You are on page 1of 1

НЕПОТИЗАМ

Кога некој се обидува да ги искористи своите роднински врски за да постигне нешто во своја
корист, велиме дека е НЕПОТИЗАМ. Непотизмот е негативна појава која најчесто се користи за
постигнување успех вез вложен труд.

НУДЕЊЕ или БАРАЊЕ МИТО се негативни појави во општеството. ПОДМИТУВАЊЕ е нудење на


некоја услуга или нешто материјално за да се постигне некоја цел. БАРАЊЕТО МИТО е барање на
нешто материјално или некоја услуга за да му помогнете на другиот да постигне нешто.

Кога се користи својата позиција за да се оствари некоја приватна добивка, која е незаконска,
велиме дека е КОРУПЦИЈА. Непотизам, мито, подмитување, протекции и сл. се корупција. За
човекот кој прифаќа корупција велиме дека е корумпиран. Секогаш кога ќе се соочиме со
корупција треба да пријавиме на повозрасните.

ЕМПАТИЈА претставува сочувствување со другите.

Емпатија е позитивна особина и тогаш се појавува желба да се помогне на некој.

НАСЕЛЕНИЕ

Населението означува број на луѓе на одредена територија.

Бројот на населението секојдневно се менува, расте или се намалува. Бројот на населението во


една држава се одредува со организирање на ПОПИС.

Населението се дели според:

- ПОЛ (женски и машки)


- ВОЗРАСТ (деца, млади, стари)
- ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ (македонци, срби, власи, роми, турци, албанци)
- ОБРАЗОВАНИЕ (основно, средно, високо)

ПОПИСОТ е начин кој овозможува да се дознае бројот на жители во една држава но и структурата
на населението на таа држава.

You might also like