You are on page 1of 3

Историски развој на медицината

Медицина е наука и пракса за одржување на здравјето и за


проучување, превенција, дијагноза и третман на болести и повреди
на луѓе. Традиционално е сметана и за уметност и за наука:
терминот потекнува од латинските зборови ars medicina со значење
уметноста на лечењето. Во пошироката смисла на зборот
медицина, покрај хуманата медицина, се вклучува и ветеринарната
медицина како наука и пракса за одржување на здравјето на
животни.

Модерната медицина применува здравстени науки,


биомедицинско истражување и медицинска технологија во своја
полза со цел да се дијагностицираат и лекуваат болестите и
повредите, преку лекови или хирургија, но и со многубројни
постапки како психотерапија, јонизирачко зрачење, употреба на
протези и други.

На почетокот медицина во повеќето култури се состоела во


употреба на растенија (хербилизам), животински делови и
минерали. Во повеќето случаи имало и религиозни, ритуални и
магични ресурси. Во абориџинските општества има голем број на
медицински системи поврзани со религијата, културно опстојување
и природните суровини.

На почетокот, медицината била комбинација од емпиризам,


суеверие и разни теории и хипотези, иако некои познати стари
лекари (како Хипократ) покажувале големо критичко мислење и
расудување. Постепено медицината се поставувала на солидни
научни основи и се служела со сите природни науки (физика,
хемија, математика итн.) како помошни средства. Во 19 и во 20 век
медицината постигнала голем напредок и нејзината природа се
угледувала во многубројните области, кои се однесувале не само на
лечење на болестите, туку и на нивното спречување (превентивна
медицина), но не само кај луѓето туку и кај животните (ветеринарна
медицина).

Најстарите пишани документи се од старата медицина на


индискиот полуостров, а тука се и античката египедска медицина,
традиционалната медицина и античката грчка медицина. Грчкиот
доктор Хипократ е наречен татко на медицината, а Гален ги
поставил темелите на рационалниот пристап кон медицината.

Во четиринаестиот и петнаесеттиот век за време на „црната смрт”


главна промена во медицината беше одбивањето на
традиционалниот пристап кон науката и медицината.

За најпознати доктори од Велика Британија се сметаат: Александар


Флеминг (Alexander Fleming), Џозеф Листер (Joseph Lister), Франсис
Крик (Francis Crick) и Флоренс Најтингејл (Florence Nightingale). Од
Австралија Морис Вилкинс (Maurice Wilkins), Хауард Флори (Howard
Florey) и Френк Мекфарлејн Барнет (Frank Macfarlane Burnet) итн.

Во Европа сè до крајот на 18 век беа употребувани животински и


растителни производи, но исто така и делови и течности од
човековото тело.
Медицината заснована врз факти истовремено претставува
движење за основање на најефективниот алгоритам на пракасата
(начин да се направи нешто), преку воведување на систематски
прегледи и анализи. Движењето со помош на глобалната
информатичка наука овозможува сите факти да бидат да собрани и
анализирани во согласност со стандардите на протоколарите. Во
2001 година од вкупно 160 систематски прегледи 21.3 % одговориле
дека нема доволно факти, 20 % одговориле дека нема влијание, а
22.5 % одговориле дека има позитивно влијание.

You might also like