You are on page 1of 1

Бисера Мојсоска I-10

Есеј за Дукља, Рашка и Бугарија

Дукља е држава која се протегала на териториите околу реките Морача и Зета, Скадарското Езеро
и Которскиот залив. Таа една од државите која има огромно значење за балканот поради многу
причини. Таа придонела во подемот и развивање на културата на балканот и едно двоење со свои
посебни традиции, обичаи, религиски обреди без разлика на тоа дека сите држави биле
припадници на православната веросиповед. Позната е и под името Зета кое го добила подоцна за
време на кралот Бодин. После неговата смрт освоените територии биле ослободени и тогашната
Зета подпаднала под византиска власт. Тука можеме да се надоврземе со Рашката држава која е
исто така една од првите создадени балкански држави и чиј подем бил многу значаен за
блаканот. Таа се протегала меѓу реките Ибар, Лим, Дрина и Западна Морава и била наслеена од
страна на српски племиња. Името го добила по градот Рас кој што бил карактеристичен за неа
поради тоа што целосното централно уредување на државата се наоѓало токму во овој град. За
разлика од Дукља оваа држава после години под владеење на бугарите, ја искористила
византиската држава и со нејзина помош ја отфрлила бугарската власт и ги проширила
териториите кон Хум, Травунија, Дукља и Босна. Но подоцна кога и Македонија подпаднала под
византиска власт и таа со тоа влегла во составот на Византија.
Бугарија како последна од овие држави имала огромно влијание врз културиниот развиток на
балканот. Бугарите припаѓале на турската група народи и тие ги населувале териториите околу
Каспиското Езеро, помеѓу реката Волга и планината Кавказ. За неа како најкарактеристично би го
издвоила фактот дека и донел голем подем примањето на христијанството во државата. Оваа
религија ја примила за време на владеењето на кнезот Борис во 864 година. Ова имало големо
влиание на неа така што луѓето почнале да учат на словенски јазик а истовремено почнале
промени во архитектурата со градењето на цркви и манастири. Исто така може да се каже дека и
уметноста имала подем со многуте слики и икони кои што се правеле тогаш. Како доказ за ова ги
имаме денешните стари градби и уметнички дела оставени од дамнешно време.

Се на се можеме да заклучиме дека покрај големите постигнувања и подеми кои ги имале


новосоздадените држави во историјата сепак империите им завршувале и биле заменети со
други. Тоа се случува одново и одново одејќи дури и до првите човекови цивилизации.

You might also like