You are on page 1of 1

КОНКУРСНИ ЗАДАЧИ

4 одделение
3857. Пинокио учествувал на еден спортски натпревар. Откако
завршил натпреварот го погледнал списокот со учесници и
заклучил дека половина од сите натпреварувачи имаат повеќе
бодови од него, една третина од сите натпреварувачи имаат
помалку, а нема ниту еден натпреварувач со ист број бодови како
и тој. Колку вкупно натпреварувачи имало на натпреварот?
3858. Мајката кенгур прави скок од три метри за една секунда.
Малото кенгурче за половина секунда скока еден метар. Тие
започнуваат да скокаат во исто време, заедно по права линија и
треба да стигнат до грмушка која е на растојание од 240 m од
почетокот на скокањето. Колку секунди мајката ќе го чека синчето
покрај грмушката?
3859. Во еден овоштарник се засадени повеќе од 300, а помалку
од 350 стебла јаболкa. Колку точно стебла јаболка има во
овоштарникот ако се знае дека во секој ред има по 37 дрва?
3860. Колку триаголници има на цртежот
десно?

4 – 5 одделение
3861. Марe и Жаре ги поделиле собраните костени на седум
еднакви дела, така што Маре зела пет дела, а Жаре преостанатите
два дела. Колку вкупно костени собрале ако е познато дека Маре
зела 120 костени повеќе од Жаре?
3862. Лина, Марин и Еда купувале овошје на пазар. Лина купила 3
kg јаболка, 2 kg лимони и 1 kg портокали за што платила 370
денари. Марин за 3 kg јаболка, 2 kg лимони и 2 kg портокали
платил 430 денари, а Еда за 1 kg јаболка, 2 kg лимони и 2 kg
портокали платила 330 денари. Колку чини 1 kg јаболка, 1 kg
лимони и 1 kg портокали?

28

You might also like