You are on page 1of 3

ОЦЕНКА ЗА СОСТОЈБАТА СО МУЛТИ КРИЗАТА

-УКАЖУВАЊА ОД КОМПАНИИТЕ ЧЛЕНКИ-

Неизвесноста и непредвидливоста на деловниот амбиент остануваат да


бидат клучните предизвици во глобални економски рамки, со сериозно влијание
и на македонското стопанство. По воениот руско-украински конфликт од крајот
на февруари 2022 година, проблемите се мултуплицирани, а за дел од нив
решенијата се многу сложени или воопшто ги нема. Очекувањата се дека
последиците ќе се чувствуваат најмалку две до три години по престанокот на
мулти кризата и тоа најмногу во следните сегменти:
- Енергенси: и по стабилизацијата и намалувањето на цените, истите ќе
бидат најмалку двојно повисоки од нивото на кое беа пред почетокот на
кризата (неофицијални проценки се дека трошокот за енергенсите ќе ја
чини земјата околу 1 милијарда евра);
- Храна: се проценува дека ќе се јави глобален недостиг на храна (поради
недостаток и превисока цена на суровината), и тоа е само прашање на
време. Затоа, кога се мисли на стокови резерви, треба да се има во
предвид дека се потребни резерви за неколку месеци;
- Вештачки ѓубрива: растат цените, но и тешко ќе се доаѓа до нив по
забраната за извоз од Русија која е најголем производител, а прашање е
од каде и по која цена ќе се набавуваат;
- Метали: недостаток на алтернативни пазари за набавка на метали, во
услови кога е прекинат увозот од Украина која е еден од најголемите
производители на челик и добавувач на отпаден челик;
- Ликвидност: со плаќање на поскапо увезени електрична енергија и
суровини, барања за авансни плаќања на обврските, сериозно е зголемен
трошокот на деловните субјекти, што доведува до недостиг на финансиски
средства;
- Инфлација: ММФ и Светска банка ја намалија проекцијата за раст на
македонската економија во 2022 година, каматните стапки ќе пораснат, но
за колку, зависи од тоа како ќе се координираат монетарната и
фискалната политика.
Оваа криза е различна од претходните, никој не е поштеден, енергенси
користат сите а нема супститути кои се можни на краток рок, цените ќе се
стабилизираат на ниво многу повисоко од колку пред кризата, а кризата има
елементи кои претходните кризи ги немале, како инфлација и раст на каматните
стапки. Синџирите на снабдување се и понатаму пореметени. Севкупната
состојба претставува драматичен удар за конкурентноста. Затоа, во сите
преговори со Владата треба да се појде од потребата за носење на мерки кои ќе
овозможат да се издржи подолг временски период, бидејќи не станува збор за
последици кои ќе траат неколку месеци, туку многу подолго. За стопанството
2022 година ќе биде потешка и од пандемиските години.
I.
Од почетокот на месец март 2022 година, се воспостави систем на директни
„ОН-ЛИНЕ“ средби со компаниите членки - секој петок од 12:00 до 13:00 часот,
со цел да се сослушаат барањата/укажувањата за проблемите предизвикани од
мулти кризата, како појдовен основ за натамошно постапување на Комората во
изнаоѓање на соодветни решенија низ институциите на системот. Во
комуникација со над 200 компании, преку оваа алатка, беа дефинирани серија
проблеми со кои се соочуваат компаниите во услови на глобална економска
криза.
Воедно, се реализираа средби со претседателите и потпретседателите на
Регионалните комори од Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Струмица и
Кичево, како и со претседателите на Здруженијата според дејности при
Стопанската комора и согласно анализите направени во Комората по сектори и
дискусиите на средбите се групираа сет на прашања за кои компаниите бараат
решение, и тоа:
1.
За компаниите членки на Комората независно на кој регион припаѓаат и од кое
Здружение произлегуваат, најголем проблем во работењето е скапата струја
која се набавува на слободниот пазар по берзанската цена на HUPEX во
Унгарија поради што сметките им се зголемени и до три пати што заедно со
поскапувањето и на нафтата кое пак ја дига цената на транспортот, влијае и на
драстичен пораст на крајната цена на производот. Согласно дискусиите
произлегуваат 3 предлози:
1. Брзи постапки на локално ниво за инвестиции во фотоволтаици со кои ќе
супституираат дел од скапата увезена струја,
2. Субвенционирање во трошоците за струјата за компании кои
произведуваат стратешки производи - производители на основни
прехрамбени производи и
3. Поддршка на енергетските домашни компании (за целосен ремонт на РЕК-
овите) за поголемо производство на електрична енергија од домашно
производство како би се обезбедила делумно и поевтина струја за
стопанството.
2.
Драстичниот раст на цените а некаде и недостиг од суровини неопходни за
производство во земјава, што е проблем и во глобални рамки, вклучително и
цените на енергенсите, руско-украинскиот конфликт (недостигот од метал и
микро чиповите за автомобилскиот сектор и во примарното земјоделство поради
недостаток на ѓубрива кои се увезуваа), како продолжение на Ковид кризата,
наметна сериозна неизвесност и непредвидливост на ситуацијата, што се
заканува со нарушување на ликвидноста на компаниите поради:
 раст на трошоците по повеќе основи;
 најава за намален обем на производство поради високи цени на суровини
или неможност за супституција од други пазари поради блокада на
украинскиот;
 неконкурентни производи / услуги, поради потребата од зголемување на
цените, што некаде е и невозножно ради долгорочните договорни односи,
што може да доведе до раскинување на партнерства;
 страв од губење на пазарите;
 и затворање и отпуштања на вработените.
3.
Договорите за Јавни набавки на компаниите од различни сектори склучени на
подолг рок (над една година) со фиксни цени, во услови на континуирано речиси
дневно менување на цените, се доведува во прашање исплатливоста на
реализацијата на веќе склучените договори, а се најавува и повлекување од
учество во нови тендерски постапки.
4.
Реакција на предлог измените и дополнувањата на Законот за работни односи,
по скратена постапка, со кои се предвидува намалување на максималната
горна граница за склучување на договори за вработување на определено
време и трансформација на работниот однос од определено на неопределено
време по сила на закон по истекот на шест месеци од склучување на договорот
наместо пет години, како и намалување на крајниот рок за исплата на платите
на пет дена по изминување на исплатниот период наместо петнаесет дена.
5.
Потребна е стабилна даночна политика до крајот на годината, како и навремен
поврат на ДДВ за компаниите, што е од исклучително значење во услови на
неизвесност и непредвидливост од аспект на задржување на каква таква
ликвидност.
6.
За поддршка на секторот угостителство и туризмот, а согласно најавите за оваа
престојна сезона (која веќе започнува) дека се очекува зголемен обем на
странски туристи во Македонија, што ќе иницира раст и во повеќе врзани сектори
на кои туризмот има директен и индиректен позитивен ефект, комплетно
укинување на сите ограничувања во однос на сертификатите за слободна
посета на угостителските објекти и укинување на ПЦР тестови за странски
туристи за влез во државата, согласно Одлуката за драстично релаксирање
на мерките во Ковид услови (симнувањето на маските во затворените
простории). За ова прашање е покренато барање, и во меѓувреме по препорака
на Комисијата за заразни болести, Владата на РСМ ги укина ограничувањата за
овој сектор.
7.
Итната потреба за корекција на ЗРО за недела - неработен ден поради
големи проблеми во производните компании кои не се предвидени во
изземањето, поради 4 - сменското работење и големите трошоци за
исклучување и вклучување на машините, незадоволни работници на кои им се
скратени дополнителните дневници кои ги добивале со работа во недела, и ред
други примери со кои е јасно дека се прави дополнителен и повеќекратен
негативен ефект за стопанството.
8.
Државата веднаш ги наплаќа побарувањата кон стопанството, но во обратен
правец замрзнати се побарувањата кои ги има стопанството од државата и со
екстремно долги рокови на наплата, за што е неопходна измена на член 218 од
Законот за извршување.

You might also like