You are on page 1of 8

Зошто дрвото треба да се заштити и како да се заштити правилно

Зошто дрвото треба да се


заштити и како да се заштити
правилно
Дрвото е жив организам и останува таков дури и откако ќе го употребиме за
корисна цел. Кога се изложени на влажност и променлива температура,
различни видови на дрво ќе се зголемат или намалат во помала или
поголема мера. Ултравиолетовите зраци го разградуваат лигнинот во
дрвото, кое последично станува сиво, грубо и суво. Се заразува со дрвни
инсекти и растителни микроорганизми, меѓу кои најштетни во нашата
околина се дрвните габи, кафеавиот гнилеж и сината мувла. Незаштитеното
дрво старее побрзо и ги губи квалитетот и естетиката, па затоа е важна
правилна подготовка на површината и избор на соодветен производ за
премачкување.

Изберете сончев ден за бојадисување, без дожд или магла, бидејќи висока влажност
на воздухот влијае негативно врз процесот на сушење на премазот. Препорачуваме да
не ги бојадисувате предметите наутро кога на нив има роса, туку да почекате да се
исушат и да се стоплат на природна температура. Маснотиите и другите нечистоти,
пред бојадисувањето, треба да се отстранат со соодветно средство за чистење или
разредувач. Старата боја која што повеќе не е прилепена на површината треба
механички да се отстрани целосно со помош на отстранувачи на боја или топлина. Ако
сакате само да ја освежите бојата, потребно е добро да се исчисти и малку да се
избруси. Дрвените елементи, посебни оние кои стојат надвор или на влажни места,
мора да се заштитат со средство за импрегнација што нуди заштита од биолошки
влијанија пред да се заразат со дрвни паразити. Самата импрегнација не нуди
целосна заштита на дрвото. По нанесување на средството за импрегнација, дрвото
мора секогаш да се бојадиса со краен премаз којшто нуди доволно добра заштита од
временски влијанија.
Крајните премази го штитат и декорираат дрвото и целосно ја прекриваат неговата
текстура, па затоа се најсоодветни за декорација на помалку квалитетно или оштетено
дрво, обновување на стар основен мебел, прозорци, врати и огради. Тие се
одликуваат со едноставно користење, брзо сушење, отпорност, соодветност за
заштита на дрво и можност за избор од голем број на нијанси на бои.
Лазурите, од друга страна, се проѕирни премази кои формираат тенок, проѕирен,
еластичен слој на површината. Проѕирните микро-пигменти навлегуваат во дрвото
заедно со врзувачот и го штитат од влијанијата на околината, а истовремено за
зачувуваат и истакнуваат неговата природна текстура. Водоотпорните материи го
спречуваат навлегување на вода во отворените дрвни пори како и појавата на
пукнатини или набабрување на дрвото. Нијансираните, тенки лазури во неколку
нијанси на боја на дрво исто така се користат како премаз за дрво и претставуваат
одлична основа за лакирање. За заштита на дрво на места изложени на сончева
светлина препорачуваме нијанси на бои со среден интензитет бидејќи премазот и
заштитата на предметот ќе траат подолго.
Со цел да се зачуваат карактеристиките на дрвото, препорачуваме редовна проверка
на сите видови на дрвени површини. При нормална изложеност, доволно е дрвото да
се проверува еднаш годишно. Посебно внимание треба да се посвети на
хоризонталните површини кои се повеќе склони кон временски влијанија. Исто така,
важно е да се спомене дека дрвените површини поставени на јужна и западна страна
се повеќе изложени во споредба со оние на северна или источна страна.

Посебно внимание треба да се посвети и на дограма што е оштетена од град бидејќи


обично ја забележуваме само откако оштетеното место ќе добие сива боја или откако
ќе се зарази со сина мувла. Во такви случаи, препорачуваме заштита на оштетените
места со лазурен премаз (на пр. безбоен). Следниот чекор би бил целосно
обновување на премазот, што е можно поскоро.

Совети за постапката и избор на соодветна боја:


 изберете ја правилната лазура или краен премаз за предметот што го бојадисувате во
однос на описот на производот и инструкциите на пакувањето, и земете ги во предвид
влијанијата на кои е изложен;
 при премачкување на стреи и ламперии, препорачуваме заштитување на дрвото од
двете страни за да се достигне поголема димензионална стабилност;
 безбојните лазури без UV филтри пропуштаат многу ултравиолетови зраци кои го
разградуваат лигнинот во дрвото, што последично го посивува дрвото; затоа, не
препорачуваме да се употребуваат како самостојни премази за дрво на отворен
простор;
 за обновување на старите лазурни премази, изберете посветла нијанса од првично
искористената или измешајте ја оригиналната нијанса со безбојна со соодветен
квалитет;
 ако е можно, бојадисувајте ги предметите хоризонтално;
 предметите што се прикачени треба да се бојадисаат одназад нанапред, и одоздола
нагоре (на пр. огради).
 добро измешајте го секој производ пред нанесување на секој слој;
 бидејќи крајната нијанса многу зависи од видот на дрво, препорачуваме тестирање на
производот на мал дел од површината која планирате да ја заштитите или декорирате;
 тестирајте на мал дел од старата бојадисана површина пред бојадисување за да
проверите дали новата лазура ќе ја раствори или омекне старата;
 нанесете ја бојата во неколку тенки слоеви и според временските интервали дадени
во инструкциите;
 при бојадисување на големи површини, бојадисајте ја целата површина наеднаш – не
работете со прекини;
 бројот на лазурни слоеви влијае врз нијансата – со секој нареден слој нијансата
станува потемна;
 сите дамки што се формираат при бојадисување треба да се отстранат со NITRO или
TESSAROL разредувач додека се сè уште свежи;
 измијте ги алатите веднаш по употребата со соодветен растворач (вода или
разредувач)

Чести грешки при заштита на дрво и причини за нивна појава:


 слаба прилепливост на премазот – слабо исчистена површина и присуство на
маснотија
 груба површина – неизбрусено дрво или прв слој (импрегнација или лазура
 премазот пука, се појавуваат тенки пукнатини и бразди – премазот е нанесен во еден,
густ слој
 лупење – слабо исчистена површина и слабо отстранети стари премази кој повеќе не
се прилепуваат врз површината
 брзо „посивување“ на дрвото изложено на временски влијанија – дрвото било
заштитено со безбојни лазури без UV филтри или со премногу тенки слоеви
 несоодветна нијанса – производот не бил доволно измешан пред употреба, влијание
на бојата на површината на крајниот изглед од премазот
 затемнување на нијансата – дрвото не било доволно суво пред бојадисувањето
 појава на грутки на површината– нечисти алати, слабо исчистена површина, мешање
на лазури врз база на растворувачи и вода
 појава на меурчиња на површината – користење на несоодветни или недоволно
исчистени алати
 површина со точки – нерамномерно нанесување на премазот
 мек и неотпорен завршен слој – поединечните слоеви биле нанесени пребрзо еден по
друг
 премазот не се суши – хемиските отстранувачи на боја не биле измиени, влажноста е
превисока или температурата е прениска

Слаба прилепливост на премазот

Пукање на премазот
Лупење

Брзо посивување на дрво изложено на временски влијанија


Несоодветна нијанса на боја

Појаваа на грутки
 HGMIX

Модерниот систем за мешање HGMIX го надополнува спектарот на нијанси на бои кои


недостасуваат во готовите мешавини од бои.

 Најчесто поставувани прашања

Дали ви е потребен брз совет? Побарајте низ веќе објавените одговори на најчесто
поставуваните прашања од нашите корисници.

 Совети и трикови

Следете ги практичните совети за да го разубавите вашиот дом.

 Каде да се купи?

Проверете ја листата на продавници од кои можете да ги купите нашите производи и


најдете ја најблиската.

Helios, Tovarna barv, lakov in umetnih smol Količevo, d.o.o.


Količevo 65, 1230 Domžale, tel.: 01/722 40 00, fax.: 01/722 41 10
 Правно известување

 Правила за заштита на лични податоци

 Контакт

© Helios TBLUS д.о.о. - Сите права се задржани


Производство: Innovatif

You might also like