You are on page 1of 2

Размена на материите меѓу клетката и средината

Во многу клетки внесените материи се искористуваат за синтеза на посебни производи


(секрети, хормони) кои потоа се изнесуваат надвор од клетката. Друг дел од внесените
материи се разложуваат до јаглероден диоксид и вода, како и други азотни продукти, при
што се ослободува енергија која е неопходна за одвивањето на животните процеси.

Според механизмите на пренесувањето на материите меѓу клетката и животната средина,


се разликува пренесување (преминување на растворените материи преку клеточната
мембрана) и цитози (внесување или исфрлање тврди честици или капки течност).

Поради селективната пропустливост на клеточната мембрана, концентрацијата на


материите во клетката и во нејзината околина не е иста. Од ова произлегува дека
пренесувањето може да биде активно и пасивно.

Пасивно пренесување (не се користи енергија) – осмоза, дифузија и олеснета


дифузија.

Осмоза е движењето на водени молекули од средина со помала концентрација кон


средина со поголема концентрација преку полупропустливи мембрани.

Кога концентрацијата на растворените во вода молекули и јони е еднаква од двете страни


на мембраната, клетката е во осмотска рамнотежа со средината, односно средината е
изотонична.

Притисокот што се создава при преминување на материите преку полупропустливите


мембрани до нивно изедначување на концентрациите се нарекува осмотски притисок.
Во таков случај за единица време и во двете насоки преминуваат еднакво количество
водени молекули. При разлика во концентрацијата меѓу клетката и околната средина,
водата се движи во насока што води до изедначување на осмотскиот притисок на двете
страни од мембраната.

Ако клетката се стави во дестилирана вода или хипотоничен раствор (помала


концентрација на честичките, отколку во клетката) , водата навлегува во клетката и ја
разредува клеточната содржина. Тоа доведува до раскинување на клеточната мембрана,
а со тоа и целата клетка.

Целулозниот клеточен ѕид ја спречува ваквата појава. Во хипотоничен раствор,


набабрената цитоплазма се противставува со тургорен притисок врз клеточниот ѕид, за да
се спречи навлегување на водата.

Тургорот е притисок што го врши живата содржина на клетката врз клеточната


мембрана и клеточниот ѕид. Тургоресцентноста најдобро се забележува на листовите.
Кога опаѓа тургорот, тие венеат.

Во хипертоничен раствор (поголема концентрација на честичките, отколку во


клетката), водата преминува од клетката во надворешната средина (хипертоничниот
раствор) и тоа доведува до свиткување и збрчкување на животинската клетка.
Плазмолиза – Кога живи растителни клетки се во хипертоничен раствор, водата
излегува од клетката, тургорот се намалува, клеточната мембрана ја губи напнатоста,
цитоплазмата се одделува од клеточниот ѕид и во облик на топче се собира во средината
на клетката. Ако ваквата клетка се стави во разреден хипотоничен раствор или чиста
вода, ќе почне реверзибилен процес, односно деплазмолиза. Протоплазмата се враќа
во првобитната положба, вакуолата се исполнува со воден раствор, клетката ја добива
првобитната тургоресцентност.

Дифузија е процес на движење на молекули и јони преку порите на клеточната


мембрана од средина со поголема концентрација кон средина со помала концентрација,
додека не се изедначат. Движењето на О2 и СО2 и на некои мали, брзи молекули се
одвива преку дифузија. Ако дифузијата се одвива преку мембрана, се вика осмоза.

Олеснета дифузија е движење на поголеми молекули и јони кои не можат да се


пренесат со обична дифузија, туку преминуваат низ посебни протеински канали на
мембраната или со помош на протеински молекули како носачи.

Активното пренесување е пренесување на материи од средина со пониска кон средина


со повисока концентрација, при што се користи енергија. Се извршува со протеини
носачи. Поголем дел од енергијата клетката ја троши на активниот транспорт. Се
забележува при примање на растворени неоргански материи од почвата преку
кореновите влакненца, преминување на материи низ цревни ресички и каналчиња на
бубрезите. Со изумирање на клетката прекинува активното пренесување и доаѓа до
пасивно пренесување со осмоза.

Цитозите се процеси на пренесување на големи честички во тврда или течна агрегатна


состојба и овие процеси се сврзани со одредени промени во клеточнта мембрана.

Процесот на внесување на материи во клетката се нарекува ендоцитоза, а на


изнесување егзоцитоза. При ендоцитоза, клетката ги прима неопходите хранливи
материи, а при егзоцитоза одделува непотребни материи кои се производи на животните
процеси или може да бидат неопходни за другите клетки (ензими, хормони)

Во ендоцитозата се разликува фагоцитоза и пиноцитоза. Со фагоцитозата се


венсуваат цврсти или поголеми честички или ситни оррганизми како бактерии. При
пиноцитозата влегуваат растворени материи (капки течност). Во допир со честичките,
клетката прави вдлабнатинки (инвагинации) и ја заобиколува честичката. Секоја таква
вдлабнатинка се затвора со микровакуола, а честичката останува заробена во вакуолата и
како таква останува во клетката. Кај нижите организми фагоцитозата претстаува основен
начин на исхрана, а кај вишите организми се среќава кај леукоцитите (фагоцитите),
односно белите крвни клетки. Со пиноцитозата, клетките добиваат неопходни материи –
протеини (ферменти, антитела, хормони), липиди, јаглехидрати.

При егзоцитоза, вакуолата со одреден клеточен материјал се доближува до мембраната.


Потоа преку фузија на мембраната од вакуолата со мембраната, вакуолата се отвара кон
надворешната средина и се ослободува материјата. Егзоцитозата е карактеристична за
жлездените клетки и клетките н крвните капилари.

You might also like