You are on page 1of 22

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

ЗА ГОДИНАТА ЗАВРШЕНА НА
31 ДЕКЕМВРИ 2018 ЗА

НН ДООЕЛ СКОПЈЕ

Скопје, Февруари 2019 година


СОДРЖИНА

Страна

Финансиски извештаи

Извештај за финансиска состојба 5

Биланс на успех 6

Извештај за останата сеопфатна добивка 7

Извештај за промените во главнината 8

Извештај за паричните текови 9

Белешки кон Финансиските извештаи 10-25


НН ДООЕЛ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА


на 31 Декември 2018 и 2017
(во 000 Денари)

31 Декември 31 Декември
Белешка
2018 2017
А СРЕДСТВА
НЕТЕКОВНИ СРЕДСТВА
Нематеријални средства 4
Материјални средства 4
Долгорочни вложувања 5
Вкупно нетековни средства
ТЕКОВНИ СРЕДСТВА
Залихи 6
Побарувања од купувачи 7
Други краткорочни побарувања 8
Парични средства 9
АВР
Вкупно тековни средства
ВКУПНО СРЕДСТВА
Б ГЛАВНИНА И РЕЗЕРВИ
Основна главнина 10
Законски и други резерви
Акумулирана (задржана) добивка
Вкупно главнина и резерви
В ОБВРСКИ
Долгорочни обврски 11
Вкупно нетековни обврски

Краткорочни обврски спрема добавувачи 12


Други краткорочни обврски 13
ПВР - -
Вкупно тековни обврски
ВКУПНО ОБВРСКИ
ВКУПНО КАПИТАЛ И ОБВРСКИ

Белешките кон Финансиските извештаи се интегрален дел од


Финансиските извештаи и истите се одобрени од Раководството на Друштвото и се
потпиишани од управителот на Друштвото на ден ___2019

Раководител на финансов сектор Управител

2
НН ДООЕЛ

БИЛАНС НА УСПЕХ
за годината завршена на
31 Декември 2018 и 2017
(во 000 Денари)

31 Декември 31 Декември
Белешка
2018 2017
Приходи од продажба 14
Останати оперативни приходи 15
Набавна вредност на продадени стоки
Трошоци за суровини и материјали 16
Трошоци на вработените 17
Амортизација 4
Останати оперативни расходи 18
Загуба / Добивка од оперативни
активности
Нето приходи (расходи) од финансирање 19
Загуба / Добивка од редовното
работење пред оданочување
Расходи за данок на добивка 20
ЗАГУБА / ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА

Белешките се интегрален дел од Финансиските извештаи и истите се одобрени од


Раководството на Друштвото и се потпиишани од управителот на Друштвото на
ден ____2019

Раководител на финансов сектор Управител

3
НН ДООЕЛ

ИЗВЕШТАЈ
ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА ДОБИВКА
за годината завршена на
31 Декември 2018 и 2017
(во 000 Денари)

31 Декември 31 Декември
Белешка
2018 2017
ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА
Останата сеопфатна добивка
Промени во објективна вредност на
финансиски средства расположиви за
продажба
Останата сеопфатна загуба /
добивка
ВКУПНА СЕОПФАТНА ДОБИВКА ЗА
ФИНАНСИСКАТА ГОДИНА

Белешките се интегрален дел од Финансиските извештаи и истите се одобрени од


Раководството на Друштвото и се потпишани од директорот на Друштвото на ден
____2019

Раководител на финансов сектор Управител

4
НН ДООЕЛ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИТЕ ВО ГЛАВНИНАТА


за годината завршена на 31 Декември 2018 и 2017
(во 000 Денари)

Резерви за
Законски Акумулирана
Основна реинвести
2018 и други (задржана) Вкупно
главнина рана
резерви добивка
добивка

Состојба на
1 Јануари 2018 година

Сеопфатна добивка

Добивка за 2018 година

Останата сеопфатна
добивка за 2018 година

Вкупно сеопфатна добивка


за 2018 година

Состојба на
31 Декември 2018

2017

Состојба на
1 Јануари 2017 година

Сеопфатна добивка

Добивка за 2017 година

Останата сеопфатна
добивка за 2017 година

Вкупно сеопфатна добивка


за 2017 година

Состојба на
31 Декември 2017

Белешките се интегрален дел од Финансиските извештаи и истите се одобрени од


Раководството на Друштвото и се потпишани од управителот на Друштвото на
ден ____2019

5
НН ДООЕЛ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОТОВИНСКИТЕ ТЕКОВИ


за годината завршена на 31 Декември 2018 и 2017
(во 000 Денари)

31 Декември 2018 31 Декември 2017


Готовински тек од оперативни
активности
Загуба / Добивка после оданочување
Корегирано за
Амортизација
Залихи
Побарувања од купувачи
Останати побарувања
АВР
Обврски спрема добавувачи
Останати краткорочни обврски
ПВР
Нето готовина од оперативни
активности
Готовински тек од инвестициони
активности
Набавка на основни средства
Продажба на основни средства

Нето готовина од инвестициони


активности

Готовински тек од финансиски


активности

Долгорочни финансиски кредити - нето

Краткорочни финансиски кредити - нето

Нето готовина од финансиски


активности
Нето зголемување (намалување) на
пари и парични еквиваленти
Пари и парични еквиваленти на
почетокот на пресметковниот период
Пари и парични еквиваленти на крајот
на пресметковниот период

Белешките се интегрален дел од Финансиските извештаи и истите се одобрени од


Раководството на Друштвото и се потпишани од управителот на Друштвото на
ден ____2019

6
1. ОПШТА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДРУШТВОТО

Друштво за трговија на големо и мало НН ДООЕЛ експорт импорт Скопје (натаму:


Друштвото) е друштво со ограничена одговорност основано од едно лице заведено
во Трговскиот Регистар при Централниот регистар на Република Македонија со
единствен матичен број на субјектот (ЕМБС).
Друштвото е основано на ------- година. Процесот на производство во Друштвото е
организиран по светски пропишани норми и стандарди (ISO 9001:2000 и НАССР).
Сопственик на Друштвото е -----------со ЕМБГ ------------------ со влог од --------- илјади
денари.
Приоритетна дејност на Друштвото е -------------------------- -.
Седиште на Друштвото е во --------------------, -.
Друштвото има регистрирано -------------подружници во Скопје и во поголем број
градови низ Републиката.
Бројот на вработени на 31.12.2018 година изнесува -------------- лица (2017: --------).

2. ОСНОВА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

2.1 Прописи

Финансиските извештаи на Друштвото се изготвени во согласност со меѓународните


сметководствени стандарди и меѓународните стандарди за финансиско
известување што се прифатени и објавени во Република Македонија.
Меѓународните стандарди за финансиско известување што се применуваат во
Република Македонија се објавени во Правилникот за водење на сметководство во
Службен весник на Република Македонија број 159 од 29 декември 2009 година, а
применливи се од 01 јануари 2010 година.
Финансиските извештаи се прикажани во илјади денари, освен ако не е поинаку
наведено. Таму каде што е потребно, споредбените податоци се прилагодени и
усогласени со цел да одговараат на извршеното прикажување во тековната година.

2.2 Претпоставка за неограничен континуитет во деловното работење

Овие финансиски извештаи се подготвени врз основа на претпоставката за


континуитет во деловното работење на Друштвото која се заснова на
претпоставката дека средствата и обврските на Друштвото ќе можат да бидат
реализирани во нормалниот тек на деловните активности на Друштвото.
Овие финансиски извештаи не ги земаат во предвид корекциите и
рекласификациите на евидентираните износи на средствата и обврските кои што би
биле неопходни доколку Друштвото не би продолжило со своите деловни
активности во неограничена иднина
2.3 Користење на сметководствени проценки и расудувања

При подготвувањето на финансиските извештаи Друштвото применува одредени


сметководствени проценки. Некои ставки во финансиските извештаи се
проценуваат затоа што не можат прецизно да се измерат. Проценувањето вклучува
расудувања што се засновани на последни расположливи информации.
Сметководствени проценки се употребуваат при проценување на корисниот век на
употреба на материјалните и нематеријалните средства, објективната вредност на
побарувањата, односно нивната наплатливост, објективната вредност на
вложувањата расположливи за продажба и други ставки.
Во текот на периодите одредени проценки може да се ревидираат доколку се
случат промени во околностите што биле основа за проценката, како резултат на
нови информации или последователни случувања.

2.4 Странски валути

Трансакциите деноминирани во странска валута се искажани во Македонски


Денари со примена на официјалниот среден девизен курс на денот на
трансакцијата. Средствата и обврските деноминирани во странска валута се
искажани во Македонски Денари (“Денари”) по средниот курс на Народната Банка
на Република Македонија на последниот ден од пресметковниот период. Сите
добивки и загуби кои произлегуваат од курсните разлики прикажани се во
извештајот за сеопфатна добивка како финансиски приходи или расходи за
пресметковниот период. Средните девизни курсеви применети за прикажување на
позициите на извештајот за финансиска состојбаденоминирани во странска валута
се следните:

Валута 31 Декември 2018 31 Декември 2017

1 EUR Денари Денари


1 USD Денари Денари

3. СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ

Во продолжение е изнесено резиме на значајните сметководствени политики кои


беа применети при изготвувањето на Финансиските извештаи на Друштвото за
годината што завршува на 31 Декември 2018 и 2017.

3.1 Материјални средства

3.1.1. Почетно вреднување

Материјалните средства (градежните објекти, постројките и опремата) во


Извештајот за финансиската состојба се искажуваат според нивниот сметководствен
износ кој ја претставува набавната вредност намалена за акумулираната
амортизација и износот на загуба поради обезвреднување. Во моментот на набавка
постојните средства се евидентираат според нивната набавна вредност, која се
состои од фактурна вредност на средството, вклучувајќи ги увозните давачки,
неповратните даноци и зависните трошоци на набавка.

3.1.2. Последователни издатоци

Издатоците направени за замена на дел од материјалните средства се


евидентираат одделно и се капитализираат само доколку се веројатни идните
економски користи што ќе претставуваат приливи во Друштвото. Сите други
издатоци се признаваат како расход во Билансот на успех во моментот на
настанување.

3.1.3. Амортизација

Амортизација се пресметува по пропорционална метода со примена на пропишани


стапки определени за намалување на вредноста на материјалните средства до нив-
ната преостаната вредност. Изградените материјални средства се амортизираат од
моментот кога се даваат на користење. Амортизацијата не се пресметува на
земјиштето и инвестициите во тек.
Во продолжение се дадени годишни стапки за амортизација на материјалните
средства, применети на некои позначајни ставки:
Стапки
Градежните објекти 2,5%-10%
Погонски инвентар (Постројки) 10%
Мебел и деловен инвентар 20%
Компјутерска опрема 25%
Опрема за производство 5%
Останата опрема 10%
Возила 25%

3.2 Залихи

Залихите на суровини и материјали во финансиските извештаи на Друштвото се


вреднувани по набавна цена кои ја сочинуваат фактурната вредност и зависните
трошоци на набавка.
Резервните делови се евидентираат по набавна цена.
Залихите на ситен инвентар, и автогуми Друштвото ги вреднува по метод на
набавна цена. При нивно ставање во употреба се отпишуваат 100%.

Залихите на трговска стока во магацин Друштвото ги вреднува по набавна цена.


Залихите на трговска стока во продавници Друштвото ги вреднува по продажни
цени со вклучен данок на додадена вредност и пресметана разлика во цени.
Трошењето на суровините, материјалите се евидентираат користејќи го методот
на просечни цени.
Намалувањето на вредноста на залихите се спроведува во случај на пад на
пазарните цени, оштетување или други причини на товар на расходите на периодот.
Трошоците на производство на производи и готови производи се вреднуваат по
методот на пондерирани просечни цени.
Цените на производите не се лимитирани, Друштвото ги одредува слободно
зависно од побарувачката и понудата на пазарот.

3.3 Побарувања од купувачи и останати побарувања

Побарувањата од купувачите и останатите побарувања се водат според


номиналната вредност намалена за исправката на вредноста на побарувањата кои
се сметаат за ненаплативи.

3.4 Дивиденди

Дивидендите се признаваат како обврски во пресметковниот период кога се објаве-


ни.

3.5 Пари и парични еквиваленти

Парите и паричните еквиваленти вклучуваат пари на денарски и девизни сметки


во банки, готовина во благајна, чекови и високо ликвидни вложувања кои брзо
можат да се претворат во пари.

3.6 Обврски за кредити и други позајмици

Главните извори на кредити и други позајмици се банки и правни лица од земјата и


странство.
Сите кредити изразени во странска валута се искажани во денарска
противвредност, според средниот курс на НБРМ на денот под кој се изготвува
Извештајот за финансиската состојба.

3.7 Обврски спрема добавувачи

Обврските спрема добавувачи се евидентираат според фактурирана вредност.

3.8 Обврски за даноци

Даноците се пресметуваат и се плаќаат согласно законските прописи во Република


Македонија. Данокот на добивка се плаќа на непризнатите расходи намалени за
расходите со одложено плаќање (даночен кредит), како и во моментот на исплата
на дивидендата согласно Законот за данокот на добивка.
3.9 Приходи од продажба

Приходот од продажба на производи се признава кога значителни ризици и


користи од сопственоста се пренесени на купувачот и не постојат значајни
неизвесности за наплатата и можно враќање на производите. Приходите од
извршените услуги се признаваат во Билансот на успех до степен на завршеност на
услугите на денот на Билансот. Степен на завршеност се определува според
евиденцијата за извршената работа.
Приходите од продажба на производи и стоки ја опфаќаат нивната фактурирана
вредност.

3.10 Приходи и расходи од финансирање

Приходите и расходите од финансирање ги вклучуваат приходите и расходите од


камати, курсни разлики и дивиденди.
Приходите од камата се признаваат во Билансот на успех кога доспеваат за
наплата.
Приходот од дивиденда се евидентира кога е објавена дивидендата.
Каматите и другите трошоци се признаваат како расход во периодот во кој настануваат.
4. НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА И НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА
Нематеријалните средства и недвижностите, постројките и опремата се состојат од
следното (во 000 денари):
Нематери- Опрема,
2018 јални Градежни транспортни ВКУПНО
објекти и други
средства средства
Набавна вредност
Салдо на 1 Јануари 2018
Зголемување
Намалување
Салдо на 31 Декември 2018

Исправка на вредноста
Салдо на 1 Јануари 2018
Амортизација за 2018
Намалување
Салдо на 31 Декември 2018
Нето сметководствена
вредност
на 31 Декември 2018
Нето сметководствена
вредност
на 1 Јануари 2018
2017
Набавна вредност
Салдо на 1 Јануари 2017
Зголемување
Намалување
Салдо на 31 Декември 2017

Исправка на вредноста
Салдо на 1 Јануари 2017
Амортизација за 2017
Намалување
Салдо на 31 Декември 2017
Нето сметководствена
вредност
на 31 Декември 2017
Нето сметководствена
вредност
на 1 Јануари 2017
5. ДОЛГОРОЧНИ ВЛОЖУВАЊА

Финансиски вложувања се состојат од следното (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Вложувања во поврзани друштва

Вложувања во хартии од вредност


(обични акции)
Вкупно финансиски вложувања

6. ЗАЛИХИ

Залихите се состојат од следното (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Материјали и суровини
Готови производи на залиха
Трговски стоки во магацин
Трговски стоки во продавница
Вкупно залихи

Сметководствената политика за залихите е дадена во Белешката 3 под 3.2 Залихи.


7. ПОБАРУВАЊА ОД КУПУВАЧИ

Побарувањата од купувачите се состојат од следното (во 000 денари):

31 Декември 2018 31 Декември 2017


Побарувања од купувачи во земјата
Побарувања од купувачи во странство
Побарувања од поврзани друштва
Вкупно побарувања од купувачи

Побарувањата од поврзани друштва во износ од ------- илјади денари се кон


следните друштва:

8. ДРУГИ КРАТКОРОЧНИ ПОБАРУВАЊА

Другите краткорочни побарувања се состојат од следното (во 000 денари):

31 Декември 2018 31 Декември 2017


Побарување за повеќе платен ДДВ
Побарување од вработените
Побарувања за дадени позајмици
Побарувања за дадени аванси
Побарувања за повеќе платен данок на
добивка
Побарувања од факторинг
Вкупно други краткорочни
побарувања

Побарувањата за дадени позајмици во износ од _____________


9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Паричните средства се состојат од следното (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Парични средства на денарски сметки
Парични средства на девизни сметки
Парични средства во благајна
Други парични средства
Вкупно парични средства

10. КАПИТАЛ И РЕЗЕРВИТЕ

10.1 Основна главнина

Друштвото има запишано основна главнина во трговскиот регистар на Централниот


Регистар на Република Македонија, во износ од ____________ денари.

% на
Единствен содружник удел во денари
сопственост
100%
Вкупна основна главнина 100%

10.2 Задолжителна општа резерва

Друштвото издвојува задолжителна општа резерва која се формира по пат на


зафаќање од добивката. Оваа резерва се пресметува и издвојува како процент
утврден со Законот за трговските друштва или Статутот на Друштвото кој не може да
биде помал од 5 % од добивката, се додека резервите на Друштвото не достигнат
износ кој е еднаков на една десеттина од основната главнина. Додека не се
постигне пропишаниот минимум, задолжителната општа резерва може да се
користи само за надоместување на загубата.
Кога ќе се достигне пропишаниот минимум, задолжителната општа резерва може
да се користи и за исплата на дивиденди, врз основа на одлука на надлежниот
орган на Друштвото, но само ако висината на дивидендите за деловната година не
го достигне минимумот за исплата, пропишан со Законот за трговските друштва или
Статутот на Друштвото.
Усогласувањето и движењето во главнината и резервите е даден во Извештајот за
промените во главнината за годината што завршува на 31 Декември 2018, на страна
7.
11. ДОЛГОРОЧНИ ОБВРСКИ

Долгорочни обврски се состојат од следново (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Обврска по долгорочен кредит НН банка
АД –Скопје
Позајмица од основачот
Обврски за лизинг
Вкупно долгорочни обврски

Долгорочните обврски по кредити во износ од ________ илјади денари, во кои се


вклучени и обврските за камати се обврски врз основа на долгорочен денарски
кредит од НН банка од ________ година, со рок на отплата ____ месеци и каматна
стапка од ____ годишно. Со ова реструктуирано побарување опфатени се сите
постоечки краткорочни и долгорочни кредити на Друштвото во банката, кои се
одобрени врз основа на Рамковен револвинг кредит-лимит број ______ на износ од
________ евра од __________ година и анексите кон истиот договор.
Како обезбедување на кредитот запишана е хипотека на деловен објект-згради.

12. КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ СПРЕМА ДОБАВУВАЧИ


Краткорочните обврски спрема добавувачите се состојат од следното (во 000 ден.):
31 Декември 2018 31 Декември 2017
Обврски спрема добавувачи во земјата
Обврски спрема добавувачи во странство
Обврски спрема поврзани друштва
Вкупно краткорочни обврски
спрема добавувачи

Обврските спрема поврзани друштва во износ од _______ илјади денари се кон НН.
13. ДРУГИ КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ

Другите краткорочни обврски се состојат од следното (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Обврски врз основа на краткорочни заеми
и кредити
Обврски кон вработените за плати и
придонеси и други примања од работен
однос
Обврски за издадени бонови
Обврски за даноци
Други обврски
Вкупно други
краткорочни обврски

14. ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА

Приходите од продажба се состојат од следното (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Приходи од продажба на производи и стоки
во земјата
Приходи од продажба на производи и
стоки во странство
Приходи од складиштење (лагерирање)
Вкупно приходи од продажба
15. ОСТАНАТИ ОПЕРАТИВНИ ПРИХОДИ

Останатите оперативни приходи се состојат од следново (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Приходи од минати години
Приходи од отпис на обврски
Други приходи
Вкупно останати
оперативни приходи
Другите приходи во износ од ________илјади денари во најголем обем се состојат
од приходи врз основа на вишоци на стоки, вишоци на пари и други вишоци во
износ од ________ илјади денари и други приходи.

16. ТРОШОЦИ ЗА СУРОВИНИ И ДРУГИ МАТЕРИЈАЛИ

Трошоците за суровини и други материјали се состојат од следното (во 000 денари):

31 Декември 2018 31 Декември 2017


Потрошени суровини и материјали
Потрошена електрична енергија
Потрошено гориво и нафта за греење
Потрошени резервни делови
Отпис на ситен инвентар и авто гуми
Вкупно трошоци за суровини и
други материјали

17. ТРОШОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Трошоците на вработените се состојат од следното (во 000 денари):

31 Декември 2018 31 Декември 2017


Нето плати
Даноци и придонеси за плати
Други надоместоци на вработените
Вкупно трошоци на
вработените

18. ОСТАНАТИ ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ


Останатите оперативни расходи се состојат од следното (во 000 денари):
31 Декември 2018 31 Декември 2017
Дневници за службени патувања и патни
трошоци
Репрезентација, реклама и спонзорства
Премии за осигурување
Банкарски провизии
Шпедитерски услуги
Комунални услуги
Патарини
Услуги за одржување
Трошоци за закупнина
Дополнително одобрени попусти
Трошоци за обезбедување
Транспортни трошоци
Кусоци и кало, растур, крш и лом
Вредносно усогласување на побарувања
Други трошоци
Вкупно други трошоци

19. НЕТО ПРИХОДИ ОД ФИНАНСИРАЊЕ

Нето приходите од финансирање се состојат од следното (во 000 денари):


31 Декември 2018 31 Декември 2017
Приходи од камати
Позитивни курсни разлики
Расходи од камати
Негативни курсни разлики
Вкупно нето приходи (расходи) од
финансирање

20. ДАНОК ОД ДОБИВКА

Данокот на добивка по стапка од 10% се плаќа на непризнатите расходи намалени


за расходите со одложено плаќање (даночен кредит), како и во моментот на
исплата на дивидендата и друга распределба од добивката во согласност со
законските прописи во Република Македонија.

21 ТРАНСАКЦИИ СО ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ


21.1 Идентификација на поврзани субјекти

Друштвото остварува трансакции со поврзани друштва кај кои основачот на Друш-


твото има преовладувачко влијае при донесувањето на финансиските и оперативни-
те одлуки. Можноста преовладувачки да влијае при донесувањето на финансиските
и оперативните одлуки се остварува преку застапеност во органите на управување.

Друштвото е поврзано со следните субјекти:

21.2 Трансакции со поврзани субјекти во странство

Трансакциите од работењето со поврзани субјекти се прикажани во Белешките 5, 7,


8 и 12.

22. ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ

22.1 Валутен и кредитен ризик

Друштвото во своето работење влегува во трансакции во странска валута, кои


произлегуваат од продажби и набавки на странски пазари при што истото е
изложено на секојдневни промени на курсевите на странските валути. Еден дел од
обврските по кредити на Друштвото се искажани во странска валута. Поради тоа,
Друштвото е изложено на ризик поврзан со можните флуктуации на странските
валути. Друштвото не користи соодветни финансиски инструменти за да го намали
овој ризик, бидејќи вакви инструменти не се во примена во Република Македонија.
Според ова Друштвото е изложено на можни флуктуации на странските валути кои
сепак се ограничени поради фактот дека најголем број на трансакции и обврската
по кредит е во Евра, чии валутен курс се смета за релативно стабилен.

23. ДАНОЧЕН РИЗИК

Од страна на Управата за јавни приходи на Република Македонија кај Друштвото


нема извршено контрола, и како последица на тоа, трансакциите можат да бидат
оспорени од страна на даночните органи и друштвото би можело да се соочи со
дополнителни обврски за даноци, казни и камати, кои би можеле да бидат
значајни. Периодот за кој даночните и царинските органи можат да направат
контрола со цел утврдување на даночните обврски на Друштвото е пет години.

24. СУДСКИ СПОРОВИ

Против Друштвото се водат судски постапки во кој се јавува како тужена страна во
вкупен износ од ________ илјади денари. На датумот на изготвување на овие
финансиски извештаи, не се евидентирани било какви резервирања од
потенцијални загуби по основ на судски спорови. Раководството на Друштвото,
редовно ги анализира можните ризици од загуби по основ на тековните судски
спорови. Иако резултатот од оваа проблематика не може секогаш со сигурност да се
утврди, раководството на Друштвото верува дека истите нема да резултираат во
материјално значајни обврски.

25. ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ НАСТАНИ

По датумот на составување на Извештајот за финансиската состојба не се случиле


настани од материјално значење, кои треба да се прикажат во финан сиските
извештаи.

You might also like