You are on page 1of 4

1.Ивана направила 5 ѓердани.

На секој од нив нанижала по 12 виолетови, 15 розови и


18 сини мониста. Колку мониста потрошила Ивана за ѓерданите?

2.Нина секој работен ден става по 5 денари во својата касичка. Во деновите од


викендот таа става двојно повеќе. Колку пари собрала Нина за три недели? Колку
собрала за 10 недели?

3.Марија има 3 кутии со колачиња. Во секоја кутија има 14 колачиња. Таа изела по 5
колачиња од секоја кутија.Колку колачиња ù останале?

4.На полицата во една продавница биле ставени 7 пакетчиња од по 5 kg кафеав шеќер


и 9 пакетчиња од по 3 kg бел шеќер. Колку килограми шеќер имало на полицата?
Колку килограми шеќер повеќе имало во поголемите пакетчиња отколку во
помалите?

5.Група новинари патувале до Охрид со 3 автомобили. Во секој автомобил имало по 5


луѓе, од кои еден е возач. Колку новинари отишле во Охрид? Колку возачи возеле до
Охрид?

6.Во една бонбониера има 13 бонбони со марципан. Колку бонбони има во 4


бонбониери?
7.Тетка Бети употребува 4 јајца за една торта. Колку јајца ќе ù бидат потребни на тетка
Бети за да направи 16 торти?

8. Дина има 7 години. Мајка ù има четири пати повеќе од неа. Колку години има мајка
ù на Дина?

9. Колку парчиња ќе се добијат од 8 пици, ако секоја пица е поделена на 7 парчиња?

10. Во мојот двор можам да избројам 16 нозе, а ги бројам само оние на мачињата и
на кучињата. Колку мачиња и кучиња имам во дворот?

11.Колку тркала има на еден паркинг, ако има 23 автомобили?

12.На полицата во маркетот имало по 12 чоколада наредени во 6 реда. Аднан


требало да купи 84 чоколади за другарите од кошаркарскиот клуб. Уште колку
чоколади треба да докупи Аднан од друга продавница?
13.Давид има 15 сликички. Матеј има 7 пати повеќе од Давид, а Лука има за 7 повеќе
од Матеј. Колку сликички има Матеј, а колку Лука? Колку сликички имаат вкупно
тројцата?

14.Дина има 6 години, а брат ù Додо е за 2 години постар од неа. Нивната мајка има 7
пати повеќе години од Дина, а нивната баба има 9 пати повеќе години од Додо. Колку
години има Додо, а колку имаат мајка им и баба им?

15.На модната еко–ревија учениците направиле модели на облека од разни отпадни


материјали: отпадна пластика, стара хартија и стари цедиња. Од пластика биле
направени 13 модели, од хартија 8 пати повеќе отколку модели од пластика, од стари
цедиња 7 пати повеќе отколку модели од пластика. Колку вкупно модели имало на
училишната еко–ревија?

16. Колку вкупно ѕидови имаат 7 коцки и 7 квадари?

17. Колку вкупно темиња имаат 6 конуси и 6 топки?

You might also like