува друштвото во постапките пред управните и другите
државни органи, организациите и установите со јавни овластувања и судовите.
Прокуристот го потпишува трговското друштво така што под фирмата го потпишува
своето име и презиме со додаток што видливо укажува на неговата положба на
прокурист или со додатокот ,,п.п„. Прокурата не може да се пренесе на друго физичко
лице. Прокурата може да се отповика во секое време, без оглед на правната основа врз
којашто е дадена. Трговското друштво, односно трговецот-поединец ги запишуваат
давањето поединечна и групна прокура, сите ограничувања на прокурата и отповикот
во трговскиот регистар. Во трговскиот регистар се запишува името и презимето на
прокуристот и неговиот ЕМБГ. Кон пријавата за упис се приложува и одлуката за
давање на прокурата, односно одлуката со којашто се ограничува, односно отповикува
таа и доказ за заверен потпис (којшто го содржи полното име и презиме на
прокуристот) кај нотар.

8. Трговски полномошник и трговски патник


Трговски полномошник е вработено лице во трговското друштво или друго физичко
лице кое, за награда, е овластена од застапниците по закон на друштвото да го води
претпријатието или негов дел, во рамките на даденото полномошно. Трговското
полномоштво се дава во писмена форма со заверка на потписите кај нотар. Трговскиот
полномошник е овластен да ги склучува сите договори и да ги презема сите правни
дејствија што се вообичаени во прометот при водењето на претпријатието или на негов
дел и тоа во рамките на даденото полномошно. Трговскиот полномошник не може, без
посебно овластување да ги отуѓи ниту да ги оптовари неговите недвижности, да го
обврзе со меница или со чек, да презема обврски од гаранција, да земе заем за него, да
договори надлежност на избран суд и да се спогодува или да води спор. Трговското
друштво, односно трговецот-поединец може на лице кое е вработено кај него или на
друго физичко лице да му даде полномошно како на трговски патник. Полномошното
на трговскиот патник му се дава во писмена форма. Трговскиот патник е овластен во
име и за сметка на давачот на полномошното да склучува договори за продажба на
неговата стока, да ја испорачува таа стока, да продава на кредит ако има посебно
овластување за тоа, да ги прима изјавите на купувачите во врска со стоката што е
предмет на тие договори, да дава изјави и да презема други дејствија заради зачувување
на правата на давачот на полномошното што прозлегуваат од договорот што го склучил
од негово име и за негова сметка. Трговскиот патник не може, без посебно
овластување, да продава стока што се плаќа, на почек или на рати.

9. Трговски регистар (поим, начин на водење и постапка на упис)


Трговскиот регистар како јавна книга содржи податоци и прилози (исправи и докази) за
субјектите на уписот за кои уписот е пропишан со закон. Трговскиот регистар се состои
од регистарска влошка (класер) во којашто се запишуваат податоците на упис и збирка
на прилози во којашто се приложуваат исправите и доказите на секој запишан субјект.
Сите поднесоци се внесуваат во збирката на прилози на запишаниот субјект.
Запишаните податоци и доставените прилози (исправи и докази) во трговскиот
регистар се чуваат трајно. Трговскиот регистар се води на единствен начин на
територијата на Република Македонија. Уписите во трговскиот регистар се вршат во
писмена форма или во електронска форма и трговскиот регистар се води во писмена
форма и во електронска форма. Поднесувањето на сите или на некои од податоците
што се запишуваат во трговскиот регистар, по избор на овластениот подносител може
да се врши и само во електронска форма преку едношалтерскиот систем, во согласност
со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, Законот за
Централниот регистар на Република Македонија и прописите за едношалтерскиот
систем. Податоците-запишани во трговскиот регистар се јавни. Секое лице, на свој
трошок може да бара да му се издаде фотокопија или заверен препис од податоците
запишани во регистарската влошка. Трговскиот регистар го води Централниот регистар
на Република Македонија. Постапката за упис во трговскиот регистар се води според

8
посебна управна постапка утврдена со прописите за едношалтерски ситем.

10. Субјекти што се запишуваат во трговскиот регистар


Субјекти коишто се запишуваат во трговскиот регистар се: 1) трговец-поединец; 2)
јавно трговско друштво; 3) командитно друштво; 4) друштво со ограничена
одговорност; 5) акционерско друштво; 6) командитно друштво со акции; 7) стопанска
интересна заедница и 8) подружница на странско трговско друштво, односно
подружница на странски трговец-поединец. Податоците што се запишуваат во
трговскиот регистар се водат за секој субјект одделно. Субјектите за коишто е утврден
задолжителен упис во трговскиот регистар се должни во рок од петнаесет дена од денот
на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар да
поднесат пријава за упис. Постапката за упис во трговскиот регистар се поведува со
поднесување писмена пријава на пропишан образец, поднесена од овластен
подносител, во којашто е содржано барањето за упис. Со пријавата за упис во
трговскиот регистар се поднесуваат и потребните прилози (исправи и докази) во
коишто се содржани податоците што се запишуваат во трговскиот регистар. Пред
донесување решение за упис во трговскиот регистар, се утврдува дали се исполнети
условите за упис, предвидени со овој закон. Ако се утврди дека пријавата има
недостатоци, односно дека не се исполнети условите за упис, со заклучок му се
укажува на подносителот на пријавата да ги отстрани недостатоците за упис во
трговскиот регистар при што му се враќа пријавата за да ја уреди.

11. Јавно трговско друштво (поим, основање, правни основи меѓу содружниците,
правни односни со трети лица и престанување)
Јавно трговско друштво е трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе
физички и правни лица, кои на доверителите за обврските на друштвото им одговараат
неограничено и солидарно со сиот свој имот. Јавно друштво се основа со договор за
друштвото склучен меѓу основачите. Фирмата на јавното друштво ги содржи и
зборовите ,,јавно трговско друштво" или ознаката ,,ЈТД". Основањето на јавното
друштво се запишува во трговскиот регистар. Пријавата за упис на основањето на
јавното друштво ја поднесуваат сите содружници на јавното друштво овластени за
застапување. Во трговскиот регистар се запишуваат: 1) фирмата и седиштето на јавното
друштво; 2) името и презимето, ЕМБГ, занимањето на содружникот; 3) предметот на
работењето; 4) видот и износот на влогот на секој содружник и 5) начинот на
застапувањето на јавното друштво. Правните односи меѓу содружниците на јавното
друштво се уредуваат со договор за друштвото. Влоговите на содружниците во јавното
друштво можат да бидат различни. Удел во јавно друштво може да се пренесува на
трето лице само со согласност на сите содружници. Секој содружник е овластен да
управува со јавното друштво. Секој содружник е овластен да го застапува јавното
друштво. Содружниците можат со договорот за друштвото да овластат еден или повеќе
содружници за застапување на јавното друштво. Во тој случај, другите содружници се
исклучени од застапувањето. Јавното друштво престанува со: 1) истекот на времето за
коешто е основано; 2) одлука-донесена од сите содружници; 3) стечај на јавното
друштво; 4) смрт на кој било од содружниците, односно престанување на содружник-
правно лице, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е определено; 5) стечај
над кој било од содружниците; 6) отказ на некој од содружниците на јавното друштво
на договорот за друштвото, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е
определено; 7) правосилна одлука на судот; 8) губење на деловната спосособност на
еден од содружниците, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е определено и
9) одземање на дозволата за вршење на дејноста, а јавното друштво не ја промени
дејноста.

12. Командитно друштво (поим, основање, упис, правни односи меѓу


содружниците, со трети лица и престанување)
Командитно друштво е трговско друштво во коешто се здружуваат две или повеќе

9
физички и правни лица од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на
друштвото лично со сиот свој имот, односно неограничено и солидарно ако се најмалку
два содружника, а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото само
до износот на запишаниот влог во друштвото. Влогот на командиторот не може да биде
во труд и услуги. Командитното друштво се основа со договор за друштво. Заверката
на потписите на договорот за друштвото се врши кај нотар. Фирмата на командитното
друштво ги содржи и зборовите ,,командитно друштво" или ознаката ,,КД". Во
трговскиот регистар се запишуваат: 1) името и презимето, ЕМБГ, занимањето на
содружникот; 2) фирмата и седиштето на командитното друштво; 3) предметот на
работењето на командитното друштво и 4) застапувањето на командитното друштво.
Пријавата за упис на основањето на командитното друштво во трговскиот регистар ја
поднесуваат комплементарите. Правните односи меѓу содружниците се уредуваат со
договорот за друштвото. Со командитното друштво управуваат комплементарите.
Командиторите немаат право да управуваат со друштвото. Уделите во командитното
друштво можат да бидат пренесени на трето лице само со согласност на сите
содружници. Командитор не може да го застапува командитното друштво. Основи за
престанување на командитно друштво се: 1) истекот на времето за коешто е основано;
2) одлука донесена од сите содружници; 3) стечај на командитното друштво; 4) смрт на
кој било од комплементарите; 5) стечај над кој било од комплементарите; 6) отказ на
некој од комплементарите; 7) правосилна одлука на суд; 8) губење на деловната
способност на комплементар, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е
определено; 9) одземање на дозволата за вршење на дејноста, а командитното друштво
не ја промени дејноста.

13. Друштво со ограничена одговорност (поим, основање и упис)


Друштво со ограничена одговорност е трговско друштво во коешто едно или повеќе
физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорената основна
главнина на друштвото. Содружниците не одговараат за обврските на друштвото.
Друштво со ограничена одговорност може да биде основано од едно или од повеќе
физички и правни лица, но најмногу 50 содружници. Фирмата на друштвото мора да ги
содржи и зборовите: ,,друштво со ограничена одговорност" или ознаката ,,ДОО",
односно ,,друштво со ограничена одговорност од едно лице" или ознаката: ,,ДООЕЛ".
Друштвото се основа со договор за друштвото што го склучуваат сите основачи,
односно со изјава на основачот за основање. Потписите на основачите се заверуваат кај
нотар. Договорот за друштвото, односно изјавата за основање на друштвото мора да ги
содржи: 1) името и презимето, ЕМБГ на содружникот; 2) фирмата и седиштето на
друштвото; 3) предметот на работење на друштвото; 4) времетраењето на друштвото; 5)
износот на основната главнина и износот на влогот на секој содружник одделно; 6)
името и презимето, ЕМБГ на управителот, односно управителите; 7) застапувањето на
друштвото; 7) управувањето на друштвото и 8) престанување на друштвото. Основната
главнина на друштвото се состои од збирот на влоговите на содружниците која не може
да биде помала од 5.000 ЕВРА во денарска противвредност. Влогот на содружникот
може да биде паричен и непаричен. Основањето на друштвото се запишува во
трговскиот регистар. Пријавата за упис на основањето на друштвото ја поднесува
управителот. Во трговскиот регистар се запишуваат: 1) фирмата и седиштето на
друштвото; 2) предметот на работењето на друштвото; 3) името и презимето, ЕМБГ на
содружникот; 4) износот на основната главнина; 5) денот на склучувањето на договорот
за друштвото, односно денот на потпишувањето на изјавата за основање на друштвото;
6) времетраењето на друштвото; 7) името и презимето на управителот, ЕМБГ; 8)
овластувањето за застапување на друштвото и 9) интернет страница ако друштвото има
ваква страница. Кон пријавата за упис на основањето на друштвото се приложуваат: 1)
договорот за друштвото, односно изјавата за основање; 2) копија од пасош или од
лична карта; 3) ако се внесуваат непарични влогови- извештајот на проценувачот; 4)
одлуката за избор на управител, ако не е назначен со договорот за друштвото.

10
14. Права и должности на содружниците во ДОО
Секој содружник во друштвото има право: 1) да учествува во управувањето со
друштвото; 2) да учествува во распределбата на добивката; 3) да биде информиран за
работењето на друштвото; 4)да врши увид во книгите и во другите документи на
друштвото и 5) на дел од остатокот на ликвидационата, односно на стечајната маса.
Содружниците имаат право на соодветен дел од добивката, освен ако правото на
учество во добивката не е ограничено или исклучено со договорот за друштвото.
Добивката се дели меѓу содружниците сразмерно на нивните удели. Содружникот е
должен преземениот влог да го уплати во целост, во согласност со договорот за
друштвото. Ако при основањето на друштвото целиот износ на паричниот влог не е
платен, преостанатиот износ се уплатува во рок од една година од денот на
објавувањето на уписот на основањето на друштвото. Во случај на задоцнување на
уплатата на влогот, друштвото, во дополнителен рок од најмалку 30 дена, ќе го повика
содружникот да ја исполни обврската. Ако истече дополнителниот рок содружникот се
смета за исклучен. Ако претходниците на исклучениот содружник не го уплатат
преостанатиот дел од влогот, друштвото може да го продава уделот на исклучениот
содружник со јавно наддавање. Со договорот за друштвото може да се определи сите
или одделни содружници да се обврзат да дадат дополнителни доплати над износот на
влогот само кога е тоа потребно за покривање на загубите или за привремена
неопходна потреба од парични средства. Уделот на содружник во друштвото се
определува според големината на влогот. Управителот на друштвото е одговорен за
водење на книгата на удели во којашто, по запишувањето на основањето на друштвото
во трговскиот регистар, за секој содружник се внесуваат податоци. Во однос на
друштвото, содружник на друштвото е само оној кој е запишан во книгата на удели.
Содружниците располагаат со уделите под условите-утврдени во договорот за
друштвото. Удел може да се пренесе на трето лице само ако содружникот во
потполност го уплатил својот влог. Повеќе сосопственици можат да имаат еден удел.

15. Престанување на содружничкиот однос во ДОО


Содружничкиот однос во друштвото престанува со: 1) смрт на физичкото лице-
содружник; 2) престанување на правното лице- содружник; 3) истапување на
содружник од друштвото; 4) исклучување на содружник од друштвото и 5) стечај над
содружник. Со договорот за друштвото може да се определи содружникот да може да
истапи од друштвото. Содружникот, може со тужба, да бара истапување од друштвото
ако: 1) другите содружници или орган на друштвото му причинат штета или ако со
натамошното негово учество во друштвото, како содружник, ќе трпи неправедни
штети; 2) е спречен во остварувањето на своите права во друштвото и 3) некој орган во
друштвото му наметнува несразмерни обврски. Тужбата се поднесува во рок од 90 дена
од денот на настанувањето на причината. Со договорот за друштвото може да се
определи содружникот да може да биде исклучен од друштвото. Содружник, односно
друштвото, со тужба, може да бара друг содружник да биде исклучен од друштвото
ако: 1) причини штета на друштвото или на некој од содружниците, или ако со
натамошното негово учество во друштвото, како содружник, друштвото или
содружниците ќе трпат штета; 2) се однесува спротивно на одлуките на содружниците,
донесени на собир на содружниците или со одлучување преку допишување; 3) не
учествува во управувањето со друштвото и со тоа го спречува и ограничува редовното
работење на друштвото или остварувањето на правата на другите содружници; 4)
намерно или грубо ги крши одредбите од договорот за друштвото, односно не ги
извршува должностите што ги има како содружник; 5) на друг начин не ги извршува
преземените обврски со договорот за друштвото. Тужбата се поднесува во рок од 90
дена од денот на настанувањето на причината. Со истапувањето или со исклучувањето
на содружникот престанува неговиот содружнички однос и сите права што
произлегуваат од него. Содружник кој истапува од друштвото, односно исклучениот
содружник има право на надомест на неговиот удел.

11
16. Акти, документи и информирање на содружниците во ДОО
Друштвото, во своето седиште, мора да ги чува следниве акти и документи: 1)
примерок од договорот за друштвото и сите нивни измени и дополнувања со
пречистените текстови; 2) прилози (исправи и докази) што се поднесени до трговскиот
регистар; 3) книгата на удели; 4) книгата на одлуки; 5) ажурирана листа со име и
презиме и место на живеење на управителот на друштвото, на членовите на надзорниот
одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган на надзор; 6) записници од
сите собири на содружниците и сите одлуки што биле донесени од содружниците со
одлучување преку допишување, како и записниците од органот на управување, ако
друштвото има орган на надзор; 7) примерок од годишната сметка и од годишниот
извештај за работата на друштвото во претходната деловна година; 8) изјави на
содружниците, дадени во писмена форма, за прифаќање на одредбите од договорот за
друштвото; 9) документи за залог и за хипотека; 10) колективниот договор на ниво на
друштвото; 11) целокупната писмена кореспонденција на друштвото со неговите
содружници; 12) извештајот на овластениот ревизор и извештајот на овластениот
проценувач, ако има такви и 13) други акти и документи определени со овој закон и со
договорот за друштвото. Друштвото треба актите и документите што ги чува и
информациите што ги има да му ги даде на располагање на секој содружник или на
поранешен содружник, за периодот кога тој бил содружник на друштвото, на
разгледување и копирање. Ако на некое од лицата му се оневозможи тоа правото, тој
има право, со предлог да побара од судот да донесе одлука за остварување на ова право.
Судот, во рок не подолг од осум дена од денот на поднесувањето, ќе го задолжи
друштвото да му овозможи пристап.

17. Управување и раководење со ДОО (органи на друштвото)


Содружниците ги донесуваат одлуките во друштвото на собир на содружниците или со
одлучување преку допишување. Собирот на содружниците го сочинуваат сите
содружници.Собирот на содружниците ги врши следниве работи: 1) ги усвојува
годишната сметка и годишните финансиски извештаи, како и годишниот извештај за
работата на друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на
добивката и за покривање на загубите; 2) ги избира и ги отповикува управителот,
односно другите управители, ако друштвото избира повеќе управители, и одлучува за
склучување на договорот меѓу друштвото и управителот; 3) одлучува за мерките за
испитување и вршење контрола над водењето на работите; 4) одобрува склучување
договори за набавка што е поголема од една петтина од основната главнина; 5)
одлучува за измена на договорот за друштвото. Собирот на содружниците го свикува
управителот најмалку еднаш годишно. Собирот на содружниците се свикува со
писмена покана. Секој износ од влогот што одговара на вредноста од 100 ЕВРА дава
еден глас. Ако со договорот за друштвото е определено дека содружниците одлучуваат
преку допишување, предлогот на одлуката на содружниците им се соопштува на
содружниците во писмена форма со образложение и се определува примерен рок за
изјаснување, што не може да биде пократок од 24 часа, но не подолг од осум дена од
денот кога е потврдено дека предлогот на одлуката им е соопштен на содружниците во
писмена форма. Предлогот на одлуката мора да биде јасно изразен. Со друштвото
управува управител, односно управители. Кога во друштвото има три или повеќе
управители, тие можат заедно да управуваат со друштвото како орган на управување на
друштвото. За управител може да биде избрано физичко лице кое е деловно способно.
За избор на управител одлучуваат содружниците. Управителот, неговото овластување
за застапување на друштвото и сите промени, без одлагање, се запишуваат во
трговскиот регистар. Овластувањата на управителот се определуваат со договорот за
друштвото. Ако се избрани повеќе управители, ниту еден управител не може
самостојно да презема дејствија потребни за водење на работите на друштвото.
Управителот е одговорен за уредното водење на трговските книги на друштвото и за
навремено изготвување на годишната сметка и на годишниот извештај за работата на
друштвото во претходната деловна година. Управителот е должен да ги води работите

12
на друштвото со внимание на уреден и совесен трговец и да ја чува деловната тајна на
друштвото. Управителот е лично и неограничено одговорен, а ако друштвото има
двајца или повеќе управители тие одговараат и солидарно.

18. Престанување на ДОО


Основи за престанување на друштвото се: 1) истекот на времето определено во
договорот за друштвото; 2) одлука на содружниците; 3) присоединување на друштвото
кон друго друштво, спојување со друго друштво, односно со поделба; 4) стечај на
друштвото и 5) одлука на судот. Друштвото од едно лице, во кое сопственик на уделот
е физичко лице, престанува со смртта на тоа лице ако по спроведената оставинска
постапка наследниците не бараат друштвото да продолжи со работа. Одлуката за
престанување на друштвото, содружниците ја донесуваат со најмалку тричетвртинско
мнозинство од вкупниот број гласови. Судот може, по тужба на еден или на повеќе
содружници, чиишто влогови чинат најмалку една десеттина од основната главнина, со
одлука, да изрече престанување на друштвото, ако постигнувањето на целта на
друштвото што произлегува од предметот на работењето стане невозможно или ако
постојат други значајни причини за престанување на друштвото. Тужба се поднесува во
рок од 90 дена од денот на дознавањето на причината, но не подолго од една година од
денот на настанувањето на причината. Пријавата за упис на престанувањето на
друштвото во трговскиот регистар поради истекот на времето за коешто е основано
друштвото или поради одлуката на содружниците за престанување на друштвото,
управителот мора без одлагање да ја поднесе. По спроведувањето на ликвидацијата,
односно на постапката за стечај се врши упис на бришењето на друштвото во
трговскиот регистар.

19. Акционерско друштво (поим, фирма и број на акционери)


Акционерското друштво е трговско друштво во кое акционерите учествуваат со
влогови во основната главнина, којашто е поделена на акции. Акционерите не
одговараат за обврските на акционерското друштво. Фирмата на акционерското
друштво мора да ги содржи и зборовите ,,акционерско друштво" или ознаката ,,АД".
Друштвото може да има еден или повеќе акционери. Најмалиот номинален износ на
основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без јавен повик за
запишување акции изнесува 25.000 ЕВРА во денарска противвредност, а кога
друштвото се основа сукцесивно, преку јавен повик за запишување акции, тој изнесува
најмалку 50.000 ЕВРА во денарска противвредност. Номиналниот износ на акцијата не
може да биде помал од 1 ЕВРО.

20. Акции и други хартии од вредност (издавање, пренос и евиденција)


Акциите се издаваат, се пренесуваат и се водат во форма на електронски запис во
Централниот депозитар за хартии од вредност на Република Македонија. Акциите,
спрема друштвото, се неделиви. Секоја акција мора да има номинален износ на којшто
гласи акцијата. Друштвото може, со измена на статутот, да изврши поделба на акциите
и истовремено да го намали нивниот номинален износ, под услов основната главнина
да остане непроменета. Друштвото издава обични акции, а може да издава и други
акции со различни права. Според правата, акциите можат да бидат обични и
приоритетни. Одлука за издавање акции донесува собранието на друштвото со
мнозинство гласови коешто не може да изнесува помалку од две третини од акциите со
право на глас, претставени на собранието. Друштвото може до износот на основната
главнина да издава обврзници кои не се конвертибилни обврзници, обврзници кои на
доверителите им даваат право да ги заменат за акции во одреден период на определена
опција или во кое било време за време на траењето на обврзницата и обврзници кои не
обезбедуваат право на првенствено купување акции коишто друштвото ги издава.
Друштвото, може до износот на половина од основната главнина да издава
конвертибилни обврзници кои на доверителите им даваат право да ги заменат за акции

13
во одреден период на определена опција или во кое било време додека трае
обврзницата и да издава обврзници кои обезбедуваат право на првенство на купување
акции кои друштвото ги издава.

21. Основање и упис на АД


Друштвото може да биде основано од едно и од повеќе лица. Основачи на друштвото се
лицата кои го потпишале статутот. Основачите ги заверуваат потписите на статутот кај
нотар. Основачите го основаат друштвото симултано или сукцесивно. Друштвото се
смета за основано кога ќе биде запишано во трговскиот регистар. Статутот содржи
одредби за: 1) фирмата и седиштето на друштвото; 2) предметот на работење на
друштвото; 3) износот на основната главнина; 4) номиналната вредност на акциите,
бројот на акциите од секој род и класа, правата, обврските, ограничувањата и
погодностите; 5) времетраењето на друштвото, ако друштвото се основа на определено
време; 6) предностите што за себе ги задржуваат основачите; 7) постапката за
свикување и одржување на собранието; 8) името и презимето, ЕМБГ на основачите.
Издадените акции можат да се платат со пари, со внесување непаричен влог или
комбинирано. Симултано основање- Друштвото може да се основа така што основачите
сами или заедно со други лица ги преземаат, без јавен повик, сите акции и го
потпишуваат статутот. Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар.
Пријавата за упис ја поднесува до Централниот регистар на Република Македонија
органот на управување, односно овластен член на органот на управување. Пред уписот
на основањето на друштвото во трговскиот регистар не можат да се издаваат акции.
Сукцесивно основање- Друштвото може да се основа така што основачите ќе го
усвојат статутот, ќе запишат определен број акции и ќе упатат јавен повик за
запишување акции. Јавниот повик за запишување акции, покрај фирмата, седиштето и
предметот на работење на друштвото што се основа, мора да содржи и податоци за: 1)
датумот кога е усвоен статутот врз основа на којшто се издава јавниот повик; 2)
износот на основната главнина; 3) непаричните влогови; 4) името и презимето на секој
основач и др.

22. Содржина и измени на статутот на АД


Статутот содржи одредби за: 1) фирмата и седиштето на друштвото; 2) предметот на
работење на друштвото; 3) износот на основната главнина; 4) номиналната вредност на
акциите, бројот на акциите од секој род и класа, правата, обврските, ограничувањата и
погодностите; 5) времетраењето на друштвото, ако друштвото се основа на определено
време; 6) предностите што за себе ги задржуваат основачите; 7) постапката за
свикување и одржување на собранието; 8) името и презимето, ЕМБГ на основачите; 9)
видот, составот и начинот на избор на органот на управување, односно на надзорниот
одбор и нивната надлежност; 10) името и презимето на првите членови на органот на
управување, односно на надзорниот одбор, и 11) формата и начинот на објавувањата
што ги врши друштвото. Издадените акции можат да се платат со пари, со внесување
непаричен влог или комбинирано. Статутот се менува со одлука за измена на статутот.
Постапка за измена на статутот можат да покренат органот на управување, односно
надзорниот одбор, како и акционерите кои имаат најмалку една десеттина од вкупниот
број на акциите со право на глас. Одлуката за измена на статутот ја донесува
собранието со мнозинство гласови кое не може да изнесува помалку од две третини од
акциите со право на глас. Измената на статутот влегува во сила со денот на
донесувањето на одлуката за измена на статутот, освен ако со одлуката за измена на
статутот не е определен друг датум на влегување во сила.

14
23. Акти, документи и информирање на акционерите
Друштвото, во своето седиште, мора да ги чува следниве акти и документи: 1) статутот
и другите акти, како и сите нивни измени и дополнувања,заедно со пречистените
текстови; 2) записниците и сите други документи од сите собранија на акционерите; 3)
записниците и одлуките од состаноците на органот на управување, односно на
надзорниот одбор; 4) годишните сметки и финансиските извештаи коишто треба да се
чуваат според закон; 5) прилози (исправи и докази) коишто се поднесени до трговскиот
регистар; 6) сите јавни повици и проспекти за издавање акции и други хартии од
вредност на друштвото; 7) целокупната писмена кореспонденција на друштвото со
неговите акционери; 8) ажурирана листа со имиња и презимиња и адреси на сите
избрани членови на органот на управување, односно на надзорниот одбор; 9)
документите за залог и хипотека; 10) извештајот на овластениот ревизор и извештајот
на овластениот проценител; 11) гласачките ливчиња и полномоштвата за учество на
собранието во оригинал или копија; 12) колективниот договор на ниво на друштвото и
13) други акти и документи предвидени со закон и со статутот. На секој акционер мора
да му се обезбеди право на увид во актите и другите документи на друштвото. Ако
друштвото не му дозволи на акционерот да оствари увид и копирање на актите и
документите, акционерот може да поднесе предлог до судот да му се овозможи увид во
актите и документите. Судот во рок од три дена од поднесувањето донесува одлука со
којашто го задолжува друштвото да му дозволи на акционерот-подносител на
предлогот, да изврши увид.

24. Правни односи меѓу друштвото и акционерите


Акционерите под еднакви услови имаат еднаква положба во друштвото. Акционерот е
должен на друштвото да му го плати номиналниот износ на акцијата, односно
поголемиот износ ако акцијата е издадена со поголем износ од номиналниот износ,
како и да му го пренесе непаричниот влог ако акцијата ја стекнува врз основа на
внесување непаричен влог. Акционерот мора да ги плати акциите на повик на органот
на управување на друштвото според условите под коишто ги запишал инаку, ќе му се
одземат сите делумно платени акции за коишто бил предупреден да ги плати. Акциите
на исклучениот акционер друштвото ги продава преку берза или на друг организиран
пазар. Акционерите имаат право на учество во добивката, освен ако, според одлуката
на собранието за употреба на добивката, донесена врз основа на закон или на статутот,
добивката е изоставена од распределбата меѓу акционерите. Друштвото не може да
запишува сопствени акции. Друштвото може да стекнува сопствени акции со откуп,
самото или преку лице кое дејствува од свое име, а за сметка на друштвото. Со
статутот, друштвото може да биде овластено да издава акции во кои е содржано
правото на друштвото во определен рок да ги откупува така издадените акции.

25. Органи на АД (Системи на управување)


Управувањето со друштвото може да биде организирано според едностепен систем
(одбор на директори) или според двостепен систем (управен одбор или управител и
надзорен одбор). Друштвото го избира системот на управување. Членовите на органот
на управување, односно на надзорниот одбор се избираат за период кој што се
определува со статутот, но којшто не може да биде подолг од шест години. Едностепен
систем на управување (одбор на директори)- Одборот на директори има најмалку три, а
најмногу 15 члена. Собранието ги избира членовите на одборот на директори. Одборот
на директори, од редот на своите неизвршни членови, со мнозинство гласови од
вкупниот број на членови на одборот на директори, избира претседател на одборот.
Одборот на директори има најшироки овластувања во управувањето со друштвото во
рамките на предметот на работењето на друштвото и во дејствувањето во сите
околности од името на друштвото, со исклучок на овластувањата што изречно им се
дадени на неизвршните членови на одборот на директори. Одборот на директори им го
доверува на извршните членови застапувањето на друштвото во односите со трети

15
лица. Неизвршните членови, имаат право да вршат увид и да ги проверуваат книгите и
документите на друштвото, како и имотот, особено благајната на друштвото и хартиите
од вредност и стока. Одборот на директори, во текот на годината, задолжително
одржува најмалку четири редовни состаноци и тоа на секои три месеца. Двостепен
систем на управување (управен одбор и надзорен одбор)-Управниот одбор има
најмалку три, а најмногу 11 члена. Надзорниот одбор ги избира членовите на управниот
одбор. Со одлуката за избор на членовите на управниот одбор, еден од членовите на
управниот одбор се именува за претседател на управниот одбор. Управниот одбор
управува со друштвото и, во тие рамки, го води работењето на друштвото под
сопствена одговорност. Членовите на управниот одбор го застапувааат друштвото во
односите со трети лица заеднички. Надзорниот одбор има најмалку три, а најмногу 11
члена. Собранието ги избира членовите на надзорниот одбор. Надзорниот одбор, од
редот на своите членови, со мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на
надзорниот одбор, избира претседател на надзорниот одбор. Надзорниот одбор врши
надзор врз управувањето со друштвото што го врши управниот одбор. Надзорниот
одбор може да врши увид и да ги проверува книгите и документите на друштвото, како
и имотот, особено благајната на друштвото и хартиите од вредност и стока. Надзорниот
одбор го застапува друштвото спрема членовите на управниот одбор.

26. Собрание на АД (надлежност, годишно собрание, свикување и одржување на


собранието)
Акционерите своите права во друштвото ги остваруваат на собранието. Собранието
одлучува за: 1) измена на статутот; 2) одобрување на годишната сметка, на
финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на друштвото во
претходната деловна година и одлучување за распределбата на добивката; 3) избор и
отповикување на членовите на одборот на директори и на членовите на надзорниот
одбор; 4) одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на
членовите на органот на управување и на надзорниот одбор; 5) промена на правата
врзани за одделни родови и класи акции; 6) зголемување и намалување на основната
главнина на друштвото; 7) издавање акции и други хартии од вредност; 8) назначување
овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи ако
друштвото има обврска да ги подготвува; 9) преобразба на друштвото во друга форма
на друштво, како и за статусните промени на друштвото и 10) престанување на
друштвото. Собранието избира претседавач со седницата на собранието, записничар и
двајца акционери - заверувачи на записникот. Годишното собрание го свикува органот
на управување најдоцна три месеца по составувањето на годишната сметка, на
финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на друштвото во
претходната деловна година, а не подоцна од шест месеца од завршувањето на
календарската година или 14 месеца од одржувањето на последното годишно собрание.
Кога тоа го бара интересот на друштвото и на акционерите, во времето меѓу две
годишни собранија, може да се свика собрание. Органот на управување, надзорниот
одбор, односно неизвршните членови на одборот на директори можат, со мнозинство
гласови од своите членови, по своја иницијатива или по барање на акционер, да донесат
одлука за свикување собрание. Барање за свикување собрание можат да поднесат
акционери кои имаат најмалку една десеттина од сите акции со право на глас.
Собранието може да биде свикано со покана или со објавување јавен повик или со
покана и со објавување јавен повик до акционерите. Собранието може да одлучува
само за прашања коишто се уредно ставени на дневен ред. Секој акционер кој има
намера да учествува на свикано собрание е должен да го пријави своето учество на
собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажанато собрание. Секој
акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на
седницата на собранието на друштвото. Собранието може да работи ако на седницата
присуствуваат верификувани учесници на собранието кои поседуваат најмалку
мнозинство од вкупниот број на акциите со право на глас. Ако не се обезбеди кворумот
собранието не може да почне со работа. За време што не е подолго од 15 дена од денот

16
за којшто е закажано одржувањето на собранието коешто немало кворум за работа се
закажува нов термин за одржување на собранието.

27. Ништовност и побивање на одлуката на собранието на АД


Одлуката на собрание е ништовна, ако: 1) е донесена на собрание што не е свикано во
согласност со законот и со статутот, освен ако на собранието се присутни сите
акционери; 2) собранието не е ја донело одлуката на начин и во облик определен со
овој закон и со статутот; 3) е спротивна на битието на друштвото или ако нејзината
содржина е спротивна на закон, на моралот или на одредбите на статутот; 4)
собранието одлучувало за прашање што не е во негова надлежност; 5) одлуката не е
внесена во записникот на начин определен со овој закон; 6) е избран орган на
управување, односно надзорен одбор што е составен спротивно на одредбите на овој
закон или на статутот; 7) со одлука, собранието избрало за член на орган на
управување, односно надзорен одбор физичко лице коешто не било предложено во
согласност со овој закон или со статутот; 8) со одлука, собранието избрало во органот
на управување, односно надзорниот одбор повеќе физички лица отколку што е
определено во овој закон, односно во статутот; 9) со одлука собранието избрало лице
кое во времето кога е избирано не ги исполнува условите утврдени со овој закон за
избор во органот на управување, односно надзорниот одбор; 10) собранието одлучило
да ја одобри годишната сметка и финансиските извештаи на коишто не е извршена
ревизија или ако ревизијата не е извршена во согласност со закон или ревизијата не ја
извршил овластен ревизор; 11) ако при подготвувањето на годишната сметка не се
почитувани одредбите од овој закон или статутот. Ништовноста може да се истакнува
со тужба против друштвото која се поднесува во рок од 30 дена од денот на
донесувањето на одлуката. Одлука на собранието може да се побива и ако акционерот
гласал за одлука со намера за себе или за некој друг да стекне корист на штета на
друштвото или на другите акционери, а со побиваната одлука тоа се постигнува.
Одлука на собрание може да побива: 1) акционер кој учествувал во работата на
собранието и своето противење на одлуката го изјавил во записник; 2) акционер кој не
учествувал во работата на собранието бидејќи, спротивно на законот и на статутот, не
му било допуштено да учествува во неговата работа, ако собранието не било уредно
свикано или ако прашањето за коешто се одлучувало на собранието не било правилно
објавено; 3) органот на управување и надзорниот одбор; 4) доверител на друштвото кој
има правен интерес.

28. Зголемување и намалување на основната главнина на АД (начин на


зголемување и намалување)
Зголемувањето на основна главнина на друштвото може да се врши: 1) со влогови; 2) со
условно зголемување на основната главнина; 3) со одобрен капитал и 4) од средствата
на друштвото. Зголемувањето на основната главнина се врши со одлука на собранието
за зголемување на основната главнина. Одлуката за зголемување на основната главнина
се донесува со мнозинство гласови кое не може да изнесува под две третини од акциите
со право на глас претставени на собранието. Зголемувањето на основната главнина со
влогови може да се врши само со издавање нови акции. Новоиздадените акции можат
да се платат со пари и со внесување непарични влогови. Собранието може да ја
зголеми основната главнина со одлука за зголемување на основната главнина со
преобразба на добивката, резервите и нераспределените (задржани) добивки коишто не
биле распределени за дивиденда или за коишто не била определена друга намена.
Основната главнина може да биде намалена со: 1) намалување на номиналниот износ
на еден или на повеќе родови и на класи акции; 2) спојување на еден или на повеќе
родови акции, со тоа што најмалиот номинален износ на споената акција не може да
биде помал од 1 ЕВРО и 3) повлекување на сопствени и на други акции, ако со
повлекувањето се врши намалување на основната главнина. Основната главнина не
може да се намали повеќе од најмалиот номинален износ определен за основната

17
главнина со овој закон.

29. Престанување на АД (основи и упис на одлуката за престанување)


Друштвото престанува со: 1) истекот на времето определено со статутот, ако
друштвото било основано на определено време; 2) одлука на собранието за
престанување на друштвото донесена со мнозинство гласови коешто не може да
изнесува под две третини од акциите со право на глас претставени на собранието, освен
ако со статутот не е определено поголемо мнозинство и не се определени други услови
за донесување на одлуката; 3) правосилна одлука на судот се утврди ништовност на
друштвото и на уписот на друштвото во трговскиот регистар; 4) присоединување, со
спојување или со поделба на друштвото со раздвојување со основање и со раздвојување
со преземање и 5) стечај. Намерата за бришење на друштвото од трговскиот регистар,
се објавува. Секое лице кое има правен интерес може да поднесе приговор, најдоцна во
рок од 30 дена од денот на објавувањето на намерата за бришење на друштвото.
Органот на управување, односно друго физичко лице овластено од собранието коешто
ја донело одлуката за престанување на друштвото, поднесува пријава заради упис во
трговскиот регистар на одлуката за престанување на друштвото. Ако одлуката не биде
пријавена и запишана на определениот начин, по предлог на секое лице кое има правен
интерес, судот упатува повик до органот на управување, во рок не подолг од осум дена
од денот на приемот на известувањето, да поднесе пријава за упис во трговскиот
регистар на одлуката за престанување на друштвото, инаку судот по службена
должност, ќе побара од Централниот регистар на Република Македонија да ја запише
во трговскиот регистар одлуката за престанување на друштвото и ќе назначи
ликвидатори. Друштвото од едно лице, во коешто сопственик на акциите е физичко
лице, престанува со смртта на тоа лице ако по спроведената оставинска постапка
наследниците не бараат друштвото да продолжи со работа.

30. Командитно друштво со акции (поим)


Командитно друштво со акции е трговско друштво чијашто основна главнина е
разделена на акции и во коешто еден или повеќе содружници одговараат неограничено
и солидарно за обврските на друштвото, со сиот свој имот (комплементари) и неколку
содружници кои имаат својство на акционери и кои одговараат до износот на нивните
влогови и кои не одговараат за обврските на друштвото (комплементари). Бројот на
командиторите не може да биде помал од три. Фирмата на командитно друштво со
акции ги содржи и зборовите ,,командитно друштво со акции" или ознаката ,,КДА".
Договорот за командитно друштво со акции го склучуваат сите основачи со заверка на
потписите на договорот кај нотар. Во собранието на командитното друштво со акции
комплементарите имаат право на глас сразмерно на нивното учество во основната
главнина. Со командитното друштво со акции управуваат комплементари. Собранието
на командитното друштво со акции избира членови на надзорен одбор, составен
најмалку од тројца акционери. Членовите на надзорниот одбор не одговараат за
начинот на којшто се управува со командитното друштво со акции и за нивните
резултати.

31. Трговски книги, годишни сметки и финансиски извештаи


Секој трговец има обврска да води сметководство. Секој трговец, во согласност со
принципите на правилно водено сметководство, води трговски книги на начин што ги
прави видливи сите преземени трговски правни работи, состојбата на средствата,
обврските, главнината, приходите и расходите. Трговските книги мора јасно да покажат
на кој начин биле започнати, водени и комплетирани сите трговски трансакции на
трговецот. Трговските книги се водат по системот на двојно книговодство. Трговските
книги што се водат по системот на двојно книговодство се дневник, главна книга и
аналитички евиденции. Трговецот трајно ги чува годишните сметки и финансиските
извештаи. Трговските книги се чуваат најмалку десет години од истекот на годината за
којашто се однесуваат. Секој трговец по истекот на деловната година составува

18
годишна сметка како и финансиски извештаи. Годишната сметка вклучува биланс на
состојба и биланс на успех и објаснувачки белешки. Финансиските извештаи
вклучуваат биланс на состојба и биланс на успех, извештај за промените во главнината,
извештај за паричните текови, применетите сметководствени политики и други
објаснувачки белешки. Годишната сметка и финансискиот извештај треба да содржат
идентични податоци за состојбата на средствата, обврските, приходите, расходите,
главнината и остварената добивка односно загуба на друштвото за деловната година и
нив ги потпишува извршниот член на одборот на директори. Рокот за изготвување на
годишната сметка и на финансиските извештаи не може да биде подолг од два месеца
по истекот на деловната година. Под ревизија се подведуваат следниве трговци: 1)
големи и средни трговци организирани како акционерски друштва; 2) друштва чии
хартии од вредност котираат на берза и 3) големи и средни трговци организирани како
друштва со ограничена одговорност.

32. Распоредување на добивката


Собирот на содружинците, односно собранието одлучуваат за распоредување на
добивката. Во одлуката за распоредување на добивката се прикажува секоја поединечна
намена на добивката, а особено се наведуваат: 1) износот од добивката за покривање на
загубата од минати години (доколку таква има); 2) износите коишто се внесуваат во
законските и во статутарните резерви на друштвото; 3) износот којшто се исплатува во
вид на дивиденда; 4) дополнителните издатоци врз основа на одлуката; 5) евентуалниот
пренос на добивката во наредната година (акумулираната добивка) и 6) износот на
добивката со којшто ќе се изврши зголемување на основната главнина на друштвото и
износот од добивката за инвестиции. Собирот на содружници, односно собранието
одлучуваат за покривање на загубата. Покривањето на загубите се врши редоследно од
следните извори кои се наведуваат во одлуката за покривање на загубата, и тоа: 1)
акумулирана добивка; 2) на товар на задолжителната општа резерва; 3) на товар на
посебните резерви за покривање загуби; 4) премии и 5) на товар на основната главнина,
со нејзино намалување. Друштвото има задолжителна општа резерва како општ
резервен фонд кој е формиран по пат на зафаќање од нето добивката. Оваа резерва не
може да биде помала од 15% од добивката. Со договорот за друштвото, односно со
статутот може да се предвиди создавање посебни резерви заради покривање на
определени загуби или за други издатоци.

33. Распределба на дивиденда


По одобрувањето на годишната сметка и на финансиските извештаи и утврдувањето на
постоењето добивка за распределба, собирот на содружниците, односно собранието го
определуваат делот којшто им се доделува на содружниците, односно на акционерите
во форма на дивиденда, според правата што ги дава уделот, односно според родот и
класата на акциите. Органот на управување може да исплати дивиденда во износ
којшто не ја надминува вкупно остварената добивка искажана со годишната сметка и со
финансиските извештаи. Дивидендата се исплатува најдоцна во рок од девет месеца по
завршувањето на деловната година. Во ДОО, односно во АД со договорот за
друштвото, односно со статутот може да се предвиди можноста секој содружник,
односно акционер, за дел од дивидендата што е ставена на распределба или од авансите
од дивидендата, да ја добие дивидендата, односно авансот од дивидендата во пари или
во удел, односно во акции. Со договорот за друштвото, односно со статутот може да се
овласти органот на управување на друштвото во текот на деловната година врз основа
на периодична сметка или периодични финансиски извештаи за трите, шесте, односно
деветте месеца, ревидирани од страна на овластен ревизор да им исплати на
содружниците, односно на акционерите аванс на име дивиденда. Со одлуката на
собранието со којашто се одобрува плаќање на дивиденда се определува: 1) износот на
дивидендата; 2) датумот на евиденција според којшто се определува листата на
акционери кои имаат право да добијат дивиденда и 3) планот за исплата на дивидендата
и денот на којшто дивидендата се исплаќа (ден на исплата) и начинот на кој друштвото

19
ги известува лицата кои имаат право на дивиденда според донесената одлука.

34. Преобразба на друштво од една во друга форма на друштво (поим и постапка)


Секое трговско друштво може, врз основа на одлуката на содружниците, односно
акционерите, донесена на начинот и под условите определени со овој закон, договорот
за друштвото, односно статутот да ја преобрази формата на друштвото и да продолжи
да работи во формата во којашто друштвото се преобразило. Преобразба се врши врз
основа на одлука за преобразба на друштво од една во друга форма на друштво која
што ја донесува собирот на содружниците, односно собранието. Одлуката ја донесува
собирот на содружниците, односно собранието со мнозинство гласови коешто не може
да изнесува под две третини од сите претставени удели. Одлуката за преобразба ги
содржи следниве податоци: 1) фирмата на друштвото коешто се преобразува и фирмата
на друштвото во коешто се преобразува; 2) името и презимето на секој содружник,
односно акционер; 3) упатување на договорот за друштвото, односно на статутот
којшто е прилог кон одлуката за преобразба и е нејзин составен дел; 4) упатување на
одлуката за избор на орган на управување, односно на орган на надзор, ако друштвото
има орган на надзор и 5) упатување на усвоената годишна сметка. Друштвото може да
се преобрази од една во друга форма на друштво под следниве услови: 1) по
донесувањето на одлуката за пребразба да им се овозможи на сите содружници,
односно акционери да се изјаснат дали сакаат со нивниот удел, односно со нивните
акции да учествуваат со уделот, односно со акциите во формата на друштвото што ќе
настане со преобразбата; 2) во преобразената форма на друштвото, содружникот,
односно акционерот да учествува со уделот, односно со акциите сразмерно на
номиналната вредност на неговиот удел, односно на неговите акции со коишто
учествувал како содружник, односно акционер во основната главнина на друштвото
што се преобразило; 3) содружникот, односно акционерот да може самостојно да
одлучи за големината на неговото учество со удел, односно со бројот на акциите во
формата на друштво којашто ќе настане со преобразбата и 4) во друштвото што ќе
настане со преобразбата да учествуваат содружници, односно акционери чиешто
учество на нивните номинални удели, односно акции да изнесува најмалку две третини
од основната главнина на друштвото што настанува со преобразбата. Преобразбата од
една во друга форма на друштво се запишува во трговскиот регистар со поднесување
пријава за упис. По уписот на преобразбата во трговскиот регистар, врз основа на
изјавите за преземање удели, односно уписниците за преземање акции и потврдата за
стекнатиот удел, односно за стекнатите акции во преобразеното друштво, уделите,
односно акциите се запишуваат во книгата на удели, односно во акционерската книга.

35. Присоединување, спојување и поделба на друштвата


Едно или повеќе друштва може да се присоединат (друштво што се присоединува) кон
друго друштво (друштво што презема), со пренос на целокупниот имот и на обврските
на друштвото коешто се присоединува без да се спроведе негова ликвидација, во
замена за удели, односно за акции од друштво што презема. Две или повеќе друштва
можат да се спојат, без да се спроведе ликвидација, со основање на едно ново друштво -
корисник на коешто преминува целокупниот имот и обврските на друштвата што се
спојуваат, во замена на уделите, односно на акциите од новото друштво - корисник.
Едно друштво може, преку поделба, истовремено, да го пренесе сиот имот и обврските
на две или повеќе новоосновани друштва или на две или повеќе постојни друштва, при
што друштвото што се дели престанува без спроведување на ликвидација. Едно
друштво може, преку поделба, дел од својот имот и од обврските да ги пренесе на едно
или на повеќе новоосновани друштва или на едно или на повеќе постојни друштва, при
што друштвото не престанува. Поделбата може да се спроведе со истовремено
пренесување на сиот имот или на дел од имотот и на обврските на друштвото што се
дели на нови друштва и на постојни друштва. За присоединување одлучуваат
друштвото што се присоединува и друштвото кон коешто се врши присоединувањето
(друштво што презема). За спојување одлучуваат друштвата коишто се спојуваат. За

20
поделба на друштвото што се врши со раздвојување со основање и со издвојување, со
основање нови друштва, одлуката ја донесува друштвото коешто се дели. Со
присоединување, со спојување и со поделба на друштвото, друштвото престанува без
ликвидација и се врши универзален пренос на целиот негов имот и на обврските врз
новооснованите друштва и врз друштвата што преземаат. Ако се врши поделба со
раздвојување со основање или со издвојување со основање на нови друштва, органот на
управување на друштвото коешто се дели донесува план за поделба. Планот за поделба,
со сите негови прилози, мора да биде составен во форма на нотарски акт.

36. Ликвидација на друштвото


Ако не се отвори стечајна постапка над друштвото, по донесувањето на одлуката за
престанување на друштвото се спроведува ликвидација. Ликвидацијата на ЈТД ја
спроведуваат сите содружници како ликвидатори, а на КД и на КДА сите
комплементари. Ликвидацијата на ДОО и на АД ја спроведуваат членовите на органот
на управување, односно управителот на друштвото, во својство на ликвидатори. Ако
содружниците, односно акционерите не назначиле ликвидатор и ако со овој закон е
определено дека судот спроведува ликвидација на друштво по сила на закон, судот го
назначува ликвидаторот. Првите ликвидатори и нивните овластувања се пријавуваат
заради упис во трговскиот регистар. Ликвидаторите се должни да ги довршат зделките
што се во тек, да ги наплатат побарувањата на друштвото, да го упаричат другиот имот
и да ги намират обврските спрема доверителите. Ако тоа го бара ликвидацијата, тие
можат да склучуваат и нови зделки на друштвото во ликвидација. Ликвидаторите го
застапуваат друштвото. Ликвидаторите се потпишуваат така што кон фирмата на
друштвото го додаваат додатокот ,,во ликвидација". Ликвидаторот, по уписот во
трговскиот регистар, без одлагање и во интервал не пократок од седум дена, а не
подолг од 15 дена од уписот во трговскиот регистар, објавува дека друштвото е во
ликвидација и се повикуваат доверителите да ги пријават своите побарувања во рок од
30 дена од денот на објавата. Ликвидаторот составува биланс на состојбата според
состојбата на денот на почетокот на отворањето на постапката за ликвидација и
извештај во којшто го објаснува билансот, како и извештај за работењето на друштвото
во текот на годината за којашто се подготвува годишната сметка. Доколку
ликвидаторот врз основа на пријавените побарувања на доверителите утврди дека
имотот на друштвото во ликвидација не е доволен за намирување на обврските кон сите
доверители во целост заедно со каматата, ликвидаторот е должен веднаш да ја запре
постапката за ликвидација и да поднесе предлог за отворање на стечајна постапка. По
завршувањето на постапката за ликвидација, ликвидаторот веднаш поднесува пријава
за бришење на друштвото во трговскиот регистар и го известува Централниот
депозитар за хартии од вредност дека акциите на акционерското друштво и
командитното друштво со акции се поништени и дава налог за затворање на
акционерската книга.

37. Стопанска интересна заедница


Две или повеќе физички и правни лица можат меѓу себе за неопределено или
определено време да основаат стопанска интересна заедница со цел да го олеснат и да
го унапредат вршењето на трговските дејности кои го сочинуваат предметот на
нивното работење и да го зголемат или подобрат нивниот резултат. Стопанската
интересна заедница не може да биде член на друга стопанска интересна заедница.
Предметот на работење на стопанската интересна заедница може да биде само во врска
со трговските дејности коишто ги вршат членовите и можат да бидат само помош на
тие активности. Стопанската интересна заедница за себе не остварува добивка.
Добивката што се остварува како резултат од нејзиното работење се смета за добивка
на членките на стопанската интересна заедница и се распределува меѓу нив според
условите утврдени во договорот за основање. Стопанската интересна заедница стекнува
својство на правно лице со денот на уписот во трговскиот регистар. Членовите на
стопанската интересна заедница одговараат за обврските што ги презела заедницата со

21
целокупниот свој имот. Стопанска интересна заедница се основа со договор за
основање на стопанската интересна заедница во кој се определува нејзината
организација. Договорот за заедницата ги содржи одредбите особено за: 1) називот во
кој на почетокот или на крајот се содржани зборовите ,,стопанска интересна заедница";
2) името, фирмата или називот на секој член; 3) времето на траење; 4) предметот на
работење; 5) седиштето; 6) начинот на одлучувањето; 7) органите на управување и
нивната надлежност. Членовите на стопанската интересна заедница за заедничките
работи одлучуваат на собрание на стопанската интересна заедница.

38. управување и застапување на стопанска интересна заедница


Со стопанската интересна заедница управува еден или повеќе управители кои се
избираат на начинот и според условите определени во договорот за заедницата.
Собранието го организира управувањето со стопанската интересна заедница и избира
управител и ги определува овластувањата и условите за неговото отповикување, освен
ако со договорот за заедницата поинаку не е определено. Во односите спрема трети
лица стопанската интересна заедница настапува преку управителот, определен со
договорот за заедницата. Управителот може да остварува право и да презема права и
обврски во правниот промет во рамките на предметот на работење на стопанската
интересна заедница. Членовите на стопанската интересна заедница надзорот над
работењето над заедницата го вршат преку собранието и на други начини, определени
со договорот за заедницата. Секој член има право да добие информации за работењето
на стопанската интересна заедницата од органот на управување и да ги прегледа
деловните книги и другите документи на заедницата. Стопанската интересна заедница
престанува со: 1) истекот на времето за коешто е основана; 2) остварувањето или
гаснењето на нејзиниот предмет на работење; 3) одлука на нејзините членови под
условите предвидени во договорот за заедницата; и 4) одлука на судот.

39. Странско трговско друштво (поим)


Странско трговско друштво, е секое трговско друштво основано според правото во
земјата во којашто го има регистрирано седиштето. Трговско друштво чиешто седиште,
со договорот за друштвото или со статутот, е определено место надвор од РМ, има
припадност на државата во којашто му е седиштето. Странските друштва работат
според условите определени со закон и во работењето се изедначени на територијата на
РМ со домашните физички и правни лица. Странските друштва не можат да вршат
дејност на територијата на РМ се додека не организираат подружница. Правната и
деловната способност (правниот субјективитет) на странското друштво се цени според
законите на државата на којашто друштвото припаѓа. Во своето работење во РМ
странското друштво работи според законите на РМ. Странското друштво има право да
организира подружници и претставништва како свои организациони единици или на
друг начин да врши определени работи и да презема обврски, да остварува право на
пристап пред судовите и другите органи на РМ. Странското друштво го пријавува
организирањето на својата подружница заради упис во трговскиот регистар според
седиштето на подружницата. Кон пријавата се приложуваат: 1) изводот од регистарот
во којшто е запишано странското друштво; 2) преписот од договорот за друштвото или
статутот; 3) списокот на лицата на кои им е доверено застапување на странското
друштво во РМ; 4) одлуката на надлежниот орган на странското друштво за
организирање на подружницата; 5) описот на дејностите и работите што ќе ги врши
подружницата. За обврските настанати со работењето на подружницата, странското
друштво, односно странскиот трговец - поединец одговара со целиот свој имот. За
секоја подружница, странското друштво, односно странскиот трговец поединец
назначува еден или повеќе застапници. Странското друштво е должно за своето
работење да води трговска книга. Подружницата на странското друштво престанува
кога ќе престане странското друштво или кога ќе истече времето на коешто е основана.
Странско друштво, коешто има право да врши трговска дејност според националното
законодавство може да организира трговско претставништво во Република Македонија.

22
Претставништвото нема својство на правно лице и не може да врши трговска дејност.

40. Странски трговец - поединец


Странски трговец - поединец, е секое физичко лице на кое тоа својство му е признато
надвор од територијата на РМ, во земјата чиј државјанин е, во којашто го има
регистрирано седиштето и во којашто го води работењето на претпријатието. Странски
трговец – поединец чиешто седиште, со договорот за друштвото или со статутот, е
определено место надвор од РМ, има припадност на државата во којашто му е
седиштето. Странските трговци - поединци работат според услови те определени со
закон и во работењето се изедначени на територијата на РМ со домашните физички и
правни лица. Правната и деловната способност (правниот субјективитет) на странскиот
трговец - поединец се цени според законите на државата на којашто друштвото
припаѓа. Во своето работење во РМ странскиот трговец - поединец работи според
законите на РМ. Странскиот трговец - поединец има право да организира подружници
и претставништва како свои организациони единици или на друг начин да врши
определени работи и да презема обврски, да остварува право на пристап пред судовите
и другите органи на Република Македонија под условите определени со закон.
Странскиот трговец - поединец го пријавува организирањето на својата подружница
заради упис во трговскиот регистар според седиштето на подружницата. Кон пријавата
се приложуваат: 1) изводот од регистарот во којшто е запишано странското друштво; 2)
преписот од договорот за друштвото или статутот; 3) списокот на лицата на кои им е
доверено застапување на странското друштво во РМ; 4) одлуката на надлежниот орган
на странското друштво за организирање на подружницата; 5) описот на дејностите и
работите што ќе ги врши подружницата. Подружницата настапува во правниот промет
од името и за сметка на странскиот трговец - поединец, при што мора да ја употребува
фирмата и седиштето на странскиот трговец - поединец , како и името на
подружницата. За обврските настанати со работењето на подружницата, странскиот
трговец - поединец одговара со целиот свој имот. За секоја подружница, странскиот
трговец поединец назначува еден или повеќе застапници кои, во поглед на таа
подружница, го застапуваат во неговото работење во РМ. Странскиот трговец -
поединец е должен за своето работење во РМ, преку подружницата, да води трговска
книга. Подружницата на странскиот трговец -поединец престанува кога ќе престане
странското друштво или кога ќе истече времето на коешто е основана.

Б. СТЕЧАЈ

1. Цели на стечајната постапка


Со овој закон се уредуваат целите и условите за отворање на стечајната постапка;
органите на стечајната постапка; управувањето и располагањето со имотот што влегува
во стечајната маса; намирувањето на побарувањата на доверителите во стечајната
постапка; правните последици од отворањето на стечајната постапка; планот за
реорганизација; личното управување; ослободувањето од другите обврски; посебните
видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец; стечајни постапки со
странски елемент и други прашања во врска со стечајот. Стечајната постапка има за цел
колективно намирување на доверителите на стечајниот должник со впаричување на
должниковиот имот и распределба на остварените средства (приходи) на доверителите
или со склучување на посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со
планот за реорганизација што е насочен кон натамошно одржување на должниковиот
деловен потфат. Со реорганизација може да се врши и порамнување на побарувањата
пред отворањето на стечајната постапка под условите утврдени со овој закон.

2. Лица над чиј имот се спроведува стечајот


Стечајна постапка се спроведува над имотот на должникот - правно лице, како и над

23
имотот на должник - поединец кој имал регистрирана дејност. Стечајна постапка може
да се спроведе и над имот на стопанска интересовна заедница, над имот на умрено лице
и над заедничкиот имот на брачните другари. Стечајна постапка не може да се спроведе
над имотот на РМ, над фондовите што се финансираат од Буџетот на РМ, фондовите за
пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, единиците
на локалната самоуправа, над органите на државната управа, како и на други правни
лица со јавно овластување, ако тие со закон се изземени од стечајната постапка. За
обврската на правното лице, над кое не се спроведува стечајна постапка, солидарно
одговараат неговите основачи, односно содружници или акционери. Одредбите од овој
закон не се применуваат на стечајната постапка над банки, штедилници, друштва за
осигурување и други финансиски организации, освен одредбите со кои се уредуваат
прашања кои не се уредени со посебните закони. Стечајна постапка може да се отвори
и по ликвидацијата на трговско друштво, сé додека не е извршена распределба на
ликвидационата маса.

3. Услови за отворање стечајна постапка


Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога стечајниот
должник е неспособен за плаќање. Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање
ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот
промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките
основи за плаќање. Овие одредби нема да се применуваат ако должникот во текот на
претходната постапка ги исплатил сите побарувања кои требало врз основа на важечки
основи за наплата да ги исплати од сите негови сметки, или ако дојде до преземање на
долг. Намирената обврска должникот може да ја докаже само со јавна исправа или со
потврда издадена од Централниот регистар на РМ. Неспособноста за плаќање на
должникот се докажува со потврда издадена од Централниот регистар. Централниот
регистар е должен без одлагање на предлагачот, на негово барање, да му издаде таква
потврда, во спротивно одговара за штета што доверителот поради тоа би можел да ја
претрпи.

4. Начела на стечајната постапка


Стечајната постапка се поведува по предлог. Стечајната постапка е итна. Судот може
да ги донесува одлуките и без усна расправа. Судот може да се откаже од сослушување
на должникот кога тоа е пропишано со овој закон, или ако лицата овластени за
застапување на должникот врз основа на закон или лицата кои имаат удел или акции
кај должникот, односно самиот должник - поединец, се со непознато престојувалиште
или се наоѓаат во странство, па нивното сослушување би довело до прекумерно
одолжување на постапката. Предлози, изјави и приговори не можат да се даваат,
односно да се поднесуваат, ако се пропушти рокот или рочиштето, односно собранието
на кое требало да се дадат или поднесат, освен ако со овој закон поинаку не е
определено. Во стечајната постапка не може да се бара враќање во поранешната
состојба, освен ако со овој закон поинаку не е определено. Табелите и извештаите
можат да се изработуваат и обработуваат во електронска форма.

5. Стечаен судија (овластувања)


Стечајниот судија: 1) одлучува за поведување на претходна постапка заради
утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка и ја спроведува таа
постапка; 2) одлучува за отворање на стечајната постапка; 3) го именува и разрешува
привремениот стечаен управник и стечајниот управник; 4) одлучува за приговорите на
стечајниот управник против донесените заклучоци; 5) одлучува за приговорите на
доверителот, одборот на доверители и собранието на доверители; 6) на предлог на
одборот на доверители, а ако тој не е основан, на предлог на стечајниот управник, ги
одобрува започнатите работи што треба да се завршат во текот на стечајната постапка;
7) врши контрола над законитоста на работата на стечајниот управник; 8) одобрува
пресметка на трошоците на стечајната постапка пред нивната исплата; 9) определува

24
награда и надоместок на трошоци на стечајниот управник и на членовите на одборот на
доверители; 10) го определува износот на авансот за покривање на трошоците во
претходна постапка; 11) одобрува исплата на доверителите; 12) донесува решение за
заклучување на стечајната постапка и 13) врши други работи определени со овој закон.
Стечајниот судија може по службена должност, по приговор или по предлог на другите
органи на стечајната постапка, да ги менува одлуките на стечајниот управник, ако
утврди дека се спротивни на закон. Стечајниот судија во рамките на овластувањата
определени со овој закон на стечајниот управник му дава писмени упатства за
извршување на неговите обврски определени со овој закон, кои се задолжителни за
стечајниот управник. Стечајниот судија ја следи работата на одборот на доверителите и
на собранието на доверителите.

6. Стечаен управник (именување, овластување и разрешување)


Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за
вршење на работите на стечаен управник. За стечаен управник не може да биде
именувано лице: Вработен, акционер или член на орган на управување на стечајниот
должник; доверител или должник на стечајниот должник. Стечајниот судија на предлог
за поведување стечајна постапка поднесен од доверителот именува стечаен управник.
Кога должникот поднесува предлог за поведување стечајна постапка стечајниот судија
именува стечаен управник со мандат до одржувањето на првото собрание на
доверителите. На првото собрание на доверители по именувањето на стечајниот
управник, доверителите можат, наместо стечајниот управник кој е именуван од страна
на стечајниот судија, да именуваат друг стечаен управник. Стечајниот управник го
застапува и претставува должникот само за оние работи кои се однесуваат на
стечајната постапка и стечајната маса. Ако должникот - правно лице продолжува да
работи во текот на стечајната постапка, работењето го води стечајниот управник.
Стечајниот управник ги води само оние работи на должникот - поединец што се
однесуваат на стечајната маса и го застапува како стечаен должник со овластувања на
законски застапник. Стечајниот управник при вршењето на своите функции има статус
на службено лице и право на заштита која според закон ја имаат службените лица.
Стечајниот управник е должен особено: да ја ажурира сметководствената евиденција на
должникот до денот на отворањето на стечајната постапка; да состави предлог на
пресметката на трошоците на стечајната постапка и да ја поднесе на одобрение кај
стечајниот судија; да го состави почетниот стечаен биланс, како и даночниот биланс со
состојба на денот на отворањето и на денот на заклучувањето на стечајната постапка;
да преземе мерки за наплата на побарувањата на должникот и да ги впаричи со
внимание на добар трговец предметите и правата што влегуваат во стечајната маса; да
предложи план за распределба на средствата од стечајната маса на доверителите и по
одобрение на стечајниот судија да го изврши и др. Стечајниот судија може, по
службена должност или на барање на одборот или собранието на доверители, да го
разреши стечајниот управник, ако утврди дека: не ги исполнува своите обврски; не ги
почитува роковите утврдени со овој закон; постапува пристрасно во однос на одделни
доверители; работи спротивно на интересите на доверителите или стечајниот должник
и др.

7. Одбор на доверители (основање и разрешување)


Заради заштита на интересите на доверителите во стечајната постапка, пред
одржувањето на првото собрание на доверителите, стечајниот судија со решение
основа одбор на доверители и ги именува нивните членови. Во одборот на
доверителите мора да бидат застапени претставници на разлачните доверители,
стечајните доверители со најголеми побарувања и стечајните доверители со мали
побарувања. Во одборот на доверители РМ ја застапува Јавниот правобранител на РМ,
ако државата има побарувања. Составот на одборот на доверители го определува
стечајниот судија. Бројот на членовите на одборот мора да биде непарен и не повеќе од
седум. На првото собрание на доверители се одлучува дали одборот на доверители

25
назначен од стечајниот судија останува во истиот состав и дали ќе го промени бројот.
Бројот на одборот на доверители не може да биде поголем од 11 члена. Стечајниот
судија може да разреши член на одборот на доверители поради неизвршување на
неговите обврски определени со овој закон, со што ја отежнува или ја одолговлекува
стечајната постапка, или кога престанала основата да биде именуван за член на одборот
на доверители и тоа по службена должност или на барање на член на одборот или на
собранието на доверители. Пред да го донесе решението во врска со разрешувањето,
стечајниот судија ќе го сослуша членот на одборот на доверители. Разрешениот член на
одборот има право на посебна жалба против решението на стечајниот судија до
стечајниот совет. Примерок од решението се доставува до Централниот регистар.

8. Собрание на доверители (свикување, седници и одлучување)


Првото собрание на доверители и последното завршно собрание ги свикува стечајниот
судија. Право на учество имаат сите стечајни доверители, доверители со право на
одвоено намирување, стечајниот управник и должникот. Времето и местото на
одржувањето, како и дневниот ред, јавно се соопштуваат. Другите собранија на
доверители ги свикува стечајниот судија на предлог на: стечајниот управник; одборот
на доверители и еден или повеќе стечајни доверители под услов збирот на нивните
побарувања да надминува една петтина од износот на побарувањата на сите стечајни
доверители. Собранието на доверители го раководи стечајниот судија. Одлука на
собранието на доверители се донесува со мнозинство од утврдените побарувања
претставени од присутните доверители. Право на глас имаат доверителите чии
побарувања не ги оспорил ниту стечајниот управник ниту некој од доверителите со
право на глас сразмерно на учеството на вредноста на неговото побарување во вкупно
утврдената вредност на побарувањата. Ако со некоја одлука на собранието на
доверители се повредуваат интересите на доверителите или ако се оневозможува
еднаков пристап на сите доверители во колективното намирување, на барање на
стечајниот управник или на стечаен доверител, чии права се повредени, стечајниот
судија може да ја укине таа одлука. Собранието на доверители е овластено на првото
извештајно собрание: да основа одбор на доверители, ако тој не бил основан, односно
да одлучи дали одборот на доверители именуван од стечајниот судија ќе остане во
истиот состав и понатаму и дали ќе го промени бројот на членови; наместо стечајниот
управник, кој е именуван од страна на стечајниот судија, да именува друг; да одлучи
дали ќе се пристапи кон подготовка на план за реорганизација.

9. Поведување на стечајна постапка


Стечајната постапка се поведува на предлог на доверителот, должникот или друго лице
овластено со закон кога се исполнети условите определени со овој закон. Доверителот е
овластен да поднесе предлог за отворање на стечајна постапка ако на судот му поднесе
докази дека се исполнети условите за отворање на стечајна постапка. Предлог за
отворање на стечајна постапка над имотот на должникот - правно лице, во име на
должникот, може да поднесе секое лице овластено за застапување на правното лице по
закон, како и секој ликвидатор. Должникот - поединец лично поднесува предлог за
отворање на стечајна постапка над својот имот. Органите на должникот овластени за
неговото застапување според закон се должни да поднесат предлог за отворање на
стечајна постапка најдоцна во рок од 21 ден од денот на настапувањето на причините за
отворање на стечајна постапка. Заедно со предлогот за отворање на стечајна постапка
должникот ќе приложи: 1) потврда од банката која го извршува платниот промет за
должникот за состојба на средствата на сметката и за ненамирените побарувања кои
треба да бидат исплатени од сметката; 2) извештај за имотот со доказ за сопственост и
3) потврда од надлежните органи за состојбата во однос на платените даноци и
придонеси. Предлогот за отворање на стечајна постапка може да се повлече сé до
истакнување на огласот за отворање на стечајна постапка на огласната табла, односно
до донесувањето на решение за отфрлање или за одбивање на предлогот. Предлагачот е
должен да го авансира износот што ќе го одреди стечајниот судија за покривање на

26
трошоците на претходната постапка. Ако предлагачот не положи аванс во рокот што му
е определен, стечајниот судија со решение ќе го отфрли предлогот. Ако стечајната
постапка биде отворена, авансираниот износ влегува во трошоците на стечајната
постапка.

10. Претходна постапка (поведување)


Врз основа на предлогот за отворање на стечајна постапка, стечајниот судија прво
испитува дали истиот е уреден и дали предлагачот ги доставил сите потребни докази за
да може да се постапува по него. Ако утврди дека предлогот е нецелосен или не се
поднесени сите потребни докази, согласно со овој закон, ќе го врати на предлагачот
истиот да го уреди во рок од осум дена. Ако предлагачот во тој рок не го уреди
предлогот, стечајниот судија ќе донесе решение со кое ќе го отфрли. Против ова
решение не е дозволена жалба. Стечајниот судија ќе донесе решение за поведување на
претходна постапка, ако предлогот за отворање на стечајна постапка е уреден. Со
решението за поведување на претходна постапка стечајниот судија ќе го определи и
датумот за одржување на рочиштето за испитување на условите за отворање на стечајна
постапка. Доколку предлогот за отворање на стечајна постапка е поднесен од
доверителот, заедно со решението за поведување на претходна постапка, на должникот
ќе му биде доставен и предлогот. Стечајниот судија е должен да постапи по предлогот
за отворање на стечајна постапка во рок од осум дена по неговото поднесување во
судот. Против решението за поведување на претходна постапка не е дозволена жалба.
Примерок од решението се доставува до Централниот регистар. По поднесувањето на
предлогот за отворање на стечајна постапка, должникот ќе му ги стави на располагање
и ќе му ги даде на стечајниот судија сите податоци и известувања потребни за
донесување на одлука во врска со поднесениот предлог.

11. Отворање на стечајна постапка (рочиште за изјаснување по предлогот за


отворање на стечајна постапка)
Откако ќе донесе решение за поведување претходна постапка стечајниот судија,
најдоцна во рок од 30 дена, ги повикува предлагачот, застапниците на должникот -
правно лице, односно должникот - поединец и привремениот стечаен управник. На
рочиштето повиканите лица ќе се изјаснат по предлогот за отворање на стечајна
постапка. Стечајниот судија може да определи вешто лице кое во рок од најмногу 15
дена, заедно со привремениот стечаен управник, ќе испитаат дали должникот е
неспособен за плаќање. По приемот на наодот и мислењето на вештото лице за
неспособноста за плаќање на должникот и извештајот од привремениот стечаен
управник, стечајниот судија ќе донесе решение по предлогот за отворање на стечајна
постапка. Стечајниот судија нема да одреди вешти лица ако утврди дека се исполнети
условите за отворање на стечајна постапка без претходно испитување на способноста
на должникот за плаќање. Стечајниот судија донесува решение за отворање на стечајна
постапка или за одбивање на предлогот за отворање на таа постапка во рок не подолг
од три дена по заклучување на рочиштето. Во решението за одбивањето на предлогот
за отворање на стечајната постапка, стечајниот судија ќе одреди кој е должен да ги
поднесе трошоците на постапката. Против решението на стечајниот судија дозволено е
право на жалба до стечајниот совет. Ако на рочиштето некое трето лице даде изјава за
преземање на долгот на стечајниот должник, лицето заедно со изјавата треба да достави
и банкарска гаранција. Стечајниот судија ќе ја оцени изјавата и по потреба ќе ја
провери банкарската гаранција. За таа цел може да го одложи рочиштето, но не подолго
од осум дена. Со решението, со кое се одобрува преземањето на долгот, стечајниот
судија ќе ја запре претходната постапка.

12. Одлучување по пријава (предлог) за отварање на стечајна постапка


Стечајниот судија е должен да донесе решение по предлогот за отворање на стечајна
постапка најдоцна во рок од 30 дена од приемот на предлогот. Ако се утврди дека до
завршувањето на претходната постапка должникот станал способен за плаќање,

27
стечајниот судија со решение ќе ја запре постапката. Примерок од решението се
доставува до Централниот регистар. Трошоците за спроведената постапка во тој случај
ги сноси должникот. Ако предлогот за отворање на стечајната постапка го поднел
стечаен должник или ликвидатор, стечајниот судија одлучува за отворање на стечајна
постапка без да спроведе претходна постапка. Ако се утврди дека имотот на должникот
што би влегол во стечајна маса не е доволен ни за намирување на трошоците за таа
постапка или е со незначителна вредност, стечајниот судија, спроведува претходна
постапка. По спроведувањето на претходната постапка стечајниот судија ќе донесе
решение за отворање и заклучување на стечајната постапка. Во тој случај стечајната
постапка нема да се спроведе. Решението се објавува во "Службен весник на РМ". Ако
се утврди дека имотот на должникот е недоволен, стечајниот судија ќе донесе решение
за спроведување постапка за впаричување на имотот и добиените средства ќе ги
употреби за намирување на настанатите трошоци на стечајната постапка, а доколку има
вишок ќе го уплати во Буџетот на РМ. Против решението, доверителите имаат право на
посебна жалба до стечајниот совет во рок од осум дена од денот на објавувањето на
решението во "Службен весник на РМ".

13. Решение за отворање на стечајна постапка


Стечајниот судија со решението за отворање на стечајна постапка над должникот го
именува и стечајниот управник на начин и под услови утврдени со овој закон. Во
решението за отворање на стечајна постапка ќе се наведат податоците за: 1) фирмата,
предметот на работење, седиштето, адресата, единствениот матичен број на субјектот
на уписот (ЕМБС) и даночниот број и бројот на сметката на должникот; 2) името,
презимето и адресата на стечајниот управник и 3) денот и часот на отворањето на
стечајната постапка. Со решението за отворање на стечајната постапка се повикуваат
доверителите, во рок од 30 дена од објавувањето на решението во "Службен весник на
РМ", да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник. Со решението за
отворање на стечајната постапка ќе се повикаат доверителите на стечајниот управник,
во рок од 15 дена, да ги пријават своите разлачни права на подвижните предмети и
правата на должникот, како и разлачните права на недвижностите на должникот што не
се запишани во јавните книги, односно разлачните права на недвижностите што се
запишани во јавните книги. Со решението за отворање на стечајната постапка се
повикуваат должниците на стечајниот должник да ги исполнат своите обврски што ги
имаат спрема должникот на стечајниот управник. Со решението за отворање на
стечајната постапка стечајниот судија ќе закаже: 1) рочиште за испитување и
утврдување на пријавените побарувања (испитно рочиште) и 2) собрание на доверители
на кое, врз основа на извештајот на стечајниот управник, ќе се одлучува за
натамошниот тек на стечајната постапка (извештајно собрание). Рочиштето и
собранието можат да се спојат. За отворањето на стечајната постапка доверителите се
известуваат со оглас. Огласот се објавува на огласна табла, во "Службен весник на
РМ", како и во два дневни весника. Огласот за отворање на стечајната постапка
содржи: назив на судот што го донел решението за отворање на стечајната постапка;
име на стечајниот судија; денот на истакнувањето на огласот на огласната табла на
судот; име и адреса на стечајниот управник; фирма, седиште, ЕМБС и даночниот број и
бројот на сметката на должникот; известување за доверителите да ги пријават своите
побарувања во рок од 30 дена од денот на објавувањето на огласот; место, ден и час на
испитното рочиште и извештајното собрание, ако се спојат и повик на должниковите
должници да ги намират своите долгови без одлагање. Решението за отворање на
стечајна постапка се доставува до предлагачот, должникот и банката кај која
должникот ја држи сметката.

14. Стечајна маса


Стечајната маса го опфаќа целокупниот имот на должникот на денот на отворањето на
стечајната постапка, како и имотот што тој ќе го стекне во текот на стечајната постапка.
Стечајната маса служи за намирување на трошоците на стечајната постапка, како и за

28
намирување на доверителите на стечајниот должник, односно на побарувањата чие
намирување е обезбедено со одредени права врз имотот на должникот. Во стечајната
маса не влегуваат предметите и правата на должникот - поединец над кои не би можело
да се спроведе извршување, ако должникот не бил трговец или занаетчија. Кога
брачните другари писмено се договориле управувањето и располагањето со
заедничкиот имот или со некој негов дел да го врши едниот од нив и кога стечајната
постапка се отвора врз имотот на тој брачен другар, заедничкиот имот на брачните
другари или делот на кој се однесува договорот влегува во стечајната маса. Кога
брачните другари заеднички и спогодбено управувале и располагале со заедничкиот
имот и кога стечајната постапка е отворена врз имотот на кој било брачен другар,
заедничкиот имот на брачните другари нема да влезе во стечајната маса. По отворањето
на стечајната постапка, стечајниот управник веднаш ќе го преземе во владение и
управување целиот имот што влегува во стечајната маса. По отворањето на стечајната
постапка покрај фирмата или името на должникот се додава ознаката "во стечај".
Одборот на доверители може да одреди каде и под кои услови парите, вредносните
хартии или скапоценостите ќе бидат депонирани или вложени. Стечајниот управник е
должен да направи попис (инвентар) на сите предмети и права што претставуваат имот
којшто влегува во стечајната маса. Стечајниот управник е должен да направи список на
сите доверители на должникот. Стечајниот управник е должен да состави споредбен
преглед во кој ќе ја наведе вредноста на имотот од стечајната маса (актива) и
должниковите обврски (пасива) и нивната процена што претставува почетен биланс на
стечајот, земајќи го предвид денот на отворањето на стечајната постапка.

15. Утврдување на побарувањата (Пријавување)


Сите доверители во стечајната постапка писмено ги пријавуваат своите побарувања до
стечајниот управник. Кон пријавата се доставуваат доказ за побарувањето и доказ за
обезбедено побарување. Во пријавата се назначува правната основа, износот на
побарувањето, фирмата, односно името на доверителот, седиштето, ЕМБС, даночниот
број и бројот на сметката. Ако се пријавуваат побарувања за кои се води парница или
друга постапка, во пријавата треба да се наведе судот или другиот орган пред кој се
води парницата со означување на бројот на списот. Доверителите кои имаат право на
одвоено намирување, во пријавата го означуваат делот на имотот на должникот на кој
нивното право се однесува и висината на побарувањето. Доверителите се должни да го
пријават своето побарување во рокот утврден со огласот за отворање на стечајната
постапка. Доколку доверителот достави пријава до стечајниот управник што не ги
содржи потребните податоци, стечајниот управник ќе ја врати пријавата на доверителот
со напомена да ја уреди во рок од осум дена. Доколку доверителот не ја уреди
пријавата во предвидениот законски рок, стечајниот судија со решение ќе ја отфрли.
Стечајниот управник е должен да се произнесе по секое пријавено побарување,
наведувајќи дали го признава или оспорува, со тоа што ќе го утврди неговиот исплатен
ред. Ваквото испитување на побарувањето, стечајниот управник ќе го регистрира во
посебна табела (шема) со наведување на правната основа, износот на утврденото
побарување, фирмата, односно името на доверителот, неговото седиште, бројот на
сметката, со назначување и на бројот на парницата или друга постапка, ако таква се
води. Доверител може да оспорува признато побарување на друг доверител само во
случај ако докаже дека има интерес кој треба да го образложи, како и да приложи
оригинална или заверена исправа од нотар или друг доказ со кој го докажува своето
тврдење . Стечајниот судија, врз основа на поднесените приговори, закажува испитно
рочиште. На испитното рочиште се разгледуваат само оспорените побарувања на
доверителите, со тоа што стечајниот управник повторно се произнесува по доставените
писмени докази од страна на доверителите. Стечајниот судија донесува решение со кое
утврдува на кои доверители им е утврдено побарувањето, а на кои им е оспорено.
Доверител чие побарување е оспорено од страна на стечајниот управник има право да
поведе постапка за утврдување на оспореното побарување, во рок од осум дена од
денот на приемот на решението.

29
16. Стечајни доверители
Побарувањата на стечајните доверители се категоризираат во повисоки и пониски
исплатни редови. Побарувањата на стечајните доверители од понизок исплатен ред
можат да се намират дури откако во целост ќе бидат намирени побарувањата на
доверителите од претходниот (повисок) исплатен ред. Побарувањата на стечајните
доверители од ист исплатен ред се намируваат сразмерно на големината на
побарувањата. Во побарувања од повисок исплатен ред спаѓаат нето плати, придонеси
од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од
последните три месеца пред отворањето на стечајната постапка; обештетување за
повредите при работа коишто работникот ги претрпел кај должникот, како и за
професионални заболувања и неисплатени надоместоци на платите за времетраењето
на неискористениот редовен годишен одмор за тековната календарска година.
Побарувањата од пониските исплатни редови се намируваат по следниов редослед: 1)
каматите на побарувањата на стечајните доверители што пристигнале од денот на
отворањето на стечајната постапка; 2) трошоците што за одделни доверители ќе
настанат со нивното учество во постапката; 3) паричните казни за кривично дело или
прекршок како споредни последици од кривично дело или прекршок со кои се
наметнува обврска за плаќање пари; 4) побарувањата за бесплатна чинидба на
должникот и 5) побарувањата за враќање на заем или друго соодветно барање со кои се
надоместува имотот на содружник, односно акционер. Непристигнатите побарувања
пристигнуваат со денот на отворањето на стечајната постапка. Побарувањата подложни
на раскинлив услов ќе се земат предвид во стечајната постапка како побарувања што не
подлежат на раскинлив услов, ако доверителот даде средства за обезбедување дека ќе
го врати она што го примил од имотот што влегува во стечајната маса кога ќе настапи
тој услов. На доверителот чие побарување е врзано за одложен услов му се
обезбедуваат соодветни средства од имотот што влегува во стечајната маса. Ако
одложниот услов не настапи до конечната делба на имотот, таквото побарување се
гаси, а обезбедените средства ќе им се распоредат на другите доверители. Солидарните
содолжници и гарантите на должникот можат да го пријават своето побарување што ќе
го стекнат во иднина против должникот по основ на правото на регрес, само ако
доверителот не го пријавил своето побарување.

17. Излачни доверители


Лице кое врз основа на свое стварно или лично право може да докаже дека некој
предмет не спаѓа во стечајната маса, не е стечаен доверител. Неговото право на
издвојување на предметот ќе се утврдува според правилата што важат за остварување
на тие права надвор од стечајната постапка. Правото на издвојување ќе се утврдува за
уделите, хартиите од вредност, освен акциите, како и за другите финансиски
колатерали. Ако правото е запишано во јавна книга, стечајниот должник мора да
докаже дека предметот на кој тоа право се однесува спаѓа во стечајната маса.
Продавачот на кој куповната цена не му е исплатена во целост, може да бара да му се
врати стоката што од друго место му е испратена на должникот пред денот на отворање
на стечајната постапка, а до денот на отворањето на таа постапка не пристигнала во
одредишното место, односно ако до тој ден должникот не ја презел (право на
пребарување -потрага). Право на пребарување - потрага има и комисионер за купување
стока. За земјоделското земјиште што го користел стечајниот должник, кое во
евиденцијата на Државниот завод за геодетски работи се води како земјиште на РМ,
стечајниот судија донесува решение за престанок на правото на користење од страна на
стечајниот должник и го враќа во владение на РМ, во рок од осум дена од
правосилноста на решението за отворање на стечајната постапка. Ако пред отворањето
на стечајната постапка должникот неовластено го отуѓил предметот, чие издвојување
можело да се бара, излачниот доверител може да бара да му се пренесе правото на
противчинидба, ако таа сé уште не е извршена. Тој може да бара противчинидба од
стечајната маса ако таа сé уште може да се издвои од таа маса. Доверителот може да

30
бара и надомест на штета што ја претрпел со неовластеното отуѓување.

18. Разлачни доверители


Доверителите кои имаат заложно право или право на намирување на некој предмет или
право што се запишани во јавни книги (во Државниот завод за геодетски работи,
Централниот регистар, во други соодветни регистри и слично), имаат право на одвоено
намирување на тој предмет или право според закон. Со ова право е изедначено и
правото на намирување од акции, удели, други хартии од вредност и други финансиски
колатерали. Договорот за финансиски колатерал и правата стекнати врз основа на него
имаат правно дејство (остануваат во сила) и по отворањето на стечајната постапка или
спроведувањето на планот за реорганизација. Правата стекнати врз основа на договор
за финансиски колатерал или кој било аранжман за финансиски колатерал имаат
правно дејство, односно остануваат во сила во однос на обезбедувањето кое не
пристигнало со отворањето на стечајната постапка или со спроведувањето на планот на
реорганизација. Нетинг (аранжман) има правно дејство, односно останува во сила, дури
и кога е отворена стечајната постапка или започнато спроведувањето на планот за
реорганизација над должникот, односно и кога корисникот на колатералот доделува,
оптоварува или на друг начин располага со обезбеденото побарување. Доверителите
кои на некој предмет од стечајната маса имаат некакво заложно право, што не е
запишано во јавна книга, имаат право на одвоено намирување на своето побарување, на
каматите и на трошоците од вредноста на невладетелскиот заложен предмет. Со
разлачните доверители изедначени се: 1) доверителите на кои должникот поради
обезбедување на нивните побарувања им предал некој подвижен предмет или им
пренел некое право; 2) доверителите кои имаат право на задржување на некој предмет,
бидејќи нешто употребиле во корист на тој предмет, во мера во која нивното
побарување по таа основа сé уште не ја преминува постојната корист; 3) доверителите
кои правото на задржување го имаат врз основа на закон и 4) РМ или од неа овластено
правно лице, ако предметот за кој постои обврска за плаќање царина или данок служи
за нивно обезбедување ако такво право е утврдено со закон.

19. Доверители на стечајната маса


Од стечајната маса најнапред се намируваат трошоците на стечајната постапка и
другите обврски на стечајната маса. Другите обврски на стечајната маса се намируваат
сразмерно на нивната големина откако ќе се исплатат побарувањата на новите
доверители - кредитори кои стекнале својство на доверител по отворањето на
стечајната постапка. Во трошоци на стечајната постапка спаѓаат: 1) судските трошоци
на стечајната постапка; 2) наградите и надоместоците за трошоците на привремениот
стечаен управник, на стечајниот управник и на членовите на одборот на доверители; 3)
трошоците за комунално и техничко одржување на имотот на стечајниот должник; 4)
трошоци направени за упис во јавните книги. Во другите обврски на стечајната маса
спаѓаат: 1) обврските засновани со дејствата на стечајниот управник или на друг начин
со управувањето, со впаричувањето и со поделбата на стечајната маса, а коишто не
спаѓаат во трошоци на стечајната постапка; 2) побарувањата на адвокатите за дадените
услуги според адвокатската тарифа во текот на последните шест месеца пред
отворањето на стечајната постапка во врска со заштитата и остварување на правата на
должниците што влегуваат во стечајната маса; 3) обврските од двострано товарни
договори ако нивното исполнување се бара од стечајната маса или мора да следи по
отворањето на стечајната постапка; 4) обврските врз основа на неоснованото
збогатување на масата или стекнување без основа и 5) обврските врз основа на
договорите за работа на вработените кај стечајниот должник по отворањето на
стечајната постапка.

20. Правни последици од отворањето на стечајната постапка


Правните последици од отворањето на стечајната постапка настапуваат наредниот ден

31
кога огласот за отворање на стечајната постапка ќе биде истакнат на огласната табла.
Со денот на отворањето на стечајната постапка престанува да тече каматата на
необезбедените побарувања. Со отворањето на стечајната постапка престануваат
правата на членовите на органите на управување, управителот, односно директорот или
друг орган на управување, застапниците и полномошниците, како и на членови на
органите за надзор и преминуваат на стечајниот управник. Забраната за отуѓување или
за оптоварување на имотот на должникот, во стечајната постапка е без дејство.
Располагањето на поранешните застапници на должникот - правно лице, односно на
должникот - поединец со имотот од стечајната маса по настапувањето на правните
последици од отворањето на стечајната постапка се без правно дејство. Ако должникот
пред отворањето или во текот на стечајната постапка наследил имот или примил легат,
само тој има право да го прифати или да се откаже од наследството или од легатот.
Парниците што во времето на отворањето на стечајната постапка биле во тек за имотот
што влегува во стечајната маса, ќе ги преземе стечајниот управник, во име и за сметка
на должникот. Стечајните доверители можат да ги остварат своите побарувања спрема
должникот само во стечајната постапка. Ако стечајниот доверител во текот на
последните 90 дена пред поднесувањето предлог за отворање на стечајна постапка или
потоа, со судско извршување или со обезбедување, стекне некое разлачно или слично
право над имотот на должникот што влегува во стечајната маса, тоа право престанува
со отворањето на стечајната постапка. По отворањето на стечајната постапка одделните
стечајни доверители не можат против должникот да бараат обезбедување на
побарувањата или извршување на делови од имотот што влегува во стечајната маса,
ниту на друг имот на должникот. Постапките на извршувањето и обезбедувањето што
се во тек во времето на отворањето на стечајната постапка се прекинуваат. Во периодот
од шест месеца од моментот на отворањето на стечајната постапка нема да се дозволи
присилно извршување заради намирување на побарувањата што претставуваат обврски
на стечајната маса во стечајната постапка. По отворањето на стечајната постапка не
може полноважно да се стекнуваат права на делови од имотот што влегува во
стечајната маса и кога тоа стекнување не се заснова на располагањето на должникот
или на присилното извршување или обезбедување во корист на стечајниот доверител.

21. Исполнување на правните работи (Право на стечајниот управник на избор)


Ако должникот и неговиот содоговорник на денот на отворањето на стечајната
постапка не исполниле или не исполниле во целост некој двострано товарен договор,
стечајниот управник може да го исполни договорот наместо должникот и да бара
исполнување од другата договорна страна. Ако стечајниот управник го одбие
исполнувањето, другата договорна страна може да ги остварува своите побарувања
поради неисполнување само како стечаен доверител. Ако другата договорна страна е
должна прва да го исполни договорот и ако таа го повика стечајниот управник да се
изјасни за своето право на избор, управникот е должен во рок од осум дена со
препорачана пратка да ја извести таа договорна страна дали има намера да побара
исполнување на договорот. Ако не постапи така, стечајниот управник нема да може да
бара исполнување. Ако испораката на стока што има пазарна или берзанска цена е
договорена за фиксно определено време или во фиксен рок, а тоа време или истекот на
рокот настапи дури по отворањето на стечајната постапка, другата договорна страна не
може да бара исполнување, туку само надоместок поради неисполнување на фиксните
договори. Ако долгуваната чинидба е делива и ако другата страна својата чинидба во
времето на отворањето на стечајната постапка веќе делумно ја исполнила, таа своето
побарување на противчинидбата што одговара на нејзината делумно исполнета
чинидба ќе може да го оствари како стечаен доверител, дури и ако стечајниот управник
побара исполнување на преостанатиот дел од чинидбата. Договорите за закуп на
недвижности или на простории, во кои должникот се појавува како закуподавец,
остануваат во сила во корист на стечајната маса. Договорите за закуп на недвижност
или на просторија во кои должникот е закупец, стечајниот управник може да ги откаже
придржувајќи се на законскиот отказен рок. Ако должникот е закупец, другата

32
договорна страна не може да го откаже договорот за закуп по поднесувањето на
предлогот за отворање на стечајна постапка. Со денот на отворањето на стечајната
постапка договорите за вработување склучени меѓу работникот и работодавецот -
должник престануваат. Понудите дадени на должникот или понудите што ги дал
должникот престануваат да важат на денот на отворањето на стечајната постапка, ако
до тој ден не се прифатени. Полномошното на должникот, кое се однесува на имотот
што влегува во стечајната маса, престанува со отворањето на стечајната постапка.

22. Побивање на правни дејства на стечајниот должник


Правните дејства преземени пред отворањето на стечајната постапка со кои се
нарушува изедначеното намирување на доверителите (оштетувањето на доверителите),
односно со кои одделни доверители се ставаат во поповолна положба, стечајниот
управник во име на стечајниот должник и стечајните доверители може да ги побива во
согласност со одредбите од овој закон. Несторувањето на тоа ќе се третира на сосема
подеднаков начин како и сторувањето, односно како правно дејство, ќе се подразбира и
пропуштањето на вршење на тие дејства. Правна работа преземена во последните три
месеца пред поднесувањето на предлогот за отворање на стечајна постапка, со која на
еден стечаен доверител му се дава или му се овозможува обезбедување или
намирување во согласност со содржината на неговите права, може да се побива ако во
времето кога е преземена, должникот бил неспособен за плаќање и ако доверителот во
тоа време знаел или морал да знае за таа неспособност. Правна работа со која на еден
стечаен доверител му се дава или му се овозможува обезбедување или намирување,
коешто тој немал право да го бара или немал право да го бара на тој начин или во тоа
време, може да се побива ако работата е преземена во текот на: 1) последните 30 дена
пред поднесувањето на предлогот за отворање на стечајната постапка или потоа; 2) 90
дена пред поднесувањето на предлогот за отворање на стечајната постапка, а
должникот во тоа време бил неспособен за плаќање или 3) 90 дена пред поднесувањето
на предлогот за отворање на стечајната постапка, а доверителот во времето на
нејзиното преземање знаел дека со неа се оштетуваат стечајните доверители. Правната
работа на должникот со која стечајните доверители непосредно се оштетуваат може да
се побива, ако: 1) е преземена во текот на последните 90 дена пред поднесувањето на
предлогот за отворање на стечајната постапка, ако во времето на нејзиното преземање
должникот бил неспособен за плаќање и ако другата страна во тоа време знаела за таа
неспособност; 2) е преземена по поднесувањето на предлогот за отворање на стечајна
постапка, а другата страна во времето на правната работа знаела или морала да знае за
неспособноста за плаќање или за предлогот за отворање на стечајна постапка.

23. Намирување на стечајните доверители


Стечајните доверители ќе се намируваат дури по заклучувањето на испитното
(верификационо) рочиште. Намирувањето на стечајните доверители се врши преку
авансна распределба на средставата, како и со конечна распределба. Кога во стечајната
маса ќе бидат прибрани доволно парични средства веднаш се распределуваат меѓу
доверителите во стечајната постапка (авансна распределба). Пред да започне со
распределбата на средствата, стечајниот управник ќе состави предлог на план за
распределба. Предлогот на планот за распределба содржи вкупен износ на
побарувањата, износот на паричните средства достапен за распределба од стечајната
маса, список на побарувањата што ќе се земат предвид при распределбата, процентот
на намирување на доверителите, како и износот на паричните средства кои ќе бидат
издвоени за намирување на побарувањата на доверителите чии побарувања биле
оспорени. Овој план ќе биде депониран во стечајното досие за увид на учесниците во
стечајната постапка.

24. План за распределба


Намирувањето на стечајните доверители се врши преку авансна распределба на

33
средставата, како и со конечна распределба. Кога во стечајната маса ќе бидат прибрани
доволно парични средства веднаш се распределуваат меѓу доверителите во стечајната
постапка (авансна распределба). Пред да започне со распределбата на средствата,
стечајниот управник ќе состави предлог на план за распределба. Предлогот на планот
за распределба содржи вкупен износ на побарувањата, износот на паричните средства
достапен за распределба од стечајната маса, список на побарувањата што ќе се земат
предвид при распределбата, процентот на намирување на доверителите, како и износот
на паричните средства кои ќе бидат издвоени за намирување на побарувањата на
доверителите чии побарувања биле оспорени. Овој план ќе биде депониран во
стечајното досие за увид на учесниците во стечајната постапка.

25. План за авансна распределба


Намирувањето на стечајните доверители се врши преку авансна распределба на
средставата, како и со конечна распределба. По пристигнување на средствата на
сметката, стечајниот управник е должен во рок од осум дена да состави предлог на
план за авансна распределба. Овој предлог на план веднаш се доставува до членовите
на одборот на доверители на одобрување. По одобрувањето од одборот на доверители,
стечајниот управник го доставува предлогот на планот до стечајниот судија и сите
доверители опфатени со планот. Во предлогот на планот стечајниот управник издвојува
соодветен износ којшто е потребен за исплата на неисплатените и предвидени трошоци
на стечајната маса. Во рок од осум дена од денот на доставувањето на планот за
авансна распределба, доверителите имаат право на приговор до стечајниот судија.
Стечајниот судија е должен да ги разгледа приговорите на доверителите, доколку има
потреба да направи одредени исправки во овој план и да донесе решение со кое ќе го
одобри планот за авансна распределба. Решението со кое се одобрува планот за авансна
распределба се доставува до стечајниот управник кој е должен во рок од осум дена да
изврши исплата на паричните средства на сметките на доверителите. По извршената
исплата на средствата стечајниот управник е должен да состави посебен извештај за
извршената исплата и да го достави до стечајниот судија, одборот на доверители, како
и да го депонира во стечајното досие на должникот за увид на доверителите.
Доверителот, чие побарување не било утврдено, може во рок од осум дена од денот на
доставување на планот за авансната распределба, на стечајниот управник да му достави
доказ дека поднел тужба за утврдување на побарувањето и за кој износ, или дека се
вмешал во постапката што веќе се води во врска со тоа побарување.

26. Конечна распределба на средствата


Намирувањето на стечајните доверители се врши преку авансна распределба на
средставата, како и со конечна распределба. Конечната распределба на средствата ќе
биде извршена со план за конечна распределба веднаш по целосно впаричување на
имотот што влегува во стечајната маса. Предлогот на планот за конечна распределба се
подготвува по истата постапка и на начин, како и предогот на планот за авансна
распределба. Стечајниот управник го подготвува предлогот на планот во рок од осум
дена од денот на пристигнување на средствата на сметката на стечајниот должник.
Стечајниот управник е должен да состави и завршна сметка и завршен извештај.
Стечајниот управник веднаш ги доставува предлогот на планот за завршна распре-
делба, завршната сметка и завршниот извештај до членовите на одборот на доверители
на согласност. По дадената согласност, стечајниот управник ги доставува предлогот на
планот, завршната сметка и завршниот извештај до стечајниот судија кој ги објавува на
огласната табла во судот. Против доставениот предлог на план за конечна распределба
стечајните доверители имаат право на приговор во рок од осум дена од денот на
објавувањето на огласната табла на судот. Приговорот се поднесува до стечајниот
судија. Стечајниот судија во рок од осум дена одлучува по приговорите и со решение
го одобрува предлогот на планот за конечна распределба. Решението се доставува до
доверителите кои поднеле приговор против предлогот на планот за конечна распре-
делба и до стечајниот управник, а се депонира и во стечајното досие за увид на сите

34
доверители. Против решението право на жалба до стечајниот совет имаат доверителите
чии приговори биле одбиени. Стечајниот судија во наредните три дена од денот на
одобрувањето на планот за конечна распределба свикува завршно собрание на
доверителите на кое тие: ќе расправаат за завршната сметка и за завршниот извештај;
ќе го потврдат планот за конечна распределба на средствата и ќе решаваат за
предметите и правата што претставуваат дел од имотот што влегува во стечајната маса
што не биле отуѓени, наплатени или претворени во пари.

27. Заклучување на стечајната постапка


Веднаш по извршувањето на конечната распределба на средствата, односно и на
другиот имот на должникот, стечајниот судија ќе донесе решение за заклучување на
стечајната постапка. Во решението за заклучување на стечајната постапка, стечајниот
судија определува заклучувањето на стечајната постапка да се запише во трговскиот
регистар, во јавните книги во кои се запишуваат правата врз недвижностите и во други
соодветни регистри. Со заклучувањето на стечајната постапка и бришењето од
трговскиот, односно од друг регистар, во кој е запишан должникот, правното лице -
должник престанува да постои. Ако стечајната постапка завршила со усвојување план
за реорганизација на должникот, се врши соодветен упис во трговскиот, односно во
друг регистар во кој е запишан должникот заради спроведување на одобрениот план за
реорганизација. Стечајниот управник по целосната распределба е должен: 1) да ја
извести банката и да побара бришење на сметката, а ако има остаток на средства кои се
уште не биле распределени по кој било основ на овој закон, да ги депонира како судски
депозит и 2) да ја среди архивската граѓа согласно со Законот за архивската граѓа и
архивската граѓа во изворна, комплетна и средена состојба со попис и опис, како и
документарниот материјал со подолги рокови на чување, платни списоци, ЕВТ-2
картони, обрасци М-4 и пријави и одјави на вработените да ги предаде во Државниот
архив на РМ. По барање на стечајниот управник или по барање на стечаен доверител
или по службена должност, стечајниот судија ќе донесе решение за спроведување на
дополнителна или одложена распределба, ако по завршното собрание: 1) издвоените и
задржаните средства станале достапни за распределба; 2) средствата исплатени од
стечајната маса повторно биле вратени назад и 3) биле идентификувани (определени)
предметите и правата што претставувале дел на имотот што влегува во стечајната маса
(новопронајден имот). Кога стечајниот судија донел решение за спроведување на
дополнителна распределба, стечајниот управник ќе ја распредели достапната сума или
приходите остварени од располагањето со идентификуваниот (определениот) предмет,
врз основа на завршниот извештај. За таквата распределба, стечајниот управник ќе му
поднесе посебен извештај и посебна сметка на стечајниот судија.

28. Запирање на стечајната постапка


Ако по отворањето на стечајната постапка се утврди дека имотот што влегува во
стечајната маса нема да биде доволен за намирување на трошоците на постапката,
стечајниот судија ќе ја запре таа постапка и ќе донесе решение за заклучување на
стечајната постапка. Стечајниот судија нема да ја запре постапката, ако биде авансиран
доволен износ на средства од доверител. Пред да ја запре стечајната постапка,
стечајниот судија ќе ги сослуша собранието на доверители, стечајниот управник и
доверителите на стечајната маса. Сите парични средства достапни во стечајната маса,
пред запирањето на таа постапка, стечајниот управник ќе ги употреби за намирување на
дотогаш направените трошоци во постапката, сразмерно на нивните износи. Стечајниот
управник веќе нема да биде обврзан да располага со имотот што влегува во стечајната
маса, односно тој веќе нема да биде обврзан тој имот да го претвори во пари, а
распределбата се врши без впаричување. Ако трошоците на стечајната постапка се
покриени, но имотот што влегува во стечајната маса не е доволен за намирување на
другите пристигнати обврски на стечајната маса, стечајниот управник ќе го извести
стечајниот совет за недоволноста на имотот што влегува во стечајната маса. Обврските
на стечајниот управник да управува и да располага со имотот што влегува во стечајната

35
маса продолжуваат и по известувањето за недоволноста на имотот.

29. Намирување на доверителите на стечајната маса


Стечајниот управник ги намирува обврските на стечајната маса по следниов редослед и
сразмерно на износот на подеднакво рангираните обврски: 1)трошоци на стечајната
постапка; 2)обврски на стечајната маса што станале правно обврзувачки по
известувањето за недоволноста на имотот што влегува во стечајната маса, што не се
класификуваат како трошоци на стечајната постапка и 3) други обврски на стечајната
маса. Тие се: обврски од двострано товарни договори, за чие исполнување стечајниот
управник се изјаснил дури по доставувањето на известувањето за недоволноста на
имотот што влегува во стечајната маса; обврски што произлегуваат од договори за
закуп, договори за дело, договори за работа или од други слични потрајни обврзни
односи, за периодот по првиот ден на кој стечајниот управник имал право да го раскине
таквиот договор, по известувањето за недоволноста на имотот што влегува во
стечајната маса и обврски што произлегуваат од договори за закуп, договори за дело,
договори за работа или од други слични потрајни обврзни односи, ако и до мерката до
која стечајниот управник барал нивно исполнување за сметка на стечајната маса, по
известувањето за недоволноста на имотот што влегува во стечајната маса. Откако
стечајниот управник ќе го распредели имотот што влегува во стечајната маса,
стечајниот судија веднаш ќе донесе решение за заклучување на стечајната постапка. На
барање на должникот, стечајниот судија ќе ја запре стечајната постапка, ако
должникот, по истекот на рокот за пријавување на побарувањата поднесе заверени
писмени изјави кај нотар за согласност за запирање на постапката на сите стечајни
доверители што ги пријавиле своите побарувања. Стечајниот судија ќе го објави
барањето за запирање на стечајната постапка што должникот го поднел. Стечајниот
судија ќе го објави решението со кое ја запрел, односно ја заклучил стечајната постапка
и причините за запирање на таа постапка. По запирањето на стечајната постапка
должникот повторно го стекнува правото слободно да управува и да располага со
имотот што влегол во стечајната маса. Против решението со кое стечајниот судија ја
запрел, односно ја заклучил стечајната постапка, секој доверител може да изјави жалба
до стечајниот совет во рок од осум дена.

30. План за реорганизација (сочинување, поднесување, содржина)


Стечајната постапка која опфаќа реорганизација се спроведува според план за
реорганизација којшто се сочинува во писмена форма. План за реорганизација може да
се поднесе: 1) истовремено со поднесување на предлог за поведување на стечајна
постапка од страна на должникот или од доверителот; 2) по предлог на доверител по
отворањето на стечајната постапка до денот на одржувањето на извештајното собрание
и 3) по предлог на стечајниот управник, според одлуката, односно инструкциите на
собранието на доверители. План за реорганизација, може да се спроведе на следниов
начин: 1) ќе му се препушти на должникот управување или располагање со целиот или
со еден дел од неговиот имот, освен ако со овој закон поинаку не е уредено; 2)
должникот ќе се спои со едно или со повеќе лица; 3) ќе се продаде цел или дел од
имотот на должникот; 4) ќе се подели целиот или дел од имотот на должникот меѓу
доверителите; 5) ќе се определи начинот на намирување на стечајните доверители; 6) ќе
се намират или ќе се изменат правата на одвоено намирување; 7) ќе се намалат или
одложат исплатите на обврските на должникот; 8) обврските на должникот ќе се
претворат во кредит. Овластениот субјект за поднесување план за реорганизација има
обврска да му поднесе на стечајниот судија план за реорганизација најдоцна во рок од
45 дена од денот на добивањето на овластувањето. Планот за реорганизација содржи
подготвителен (декларативен) и спроведбен дел. Подготвителниот (декларативниот)
дел на планот за реорганизација ќе ги опише мерките што се преземени и мерките што
треба да се преземат по отворањето на стечајната постапка со цел да се создаде основа
за задоволување на правата на учесниците, податоци за основите и за ефектите на
стечајниот план. Планот за реорганизација ги содржи (спроведбен дел): 1) мерките и

36
средствата за реализација на планот; 2) висината на паричните износи или имотот кој
ќе служи за целосно или делумно намирување според исплатниот ред; 3) описот на
постапката за продажба на имотот; 4) списокот на членовите на органите на
управување и износот на нивните надоместоци; 5) годишните финансиски извештаи за
претходните пет години; 6) финансиските проекции, вклучувајќи ги проектираните
биланси на успех, билансите на состојба и извештајот за паричните текови за наредните
пет години; 7) датумот на почетокот на примената на планот за реорганизација и други
податоци.

31. Прифаќање и одобрување на планот за реорганизација


Стечајниот судија ќе свика собрание на доверителите за расправа и за гласање по
предложениот план за реорганизација во наредните три дена од денот кога истекол
рокот за увид на планот за реорганизација. Собранието за расправа и за гласање по
планот за реорганизација ќе се одржи во рок кој не е пократок од 21 ден, но не подолг
од 30 дена од денот на свикувањето на собранието на доверители. На свиканото
собрание се разгледува предложениот план за реорганизација, се утврдуваат гласачките
права на доверителите и се гласа по предложениот план за реорганизација. Се смета
дека планот за реорганизација е усвоен ако биде прифатен со просто мнозинство од
вкупниот износ на побарувањата од доверителите присутни на собранието. Ќе се смета
дека должникот се согласил со предложениот план за реорганизација, ако тој најдоцна
до денот на одржувањето на собранието не се спротивставил на планот во писмена
форма, ниту дал посебна писмена изјава до стечајниот судија. По прифаќањето на
планот за реорганизација од страна на доверителите, односно по добивањето на
согласност од страна на должникот, предложениот план за реорганизација треба да
биде одобрен од страна на стечајниот судија. Решението со кое се одобрува планот за
реорганизација го содржи спроведбениот дел од планот што доверителите го
прифатиле. Стечајниот судија по службена должност нема да го одобри предложениот
план за реорганизација, ако: 1) не биле почитувани одредбите што ја регулираат
содржината на планот за реорганизација и постапката за неговото донесување, како и
одредбите што го регулираат прифаќањето на планот од страна на доверителите и од
страна на должникот, а недостатоците не можат да се отстранат; 2) предложениот план
бил прифатен на недозволен начин; 3) не е почитувано правото на приоритет; 4) планот
не е подготвен во согласност со овој закон. По заклучувањето на собранието за
расправа и за гласање по предложениот план за реорганизација, стечајниот судија ќе
донесе решение со кое го одобрува или го одбива предложениот план, најдоцна во рок
од три дена. Против решението, доверителите, односно должникот можат да изјават
жалба во рок од осум дена до стечајниот совет.

32. Стечајна постапка врз имот на умрено лице -трговец


Судот на чие подрачје умреното лице (оставителот) имал живеалиште е месно
надлежен за стечајната постапка. Отворањето на стечајната постапка врз оставината на
оставителот може да биде побарано од страна на кој било наследник, повереник, лице
овластено да управува со тој имот, извршител на тестамент или доверител на тој имот.
Доверителот на оставината може да поднесе предлог за отворање на стечајна постапка
најдоцна во рок од две години по прифаќањето на наследството од страна на
наследникот. Неликвидноста на оставината ќе претставува причина за отворање на
стечајна постапка врз имотот на умреното лице кое имало статус на трговец.
Непосредно претстојната неликвидност, исто така, ќе претставува причина за отворање
на стечајна постапка врз оставината на умрено лице ако предлогот бил поднесен од
страна на наследник, од лице кое управува со оставината, повереник или од извршител
на тестамент. Ако наследникот пред отворањето на стечајната постапка врз оставината
на оставителот ги намирил побарувањата на другите наследници на нужниот наследен
дел што ним им припаѓа, или легатите или посмртните поклони на лицата на кои тие им
се наменети, овие правни дејства преземени од страна на наследникот можат да бидат
побивани на ист начин како и другите бесплатни располагања на тој наследник. Во

37
имотот што влегува во стечајната маса, следниве обврски ќе се третираат како долгови
поврзани со стечајната маса: 1) соодветно направените трошоци што треба да му бидат
надоместени на наследникот од стечајната маса; 2) трошоците за погребот на
починатиот оставител; 3) реално потребните трошоци во врска со постапката со која се
пријавува и објавува смртта на умреното лице; 4) трошоците настанати во врска со
отворањето и објавувањето на тестаментот на починатиот оставител, со заштитата и
чувањето на оставината, со повереништвото над таа оставина, со објавувањето на
повикот до доверителите на оставината за пријавување на нивните побарувања и
пописот (инвентарот) на таа оставина; 5) обврските што произлегуваат од правни
работи преземени од страна на повереникот или од страна на извршителот на
тестаментот и 6) обврските настанати при редовното управување со оставината од
страна на повереникот, од страна на извршителот на тестаментот или од страна на
наследникот кој не го прифатил наследството. Во стечајната постапка отворена врз
оставината на умрено лице, доверителите можат да ги пријавуваат само оние
побарувања што се поврзани со таа оставина. Наследникот може да ги пријави
побарувањата што тој ги имал против оставителот. Пониско рангирани побарувања ќе
се намируваат по следниов редослед: 1) побарувањата на нужните наследници; 2)
побарувањата на легатарите и на лицата со право да примат посмртни подароци што
оставителот ги утврдил во својот тестамент и 3) побарувањата на лицата кои можат да
стапат на местото на наследниците. Ако наследникот ја продал оставината на
оставителот, за целите на стечајната постапка купувачот на оставината ќе стапи на
местото на наследникот.

33. Стечајна постапка врз заеднички имот на брачни другари


Судот на чие подрачје брачните другари имаат живеалиште е месно надлежен за
стечајната постапка. Отворањето на стечајната постапка врз заедничкиот имот на
брачните другари може да побара еден или обата брачни другари, како и секој
доверител кој има право да побара исполнување на облигација од заедничкиот имот на
брачните другари. Како доверители во стечајната постапка отворена врз заедничкиот
брачен имот можат да се појават само оние доверители чии побарувања постоеле како
побарувања од заедничкиот имот на брачните другари. Отворањето на стечајната
постапка врз заедничкиот имот на брачните другари што бил управуван спогодбено и
заеднички од страна на обата брачни другари, може да го побара секој доверител кој
има право да побара исполнување на облигација од заедничкиот имот на брачните
другари. Брачниот другар, исто така, има право да поднесе барање за отворање на
стечајна постапка врз заедничкиот имот. Ако барањето не било поднесено од страна на
обата брачни другари, стечајниот судија ќе го прифати поднесеното барање само ако се
увери во неликвидноста на заедничкиот имот. Пред да го донесе своето решение,
стечајниот судија ќе го сослуша и другиот брачен другар. Ако барањето било
поднесено од страна на обата брачни другари, непосредно претстојната неликвидност,
исто така, ќе претставува основа за отворање на стечајна постапка. Неликвидноста на
оставината ќе претставува причина за отворање на стечајна постапка врз заедничкиот
имот на брачните другари. Непосредно претстојната неликвидност, исто така, ќе
претставува причина за отворање на стечајна постапка. Во стечајната постапка
отворена врз заедничкиот имот на брачните другари, доверителите можат да ги
пријавуваат само оние побарувања што се поврзани со тој имот.

34. Меѓународен стечај


Меѓународниот стечај се спроведува кога: 1) странски суд или странски претставник
(странски стечаен управник, доверители и други) побара помош во врска со постапката
што се води во странска држава; 2) странска држава побара помош во врска со
постапката која се води во РМ во согласност со овој закон; 3) постапка во странска
држава се води истовремено со постапка која се води во РМ врз основа на овој закон и
4) доверители или други лица од странска држава кои имаат правен интерес, бараат
поведување постапка или учествуваат во постапка која се води во согласност со овој

38
закон. Овие одредби не се применуваат спрема имотот на РМ, над фондовите што се
финансираат од Буџетот на РМ, фондовите за пензиско и инвалидско осигурување,
Фондот за здравствено осигурување, единиците на локалната самоуправа, над органите
на државната управа, како и на други правни лица со јавно овластување, ако тие со
закон се изземени од стечајната постапка.
.
35. Меѓународна надлежност на суд на РМ за спроведување на стечајна постапка
Судот на РМ исклучиво е надлежен за спроведување на стечајна постапка против
стечаен должник чие седиште е во РМ. Ако се докаже дека претежното деловно
работење на стечајниот должник се наоѓа во странство, а неговото седиште е запишано
во РМ, надлежниот суд во РМ е исклучиво надлежен за спроведување на стечајната
постапка против тој стечаен должник ако според правото на државата во која
стечајниот должник има претежно деловно работење не може да се отвори стечајна
постапка по таа основа. Ако во РМ не се наоѓа претежното деловно работење, а ниту
деловна единица на стечајниот должник, туку само негов имот, стечајна постапка во
РМ може да се отвори во овие случаи: 1) кога во државата во која стечајниот должник
има претежно деловно работење стечајната постапка против него не може да се отвори
поради предвидените услови во стечајното право на таа држава, иако постои причина за
стечај; 2) ако според правото на државата во која стечајниот должник има претежно
деловно работење стечајната постапка ќе го опфати само имотот на стечајниот должник
во таа држава; 3) ако отворањето на стечајната постапка во РМ се предложи врз основа
на членот 315 од овој закон и 4) ако отворањето на посебна стечајна постапка во РМ се
предлага во рамките на постапката за признавање на странска одлука за отворање на
стечајна постапка. За спроведување на постапката, надлежен е судот на чие подрачје се
наоѓа деловната единица на стечајниот должник, а ако стечајниот должник нема
деловна единица во РМ, судот на чие подрачје се наоѓа имотот на стечајниот должник.
Постапката го опфаќа само имотот на стечајниот должник кој се наоѓа во РМ (посебна
стечајна постапка). Стечајната постапка и нејзините правни последици се определуваат
според правото на државата во која постапката е отворена. Стечајниот управник на
стечајната постапка отворена кај судот во РМ и управникот на стечајната постапка
отворена кај судот во друга држава над истиот стечаен должник меѓусебно ќе
соработуваат.

36. Претпоставки и постапка за признавање странска одлука за отворање на


стечајна постапка (Примена на општите правила)
За признавање странска одлука за отворање на стечајна постапка на соодветен начин се
применуваат општите правила на правото на РМ за признавање странски судски
одлуки. Предлогот за признавање се поднесува до судот на чие подрачје се наоѓа
деловната единица на стечајниот должник во РМ, а ако стечајниот должник нема
деловна единица во РМ, на судот на подрачјето каде што се наоѓа имотот стечајниот
должник. Предлог може да поднесе странски стечаен управник или доверителот на
стечајниот должник. Со предлогот треба да се приложи: 1) изворник или заверен
препис на одлуката и заверен превод; 2) потврда од надлежниот странски орган за
негова извршност и 3) попис на познатиот имот на стечајниот должник во РМ и попис
на неговите доверители со соодветни докази. Странска одлука за отворање на стечајна
постапка ќе се признае, ако: 1) одлуката е донесена од судот, односно органот кој,
според правото на РМ, е надлежен за решавање по предметите со меѓународни
елементи; 2) одлуката е извршна според правото на државата во која е донесена; 3)
признавањето на одлуката да не е во спротивност со јавниот поредок на РМ и 4) да
постои заемност. По поднесување на предлогот за признавање странска одлука,
надлежниот суд може да одреди мерки на обезбедување, односно да именува
привремен стечаен управник. По приемот на предлогот за признавање на странска
одлука судот без одлагање ќе го објави огласот во "Службен весник на РМ" и на
огласната табла на судот во кој ќе наведе: 1) податоци за судот кој го објавува огласот;
2) податоци за странската одлука чие признавање се бара; 3) податоци за стечајниот

39
управник и 4) покана на доверителите, на странскиот стечаен должник и на сите други
лица кои имаат правен интерес во рок од 30 дена од објавувањето на огласот да ги
пријават на судот своите побарувања и да се изјаснат за постоење претпоставки за
признавање на странската одлука и можните тешкотии за намирување на побарувањата
во странската стечајна постапка. Решението за признавање на странска одлука за
отворање на стечајна постапка има исто дејство како и решението на судот во РМ за
отворање на стечајна постапка. За признавањето на странската одлука за отворање на
стечајна постапка ќе се објави оглас во "Службен весник на РМ" и со истакнување на
огласна табла во судот. Право на жалба против решението имаат странскиот стечаен
должник, странскиот стечаен управник и доверителите, во рок од осум дена од денот на
приемот на решението. Ако за признавање на странска одлука за отворање на стечајна
постапка не е донесено посебно решение, секој суд може за признавање на таа одлука
да решава во постапка како за претходно прашање, но само со дејство во таа постапка.

В. ДОГОВОРИ, ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

1. Склучување на договори меѓу присутни и отсутни лица


Договорот е склучен кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојки
на договорот. Волјата за склучување на договор може да се изјави со зборови,
вообичаени знаци или со друго однесување од кое со сигурност може да се заклучи за
нејзиното постоење, содржина и идентитетот на давачот на изјавата. Волјата за
склучување на договор може да се изјави и со помош на различни комуникациски
средства (телефон, факс, интернет врска и други). Договорот е склучен оној момент
кога понудувачот ќе прими изјава од понудениот дека ја прифаќа понудата. Понудата е
предлог за склучување на договор направен за определено лице кој ги содржи сите
суштествени состојки на договорот. Понудата може да се направи на присутно и на
отсутно лице. Понудата направена со комуникациско средство се смета за понуда мегу
отсутни лица. Ако во конкретниот случај може веднаш да се даде одговор на понудата,
се смета дека понудата дадена со комуникациско средство е направена мегу присутни
лица. Понудата во која е определен рокот за нејзино прифаќање го обврзува
понудувачот до истекот на тој рок. Ако понудувачот со писмо или во телеграма го
определил рокот за прифаќање, ќе се смета дека тој рок започнал да тече од датумот
означен во писмото, односно од денот кога телеграмата е предадена на пошта.
Понудата направена за отсутно лице во која не е определен рокот за прифаќање, го
врзува понудувачот за времето кое е редовно потребно, понудата да стигне до
понудениот, овој да ја разгледа, да одлучи за неа и одговорот за прифаќањето да стигне
до понудувачот. Понудата е прифатена кога понудувачот ќе ја прими изјавата од
понудениот дека ја прифаќа понудата.

2. Договорна казна
Доверителот и должникот можат да се договорат дека должникот ќе му плати на
доверителот определен паричен износ или ќе му прибави некоја друга материјална
корист ако не ја исполни својата обврска или ако задоцни со нејзиното исполнување
или неуредно ја исполни (договорна казна). Договорна казна не може да биде
договорена за парични обврски. Договорните страни можат да ја определат висината на
казната според својот наод, во еден вкупен износ во процент, или за секој ден
задоцнување или на некој друг начин. Кога казната е договорена за случај на
неисполнување на обврската, доверителот може да бара или исполнување на обврската
или договорна казна. Тој го губи правото да бара исполнување на обврската ако
побарал исплата на договорната казна. Кога казната е договорена за случај должникот
да задоцни со исполнувањето или неуредното исполнување, доверителот има право да
бара и исполнување на обврската и договорна казна. Доверителот има право да бара
договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја

40
претрпел, како и кога не претрпел никаква штета. Ако штетата што ја претрпел
доверителот е поголема од износот на договорната казна, тој има право да ја бара
разликата до целосниот надомест на штетата.

3. Казнена камата
Должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај
главнината, и казнена камата. Обврската за плаќање на казнената камата стасува во
еден од следниве денови, без потреба од доставување опомена: 30 дена од денот на
приемот на фактурата или соодветното барање за исплата или ако денот на приемот на
фактурата или соодветното барање за исплата не може да се определи со сигурност, 30
дена по приемот на стоките или услугите или ако должникот ја прими фактурата или
соодветното барање за исплата пред приемот на стоките и услугите, 30 дена од приемот
на стоките или услугите или ако со закон или договор е предвидена постапка за прием
или потврдување со која се утврдува сообразноста на стоките или услугите, а
должникот ја прими фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на
приемот или потврдувањето, 30 дена од денот на приемот, односно потврдувањето.
Стапката на казнената камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на
каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на
Народната банка на Република Македонија (референтна стапка), што важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена
за десет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на
јавното право, односно зголемена за осум процентни поени во договорите во кои барем
едното лице не е трговец (законска казнена камата). Пресметката на казнената камата
се врши со примена на декурзивниот едноставен каматен метод на стасаната главнина,
без додавање на казнената камата на главнината. Доверителот има право на казнена
камата без оглед на тоа дали претрпел некаква штета поради должниковото
задоцнување. На стасаната, а неисплатена договорна или казнена камата, како и на
други стасани повремени парични давања не тече затезна камата, освен кога е тоа
определено со закон.

4. Договорна камата
Стапката на договорната камата во трговските договори и договорите меѓу трговци и
лица на јавното право се определува договорно, но не повисока од стапката на
законската казнена камата, зголемена најмногу за 50 проценти. Стапката на
договорната камата во договорите меѓу лица од кои барем едното не е трговец, не може
да биде повисока од стапката на законската казнена камата за соодветната валута, што
важела на денот на склучувањето на договорот, односно на денот на промената на
каматната стапка, ако е договорена променлива каматна стапка. Ако во договорите
меѓу лица од кои барем едното не е трговец е договорена повисока каматна стапка од
дозволената, ќе се применува највисоката дозволена каматна стапка за соодветната
валута. Ако плаќањето на каматата е договорено, а не е определена нејзината стапка, во
договорите меѓу лицата од кои барем едното не е трговец се применува каматна стапка
во висина од една третина од стапката на законската казнена камата за соодветната
валута, а во трговските договори или договорите меѓу трговци и лицата на јавното
право се применува каматна стапка во висина од една половина од стапката на
законската казнена камата за соодветната валута, определена според одредбите на овој
закон. Дозволена е договорната одредба со која однапред се договара зголемување на
годишната каматна стапка, до највисоко допуштената, во случај должникот да не ги
исплати пристигнатите договорни камати навреме.

5. Договор за продажба, предмет и цена


Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го
предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост , а купувачот
се обврзува да му ја плати на продавачот цената. Договорот за продажба на недвижни
предмети мора да биде склучен во писмена форма. До предавањето на предметот на

41
купувачот, ризикот за случајна пропаст или оштетување на предметот го поднесува
продавачот, а со предавањето на предметот ризикот преминува врз купувачот.
Предметот за кој е договорот мора да биде во промет, па е ништовен договорот за
продажба на предмет кој е надвор од прометот. За продажбата на предмети чијшто
промет е ограничен важат посебни прописи. Продажбата може да се однесува и на иден
предмет. Договорот за продажбата нема правно дејство, ако во моментот на неговото
склучување предметот за кој е договорот, пропаднал. Спорно право може да биде
предмет на договор за продажба. Ако со договорот за продажба цената не е определена,
а ни договорот не содржи доволно податоци со чија помош таа би можела да се
определи, договорот нема правно дејство. Кога со договорот за продажба во
стопанството цената не е определена, ниту во него има доволно податоци со помошта
на кои таа би можела да се определи, купувачот е должен да ја плати цената што
продавачот редовно ја наплатувал во време на склучувањето на вакви договори, а во
недостиг на оваа разумна цена. Кога е договорена поголема цена од онаа што за
определен вид предмети ја пропишал надлежниот орган, купувачот го должи само
износот на пропишаната цена, а ако веќе ја исплатил договорената цена, има право да
бара да му се врати разликата. Кога е договорена тековна цена, купувачот ја должи
цената утврдена со официјалната евиденција на пазарот во местото на продавачот во
време кога требало да настапи исполнувањето.

6. Обврски на продавачот и купувачот


Продавачот е должен да му го предаде предметот на купувачот во времето и на местото
предвидено со договорот. Продавачот ја извршил обврската за предавање на купувачот,
по правило, кога предметот ќе му го врачи или ќе му предаде исправа со која предметот
може да се преземе. Продавачот е должен да му го предаде предметот на купувачот во
исправна состојба, заедно со неговите припадоци. Продавачот не е должен да го
предаде предметот ако купувачот не му ја исплати цената истовремено, или ако не е
готов тоа да го стори истовремено, но купувачот не е должен да ја исплати цената пред
да има можност да го прегледа предметот. Купувачот е должен да ја плати ценат во
времето и на местото определено во договорот. Плаќањето се врши во моментот и во
местото во кое се врши предавањето на предметот. Ако предметот е продаден на
кредит, купувачот должи и камата. Во случај на последователни испораки, купувачот е
должен да ја исплати цената за секоја испорака во моментот на нејзиното преземање,
освен ако нешто друго е договорено или произлегува од околностите на работата.
Преземањето на предметот се состои во вршење на потребните дејствија за да биде
возможно предавањето, како и во однесување на предметот.

7. Одговорност на продавачот за материјалните недостатоци воопшто


Продавачот одговара за материјалните недостатоци на предметот што тој ги имал во
моментот на преминувањето на ризикот врз купувачот, без оглед дали тоа му било
познато. Продавачот одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по
преминувањето на ризикот врз купувачот ако се последица од причина што постоела
пред тоа. Незначителниот материјален недостаток не се зема предвид. Недостаток
постои: 1) ако предметот ги нема потребните својства за негова редовна употреба или
за промет; 2) ако предметот ги нема потребните својства за особената употреба за која
го набавува купувачот, а која му била позната на продавачот или морала да му биде
позната; 3) ако предметот ги нема својствата и одлуките што се изречно или премолчно
договорени, односно пропишани и 4) кога продавачот предал предмет кој не е
соодветен на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани
само заради известување. Продавачот не одговара за недостатоците, ако во моментот на
склучувањето на договорот му биле познати на купувачот или не можеле да му останат
непознати. Купувачот е должен примениот предмет на вообичаен начин да го прегледа
и за видливите недостатоци да го извести продавачот во рок од осум дена. Кога по
приемот на предметот од страна на купувачот ќе се покаже дека предметот има некој
недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на

42
предметот (скриен недостаток), купувачот е должен, под закана на губење на правото,
за тој недостаток да го извести продавачот во рок од осум дена, сметајќи од денот кога
го открил недостатокот, а кај трговски договор без одлагање. Продавачот не одговара
за недостатоците што ќе се покажат откако ќе изминат шест месеци од предавањето на
предметот, освен кога со договорот е определен подолг рок. Договарачите можат да ја
ограничат или сосема да ја исклучат одговорноста на продавачот за материјалните
недостатоци на предметот.

8. Договор за градење (поим)


Договорот за градење е договор за дело со кој изведувачот се обврзува да изгради
според определен проект во договорениот рок определен градеж на определено
земјиште, или да изврши на такво земјиште односно на веќе постоен објект некакви
други градежни работи, а нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати определена
цена. Договорот за градење мора да биде склучен во писмена форма. Под градеж, се
подразбираат зградите, браните, мостовите, тунелите, водоводите, канализациите,
патиштата, железничките пруги, бунарите и другите градежни објекти чија изработка
бара поголеми и посложени работи. Изведувачот е должен да му овозможи на
нарачувачот постојан надзор над работите и контрола на количеството, квалитетот и
соодветноста на употребениот материјал. За секое отстапување од проектот за
градење, односно од договорените работи изведувачот мора да има писмена согласност
од нарачувачот. Цената на работите може да се определи по единица мерка на
договорените работи (единечна цена) или во вкупен износ за целиот објект (вкупно
договорена цена). Изведувачот што ја исполнил својата обврска во предвидениот рок
може да бара зголемување на цената на работите ако во исполнување, а без негово
влијание се зголемиле цените на елементите врз основа на кои е определена цената на
работите, така што би требало таа цена да биде поголема за повеќе од 2%. Ако
договорената цена би морала да биде значително зголемена, нарачувачот може да го
раскине договорот. Ако во времето меѓу склучувањето на договорот и исполнувањето
на обврската на изведувачот цените на елементите врз основа на кои е определена
цената на работите се намалиле за повеќе од 2%, а работите се извршени во
договорениот рок, нарачувачот има право да бара соодветно намалување на
договорената цена на работите над тој процент.

9. Одговорност за недостатоците кај договор за дело


Со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се
обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој
предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а
нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надоместок. Нарачувачот е должен да го
прегледа извршеното дело штом тоа според редовниот тек на работата е возможно и за
најдените недостатоци да го извести вршителот на работата без одлагање. По прегледот
и примањето на извршената работа вршителот на работата повеќе не одговара за
недостатоците што можеле да се забележат со обичен преглед, освен ако знаел за нив, а
не му ги покажал на нарачувачот. Ако подоцна се покаже некој недостаток кој не
можел да се открие со обичен преглед, нарачувачот сепак може да се повика на него
под услов за него да го извести вршителот на работата што побргу, а најдолго во рок од
еден месец од неговото откривање. Со истекот на две години од приемот на извршената
работа, нарачувачот повеќе не може да се повика на недостатоците. Нарачувачот кој
уредно го известил вршителот на работата дека извршената работа има некој
недостаток, може од него да бара да го отстрани недостатокот и за тоа да му определи
примерен рок. Тој има право и на надомест на штетата што ја трпи поради тоа. Кога
извршената работа има таков недостаток кој ја прави неупотреблива или е извршена во
спротивност со изречните услови на договорот, нарачувачот може, небарајќи претходно
отстранување на недостатокот, да го раскине договорот и да бара надомест на штетата.

10. Одговорност на изведувачот и проектантот за солидноста на градеж

43
Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градеж што се однесуваат на
неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години
од предавањето и приемот на работите. Изведувачот одговара и за недостатоците на
земјиштето на кое е подигнат градежот, што би се покажале за време на десет години
од предавањето и приемот на работите, освен ако специјализирана организација дала
стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се
појавиле околности кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното
мислење. Истото важи и за проектантот ако недостатокот на градеж или земјиштето
произлегува од некој недостаток во проектот. Истото важи и за лицето кое вршело
надзор ако недостатокот на градеж или земјиштето произлегува од некој недостаток во
спроведување на надзорот. Нивната одговорност не може со договорот ниту да се
исклучи, ниту да се ограничи. Нарачувачот или друг стекнувач е должен за
недостатоците да ги извести изведувачот, проектантот или лицето кое вршело надзор
во рок од шест месеци од кога го установил недостатокот, инаку го губи правото да се
повика на него. Изведувачот не се ослободува од одговорноста ако штетата настанала
поради тоа што при изведувањето на определени работи постапувал според барањата
на нарачувачот. Кога за штетата се одговорни изведувачот, проектантот или лицето
кое вршело надзор, одговорноста на секој од нив се определува според големината на
неговата вина. Проектантот што изработил проект за градеж и на кого му е доверен
надзорот над извршувањето на планираните работи, одговара и за недостатоците во
извршените работи настанати по вина на изведувачот ако можел да ги забележи со
нормално и разумно надгледување на работите, но има право да бара од изведувачот
соодветен надомест. Лицето кое го врши надзорот одговара и за недостатоците во
извршените работи, ако можело да ги забележи при совесен надзор на работите, но има
право да бара од изведувачот соодветен надоместок.

11. Договор за превоз на предмети


Со договорот за превоз се обврзува превозникот да превезе на определено место некој
предмет, а испраќачот се обврзува за тоа да му исплати определен надомест.
Превозникот е должен предметот што го примил за превоз да му го предаде на
определеното место на испраќачот или на определено лице (на примачот). Испраќачот е
долежен да го извести превозникот за видот на пратката и за нејзината содржина и
количество и да му соопшти каде треба да биде превесена пратката, името и адресата
на примачот на пратката, своето име и својата адреса, како и се друго што е потребно за
да може превозникот да ги исполни своите обврски без одлагање и пречки. Кога во
пратката се наоѓаат скапоцености, хартии од вредност или други скапоцени предмети,
испраќачот е должен да го извести за тоа превозникот во моментот на нивното
предавање за превоз и да му ја соопшти нивната вредност. Кога се работи за превоз на
опасен предмет или на предмет за кој се потребни посебни услови за превоз,
испраќачот е должен за тоа да го извести превозникот навреме, така што тој да може да
преземе соодветни посебни мерки. Ако испраќачот не му ги даде на превозникот
потребните податоци или ако му ги даде погрешно, одговара за штетата што би
настанала поради тоа.

12. Товарен лист


Со договорот за превоз се обврзува превозникот да превезе на определено место некој
предмет, а испраќачот се обврзува за тоа да му исплати определен надомест.
Договарачите можат да се спогодат за пратката предадена на превоз да се направи
товарен лист. Товарниот лист треба да содржи: име и адреса на испраќачот и на
превозникот, вид, содржина и количество на пратката, како и вредност на
скапоценостите и на другите скапоцени предмети, место на определувањето, износ на
надоместот за превоз, односно забелешка дека надоместот е платен однапред, одредба
за износот со која е оптоварена пратката, место и ден на издавањето на товарниот лист.
Во товарниот лист можат да бидат внесени и другите одредби од договорот за превоз.
Товарниот лист мора да биде потпишан од двата договарача. Товарниот лист може да

44
содржи одредба “по наредба” или да гласи на доносител. Постоењето и полноважноста
на договорот за превоз се независни од постоењето на товарниот лист и неговата
точност. Ако не е издаден товарен лист, испраќачот може да бара од превозникот да му
издаде потврда за приемот на пратката за превоз со податоците што треба да ги содржи
товарниот лист.

13. Однос на испраќачот и превозникот


Испраќачот е должен да го спакува предметот на пропишаниот или вообичаениот
начин за да не дојде до настанување на некаква штета или до загрозување на
сигурноста на луѓето или на добрата. Превозникот е должен да му сврти внимание на
испраќачот за недостатоците на пакувањето што можат да се забележат, инаку ќе
одговара за оштетувањето на пратката што би се случило поради тие недостатоци.
Превозникот е должен да ја одбие пратката ако недостатоците во нејзиното пакување се
такви што да може да биде загрозена сигурноста на лицата или добрата или да биде
причинета некаква штета. Испраќачот е должен да му ги исплати на превозникот
надоместот за превозот и другите трошоци во врска со превозот. Испраќачот може да
располага со пратката и да ги менува налозите содржани во договорот, па може да му
наложи на превозникот да го запре натамошниот превоз на пратката, да му ја врати
пратката, да му ја предаде на друг примач или да ја упати во некое друго место.
Превозникот е должен да го изврши превозот по договорениот пат. Превозникот е
должен да го известува испраќачот за сите околности што би биле од влијание врз
извршувањето на превозот и да постапи според упатствата што ќе ги добие од него.
Ако превозот е прекинат поради некоја причина за која одговара превозникот, тој има
право на сразмерен дел од надоместот за извршениот превоз, но е должен да ја
надомести штетата што би настанала за другата страна поради прекинувањето на
превозот. Ако превозникот му ја предал пратката на примачот, а од него не ја наплатил
сумата со која била оптоварена, должен е да му ја исплати таа сума на испраќачот, но
има право да бара надомест од примачот.

14. Однос на превозникот и примачот


Превозникот е должен да го извести примачот без одлагање дека пратката е
пристигната, да му ја стави на располагање како што е договорено и да му го поднесе
товарниот лист ако е издаден. Во случај кога е издаден товарен лист по наредба или
доносител, тој е должен да постапи така, само ако во товарниот лист е означено лицето
во мерстото на определувањето кое треба да се извести дека пратката е пристигната.
Примачот може да ги врши правата од договорот за превоз спрема превозникот и од
него да бара да му ги предаде товарниот лист и пратката дури откако таа ќе пристигне
во местото на определувањето. Овластеното лице има право да бара записнички да се
утврди идентичноста на пратката и ако пратката е оштетена, во што се состои
оштетувањето. Со преземањето на пратката и товарниот лист ако е издаден, примачот
се обврзува да му го исплати на превозникот надоместот за превозот, ако во договорот
за превоз или во товарниот лист не е определено нешто друго, како и да му ги исплати
сумите со кои е оптоварена пратката.

15. Одговорност на превозникот за загубување, оштетување и задоцнување на


пратка
Превозникот одговара за загубување или оштетување на пратка што би се случило од
моментот на преземањето до нејзиното предавање, освен ако се причинети со дејствие
на овластеното лице, со својствата на пратката или со надворешни причини што не
можеле да се предвидат, ниту да се избегнат или отстранат. Ништовни се одредбите на
договорот за превоз со кои се намалува оваа одговорност. Полноважна е одредбата со
која однапред се определува највисокиот износ на надоместот, под услов да не е во
очигледен несразмер со штетата. Ако не е договорено поинаку, висината на надоместот
се определува според пазарната цена на пратката во времето и местото на предавањето
за превоз. Во случај на загубување или оштетување на пратка во која се наоѓале

45
скапоцености, хартии од вредност или други скапоцени предмети, превозникот е
должен да ја надомести така настанатата штета само ако при предавањето на
предметите на превоз бил известен за природата на тие предмети и за нивната вредност,
или ако штетата ја предизвикал намерно или со крајно невнимание. Во случај на
целосно загувување на пратката превозникот е должен, покрај надоместот на штетата
на испраќачот да му го врати надоместот за превоз ако истиот е платен. Кога примачот
ќе преземе пратка без приговор и на превозникот ќе му ги исплати неговите
побарувања, престанува одговорноста на превозникот, освен ако оштетувањето
записнички е утврдено пред преземањето на пратката. Превозникот одговара за
штетата настаната поради задоцнување, освен ако задоцнувањето е причинето со некој
факт кој ја исклучува неговата одговорност за загубувањето или оштетувањето на
предметот. Превозникот одговара за лицата што по негов налог работеле врз
извршувањето на превозот.

16. Договор за складирање (поим)


Со договорот за складирање се обврзува складиштарот да прими и чува определени
стоки и да ги презема потребните или договорени мерки заради нивно зачувување во
определена состојба, да ги предаде по барање од давачот на депозит или од друго
овластено лице, а давачот на депозит се обврзува да му плати за тоа определен
надомест. При предавањето на стоките давачот на депозит е должен да ги даде сите
потребни известувања за нив и да изјави колкава е нивната вредност. Складиштарот
одговара за штетата на стоките освен ако докаже дека штетата е причинета поради
околности што не можеле да се избегнат или отстранат, или е причинета по вина на
давачот на депозитот, поради недостатоците или природните својства на стоките, како
и поради неисправната амбалажа. Складиштарот е должен да ги осигури стоките
примени на чување, само ако е тоа договорено. Надоместот на штета што
складиштарот е должен да го плати поради пропаѓање, намалување или оштетување на
стоките за време од нивниот прием до предавањето, не може да ја надмине вистинската
вредност на стоките, освен ако штетата ја причинил намерно или со крајно невнимание.
Складиштарот е должен да му дозволи на овластеното лице да ги прегледува стоките и
да зема мостра од нив. Покрај надоместот за чување, складиштарот има право на
надомест на трошоците што биле потребни за зачувување на стоките. Давачот на
депозит може стоките да ги подигне и пред договорениот рок. Примачот на стоки е
должен да ги прегледа стоките во моментот на нивното преземање. Ако при
преземањето на стоките забележи недостатоци, примачот е должен веднаш да го
предупреди за тоа складиштарот, инаку се смета дека стоките се уредно примени.

17. Складишница (состојки и содржина)


Складиштарот што врз основа на законот е овластен за стоките примени на складирање
да издаде складишница, должен е да му ја издаде на давачот на депозит по негово
барање. Складишницата се состои од признаница и заложница. Признаницата и
заложницата ги содржат податоците: назив, односно име и занимање на давачот на
депозит, негово седиште односно живеалиште, назив и седиште на складиштарот,
датум и број на складишницата, место каде се наоѓа складот, вид, природа и количество
на стоките, навод за тоа до кој износ се стоките осигурени, како и други податоци
потребни за распознавање на стоките и за определување на нивната вредност.
Признаницата и заложницата мораат да се повикуваат една на друга. Давачот на
депозит може да бара складиштарот да ги подели стоките на определени делови и за
секој дел да му издаде посебна складишница. Имателот на складишница има право да
бара да му се предадат стоките означени во неа. Признаницата и заложницата можат да
се пренесуваат со индосамент, заедно или одделно. При секој пренос, на нив мора да
биде забележан датумот. Преносот на признаницвата без заложница му дава на
примачот право да бара да му се предадат стоките само ако му го исплати на имателот
на заложницата или ако му го положи на складиштарот за имателот на заложницата
износот што треба да му биде исплатен на денот на стасаноста на побарувањето.

46
Преносот на заложница без признаница му дава на примачот право на залог над
стоките. При првиот пренос, на заложницата мораат да бидат забележани називот,
односно името и занимањето на доверителот, неговото деловно седиште односно,
живеалиште, износот на неговото побарување, сметајќи ги и каматите и датумот на
стасувањето.

18. Договор за комисион


Со договорот за комисион се обврзува комисионерот за надомест (провизија) да изврши од
свое име и за сметка на комитентот една или повеќе работи што му ги доверува
комитентот. Комисионерот има право на надомест и кога овој не е договорен.
Комисионерот му одговара на комитентот за штетата ако му продал стоки на лице за
чија презадолженост знаел или можел да знае. Комисионерот кому му е доверено да
продаде или да купи некои стоки котирани на берзата или на пазарот може, ако му го
дозволил комитентот, да ги задржи стоките за себе како купувач, односно да ги
испорача како продавач, по цената во време на извршувањето на доверената работа.
Комисионерот е должен да ги чува доверените стоки со внимание на добар
стопанственик. При преземањето од превозникот на стоките што му ги испратил
комитентот, комисионерот е должен да ја утврди нивната состојба и да го извести без
одлагање комитентот за денот на пристигнувањето на стоките, како и за видливите
оштетувања или кусокот, инаку ќе одговара за штетата што поради тоа пропуштање би
настанала за комитентот. Комисионерот е должен да му соопшти на комитентот со кое
лице ја извршил работата што му ја доверил комитентот. Комисионерот е должен да
положи сметка за извршената работа без непотребно одлагање. Комисионерот одговара
за исполнувањето на обврските на својот содоговарач само ако посебно гарантирал
дека тој своите обврски ќе ги исполни (делкредере), во кој случај тој одговара
солидарно со него. Комисионерот кој гарантирал за исполнувањето на обврските на
својот содоговорач има право и на посебен надомест (делкредере провизија).
Комитентот е должен да му исплати на комисионерот надомест кога ќе биде извршена
работата што ја извршил комисионерот, како и ако извршувањето на работата биде
спречено од некоја причина за која одговара комитентот. Ако износот на надоместот не
е определен со договор или тарифа на комисионерот му припаѓа надомест според
извршената работа и постигнатиот резултат. Комитентот е должен да му ги надомести
на комисионерот трошоците што биле потребни за извршување на налогот, со камата
од денот кога се направени. Комитентот не е должен да му авансира на комисионерот
потребни средства за извршување на доверената работа.

19. Договор за експедирање (шпедиција)


Со договорот за експедирање се обврзува експедиторот да склучи, заради превоз на
определен предмет од свое име и за сметка на налогодавецот, договор за превоз и други
договори потребни за извршување на превозот, како и да ги изврши другите
вообичаени работи и дејствија, а налогодавецот се обврзува да му исплати определен
надомест. Експедиторот може да склучува договор за превоз и да презема други правни
дејствија од името и за сметка на налогодавецот. Експедиторот е должен да го
предупреди налогодавецот за недостатоците во неговиот налог, особено за оние што го
изложуваат на поголеми трошоци или на штета. Експедиторот е должен во секоја
прилика да постапи како што тоа го бараат интересите на налогодавецот и со внимание
на добар стопанственик. Експедиторот е должен да се придржува кон упатствата за
правецот на патот, за средствата и начинот на превозот, како и кон другите упатства
добиени од налогодавецот. Експедиторот одговара за изборот на превозникот како и за
изборот на други лица со кои во извршувањето на налогот склучил договор
(складирање на стоки и слично), но не одговара и за нивната работа, освен ако таа
одговорност ја презел со договорот. Налогот за експедирање на предмети преку
границата содржи обврска за експедиторот да ги спроведе потребните царински
дејствија и да ги исплати царинските давачки за сметка на налогодавецот.
Експедиторот може и самиот да изврши наполно или делумно превоз на предметите,

47
чие експедирање му е доверено. Експедиторот е должен да ја осигури пратката само
ако е тоа договорено. Експедиторот е должен по завршената работа да му положи
сметка на налогодавецот. Налогодавецот е должен да му исплати на експедиторот
надомест според договорот, а ако надоместот не е договорен, тогаш надомест што е
определен со тарифата или со некој друг опш акт, а во недостиг на овој, надоместот го
определува судот. Експедиторот може да бара надомест кога ќе ги изврши своите
обврски од договорот за експедирањето. Налогодавецот е должен да му ги надомести
на експедиторот потребните трошоци направени заради извршување на налогот за
експедирање на предмети.

20. Договор за организирање на патување (поим)


Со договорот за организирање на патување се обврзува организаторот на патувањето да
му прибави на патникот збир на услуги кои се состојат од превоз, престој и други
услуги што се врзани со нив, а патникот се обврзува на организаторот да му плати една
вкупна (паушална) цена. Организаторот на патувањето при склучувањето на договорот
му издава на патникот потврда за патувањето. Потврдата за патувањето треба да
содржи: место и датум на издавањето; ознака и адреса на организаторот на патувањето;
име на патникот; место и датум на почетокот и крајот на патувањето, датуми на
престојот, нужни податоци за превозот, престојот, како и за другите услуги што се
опфатени со вкупната цена; најмал број на потребните патници; вкупната цена за
збирот на условите предвидени со договорот; услови под кои патникот може да бара
раскинување на договорот, како и другите податоци за кои смета дека е корисно да
бидат содржани во потврдата. Постоењето и полноважноста на договорот за
организирање на патување се независни од постоењето на потврдата за патување и од
нејзината содржина. Организаторот на патувањето е должен на патникот да му даде
услуги што ги имаат содржината и својствата предвидени со договорот, со потврдата,
односно со програмата за патување и да се грижи за правата и интересите на патникот,
согласно со добрите деловни обичаи во оваа област. Организаторот на патувањето
одговара за штетата што ќе му ја причини на патникот, поради целосно или делумно
неизвршување на обврските кои се однесуваат на организирањето на патувањето,
предвидени со договорот и со овој закон. Ако условите од договорот за организирање
на патувањето се извршени нецелосно или неквалитетно, патникот може да бара
сразмерно намалување на цената под услов да ставил приговор до организаторот на
патувањето во рок од осум дена од денот на завршувањето на патувањето. Патникот е
должен да организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за
патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Патникот е должен
по барање од организаторот навремено да ги достави сите податоци потребни за
организирање на патувањето, а посебно за прибавување на превозни билети,
резервација за сместување, како и исправи потребни за преминување преку границата.
Патникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со
неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и од одредбите на
овој закон.

21. Договор за ангажирање на угостителски капацитети (договор за алотман)


Со договорот за алотман угостителот се обврзува во текот на определено време да и
стави на располагање на туристичката агенција определен број легла во определен
објект, да им даде угостителски услуги на лицата што ќе ги упати агенцијата и да и
плати определена провизија, а оваа се обврзува да настојува да ги пополни односно да
извести во утврдените рокови дека тоа не го може, како и да ја плати цената на
дадените услуги доколку ги користела ангажираните хотелски капацитети. Договорот
за алотман мора да биде склучен во писмена форма. Туристичката агенција е должна да
го известува угостителот за текот на пополнувањето на сместувачките капацитети.
Туристичката агенција не може на лицата кои ги праќа во угостителски објект да им
засметува поголеми цени за угостителските услуги од оние што се предвидени со
договорот за алотман или со угостителскиот ценовник. Туристичката агенција е должна

48
на лицата кои ги праќа врз основа на договор за алотман да им издаде посебна писмена
исправа. Угостителот презема конечна и неотповиклива обврска во тек на определено
време да стави на користење договорен број легла и да им даде на лицата кои ги
упатува туристичката агенција услугите наведени во посебната писмена исправа.
Угостителот не може да ги менува договорените цени ако за тоа не ја извести
туристичката агенција најмалку шест месеци однапред. Угостителот е должен на
туристичката агенција да и исплати провизија на прометот остварен врз основа на
договорот за алотман. Туристичката агенција може привремено да се откаже од
користењето на ангажираните сместувачки капацитети, а со тоа да не го раскине
договорот за алотман, ниту да создаде за себе обврска за надомест на штета на
угоситителот, доколку во договорениот рок му прати известување за откажувањето на
користењето.

22. Договорот за осигурување (поим)


Со договорот за осигурување се обврзува договарачот на осигурувањето, врз начелата
на заемност и солидарност да здружува определен износ во друштвото за осигурување,
односно во друштвото за ризици (осигурувач) а друштвото се обврзува ако дојде до
настан кој претставува осигурен случај да му го исплати на осигуреникот или на некое
трето лице надоместот, односно осигурената сума или да направи нешто друго.
Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде
иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот. Договорот за
осигурување е склучен кога договарачите ќе ја потпишат полисата на осигурување или
листата на покритието. Во полисата мораат да бидат наведени: договорните страни,
осугурениот предмет, односно осигуреното лице, ризикот опфатен со осигурувањето,
траењето на осигурувањето и периодот на покритието, сумата на осигурувањето и дека
осигурувањето е неограничено; премијата или придонесот, датумот на издавањето на
полистата и потписи на договорните страни. Тој што ќе склучи договор за осигурување
од името на друг без негово овластување, му одговара на осигурувачот за обврските од
договорот се додека оној од чие име е склучен договорот не ќе го одобри. Во случај на
осигурување за туѓа сметка или за сметка на оној на кого се однесува, обврските за
плаќање на премијата и другите обврски од договорот е должен да ги извршува
договарачот на осигурувањето, дури и кога држи полиса, без согласност од лицето чиј
интерес е осигурен и кому тие му примаѓаат.

23. Обврски на осигуреникот и осигурувачот


Договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот е должен при склучувањето на
договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се од значење за оцена
на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати. Ако
договарачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава или намерно
премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор
ако занел за вистинската состојба на работите, осигурувачот може да бара
поништување на договорот. Ако договарачот на осигурувањето направил неточна
пријава или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно,
осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста
или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи
зголемување на пријавата сразмерно со поголениот ризик. Осигуреникот е должен да ја
плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на
премијата од секое лице кое има правен интерес за таа да биде платена. Осигуреникот е
должен кога е во прашање осигурување на имот да го извести осигурувачот за секоја
промена на околностите која може да биде од значење за оцена на ризикот, а кога е во
прашање осигурување на лица, тогаш само ако ризикот е зголемен поради тоа што
осигуреното лице ја променило професијата. Осигуреникот е должен, освен во случај
на осигурување на живот, да го извести осигурувачот за настапувањето на осигурениот
случај најдоцна во рок од три дена од кога дознал за тоа. Кога ќе настане осигурен
случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со

49
договорот во договорениот рок кој неможе да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога
осигурувачот добил известување дека настанал осигурениот случај. Ако осигуреникот,
осигурувачот или корисникот предизвикал осигурен случај намерно или со измама,
осигурувачот не е обврзан на никакви давања, а спротивната договорна одредба нема
никакво дејство. Против барањето на донесувачот на полисата, како и барањето на
некое друго лице кое се повикува на неа, осигурувачот може да ги истакне сите
приговори што ги има во врска со договорот спрема лицето со кое го склучил
договорот за осигурување.

24. Осигурување на имот


Со договорот за осигурување се обврзува договарачот на осигурувањето, врз начелата
на заемност и солидарност да здружува определен износ во друштвото за осигурување,
односно во друштвото за ризици (осигурувач) а друштвото се обврзува ако дојде до
настан кој претставува осигурен случај да му го исплати на осигуреникот или на некое
трето лице надоместот, односно осигурената сума или да направи нешто друго.
Осигурување на имот може да склучи секое лице кое има интерес да не настане
осигурениот случај, зошто инаку би претрпело некоја материјална загуба. Со
осигурувањето на имот се обезбедува надомест за штетата која би настанала во имотот
на осигуреникот поради настанувањето на осигурениот случај. Износот на надоместот
не може да биде поголем од штетата која осигуреникот ја претрпел со настапувањето
на осигурениот случај. При утврдувањето на износот на штетата се зема предвид
пропуштената добивка само ако е тоа договорено. Осигуреникот е должен да ги
преземе пропишаните, договорените и сите други мерки потребни за да се спречи
настанувањето на осигурениот случај, а ако осигурениот случај настапи, е должен да
преземе се што е во негова моќ да се ограничат неговите штетни последици. Ако
осигурениот предмет или предметот во врска со чија употреба е склучено осигурување
пропадне за време на периодот на осигурувањето поради некој настан кој не е
предвиден во полисата, договорот престанува да важи понатаму, а осигурувачот е
должен да му врати на договарачот, на осигурувањето дел од премијата сразмерно со
преостанатото време. Осигурувачот е должен да ги надомести штетите настанати
случајно или по вина на договарачот на осигурувањето, на осигуреникот или на
корисникот на осигурувањето, освен ако во поглед на определена штета оваа негова
обврска изречно е исклучена со договорот за осигурување. Тој не одговара за штетата
што тие лица ја причиниле намерно. Осигурувачот не одговара за штетата на
осигурениот предмет која потекнува од неговите недостатоци. Осигурувачот не е
должен да ги надомести штетите причинети од воени операции или бунтови. Ако при
склучувањето на договорот една страна се послужила со измама и така договорила
сума на осигурувањето поголема од вистинската вредност на осигурениот предмет,
другата страна може да бара поништување на договорот.

25. Осигурувања на лица


Во договорите за осигурување на лица (осигурување на живот и осигурување од
несреќен случај), висината на осигурената сума што осигурувачот е должен да ја
исплати кога ќе настане осигурениот сличај, се утврдува со полисата според спогодбата
на договорните страни. Во полисата за осигурување на животот мораат да бидат
назначени: името и презимето на лицето на чијшто живот се однесува осигурувањето,
датумот на неговото раѓање и настанот или рокот од кој зависи настанувањето на
правото да се бара исплата на осигурената сума. Полисата за осигурување не живот
може да гласи на определено лице или по наредба. Договорот за осигурување на живот
е ништовен и осигурувачот е должен во секој случај да ги врати сите примени премии,
ако при неговото склучување неточно е пријавена староста на осигуреникот, а неговата
вистинска граница ја преминува границата на староста до која осигурувачот, според
своите услови и тарифи, врши осигурување на живот. Осигурувањето на живот и
осигурувањето од несреќен случај може да се однесува на договарачот на
осигурувањето, а може да се однесува и на некој трет. Со договорот за осигурување за

50
случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се
случило во првата година од осигурувањето. Осигурувачот се ослободува од обврската
да му ја исплати на корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт
на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии,
да му ја исплати математичката резерва од договорот на договарачот на осигурувањето,
а ако е тој осигуреник, на неговите наследници. Осигурувачот се ослободува од
обврската од договорот за осигурување од несреќен случај, ако осигуреникот намерно
го предизвикал несреќниот случај. Полисата за осигурување на живот може да биде
дадена во залог. Договарачот на осигурувањето на живот може во договорот, како и со
некоја подоцнежна правна работа, па и со тестамент, да го определи лицето на кое ќе
му припднат правата од договорот. Одредбата со која користа од осигурувањето му се
доделува на определено лице може да ја отповика само договарачот на осигурувањето.
Осигурената сума што треба да му биде исплатена на корисникот не влегува во
оставината на договарачите на осигурувањето. Доверителите на договарачот на
осигурувањето и на осигуреникот немаат никакво право на осигурената сума
договорена за корисникот. Ако договарачот на осигурувањето за случај на смрт не
определил корисник, осигурената сума му припаѓа на имотот на договарачот на
осигурувањето и како негов дел преминува на другите негови права врз неговите
наследници.

26. Упатување (асигнација)


Со упатување (асигнација) едно лице, упатувач (асигнат) овластува друго лице,
упатеник, (асигнат), за негова сметка да изврши нешто за определено трето лице,
примач на упатување (асигнатор), а него го овластува да го прими тоа извршување од
свое име. Примачот на упатување стекнува право да бара од упатеникот исполнување
дури кога овој ќе му изјави дека го прифаќа упатувањето. Прифаќањето на упатувањето
не може да се отповика. Со прифаќањето на упатувањето меѓу примачот на
упатувањето и упатеникот настанува должнички однос независен од односот меѓу
упатувачот и упатеникот, како и од односот меѓу упатувачот и примачот на
упатувањето. Примачот на упатување може да го пренесе упатувањето врз друг и пред
прифаќањето од упатеникот, а овој може да го пренесе понатаму, освен кога од самото
упатување или од посебни околности произлегува дека тоа е непреносливо. Правото на
примачот на упатувањето да бара исполнување од упатеникот застарува за една година.
Доверителот не е должен да се согласи со упатувањето што му го направил должникот
заради исполнување на својата обврска, но е должен за своето одбивање веднаш да го
извести должникот, инаку ќе му одговара за штетата. Упатеникот не е должен да го
прифати упатувањето, дури и ако му е должник на упатувачот, освен ако тоа му го
ветил. Смртта на упатувачот, на примачот на упатување или на упатеникот, како и
лишувањето од деловната способност на некого од нив, нема влијание врз упатувањето.
Писмено упатување може да биде издадено на доносител. Во тој случај, секој имател на
хартија има спрема упатеникот положба на примач на упатување. Писмено упатување
кое гласи на пари, на хартии од вредност или на заменливи предмети, може да биде
издадено со одредбата “по наредба”, ако уапеникот е лице кое се занимава со трговска
дејност и ако она што треба да го изврши влегува во рамките на таа дејност.

27. Договор за кредит (поим, форма, содржина)


Со договорот за кредит банката се обврзува на корсникот на кредитот да му стави на
располагање определен износ на парични средства, на определено или неопределено
време, за некоја намена или без утврдена намена, а корисникот се обврзува на банката
да и ја плаќа договорената камата и добиениот износ пари да го врати во времето и на
начинот како што е утврдено со договорот. Договорот за кредит мора да биде склучен
во писмена форма. Со договорот за кредит се утврдуваат износот, како и условите за
давање, користење и враќање на кредитот. Договорот за кредит, банката може да го
откаже пред истекот на договорениот рок ако кредитот е користен во спротивност со
неговата намена. Корисникот на кредитот може да се откаже од договорот пред да

51
почне да го користи кредитот. Корисникот на кредитот може да го врати кредитот и
пред рокот определен за враќње, но е должен за тоа однапред да ја извести банката. Со
договорот за кредит врз основа на залог на хартии од вредност банката одобрува кредит
во определен износ со обезбедување залог на хартиите од вредност што му припаѓаат
на корисникот на кредитот или на трет кој ќе се согласи со тоа. Договорот за кредит врз
основа на залог на хартии од врдност мора да биде склучен во писмена форма и да го
содржи назначувањето на хартиите од вреднот што се заложуваат, називот, односо
фирмата и седиштето односно живеалиштето на имателот на хартиите, износот и
условите на одобрениот кредит, како и износот и вредноста на хартиите што е земена
прдвид за одобрување на кредитот. Ако корисникот не го врати добиениот кредит по
стасаноста, банката може да ги продаде заложените хартии од вредност.

28. Акредитиви
Со прифаќањето на барањето на налогодавецот за отворање на акредитиви,
акредитивната банка се обврзува дека на корисникот на акредитивот ќе му ја исплати
определената парична сума ако до определеното време бидат исполнети условите
наведени во налогот за отворање на акредитив. Акредитивот мора да биде составен во
писмена форма. Банката е обврзана спрема корисникот од денот кога му е соопштено
отворањето на акредитивот. Акредитивот е независен од договорот за продажба или од
друга работа по чиј повод е отворен акредитивот. Документарен акредитив постои кога
банката е должна да му исплати на корисникот на акредитивот определена парична
сума под услов да & бидат поднесени документите според условите утврдени во
акредитивот. Документарниот акредитив може да биде отповиклив или неотповиклив.
Отповикливиот документарен акредитив не ја врзува банката спрема корисникот, па во
секој момент може да го измени или да го отповика на барање од налогодавецот или по
сопствена иницијатива, ако е тоа во интерес на налогодавецот. Неотповиклив
документарен акредитив содржи самостојна и непосредна обврска на банката спрема
корисникот. Ова обврска може да биде укината или изменета само со спогодба на сите
заинтересирани страни. Банката е должна да испита дали документите се сообразни во
се со барањата на налогодавецот. Банката не презема никаква одговорност ако
поднесените документи на изглед се сообразни со упатствата на налогодавецот.
Документарниот акредитив е пренослив или делив само ако банката која отвора
акредитив во корист на корисникот што го означил налогодавецот е овластена во
упатствата од првиот корисник да им плати во целост, или делумно на едно или на
поголем број трети лица. Акредитивот може да го пренесе, врз основа на изречени
упатства, само банката која го отвора и тоа само еднаш, доколку не е договорено
спротивно.

29. Банкарска гаранција (поим)


Со банкарската гранција банката се обврзува спрема примачот на гаранцијата
(корисникот) дека во случај трето лице да ме му ја исполни овбрската во рокот на
стасаноста, ќе му ја намири обврската ако бидат исполнети условите наведени во
гаранцијата. Гаранцијата мора да биде издадена во писмена форма. Банката намирува
обврска од гаранција во пари и во случај со гаранцијата да се обезбедува непарична
обврска. Ако друга банка ја потврди обврската од гаранцијата, корисникот може своите
барања од гаранцијата да ги поднесе било до банката што ја издала гаранцијата да ги
поднесе било до банката што ја издала гаранцијата, било до онаа што ја потврдила
гаранцијата. Своите права од банкарската гранција, корисникот може да му ги отстапи
на трет само со отстапување на побарувањето што е обезбедено со гаранцијата и со
пренос на своите обврски во врска со обезбеденото побарување. Ако банкарската
гаранција содржи клаузула “без приговор”, на “прв повик” или содржи зборови што
имаат исто значење, банката не може да ги истакнува спрема корисникот приговорите
што налогодавецот како должник може да ги истакнува спрема корисникот по
обезбедената обврска. Налогодавецот е должен да и го плати на банката секој износ
што го платила банката врз основа на гаранција издадена со таква клаузула.

52
Корисникот на гаранцијата му го должи на налогодавецот износот примен врз основа
на гаранцијата на кој инаку не би имал право поради оправданите приговори на
налогодавецот.

30. Хартии од вредност (поим, видови, издавање)


Хартија од вредност е писмена исправа со која нејзиниот издавач се обврзува дека ќе
му ја исполни на нејзиниот законит имател обврската запишана во таа исправа. Видови:
1. Акција е сопственичка хартија од вредност, која претставува неделив и идеален дел
од основната главнина на акционерското друштво или командитното друштво со акции.
Акциите можат да бидат обични и приоритетни; 2. Благајнички запис е краткорочна
хартија од вредност издадена од НБРМ, која се продава по дисконтирана вредност, а на
денот на пристигнување издавачот ја исплаќа номиналната вредност; 3.
Дематеријализирана хартија од вредност" е хартија од вредност којашто се води како
електронски запис; 4. Државен запис е краткорочна должничка хартија од вредност
издадена од РМ; 5. Долгорочна хартија од вредност е хартија од вредност чиј рок на
пристигнување е една календарска година или подолго од денот на нејзиното издавање;
6. Комерцијален запис е должничка краткорочна хартија од вредност издадена од АД
или КДА, со која издавачот се обврзува дека на сопственикот ќе му ја исплати
номиналната вредност и договорената камата на точно определен датум на
достасување. Комерцијалниот запис може да има фиксна или варијабилна каматна
стапка, или да биде без камата; 7. Краткорочна хартија од вредност е хартија од
вредност чиј рок на пристигнување е пократок од една календарска година од денот на
издавањето; 8. Обврзница е долгорочна должничка хартија од вредност, со која
издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати, ќе
му го исплати на определениот ден, износот на номиналната вредност на обврзницата и
каматата. Обврзницата може да биде обезбедена или необезбедена, да има фиксна или
варијабилна камата, да биде без камата и може на сопственикот да му даде право да ја
претвори обврзницата во друг вид на хартија од вредност на издавачот; 9. Сериски
хартии од вредност се хартиите од вредност издадени во исто време, од ист издавач и
кои даваат исти права и обврски на сите сопственици; 10. Сертификат за депозит е
должничка хартија од вредност издадена од банка, врз основа на средства депонирани
кај издавачот со кој се евидентира депозитот на посебна сметка кај издавачот и која го
обврзува издавачот да му го исплати на сопственикот депозитот и камата во одреден
временски период. Сертификатот за депозит е неограничено пренослив и се издава како
сериска хартија од вредност. Сертификатот за депозит може да биде долгорочна или
краткорочна хартија од вредност, со фиксна или варијабилна камата или без камата; 11.
Сопствени акции се акциите претходно издадени и продадени од страна на АД или
КДА кои подоцна друштвото ги стекнува по различни основи. Хартии од вредност се
следниве инструменти: а) акции во трговските друштва, б) обврзници, в) инструменти
на пазарот на пари, г) акции и удели во инвестиционите фондови кои работат според
Законот за инвестициони фондови, д) деривативни финансиски инструменти, ѓ)
потврда за странска хартија од вредност и е) други финансиски инструменти кои
според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Хартии од вредност можат да
издаваат: Министерството за финансии во името на РМ, НБРМ, општините и градот
Скопје, акционерските друштва и командитните друштва со акции и други домашни и
странски правни лица, во согласност со овој или друг закон. Хартиите од вредност се
издаваат во дематеријализирана форма.

31. Номинална вредност и валута во која се издаваат хартиите од вредност


Хартијата од вредност има номинална вредност. Номиналната вредност на хартиите од
вредност може да биде изразена во денари или во странска валута. Трговските
трансакции со хартии од вредност на територијата на РМ се вршат во денари.
Издавањето на хартии од вредност без номинална вредност е забрането. Хартијата од
вредност издадена без номинална вредност е ништовна. При секое издавање на хартии
од вредност, издавачот е должен да донесе акт за нивно издавање. Кога издавач е АД

53
или КДА, друштвото може да издава нови акции во неограничен износ во согласност со
статутот на друштвото. Вкупната номинална вредност на една емисија на обврзници
или комерцијални записи која не е гарантирана од банка или од РМ, не смее да
изнесува повеќе од вредноста на основната главнина на издавачот. Во случај кога
емисијата на обврзници или на комерцијални записи е гарантирана од банка или од РМ,
најголемата вредност на емисијата не смее да го надминува износот на основната
главнина и износот на издадената гаранција. Издавањето на хартии од вредност на
примарниот пазар, вклучувајќи ги и сопствените акции, се врши по претходно добиено
одобрение од Комисијата, по пат на јавна понуда и по пат на приватна понуда.

32. Регистрирање на хартии од вредност


За регистрирање на хартиите од вредност се основа депозитар за хартии од вредност.
Депозитарот функционира како саморегулирачка организација. Сите хартии од
вредност издадени во РМ се регистрираат во депозитар како електронски запис кој
содржи: 1) назив, седиште и ЕМБС; 2) датум на издавање; 3) вид (акции, обврзници,
државни записи); 4) род и класа (приоритетни или обични акции); 5) идентитет на
сопствениците; 6) количина; 7) номинална вредност и др. Хартиите од вредност во
депозитарот гласат на име на сопственикот на хартијата од вредност. Правата на
сопственост од хартиите од вредност настануваат со запишувањето на хартијата од
вредност на сметка на сопственикот во депозитарот. Издавачот е должен да ги предаде
хартиите од вредност за регистрирање во депозитарот во рок од три работни дена од
денот на уписот на основната главнина во трговскиот регистар. Хартиите од вредност
издадени од еден издавач се регистрираат само во еден депозитар. Издавачот не може
да располага со средствата депонирани на специјалната сметка до денот на
регистрирање на хартиите од вредност во депозитарот. Издавачот е целосно одговорен
за точноста на податоците за хартиите од вредност кои се доставуваат до депозитарот
за регистрирање. Сопственикот на хартии од вредност има своја сметка на хартии од
вредност во депозитарот која претставува збирна состојба на сите хартии од вредност
во сопственост на секој одделен сопственик на хартии од вредност регистриран во
депозитарот. Сметките на хартиите од вредност ги содржат следниве елементи: а) вид
на хартии од вредност; б) издавач; в) количината и др.

33. Дозволени нетрговски преноси на хартии од вредност


За вршење на нетрговски преноси со хартии од вредност се основа депозитар за хартии
од вредност. Депозитарот функционира како саморегулирачка организација.
Сопственоста на хартии од вредност, освен преку трговските трансакции и примарниот
пазар на хартии од вредност, може да се стекне или да се отуѓи и врз основа на: 1)
договор за подарок; 2) договор за компензација; 3) реализација на договор за залог на
хартии од вредност; 4) наследство и 5) судска одлука. Нетрговските преноси на хартии
од вредност се вршат со запишувања на сметките на хартиите од вредност во
депозитарот. Стекнувањето и отуѓувањето на правата на сопственост на хартија од
вредност преку подарок се врши врз основа на договор за подарок заверен кај нотар и
заверена потврда од УЈП како доказ за уплатен данок за подарок. Стекнувањето и
отуѓувањето на правата на сопственост за хартија од вредност преку компензација се
врши врз основа на договор за компензација заверен кај нотар и соодветна
документација за побарувања и обврски што се предмет на компензација. Нетрговскиот
пренос преку реализација на договорот за залог се врши по претходно спроведена
постапка за реализација на заложното право врз хартиите од вредност од страна на
заложниот доверител согласно со Законот за договорен залог и врз основа на потврда за
бришење на залогот издадена од страна на Централниот регистар на РМ. Стекнувањето
и отуѓувањето на права на сопственост на хартија од вредност по пат на наследство се
врши врз основа на правосилна судска одлука. Стекнувањето и отуѓувањето на правата
на сопственост на хартиите од вредност преку судска одлука се врши врз основа на
поднесување на правосилна и извршна судска одлука до депозитарот. Документацијата
за извршување на нетрговските преноси, депозитарот ја чува во период од пет години

54
од денот на приемот. По извршувањето на нетрговскиот пренос, депозитарот ги
евидентира информациите и доставената документација врз основа на која е извршен
нетрговски пренос во соодветна електронска форма.

34. Тргување со хартии од вредност (секундарно)


Секундарно тргување со хартии од вредност се врши преку берза на хартии од вредност
овластена од страна на Комисијата, инаку тие купопродажни трансакции се ништовни.
По исклучок купувањето и продавањето на краткорочни хартии од вредност и на
државни обврзници (освен обврзниците издадени за исплатување на депонираните
девизни влогови на граѓаните и обврзниците за денационализација) и реализација на
репо-договори може да се врши и на пазари преку шалтер организирани од страна на
НБРМ во соработка со Министерството за финансии. Берзата на хартии од вредност во
рамките на своето работење обезбедува: а) собирање на понуди за купување и
продавање на хартии од вредност; б) пазарно формирање на цените на хартиите од
вредност со кои се тргува на берзата; в) склучување на трговски трансакции со
хартиите од вредност; г) утврдување и известување за склучените трговски трансакции;
д) почитување на правилата и стандардите на берзата; ѓ) заштита на интересите на
инвеститорите во хартии од вредност; е) прием на хартиите од вредност за тргување на
берзата, вклучувајќи го котирањето на хартии од вредност. Активности што
претставуваат берзанско работење не може да организира физичко или правно лице без
да добие дозвола од Комисијата. Берза се основа како АД со седиште во РМ согласно
со овој закон и со Законот за трговските друштва. Берза може да се основа од страна на
домашни и странски, правни и физички лица. Берза мора во секое време да поседува и
одржува основна главнина во износ од најмалку 500.000 евра во денарска
противвредност. Акционер во берза може да ги продава своите акции на кое било
правно или физичко лице. Членка на берзата не мора задолжително да биде акционер
на берзата. Само овластени учесници на пазарот на хартии од вредност кои се
регистрирани во трговскиот регистар можат да бидат членки на берза. Берзата на
хартии од вредност донесува правила за тргување со кои поблиску се уредува: а)
начинот и постапката на тргување; б) начинот и постапката на утврдување на
трговските трансакции со хартии од вредност; в) начинот и постапката во случаи кога
берзата привремено или трајно го прекинува тргувањето со определена хартија од
вредност и др. Берза не може да купува или на друг начин да стекнува или поседува
какви било хартии од вредност за сопствена сметка преку трговска трансакција која се
врши на таа берза. По исклучок берзата може да купува или на друг начин да стекнува
или поседува државни хартии од вредност и сопствени акции. Берзата доставува
дневни, неделни и месечни извештаи за своето работење до Комисијата.

Г. ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

1. Права од индустриска сопственост


Со овој закон се уредуваат стекнувањето, остварувањето и заштитата на правата од
индустриска сопственост. Права од индустриска сопственост се права од
интелектуални творби и економски врски од областа на индустријата и трговијата и
земјоделството. Права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн,
трговска марка, ознака на потеклото и географска ознака. Со патент се штити
пронајдок. Пронајдок е решение на технички проблем што се однесува на производ,
постапка или материја сама по себе, која е резултат на одредена постапка. Со
индустриски дизајн се штити нова форма на тело, слика, цртеж, контура, композиција
на бои или нивна комбинација - дизајн. Дизајн е надворешен изглед на производот во
целост или на негов дел кој е определен од неговите обележја особено линиите,
контурите, боите, обликот, текстурата и материјалите од кои производот е сочинет или
украсен како и/или негова орнаментација. Со трговска марка (стоковна, услужна,

55
колективна и сертификатна марка) се штити трговски знак. Трговски знак е знак кој
може графички да се прикаже. Со ознака на потеклото и географска ознака се штити
географскиот назив. Географски назив е назив и/или обележје на земјата, регионот или
местото со кои се означува дека производот потекнува од тоа подрачје.

2. Субјекти на правата од индустриска сопственост


Субјекти на правата од индустриска сопственост се домашни и странски правни и
физички лица. Странските правни и физички лица, во поглед на заштитата на правата
од индустриска сопственост во РМ ги уживаат истите права како и домашните правни и
физички лица, ако тоа произлегува од меѓународните договори и конвенции или од
применување на начелото на реципроцитет. Постоењето на реципроцитет го докажува
лицето коешто се повикува на него. Пронајдувачот на патентот и авторот на
индустрискиот дизајн имаат морални и исклучиви права на своите творби. Субјектите,
како и носителот на патент, индустриски дизајн, трговска марка, овластениот корисник
на ознака на потеклото и овластениот корисник на географска ознака, имаат и други
права утврдени со меѓународни договори и конвенции, друг закон, општи акти и
договор. Морално право на пронајдувачот и авторот е да бидат назначени во пријавата
и исправите, што се однесуваат на патентот и индустрискиот дизајн. Исклучивото
право на носителот на патентот, индустрискиот дизајн и трговската марка го опфаќа
правото на користење, на располагање, правото на надоместок и правото да забрани на
трети лица неовластено користење во случаите и на начин што се предвидени, со
меѓународни договори и конвенции, со овој закон, со друг закон и со договор.

3. Државниот завод за индустриска сопственост (раководење и надлежност)


Работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост
ги извршува Државниот завод за индустриска сопственост. Заводот е управна
организација со статус на самостоен орган на државна управа со надлежности утврдени
со овој и друг закон. Заводот има својство на правно лице. Седиштето на Заводот е во
Скопје. Со Заводот раководи директор. Директорот има заменик. Директорот на
Заводот и заменикот ги именува и разрешува Владата на РМ. Директорот го застапува и
претставува Заводот. Заводот ги извршува следниве задачи: - врши прием на пријави за
заштита на правата од индустриска сопственост; - спроведува управна постапка за
стекнување на правата од индустриска сопственост; - води регистри на стекнати права
и други регистри утврдени со овој закон; - објавува службено гласило во кое се содржат
податоци за пријавени и признаени права од индустриска сопственост; - спроведува
испит за застапници во областа на индустриската сопственост за заштита на правата од
индустриската сопственост; - подготвува предлози за донесување на законски и други
акти од областа на индустриската сопственост; - ја промовира заштитата на
индустриската сопственост; - ја претставува РМ и ги застапува нејзините интереси во
меѓународните, европските и регионалните организации за индустриска сопственост; -
поведува иницијативи за ратификување на меѓународни договори и се грижи за
извршување на обврските од областа на индустриската сопственост кои произлегуваат
од ратификуваните меѓународни договори кои ги склучила РМ; - подготвува и издава
упатства, прирачници и коментари од областа на индустриската сопственост; -
соработува со други субјекти вклучени во системот за заштита на правата на
индустриска сопственост во земјата и странство и - врши други работи утврдени со
закон.

4. Постапка за стекнување, остварување, одржување и заштита на правата од


индустриска сопственост
Заштита на правата од индустриска сопственост во РМ се бара со поднесување
соодветна пријава во Заводот. Заводот прима и пријави со кои се бара заштита на
правата од индустриска сопственост во странство. Пријавата за стекнување права од
индустриска сопственост се поднесува во писмена форма, лично, по пошта или по
електронски пат. Пријавата се поднесува на македонски јазик и неговото кирилско

56
писмо. Пријавата за стекнување право од индустриска сопственост може да се поднесе
и на странски јазик доколку содржи назначување на видот на заштитата која се бара и
податоци за контакт со подносителот на македонски јазик. Во управната постапка за
стекнување, остварување, одржување и заштитата на правата од индустриска
сопственост одлучува Заводот со решение. Решенијата на Заводот се конечни. Против
нив странката има право да поведе управен спор. Управен спор се поведува со тужба до
Управниот суд на РМ. Тужбата се поднесува во рок од 30 дена од денот на
доставувањето на решението до странката. Во постапката пред Заводот, странските
правни и физички лица ги остваруваат правата преку полномошник кој е регистриран
за застапување пред Заводот. Заводот е должен на заинтересираните правни и физички
лица да им овозможи достапност до својата документација и информациите за
пријавените и признаените права од индустриска сопственост. За пријавените права од
индустриска сопственост достапни се само информациите содржани во регистарот на
пријави. За стекнување и одржување на правата од индустриска сопственост се плаќаат
такси во согласност со Законот за административни такси како и посебни трошоци на
постапката за признавање на правото.

5. Патент (предмет на заштита и субјект на правото на патент)


Со патент се штити пронајдок во сите области на технологијата, ако е нов, ако содржи
инвентивен придонес и ако може да се применува во индустријата. Со патент се штити
и пронајдок кој се однесува на: - производ што се состои или содржи биолошки
материјал и - постапка за добивање на биолошки материјал, негова обработка или
употреба. Не се смета за пронајдок: 1. откритие, научна теорија и математичка метода;
2. естетска творба; 3. план, правило и постапка за вршење интелектуална дејност, за
игри или за вршење на деловни или бизнис активности, како и компјутерска програма;
4. прикажување информации и 5. човечкото тело во различни фази од своето
формирање и развој или едноставното откривање на еден од неговите елементи,
вклучително секвенца или делумна секвенца на ген. Со патент не може да се заштити
пронајдок: - кој се однесува на нови животински видови и растителни сорти и чисто
биолошките постапки за добивање животни и растенија, освен за биотехнолошките
пронајдоци чија техничка изводливост не е ограничена на определен вид или доколку
се работи за микробиолошки процеси и за производи добиени од таквите процеси; - за
хируршка и дијагностичка постапка или постапка за третман на живо човечко или
животинско тело, со исклучок на пронајдок кој се однесува на производ, особено
материја или соединение, кои служат за примена на една од овие постапки и - чија
примена е спротивна на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на
пронајдокот не може да се смета како таква единствено заради фактот што е забранета
со закон. Пронајдокот е нов ако не е опфатен со состојбата на техниката. Под состојба
на техниката се подразбира се што е достапно на светската јавност, со опишување на
пронајдокот по писмен или устен пат, со употреба или на кој било друг начин пред
датумот на поднесување на пријавата за патент, на начин кој на експерт од соодветната
област му овозможува да го примени. Пронајдокот содржи инвентивен придонес ако за
стручњак од областа, предметот на пронајдокот очигледно не произлегува од
состојбата на техниката. Пронајдокот ќе се смета за индустриски применлив ако
предметот на заштита може да се произведе или употреби во која било гранка на
индустријата, вклучително и во земјоделството. Постапка за признавање на правото на
патент може да поведе пронајдувачот и неговиот правен следбеник. Ако пронајдокот е
производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи тогаш правото за поведување на
постапка за признавање на право на патент им припаѓа на сите пронајдувачи или на
нивните правни следбеници. Пронајдувач е физичко лице кое го создало пронајдокот со
својот пронајдувачки труд. Не се смета за пронајдувач оној којшто во создавањето на
пронајдокот давал само техничка помош. Правниот следбеник на пронајдувачот е
правно или физичко лице чие признавање на правото на патент се темели врз закон,
правна работа, наследување и судска одлука. Работодавецот се смета за правен
следбеник на пронајдувачот кога врз основа на закон или договор за работа му припаѓа

57
правото на стекнување патент за пронајдок создаден во рамките на работниот однос на
пронајдувачот.

6. постапка за признавање на патент, содржина на пријавата и одлука за


признавање
Постапката за признавање на патент се поведува со поднесување пријава на патент до
Заводот. За секој пронајдок се поднесува посебна пријава. Една пријава на патент може
да содржи и повеќе пронајдоци кои се така меѓусебно поврзани што остваруваат
единствена пронајдувачка замисла. Од денот на приемот на уредна пријава на патент во
Заводот, подносителот на пријавата на патент има право на првенство спрема секое
друго лице кое за истиот пронајдок подоцна ќе поднесе пријава. Пријавата на патент
мора да содржи: 1. барање за признавање на патентот; 2. опис на пронајдокот; 3. едно
или повеќе патентни барања; 4. кратка содржина на суштината на пронајдокот
(апстракт); 5. нацрт (ако е потребен) на кој се повикува описот и патентното барање; 6.
доказ за платена такса за пријавување и 7. превод на македонски јазик доколку
пријавата е поднесена на странски јазик. Кон пријавата се доставуваат и други состојки
и прилози. Барањето за признавање на патент мора да содржи: - јасна назнака дека се
бара признавање на патент; - назив на пронајдокот кој ја одразува суштината на
пронајдокот и - податоци за подносителот на пријавата и за пронајдувачот. Пријавата
на патент се впишува во Регистарот на пријави на патенти. По уписот на пријавата на
патент во Регистарот на пријави на патенти, Заводот испитува: 1. дали е платена
потребната такса; 2. дали е поднесен превод на пријавата на македонски јазик, ако
пријавата е составена на странски јазик; 3. дали подносителот на пријавата на патент се
изјаснил за спроведувањето на постапката на испитување; 4. дали се поднесени
нацртите и 5. дали е приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена
преку застапник. Заводот со допис ќе го извести подносителот на пријавата, ако по
испитувањето се утврди дека не се исполнети барањата и ќе го повика во рок од 60 дена
од приемот на известувањето да ги отстрани утврдените недостатоци, инаку ќе донесе
решение за отфрлање на пријавата на патент. Заводот донесува решение за одбивање на
пријавата на патент ако пријавата е поднесена за пронајдок кој не може да се заштити
со патент. Ако во постапката на испитување на пријавата Заводот утврди дека се
исполнети барањата и условите, ќе го извести подносителот и ќе го повика во рок од 30
дена да ги плати трошоците за објавување на патентот во гласилото на Заводот,
трошоците за издавање исправа и таксата за одржување во важност. Ако се исполнети
условите и ако подносителот на пријавата во определениот рок ги плати трошоците и
таксите, Заводот ќе донесе решение за признавање на патент.

7. Индустриски дизајн (предмет и заштита)


Со право на индустриски дизајн се штити дизајн кој е нов и има индивидуален
карактер. Дизајн е надворешен изглед на производот во целост или на негов дел кој е
определен од неговите обележја, особено линиите, контурите, боите, обликот,
текстурата и материјалите од кои производот е сочинет или украсен како и/или
неговата орнаментација. Производ е индустриски или занаетчиски предмет,
вклучително, меѓу другото, и делови кои се наменети за спојување во сложен производ,
пакување на производот, графичките симболи, типографските знаци, со исклучок на
компјутерски програми. Сложен производ е производ кој е составен од повеќе делови
што можат да бидат заменети така што овозможуваат расклопување и повторно
составување на производот. Дизајнот се смета за нов ако идентичен дизајн не и станал
достапен на јавноста пред денот на поднесување пријава за признавање на тој дизајн
или ако е побарано право на првенство пред датумот на побараното првенство, или
ако не постои порано поднесена пријава за признавање на идентичен дизајн. Со право
на индустриски дизајн не може да се заштити дизајн кој: 1. не е во согласност со овој
закон; 2. е спротивен на јавниот поредок или на моралот; 3. претставува технички план
или скица; 4. претставува исклучиво картографско или фотографско дело; 5. содржи

58
државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратенка на називот на некоја
меѓународна организација; 6. кој содржи или имитира лик или име на историска или
умрена знаменита личност од РМ и 7. кој содржи или имитира име, облик или друг
препознатлив дел на заштитено културно наследство на РМ. Со право на индустриски
дизајн не може да се заштити дизајн: 1. кој не е нов; 2. кој нема индивидуален карактер
и 3. кој не може да се заштити во согласност со овој закон.

8. Постапка за стекнување на право на индустриски дизајн


Постапка за стекнување на правото на индустриски дизајн, може да поведе авторот или
неговиот правен следбеник. Ако дизајнот е креација на повеќе автори, тогаш правото
на поведување на постапка имаат сите автори или нивните правни следбеници. Автор е
физичко лице кое го создало дизајнот со својот креативен труд. Не се смета за автор
оној кој во создавањето на дизајнот давал само техничка помош. Правен следбеник на
авторот е правно или физичко лице чие стекнување на правото на индустриски дизајн
се темели врз закон, правна работа, наследување и судска одлука. Постапката за
признавање на правото на индустриски дизајн се поведува со поднесување пријава за
индустриски дизајн до Заводот. За секој дизајн за кој се бара заштита се поднесува
одделна пријава. Со една пријава за признавање на право на индустриски дизајн, може
да се бара заштита на повеќе дизајни на производи (повеќекратна пријава), но најмногу
сто дизајни. Пријавата на индустриски дизајн мора да содржи: 1. барање за признавање
на правото на индустриски дизајн; 2. податоци за подносителот на пријавата и 3. приказ
на дизајнот за кој се бара заштита. Кон пријавата се доставуваат и други состојки и
прилози. Пријавата на индустриски дизајн се впишува во регистарот на пријави на
индустриски дизајни. По уписот на пријавата на индустриски дизајн во регистарот на
пријави, Заводот испитува дали е уредна. Ако утврди дека пријавата не е уредна,
Заводот ќе го повика подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од
60 дена, да ги отстрани утврдените недостатоци, инаку Заводот со решение ја отфрла
пријавата. Ако пријавата е уредна, Заводот испитува дали се исполнети условите за
признавање на правото на индустриски дизајн. Ако пријавениот индустриски дизајн не
може да се признае, Заводот донесува решение за целосно или делумно одбивање на
пријавата. Податоците за индустрискиот дизајн се објавуваат во службеното гласило на
Заводот најдоцна во рок од 90 дена од датумот на запишувањето на индустрискиот
дизајн во регистарот. На носителот на индустрискиот дизајн Заводот му издава исправа
најдоцна во рок од шест месеца од датумот на донесувањето на решението за
признавање на правото на индустрискиот дизајн.

9. Трговска марка (предмет на заштита)


Со трговска марка се штити знак кој може графички да се прикаже и кој е подобен за
разликување на стоките или услугите на еден учесник во прометот од стоките или
услугите на друг учесник во прометот. Со трговска марка се штитат знаци подобни за
разликување, како што се: зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои,
тродимензионални форми, вклучително и форми на стоките или нивните пакувања,
како и комбинациите на сите напред наведени знаци. Знакот е подобен за разликување
доколку на стоките или услугите во споредба со истовидни или слични стоки или
услуги им дава посебен, дистинктивен карактер. Со трговска марка не може да се
заштити знак: 1. чие објавување или употреба е спротивна на јавниот поредок или на
моралот; 2. кој не може графички да се прикаже; 3. кој не е дистинктивен, односно
подобен за разликување на стоките и услугите во прометот; 4. кој го означува само
видот на стоките, односно услугите, нивната намена, времето или начинот на
производство, географското потекло, квалитетот, цената, количеството и тежината; 5.
кој станал вообичаен во секојдневниот говор или во востановената трговска практика за
означување на определен вид стоки, односно услуги; 6. кој се состои исклучиво од
форма која произлегува од видот на стоките или форма на стоките потребна за
постигнување на определен технички резултат, или форма која им дава суштествена
вредност на стоките; 7. кој со својот изглед може да создаде забуна во прометот, а

59
особено да го доведе во заблуда просечниот потрошувач во поглед на географското
потекло, видот, квалитетот или другите својства на стоките или услугите; 8. кој содржи
или се состои од географска ознака која служи за означување на вина или жестоки
алкохолни пијалаци, доколку пријавениот знак се однесува на вина и жестоки
алкохолни пијалаци кои не се од тоа географско подрачје; 9. кој содржи печат или
штембил, официјални знаци или пунци за контрола и гаранција на квалитетот или ги
имитира; 10. кој содржи државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или
кратенка на називот на некоја меѓународна организација, како и нивна имитација; 11.
кој го содржи називот или кратенката на називот, државниот грб, знамето, амблемот
или друг службен знак на РМ, како и нивна имитација; 12. кој содржи или имитира лик
или име на историска или умрена знаменита личност од РМ; 13. кој содржи или
имитира име, облик или друг препознатлив дел на заштитено културно наследство на
РМ, освен со дозвола на надлежен орган на државната управа и 14. кој содржи
религиозни симболи или ги имитира. Со трговска марка не може да се заштити ниту
знак кој е идентичен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго
лице за ист вид стоки или услуги.

10. Постапка за признавање на трговска марка, содржина на пријавата и одлука


за заштита
Постапка за стекнување на право на трговска марка може да поведе правно и физичко
лице. Постапката за признавање на трговска марка се поведува со поднесување пријава
на трговска марка до Заводот. За секој знак за кој се бара заштита со трговска марка се
поднесува посебна пријава. Пријавата на трговска марка мора да содржи: 1. барање за
признавање на правото на трговска марка; 2. податоци за подносителот на пријавата; 3.
изглед на знакот за кој се бара заштита и 4. список на стоките и услугите за кои се бара
заштита. Кон пријавата се доставуваат и други состојки и прилози. Пријавата на
трговска марка се впишува во регистарот на пријави на трговски марки. Пријавата на
трговска марка е уредна доколку е: 1. составена така што ги содржи сите потребни
состојки и прилози и пропис кој го донесува директорот на Заводот; 2. приложено
уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник и 3. уплатена
пропишаната такса за пријава и доставен доказ за извршената уплата. По уписот на
пријавата на трговската марка во регистарот на пријави, Заводот испитува дали таа е
уредна. Ако утврди дека пријавата не е уредна, Заводот го повикува подносителот на
пријавата во рок од 60 дена, да ги отстрани утврдените недостатоци, инаку пријавата со
решение ќе се отфрли. Ако пријавата е уредна, Заводот испитува дали се исполнети
условите за признавање на правото на трговска марка. Ако пријавениот знак не може да
се признае во однос на сите или во однос на некои од наведените производи или
услуги, Заводот донесува решение за одбивање на пријавата. Ако пријавата на трговска
марка ги исполнува условите и ако знакот не е исклучен од заштита, Заводот ќе го
повика подносителот на пријавата во определен рок кој не може да биде подолг од 30
дена да ги плати трошоците за објавување на податоците од пријавата во службеното
гласило на Заводот. Ако подносителот на пријавата во определениот рок ги плати
таксата и трошоците Заводот ќе донесе решение за признавање на правото на трговска
марка и признаеното право ќе го впише во регистарот на трговски марки. Правото на
трговска марка се стекнува со донесување решение за признавање на правото и со упис
на трговската марка во регистарот. На носителот на правото на трговска марка, Заводот
му издава исправа најдоцна во рок од шест месеца од датумот на донесувањето на
решението за признавање на правото на трговска марка.

11. Географски назив (предмет на заштита)


Географскиот назив се штити со ознака на потеклото на производот и географска
ознака. Со географски назив се одбележуваат производите кои ги произведуваат
физички или правни лица на определено географско подрачје. Ознаката на потеклото е
географскиот назив на земјата, регионот или местото со кој се означува производот кој
потекнува од тоа подрачје и чиј квалитет и посебни својства исклучиво или претежно

60
се условени од географската средина, вклучително и природните и човечките фактори и
чие производство, преработка и подготовка во целина се одвиваат на одредено
ограничено подрачје на потеклото. Географска ознака е географскиот назив на земјата,
регионот или местото со кој се означува производот чиј квалитет, угледот или други
карактеристики во суштина можат да се припишат на географското потекло.
Географската ознака, за еден производ може да се штити под услов производството
и/или постапката и/или подготовката на производот да се одвива во определено место
на потеклото. За географски назив ќе се смета и називот кој не содржи географски
назив на определена земја, регион или место, кој со долга употреба во прометот станал
општопознат како традиционален назив за производот кој потекнува од таа територија.
Со географска ознака, односно со ознака на потеклото не може да се штити називот на
производот кој: 1. не ги исполнува условите пропишани со овој закон; 2. е спротивен на
законот и моралот; 3. со својата содржина може да создаде забуна во поглед на видот,
потеклото, квалитетот, начинот на производството или други својства на производот; 4.
е еднаков на називот на растителна сорта или животинска раса, во случај кога тоа би ја
довело јавноста во заблуда во поглед на географското потекло; 5. претставува точен
назив на земја, регион или место од каде што потекнува производот, но кај
потрошувачот создава лажна претстава дека производот потекнува од друга земја,
регион или место; 6. не е заштитен во земјата на потекло или престанал да се користи
во земјата на потекло и 7. е идентичен или сличен на географскиот назив или
трговската марка порано регистрирани за идентични или слични производи, кога
постои веројатност потрошувачите да се доведат во заблуда. Со географска ознака,
односно со ознака на потеклото не може да се заштити називот на местото на потекло
кој првично се користел за обележување на производи од тоа место на потекло, но кој
со долга употреба во прометот станал генерички односно општопознат за обележување
на определен вид производи.

12. Постапка за заштита на географски назив, содржина на пријавата и одлука за


заштита
Постапка за заштита на географски назив, односно за признавање на правото на
користење на заштитен географски назив се поведува со пријава која содржи барање за
заштита на географскиот назив, односно барање за признавање на правото за користење
на заштитениот географски назив и други прилози. Со една пријава може да се побара
заштита, односно право на користење само на еден географски назив кој се однесува
само на еден вид производ. Пријавата за заштита на географски назив содржи барање за
заштита на географскиот назив со назнака дека се бара заштита со ознака на потеклото
или со географска ознака, како и елаборат за производот кој ќе се означува со
географскиот назив. Елаборатот го изработува институција која ги исполнува условите
предвидени со пропис кој го донесува директорот на Заводот. Заводот води Регистар на
пријави за заштита на географските називи и Регистар на пријави за користење на
заштитените географски називи, Регистар на заштитени географски називи и Регистар
на корисници на заштитени географски називи. Заштитата на географскиот назив важи
неограничено. Правото на користење на заштитениот географски назив важи пет
години, сметајќи од денот на донесувањето на решението. Ако пријавата не ги содржи
сите потребни состојки и прилози, Заводот го повикува подносителот на пријавата во
рок од 30 дена да ги отстрани утврдените недостатоци, ианку Заводот со решение ќе ја
отфрли пријавата. Ако Заводот утврди дека пријавата е уредна, продолжува со
испитување на пријавата во смисла дали таа ги исполнува предвидените услови за
заштита на географскиот назив, односно за признавање на правото на овластен
корисник. Ако пријавата за заштита на географскиот назив ги исполнува условите
предвидени со овој закон, Заводот ќе донесе решение за заштита на географскиот
назив, кој го запишува во Регистарот на заштитени географски називи и ќе го повика
подносителот на пријавата, во рок од 30 дена да ја плати таксата за признавање на
правото за овластен корисник на географскиот назив. На овластениот корисник на

61
заштитениот географски назив Заводот му издава исправа за признаено право на
овластен корисник во рок од шест месеца од денот на донесувањето на решението.

13. Прометливост на правата од индустриска сопственост (договор за пренос)


Подносителот на пријавата на право од индустриска сопственост и носителот на
правото, со договор во целост или делумно може да го пренесат своето право.
Договорот за пренос на правото мора да биде составен во писмена форма и потписите
на договорните страни да бидат заверени од нотар. Договорот по барање на една од
договорните страни се запишува во соодветен регистар кој се води во Заводот.
Договорот кој не е составен во писмена форма и не е заверен од нотар не произведува
правно дејство. Договорот за пренос на право што не е запишан во соодветниот
регистар на Заводот не произведува дејство спрема трети лица. Подносителот на
пријавата на право на индустриска сопственост и носителот на правото можат со
договор за лиценца да го отстапат тоа право на користење. Договорот за лиценца мора
да биде составен во писмена форма. Ако пријава на патент поднеле повеќе лица или ако
носители на патент се повеќе лица, за склучување на договорот за лиценца е потребна
согласноста од сите тие лица. Договорот за лиценца кој не е составен во писмена форма
не произведува правно дејство. Во договорот за лиценца ништовна е секоја одредба
која на корисникот на лиценцата му поставува ограничувања кои не произлегуваат од
правото што е предмет на договорот или која е непотребна за зачувување на тоа право,
или доколку се во спротивност со прописите за ограничување на конкуренцијата.

14. Застапување во постапката за заштита на правата од индустриска сопственост


Во постапките за заштита на правата од индустриската сопственост, застапувањето на
странките пред Заводот можат да го вршат физички и правни лица кои се впишани во
Регистарот што го води Заводот, и тоа: 1. физичко лице: државјанин на РМ; кое е
регистрирано за вршење дејност застапување од областа на индустриската сопственост;
со завршен правен, еден од техничките факултети и фармацевтски факултет; кое има
положено посебен стручен испит; 2. адвокат кој е впишан во Адвокатската комора на
РМ и кој ги исполнува условите за физичко лице и адвокатско друштво или адвокатска
канцеларија кои се впишани во Адвокатската комора на РМ и кои имаат вработено
лице кое ги исполнува условите за физичко лице и 3. правно лице: со седиште во РМ;
кое е регистрирано за застапување во областа на заштита на индустриската сопственост
и кое има вработено барем едно лице кое ги исполнува условите за физичко лице.
Застапувањето може да го врши застапник од друга држава под услови на
реципроцитет, доколку: е застапник во својата држава и го познава македонскиот јазик.
Со стручниот испит се проверува знаењето на кандидатите од областа на индустриската
сопственост. Стручниот испит се полага во Заводот најмалку еднаш годишно и се
полага писмено и усно. Лицата кои го положиле стручниот испит за застапници се
евидентираат во Заводот. Стручниот испит се полага пред испитна комисија составена
од претседател, четири члена, нивни заменици и секретар. Правото за вршење дејност
застапување пред Заводот се стекнува со денот на впишувањето во Регистарот на
застапници. Постапката за впишување се поведува со поднесување барање за
впишување во Регистарот на застапници. Регистар на застапници води Заводот.
Застапникот се брише од регистарот на застапници, ако: 1. не побара обновување на
впишувањето во Регистарот на застапници; 2. поднесе барање за бришење; 3. со судска
одлука му е забрането вршење на застапување; 4. не поднесе доказ дека ги исполнува
условите за обновување на впишувањето; 5. физичко лице се брише од Регистарот на
застапници во случај на смрт, ако ја изгуби деловната способност или државјанството
на РМ; 6. правното лице се брише од Регистарот на застапници со престанокот на
правното лице и ако веќе седиште на територијата на РМ.

15. Судска заштита на повредените права од индустриска сопственост (лице


овластено за заштита, содржина на тужбено барање и рок за поднесување тужба)

62
Лице чиешто право стекнато со овој закон е повредено има право на заштита на
правото со поднесување тужба пред судот кој е надлежен за решавање на споровите за
правата од индустриска сопственост. Како повреда на пријавените и признаените права
се смета секое неовластено користење, располагање, ограничување, имитирање,
асоцијација, вознемирување на правата и слично. Тужба за остварување заштита на
правото може да поднесе: подносителот на пријавата за заштита на правото; носителот
на правото; стекнувачот на исклучителна лиценца, во обем во кој го стекнал правото на
користење врз основа на правна работа или закон; овластениот корисник на
географската ознака, односно ознаката на потеклото на производот и овластениот
корисник на колективна и сертификатна трговска марка. Лицето чиешто право е
повредено со тужба може од судот да бара: 1. утврдување дека постои повреда на
правото; 2. забрана на дејствијата наведени во тужбата со кои се повредува правото; 3.
надоместок на штета која настанала со повредата на правата со намера или од
невнимание; 4. одземање и уништување на производите кои се создадени или ставени
во промет со повреда на правото и средствата употребени за нивно производство; 5.
тужениот да даде информации за идентитетот на трети лица вклучени во производство
и дистрибуција на стоки или услуги со кои се повредуваат правата, како и за нивните
дистрибуциски канали; 6. доставување на документацијата и податоците од лицето кое
го повредило правото; 7. граѓанска казна; 8. објавување на пресудата на трошок на
тужениот и 9. други барања. Тужба за повреда на правата уредени со овој закон може
да се поднесе во рок од три години од денот кога тужителот дознал за повредата и за
сторителот, а најдоцна во рок од пет години од денот на сторената повреда. Постапката
по тужбата за повреда на правата, оспорување на правата, привремени мерки и други
мерки на обезбедување е итна. Против лицата кои на неовластен начин преземале
некои дејствија со коишто се врши повреда на правата стекнати врз основа на овој
закон, со тужбата може да се бара утврдување на повредата, престанување на повредата
и забрана за натамошни исти и слични повреди.

Д. ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ – стр. 63

Платен промет – стр. 63

1. Носители на платниот промет (субјекти)


Носители на платниот промет се НБРМ, банките кои добиле согласност за вршење на
платен промет согласно со закон и филијали на странски банки и Трезорот при
Министерството за финансии, како посебен носител на платен промет за буџетските
корисници и единките корисници и Трезорот на Фондот за здравствено осигурување на
РМ, како посебен носител на платниот промет на здравствените установи. Носителот на
платниот промет е должен да обезбеди: 1) единствена трансакциска сметка за
порамнување во НБРМ; 2) водечки број преку кој може единствено да се
идентификува; 3) порамнување на платните инструменти на учесниците во платниот
промет во текот на денот, а најмалку на крајот на денот согласно со терминскиот план
на системот за порамнување на Народната банка; 4) правила и процедури за користење
на услугите кои им ги нуди на учесниците во платниот промет; 5) рамноправност и
еднаков третман на сите учесници во платниот промет; 6) сигурност и оперативна
достапност; 7) процедури за навремено завршување на обработка, во случај на
технички проблеми; 8) тајност на податоците за состојбата на трансакциската сметка
согласно со закон; 9) заштита на податоците за сопственикот на трансакциската сметка;
10) сигурен и ефикасен пренос на средства меѓу учесниците во платниот промет и 11)
известување на учесниците во платниот промет за состојбата и промените на нивните
трансакциски сметки, најдоцна наредниот работен ден по настанување на промената.

2. Учесници во платниот промет

63
Учесник во платниот промет е домашно или странско, правно или физичко лице кое
врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќања во денари преку
носителите на платниот промет. Учесникот во платниот промет може да има повеќе
трансакциски сметки кај еден носител на платен промет. Учесникот во платниот
промет може да има трансакциски сметки кај повеќе носители на платниот промет.
Учесникот во платниот промет е должен за настанатите статусни и други промени
писмено да ги извести носителите на платниот промет кај кои има трансакциска сметка
најдоцна во рок од три дена од денот на донесувањето на одлуката за статусните и
други промени.

3. Вршење на работите на платниот промет


Платниот промет се извршува единствено преку трансакциски сметки кои се пријавени
во единствениот регистар на трансакциски сметки. Не е дозволено плаќање меѓу
учесниците во платниот промет кое не се извршува преку трансакциски сметки.
Носителот на платен промет ќе дозволи исплата на платата на учесникот во платниот
систем само ако претходно за истата се платени данокот и придонесите. Носителот на
платниот промет, за вршење на работите во платниот промет, отвора трансакциска
сметка на учесникот во платниот промет на негово писмено барање. Учесникот во
платниот промет може да има повеќе трансакциски сметки кај еден носител на платен
промет. Учесникот во платниот промет може да има трансакциски сметки кај повеќе
носители на платниот промет. Учесникот во платниот промет е должен за настанатите
статусни и други промени писмено да ги извести носителите на платниот промет кај
кои има трансакциска сметка најдоцна во рок од три дена од денот на донесувањето на
одлуката за статусните и други промени. Трансакционата сметка која нема салдо и
промени во последните две години и не е блокирана, носителот на платниот промет е
должен да ја укине, за што задолжително го известува учесникот во платниот промет.
Носителот на платниот промет е должен податоците за промените во својот регистар на
трансакциски сметки да ги достави до единствениот регистар на трансакциски сметки
истиот ден, а најдоцна до крајот на работното време на единствниот регистар на
трансакциски сметки. Единствениот регистар на трансакциски сметки го води
клириншка куќа која ја определува Министерството за финансии. Податоците од
единствениот регистар на трансакциски сметки можат да се користат под услови
утврдени со овој и со друг закон. За вршење на платниот промет се користат платни
инструменти.

4. Платни инструменти
За вршење на платниот промет се користат платни инструменти. Формата на платните
инструменти на медиумите за пренос претставува предмет на договор меѓу носителот
на платниот промет и учесникот во платниот промет. Плаќањето преку трансакциски
сметки се врши врз основа на платен инструмент. Платен инструмент на товар на
сметка може да издаде: 1) учесникот во платниот промет - имател на сметката; 2)
носителот на платен промет врз основа на договорни овластувања и решенија за
присилна наплата; 3) носителот на платен промет за исправка на грешка направена од
носител на платен промет, со исклучок на Трезорска сметка и 4) Трезорот при
Министерството за финансии, за сметки во рамките на Трезорската сметка. 5) Трезорот
на Фондот за сметки во рамките на Здравствената трезорска сметка. Плаќањето по
платниот инструмент се извршува доколку на трансакциската сметка на чиј товар се
издава платниот инструмент има покритие. Под покритие на трансакциска сметка се
подразбира состојбата на трансакциската сметка од претходниот ден зголемена за
приливот на средства во текот на денот и за средствата одобрени врз основа на договор
со банката за дозволеното негативно салдо на сметката, намалено за плаќањата во текот
на денот до моментот на утврдување на покритието. Учесникот во платниот промет
може за плаќање во готово да подига од сметките и да држи во својата благајна пари во
готово во висина на благајничкиот максимум. Учесникот во платниот промет - правно
лице е должен сите парични средства од дневниот пазар примени во готово по која и да

64
било основа да ги уплати најдоцна наредниот работен ден на својата трансакциска
сметка.

5. Извршување на решенија за присилна наплата


Носителот на платниот промет е должен да ги извршува решенијата за присилна
наплата во согласност со закон. Носителот на платен промет е должен да постапи по
решенијата за присилна наплата најдоцна наредниот работен ден од денот на приемот
на решението. Решенија за присилна наплата се заведуваат во евиденции според
датумот и времето на нивното пристигнување и по ист редослед се извршуваат.
Решението за присилна наплата се доставува до носителот на платен промет назначен
во решението за присилна наплата. Носителот на платен промет го извршува
решението за присилна наплата доколку се точно наведени податоците од кои може со
сигурност да се идентификуваат сите елементи на решението. Во спротивно го враќа на
органот кој го издал решението за допрецизирање. Носителот на платен промет го
извршува решението за присилна наплата од сите расположливи средства, од учесникот
во платниот промет - должник кај носителот на платен промет. Доколку учесникот во
платниот промет - должник на денарските сметки нема средства за целосно
извршување на решението за присилна наплата, носителот на платен промет со
примена на средниот курс на Народната банка кој важи на денот на трансакцијата,
врши конверзија во денари на средства од девизни сметки и пренос на денарската
сметка на учесникот во платен промет - должник до износот потребен за целосно
извршување на решението за присилна наплата. Во случај на недостиг на средства за
потполно извршување на решението за присилна наплата, носителот на платниот
промет го извршува решението до висината на расположливите средства и ја блокира
сметката и со доставување на даночниот број на учесникот - должник преку
единствениот регистар на трансакциски сметки ги известува сите други носители на
платен промет дека не смеат да вршат плаќања од средствата на денарските и
девизните сметки на учесникот - должник до потполно извршување на решението,
освен налози со кои се врши пренос на средствата на сметката кај носителот на платен
промет кој треба да го изврши решението за присилна наплата. По намирување на
обврските по решение за присилна наплата, носителот на платниот промет ја деблокира
трансакциската сметка. Доколку трансакциската сметка на учесникот во платен промет
е блокирана непрекинато повеќе од 45 дена, носителот на платен промет преку
единствениот регистар за трансакциски сметки го известува Централниот регистар на
РМ. Учесникот во платниот промет не може да врши плаќање со пресметка доколку
има блокирана трансакциска сметка.

6. Електронски пари (издавач)


Издавач на електронски пари може да биде само: 1) банка со седиште во РМ која од
гувернерот на НБРМ добила претходна согласност за издавање на електронски пари; 2)
филијала на банка од земја членка на Европската унија, во согласност со Законот за
банките; 3) филијала на странска банка која, согласно со Законот за банките, од
гувернерот на НБРМ добила дозвола за отворање и работа и 4) друштво за издавање
електронски пари, кое од гувернерот на НБРМ добило дозвола за основање и работа во
согласност со овој закон. Електронските пари се издаваат врз основа на договор за
издавање електронски пари склучен меѓу издавач на електронски пари и физичко лице -
сопственик на електронски пари. За издадените електронски пари сопственикот му
плаќа на издавачот провизија. Издавачот на електронски пари е должен да му дозволи
на сопственикот пристап до информациите за покритието за издадените електронски
пари. Издавачот на електронски пари е одговорен пред сопственикот за изгубениот
износ на покритието и за неточното извршување на плаќањето дури и ако причината е
резултат на оштетен уред на кој се чуваат електронските пари. Друштво за издавање на
електронски пари се основа како АД, по претходно добиена дозвола од гувернерот на
НБРМ. За основање на друштво за издавање на електронски пари потребен е почетен
капитал во пари од најмалку 70 милиони денари. Друштвото за издавање на

65
електронски пари е должно да ја одржува вредноста на почетниот капитал. Друштвото
за издавање на електронски пари не смее да врши други активности освен издавање на
електронски пари.

Девизно работење

1. Дефиниции и поими од девизното работење


Резиденти се: 1) трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште
во РМ; 2) подружници на странски друштва запишани во трговски регистар во РМ; 3)
филијали на странски банки; 4) физички лица со постојано место на живеење во РМ и
др. Нерезиденти се сите други лица кои не се дефинирани како резиденти. Овластена
банка е банка и подружница на банка која ги исполнува условите за вршење на работи
со странство согласно со Законот за банките. Овластен учесник на пазарот на хартии од
вредност се брокерски куќи и банки кои имаат добиено одобрение за работа согласно
со Законот за хартии од вредност. Странски платежни средства се девизи, ефективни
странски пари, чекови, кредитни писма и други инструменти за плаќање кои гласат во
странска валута и можат да се претвораат во странска валута. Девизи се монетарни
побарувања во странска валута. Тековни трансакции се трансакции меѓу резиденти и
нерезиденти чија цел не е трансфер на капитал. Плаќањата и трансферите за тековните
трансакции вклучуваат: 1) пристигнати плаќања врз основа на размена на стоки и
услуги,; 2) пристигнати плаќања на камата и др. Капитални трансакции се трансакции
меѓу резидентни и нерезиденти чија цел е трансфер на капитал, како што се: 1)
директни инвестиции; 2) вложување во недвижност; 3) работи со хартии од вредност;
4) кредитни работи и др. Директни инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има
намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на
управување со трговското друштво или другото правно лице во кое инвестира. Работи
со хартии од вредност се трансакции со хартии од вредност на пазарот на долгорочни
хартии од вредност и пазарот на пари и краткорочни хартии од вредност, вклучувајќи
ги и трансакциите со документите за удел во инвестициони фондови кои не се
дефинирани како директни инвестиции. Комерцијални кредити се кредити непосредно
поврзани со меѓународниот промет на стоки и услуги, при што еден од учесниците е
резидент.

2. Трансакции и трансфери (меѓу резиденти и нерезиденти)


Трансакциите меѓу резиденти и нерезиденти се слободни. Резидентите меѓу себе можат
да склучуваат трансакции во странски платежни средства, како и трансакции чиј
предмет е странско платежно средство. Резидентите можат да имаат странски платежни
средства на девизни сметки или како девизни влогови кај банки во РМ, овластени
согласно со Законот за банките. НБРМ го утврдува начинот на кој резидентите отвораат
девизни сметки. Се забранува наплата или исплата во ефективни странски пари на
побарувања меѓу резиденти. Резидентите и нерезидентите можат слободно да
извршуваат еднострани трансфери на средства од и во РМ.

3. Тековни и капитални трансакции


Тековните трансакции меѓу резиденти и нерезиденти се слободни. Директните
инвестиции на резиденти во странство се слободни. Резидентите се должни во рок од
60 дена од денот на склучувањето на капиталната трансакција која е правна основа за
стекнување на директна инвестиција во странство, да го пријават вложувањето и сите
натамошни измени на вложувањето во Министерството за економија. Директните
инвестиции на нерезиденти во РМ се слободни. Резидентите во кои нерезидент има
вложување кое се смета за директна инвестиција се должни во рок од 30 дена од денот
на склучувањето на капиталната трансакција која е правна основа на стекнување за
директна инвестиција во РМ, да го прајават вложувањето и сите натамошни измени на
вложувањето во Централниот регистар. Резидентите не можат да вложуваат во

66
недвижности во странство. Нерезидентите, филијали на странски банки и
подружниците на странски трговски друштва во РМ можат да стекнат сопственост врз
недвижности во РМ под услови оцределени со посебен закон или ратификувани
меѓународни договори. Резидентите се должни секоја трансакција на издавање и
воведување на домашни хартии од вредност во странство претходно да ја пријават кај
Комисијата за хартии од вредност. Резидентите можат да вршат упис, да уплатуваат и
да тргуваат со хартии од вредност во странство само преку овластен учесник на пазарот
на хартии од вредност. Резидентите освен овластените банки не можат да купуваат
хартии од вредност во странство. Нерезидентите можат да вршат упис, да уплатуваат и
да тргуваат со хартии од вредност во РМ само преку овластен учесник. Овластените
банки можат да склучуваат кредитни работи со нерезиденти во свое име и за своја
сметка или во свое име и за туѓа сметка. Овластените банки можат на резидентите да
им одобруваат кредити во девизи.

4. Депозитни работи
Резидентите можат да отвораат и да имаат сметки во странство. НБРМ ги пропишува
начинот и условите под кои резидентите кои не се овластени банки, можат да отвораат
и да имаат сметки во странство. Нерезидентите можат да отвораат и да имаат сметки
кај овластените банки во странска валута и во денари. При отворање на сметката,
овластената банка задолжително го утврдува идентитетот на нерезидентот. НБРМ го
пропишува начинот и условите за отворање и водење на сметките.

5. Плаќања и трансфери
Платниот промет со странство го вршат банки, овластени од НБРМ за вршење на
платен промет со странство. За потребите на РМ платниот промет со странство го врши
НБРМ. НБРМ го пропишува начинот за вршење на платниот промет со странство.
Резидентите кои се трговски друштва, трговци поединци и подружници на странски
правни лица во РМ, можат да вршат плаќања и наплати во ефективни странски пари во
трансакциите со нерезиденти на начин и под услови кои ги пропишува НБ на РМ.
Реализацијата на плаќања и трансфер на средства, врз основа на капитални трансакции
е слободна, доколку се работи за трансакција која е склучена, пријавена и регистрирана
во согласност со овој закон и доколку се намирени сите обврски врз основа на даноци и
придонеси спрема РМ. Владата на РМ ги пропишува условите и висината на износот на
ефективни странски пари и чеков, како и на ефективни домашни пари и чекови и
монетарно злато и кои можат да се внесуваат во РМ или изнесуваат од РМ. Пренос на
хартии од вредност во странство или од странство се врши преку овластена банка.
Пренос на хартии од вредност во странство чиј имател е резидент може да се врши
заради: 1)остварување на правата кои произлегуваат од хартија од вредност; 2) пренос
на правата од хартија од вредност на нерезидентот; 3) чување на странски хартии од
вредност; 4) чување на домашни хартии од вредност во странство кои ги издал
резидент и 5) давање на домашни хартии од вредност во странство како залог.

6. Пазар на странски платежни средства и курс на денарот


Пазарот на странски платежни средства (девизен пазар) ги опфаќа сите трансакции на
купување и продавање на странски платежни средства во РМ. Овластените банки
склучуваат трансакции за купување и продавање на странски платежни средства во
свое име и за своја сметка, како и во свое име и за туѓа сметка. Другите субјекти можат
да склучуваат трансакции за купување и продавање на странски платежни средства во
свое име и за своја сметка само со субјекти кои за вршење на такви работи претходно
добиле одобрение од НБРМ. На девизниот пазар може да се вршат и термински
трансакции. Под термински трансакции се подразбира купување и продажба на девизи,
кога рокот на исполнување на обврските е подолг од два работни дена, сметајќи од
денот на склучувањето на трансакцијата. Курсот на девизниот пазар се формира
слободно. НБРМ на девизниот пазар учествува заради остварување на целите утврдени
со монетарната и девизната политика. Под менувачко работење се подразбираат работи

67
на купување и продавање на ефективни странски пари и чекови деноминирани и
исплативи во странска валута. Менувачко работење вршат резиденти кои од НБРМ
имаат добиено овластување. НБ на РМ му ја укинува дозволата за вршење на
менувачки работи на резидент, ако утврди дека: 1) дозволата ја прибавил врз основа на
невистинити податоци; 2) повеќе не ги исполнува условите за вршење на менувачки
работи; 3) менувачките работи ги извршува спротивно на прописите донесени врз
основа на овој закон и др.

8. Известувања
Субјектите (резиденти и нерезиденти), се должни да известуваат, непосредно или
посредно преку овластени банки, овластени учесници на пазарот на хартии од
вредност, клириншко депотни друштва и царински органи. Субјектите се должни на
НБРМ и на Министерството за финансии да им овозможат увид во своите деловни
книги и друга деловна документација, кога таков увид е потребен заради проверка на
податоците. Овластениот учесник е должен до НБРМ да известува за сите трансакции
на резидентите со хартии од вредност во странство и на нерезидентите со хартии од
вредност во РМ. Резидентите се должни да поднесуваат извештај за сите кредитни
трансакции склучени со нерезиденти. НБРМ ги пропишува начинот и условите за
поднесување на извештаи за склучените кредитни работи. За потребите на известување,
како кредитни работи се сметаат и следниве трансакции меѓу резидентите и
нерезидентите: 1) трансакции чиј предмет е купување или продажба, односно вршење
на одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно на услугите врз основа на
таквите работи, не се извршени во рок од една година по доставувањето на стоката,
односно понудата на услугата; 2) трансакции чиј предмет е купување или продажба на
стока, односно понуда на одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно услугите
врз основа на таквите работи, се изврши во рок подолг од една година пред
доставувањето на стоката, односно услугата; 3) давање и примање хипотеки и други
форми на залог и др.

Централен регистар

1.Основање и организација
Централен регистар се основа, како централна информативна база на правни и друг вид
релевантни податоци, кои согласно со овој или друг закон или со договор се внесуваат
во него. Централниот регистар има својство на правно лице со права, обврски и
одговорности утврдени со овој закон. Седиштето е во Скопје. Во Централниот регистар
се основаат основни регистри врз основа на други закони, во кои се конституираат
права, како и регистри во кои не се конституираат права. Регистрите во кои се
конституираат права, се организираат како посебни одделенија, со кои раководат
раководители на одделенијата како лица со посебни овластувања. Раководителите на
одделенијата ги именува директорот на Централниот регистар и за својата работа
одговараат пред него. Органи на Централниот регистар се Управен одбор и директор.
Управниот одбор брои пет члена. Членовите на Управниот одбор ги именува Владата
на РМ со мандат од шест години. Два члена на Управниот одбор се именуваат по
предлог на Министерството за финансии, еден член по предлог на Министерството за
правда, еден член по предлог на Министерството за економија и еден по предлог на
Државниот завод за геодетски работи. Управниот одбор работи и одлучува на седници,
согласно со својот деловник. Директорот на Централниот регистар го именува
Управниот одбор за време од четири години. Директорот на Централниот регистар е
работоводен орган кој го застапува и претставува Централниот регистар и за својата
работа одговара пред Управниот одбор. Статутот на Централниот регистар го донесува
Управниот одбор, а согласност дава Владата на РМ. Со Статутот поблиску се уредува
внатрешната организација на Централниот регистар, како и овластувањата,
должностите и одговорностите на неговите органи.

68
2. Делокруг на работа (внесување и чување на податоци)
Базата на податоци се внесуваат во Централниот регистар каде што електронски се
обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и прават достапни до заинтересираните
корисници. Обработката, обединувањето и класифицирањето на внесените податоци,
Централниот регистар ги врши според свои постапки и обрасци. Во Централниот
регистар се внесуваат податоците од основните регистри со и без својство на правно
лице, како и податоци од други правни и физички лица. Податоците кои се однесуваат
на конституираните права на сопствениот и стварните права врз туѓи ствари (залог,
хипотека, службеност, реални товари), кога ќе стекнат статус на трговско друштво или
статус на друг вид на правно лице и завршни сметки задолжително се внесуваат во
Централниот регистар. Внесувањето на другите видови податоци, како што се:
кредитни информации, брачни договори, разни видови осигурувања и слично, се врши
врз основа на договор. Внесувањето на податоците во Централниот регистар, основните
регистри и другите субјекти и Централниот регистар, ги вршат врз основа на
единствени постапки и обрасци во електронски или друг облик (форма). Податоците во
Централниот регистар се внесуваат според содржина утврдена во посебен образец, во
кој се изразени специфичностите на одделните основни регистри или на други правни
субјекти. Содржината на образецот заеднички ја утврдуваат Централниот регистар и
соодветниот основен регистар. Обработените, обединетите и класифицираните
податоци од Централниот регистар се складираат и чуваат во седиштето на Регистарот.
Податоците внесени во Централниот регистар можат да ги менуваат, дополнуваат,
ажурираат и бришат само основните регистри и другите правни и физички лица кои ги
внеле истите во него.

3. Односи на централниот регисгар со другите регистри и нивните корисници


Централниот регистар во остварувањето на својата дејност, соработува со другите
државни органи, правни и физички лица и разменува информации со други регистри од
странство. Централниот регистар и основните регистри и другите правни и физички
лица се должни меѓусебно да соработуваат и да си доставуваат податоци со кои
располагаат, како и да даваат објаснувања и помош во врска со вршењето на работите
од својата надлежност. Органите кои ги водат основните регистри и другите правни
субјекти, се должни да овозможат непречено користење на податоците од страна на
Централниот регистар заради остварување на неговите функции. Централниот регистар
обезбедува техничка можност за меѓусебна поврзаност на основните регистри и
другите правни субјекти кои внесуваат правни и друг вид релевантни податоци. Усни и
писмени информации за конституираните права и други својства запишани во
основните регистри, односно во Централниот регистар, можат да даваат и основните
регистри и Централниот регистар. Писмената информација издадена од Централниот
регистар има само информативно дејство. За точноста на внесените податоци во
Централниот регистар, одговара оној кој ги внесува податоците. Во случај на
несовпаѓање на податоците содржани во Централниот регистар со податоците внесени
од основните регистри, правно валидни се податоците од основните регистри.
Односите меѓу Централниот регистар и други субјекти кои врз договорна основа
внесуваат одредени податоци (како, на пример осигурување на имот и лица, брачни
договори и други правни дела), во Централниот регистар се уредуваат со договор.

69

You might also like