You are on page 1of 2

Македонска крвава свадба“ е драма напишана од Војдан Чернодрински.

Инспирација за
пишување на драмата е вистински настан, прочитан во весник.

Темата во драмата е љубовта на двајца млади (Цвета и Спасе), која не може да се оствари заради
самоволието на турските владетели (Осман-бег).

Идејата, пак, е да се прикаже тешкиот живот на македонскиот народ во последните години на


турското владеење.

Драмата е изградена од пет дејствија.

Во драмата е прикажан начинот на живеење на Македонците и нивните обичаи. На нива се пеат


жетварски и комитски песни, јазикот е народен испреплетен со народни поговорки, на свадбата ги
имаме обичаите на земањето на невестата, исто така проследени со песна, потоа верувањето во
сонови и нивното толкување.

Во драмата е прикажан судирот меѓу доброто и злото, меѓу поробените и освојувачите, меѓу
сиромашните селани и богатите бегови кои се претерано самоволни.

Содржина на драмата

Прво дејствие

Во експозицијата на драмата (прво дејствие) е прикажан тешкиот, кулучки живот на Македонците


кои по цел ден работат на нива. Претставена е и љубовта меѓу жетварката Цвета и овчарот Спасе.
Мирната работа и љубовната идила ја прекинува доаѓањето на Осман-бег, господарот на
чифлигот, со своите вооружени слуги. Тие насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег.

Второ дејствие

Заплетот (второ дејствие) го следиме во домот на Цвета каде се наоѓаат старите баба Кузманица и
дедо Кузман и стрината Митра со нејзините ситни деца. Во куќата доаѓа Турчин кој ја искористува
положбата на господар и ги малтретира старците барајќи од нив вечера, а да го служи младата
снаа.

Трето дејствие

Кулминацијата (трето дејствие) се случува во харемот на Осман-бег. Тој ѝ ветува на Цвета убав и
богат живот ако доброволно се потурчи и остане кај него. Но, таа револтирано го плеснува по
образот, бранејќи ја својата чест. Потурчените Македонки, Крста и Петкана, ќе треба да ја убедат
Цвета да попушти иако и тие самите не се уверени дека тоа е добро. По нивниот неуспех, Селим-
оџа со билки ја замајува свеста на Цвета.

Под водство на Дуко, братот на Цвета и Спасе, како и другите роднини и блиски, групата се собира
пред сарајот на Осман-бег и протестира за грабнувањето на девојката. Затоа што на тој начин не
можат да ја вратат, тие случајот го пријавуваат кај битолските конзули. На нивно барање ја
претресуваат куќата на Осман-бег, но тој девојката ја скрил.

Четврто дејствие

Перипетијата (четврто десјтвие) е судскиот процес во Битола, во присуство на Цветините блиски и


на странските дипломатски претставници. Цвета, под дејство на наркоза изјавува дека
доброволно и од љубов избегала за Осман-бег. Но, во последен момент таа се освестува и ја
кажува вистината. Неа ја ослободуваат да се врати дома со родителите, но Осман-бег не може да
се помири со поразот и ваквото навредување на неговата суета.
Петто дејствие

Расплетот (петто дејствие) е свадбата на среќните младоженци проследена со сите обичаи.Тие се


надеваат дека ќе се оствари нивниот сон да бидат заедно, но веселбата ја прекинува Осман-бег со
неговата придружба. Тој повторна сака да ја грабне Цвета. Осман-бег најпрво го убива Дуко, а
потоа настанува крвав хаос во кој Цвета успева да го убие Осман-бег, а Шефкија ја убива Цвета.
Последните зборови во драмата се нејзини: „Умрев, ама Турчинка не станав!“

Ликови

Како драма на судирот, сите ликови во неа се претставени црно-бело, како претставници на
едната или другата страна. Од една страна се сиромашните македонски селани кои кулучат на
нивите од поробувавчите, но иако се поробени, се борат да ја зачуваат честа, името, верата,
обичаите, самобитноста и гордоста, а на друга страна се поробувачите на чело со Осман-бег.
Односно, сите македонски селани се претставени позитивно: како чесни, мирни, достојни, а
Турците поробувачи, негативно, како: злосторници, насилници, убијци.

You might also like