Professional Documents
Culture Documents
ВОДИЧ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА
ЕКСТЕРНИОТ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА 2011
ОПШТА ИНФОРМАЦИЈА
Со Концепцијата за матура и за завршен испит во средно образование со четригодишно траење во
Република Македонија се воведуваат екстерни (централизирани) испити кои се во функција на контрола
и подобрување на квалитетот на образованието.
1
Државната матура за учениците во гимназиското образование се состои од:
екстерен дел
еден задолжителен наставен предмет – македонски јазик и литература, албански јазик и
литература или турски јазик и литература;
еден изборен наставен предмет – странски јазик (англиски јазик или француски јазик или,
германски јазик или руски јазик) или математика (основно или напредно ниво) и
интерен дел:
два изборни наставни предмети од Листата на наставни предмети за полагање на државна
матура во гимназиското образование и
проектна задача
Државната матура за учениците во средното стручно образование се состои од:
екстерен дел
еден задолжителен наставен предмет – македонски јазик и литература, албански јазик и
литература или турски јазик и литература;
еден изборен наставен предмет – странски јазик (англиски јазик или француски јазик или,
германски јазик или руски јазик) или математика (основно или напредно ниво) и
интерен дел:
еден изборен општообразовен предмет од Листата наставни предмети за полагање на
државна матура во стручното образование;
еден изборен стручен наставен предмет од Листата на наставни предмети за полагање на
државна матура во стручното образование и
проектна задача
2
- да достави пополнети пријави од тестаторите од неговото училиште, кои ќе бидат ангажирани во
други училишта до ДИЦ;
- да обезбеди просторни и технички услови во училиштето според однапред утврдени критериуми
и изврши нивна проверка пред почетокот на спроведувањето на испитите;
- да изврши нумерирање на места за седење на кандидатите во испитните простории;
- да изврши прием и проверка на испитниот материјал и да го смести истиот на безбедно место;
- да изврши идентификација и распоредување на тестаторите по испитни простории (според
списоци доставени од ДИЦ) и распоредување на резервните тестатори;
- да го предаде испитниот материјал на тестаторите на денот на испитот;
- да изврши замена на резервен тест;
- да го прими испитниот материјал по завршување на испитот од тестаторите и да ги пополни сите
потребни формулари;
- да го провери испитниот материјал при пакувањето и по завршувањето на испитот и да го
предаде на одговорно лице од ДИЦ;
- да одговара за регуларноста на испитниот процес во училиштето за време на спроведување на
испитите од државната матура;
- да изготви извештај за текот на спроведувањето на испитот и истиот да го достави до ДИЦ ;
- да ги информира учениците за резултатите од спроведените испити;
- да определи еден или повеќе членови од УМК кои ќе го вршат приемот на приговори од
кандидатите, зависно од бројот на пристигнати приговори;
- да ги истакне прелиминарните и конечните резултати од спроведена државна матура, добиени
од ДИЦ, во рок утврден со Правилник.
2. Заменик-претседател – пожелно е да биде заменик-директорот на училиштето. Доколку во
училиштето по функција не постои заменик директор, тогаш за заменик-претседател на УМК
пожелно е да биде назначен некој од стручните соработници во училиштето (педагог, психолог,
социолог).
3. Секретар – препорачливо е да биде лице кое владее добро со компјутерските вештини
(наставник, педагог, психолог, социолог или секретар на училиштето). Негови главни задолженија
се:
- да ги прибере пријавите од кандидатите за полагање на државната матура;
- да ги внесе податоците од пријавите на кандидатите во базата на податоци на ДИЦ;
- да достави податоци за испитните простории и податоци за членовите на УМК до ДИЦ;
- да ги провери податоците за кандидатите доставени во писмена форма од ДИЦ и да изврши
верификација на податоците за пријавените кандидатите од базата на податоци на ДИЦ.
- да ги извести учениците за резултатите од државната матура, согласно процедурите добиени од
ДИЦ
Напомена: Доколку дојде до промена на составот на УМК, Претседателот на УМК е должен со
писмена потврда да го извести ДИЦ
4. Членови – најмалку двајца членови кои можат да бидат наставници или стручни соработници од
училиштето.
Заменик претседателот, секретарот и членовите на УМК ги именува директорот на училиштето по
предлог на наставничкиот совет.
Доколку училиштето ја реализира наставата во неколку различни објекти на различни локации, или
има паралелки од гимназиско и средно стручно образование, бројот на членовите на УМК може да
биде зголемен.
Членови на УМК може да бидат само лица кои се во постојан работен однос во училиштето.
3
Мандатот на УМК е една година со право на реизбор.
4
УМК ги проверуваат листите на пријавени кандидати, корекциите и дополнувањата ги забележатат
во самите листи.
При верификацијата Училишните матурски комисии се должни повторно да ги проверат податоците
за пријавените кандидати (промена на предмет, корекција на наставниот јазик на кој кандидатот ја
следи наставата, проверка на датум на раѓање, печатна грешка во податоците, отстранување на
двојно внесени кандидати и сл.). Проверката се врши така што податоците од оригиналните пријави
се споредуваат со податоците од верификуваните списоци на пријавени кандидати.
Секој кандидат е должен лично да ги види своите податоци наведени во Листата на пријавени
кандидати и да се потпише во истата во местото предвидено за тоа. Со тоа кандидатот ја потврдува
точноста на податоците.
По проверката претседателот на УМК става печат и ги потпишува листите, со што потврдува дека
листите се проверени и се конечни. Согласно роковите утврдени со Правилникот, листите се
праќаат во ДИЦ, каде што евентуалните корекции и дополнувања се внесуваат во базата на
податоци, а примерокот од листите на пријавени кандидати добиен од училиштата се чува во
архивата на ДИЦ како доказ.
Конечните листи на пријавени кандидати повторно се доставуваат до училиштата во писмена
форма, а УМК ги истакнуваат на видно место во училиштето (огласна табла), како истите би биле
достапни за кандидатите.
5
Државниот испитен центар најдоцна до 15 мај 2011 година е задолжен, писмено да ги извести УМК за
прифаќањето или одбивањето на листа на тестатори , односно кои лица ќе бидат ангажирани за
тестатори.
ДИЦ го задржува правото да не ги прифати оние лица за тестаторите кои не ги исполнуваат
критериумите за назначување на тестатор или ги прекршиле испитните процедури при нивните
предходни ангажмани.
Секоја Пријава за тестатор содржи СТРОГО ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ЕМБГ, бр. на
трансакциона сметка, и останати лични податоци на тестаторите). За таа цел Ве молиме Формуларот
за назначување на тестатори сите Пријави за тестатори и сите Изјави од тестатори да ги
доставите до ДИЦ по Брза пошта
Државниот испитен центар, еден ден пред почетокот на испитот по одреден предмет (најдоцна до
13 часот) го доставува испитниот материјал преку овластено лице од ДИЦ.
Испитниот материјал кој е спакуван во кутии го прима претседателот на УМК во присуство на
мнозинство членови на УМК. Потоа претседателот на УМК ги брои кутиите и проверува да не се
оштетени или отворени.
При примопредавањето на испитниот материјал, претседателот на УМК потпишува дека примил
соодветен број на кутии со испитен материјал во Формуларот за примопредавање на
испитниот материјал (ФПИМ 1), кој се наоѓа залепен на една од кутиите.
Потоа, претседателот заедно со останатите членови на УМК во присуство на одговорно лице од
ДИЦ ги отвораат кутиите и ги бројат вреќичките со тестови и ковертите со формулари од секоја
кутија. Проверката на содржината на испитниот материјал во кутиите се прави на тој начин што се
споредуваат шифрите на вреќичките со тестови и ковертите со формулари со шифрите во
Формуларот за примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1 - точка 2 ). Доколку
шифрата на вреќичката и шифрата на ковертот е иста со шифрата во формуларот за
6
примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1), на соодветното место во тој формулар
претседателот на УМК го запишува знакот ,,X”.
7
Во училиштето испитниот материјал се чува заклучен во сеф (метална каса), во просторија која може
да се заклучи. При отвoрањето на сефот по правило треба да бидат присутни сите членови на УМК или
најмалку две третини од нејзиниот состав.
Доколку членовите на УМК и другите на кои им е достапен испитниот материјал ги прекршат правилата
за чување на испитната тајна, одговараат дисциплински, материјално и казнено во склад со
прописите кои ја уредуваат таа одговорност.
8
кандидат (име и презиме, датум на раѓање и избран предмет) е наведена и испитната
просторија во кој е распореден секој кандидат.
Списокот на пријавени ќе им
помогне на кандидатите
навремено да дознаат во
која испитна просторија ќе
бидат распоредени на денот
на испитот.
9
2. Распоредот на пријавени кандидатите по испитни простории
Врз основа на Распоредот на пријавени кандидати по испитни простории УМК ги подготвува
испитните простории и врши нумерирање на местата на седење во секоја испитна просторија.
1
УМК треба да ги истакне Распоредите
Податоци за датум на раѓање на кандидатите
10
11
12
13
14
15
10
Нумерирањето на местата за седење на кандидатите во испитните простории се врши
исклучиво според Распоредите на пријавени кандидати по испитни простории
Бројот на местата за седење на кандидатите во секоја испитна просторија може да биде
различен. Во една испитна просторија може да има најмалку 1, а најмногу 15 кандидати.
При нумерирањето на местата за седење УМК треба да внимава, првото место за седење
предвидено за кандидатот да започнува со реден број 1, а последното место за седење на
кандидатот во испитнaта просторија да завршува со последниот реден број наведен во
Распоредот на пријавени кандидати по испитни простории
Клупа за
тестатор Напомена за УМК:
Нумерирањето на
4
8 3 местата за седење се
2 изведува така што на
7 1 секоја клупа се означува
6 со редниот број на
местото за седење (види
10 5 прилог 3) согласно
Распоредот на
кандидати по испитни
простории, кој УМК го
добива 3 дена пред
испитите.
9 Клупа за
лични
предмети на
кандидатите
11
Доколку некој од тестаторите е отсутен, претседателот на УМК обезбедува замена од резервните
тестатори и тоа го забележува во самиот распоред.
По извршената идентификација, УМК на секој тестатор му го предава соодветниот испитен материјал,
при што тестаторот се потпишува во Формуларот за примопредавање на испитен материјал на
денот на испитот (ФПИМ2)
Тестатор треба да добие:
една вреќичка со тестови и листи за одговори
еден коверт со формулари
12
Кандидатите да имаат прибор за пишување (пенкало кое пишува сино) и дозволени помагала кои
се пропишани со испитната програма.
Кандидатите задолжително треба да ги остават сите лични работи на ташни, мобилни телефони,
органајзери, електронски уреди и сл. на предвиденото место во испитната просторија.
13
да ги евидентираат сите евентуални нарушувања на правилата за полагање на екстерните
испити.
ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ
Соопштување на првични резултати
ДИЦ е должен во рок од 30 дена по спроведувањето на вториот екстерен испит до училиштата да
достави првични резултати од спроведените екстерни испити од државната матура.
Прелиминаринте резултати училиштата ги добиваат по Брза пошта, Македонски пошти.
По добивањето на прелиминарните резултати, УМК е должна да им ги соопшти резултатите на
кандидатите. Начинот на кој резултатите ќе треба да бидат соопштени, на УМК ќе им биде
дополнително објаснет во писмена форма преку известување на ДИЦ.
Соопштување на конечни резултати
По разгледувањето на евентуалните приговорите, се утврдуваат конечните резултати на кандидатите
и се доставуваат до училиштата изразени во оценка и перцентилен ранг.
Конечните резултати училиштата ги добиваат по Брза пошта, Македонски пошти.
По добивањето на конечните податоци, УМК е должна да им ги соопшти резултатите на кандидатите.
ПРИГОВОРИ
Процедура за поднесување на приговор
Право на поднесување на приговор има секој кандидат кој смета дека е направена грешка во
оценувањето на испитните задачи, во пресметувањето на бројот на бодовите или во изведувањето на
оценката.
Рокот за доставување на приговорите е најдоцна два дена по објавувањето на
прелиминарните резултатите од испитот.
Сите приговори пристигнати надвор од наведениот рок се одбиваат како ненавремено доставени.
Задачи на УМК во врска со приговорите
Претседателот на УМК е должен да определи еден или повеќе членови од УМК кои ќе го вршат
приемот на приговори од кандидатите, зависно од бројот на пристигнати приговори.
Обрасци од приговорите се наоѓаат на веб страната на ДИЦ (www.matura.gov.mk). УМК треба да ги
симне од веб-страницата на ДИЦ www.matura.gov.mk следните документи:
Упатство за подносителите на приговори (кандидатите),
Образец за приговор од кандидатот,
14
Примерок од пополнета уплатница,
Образец за сумарен извештај за пристигнати приговори до УМК и
Детален преглед на пристигнати приговори.
Документите Упатство за подносителите на приговори (кандидатите), „Образец за
приговор од кандидатот и Примерок од пополнета уплатница треба да се испечатат и да
се стават на огласната табла или на друго видно место во училиштето.
По приемот на приговорот членот на УМК треба да стави деловоден број на училиштето на
образецот Приговор од кандидатот. Потоа УМК правилно треба да ги пополни податоците за
секој примен приговор во документот Детален преглед на пристигнати приговори.
УМК на кандидатот задолжително мора да му издаде потврда за прием на која ќе го наведе
деловодниот број со кој е заведена пријавата.
УМК е должна да направи фотокопија од сите приговори и потврди кои ги примила, односно издала.
Овие фотокопии остануваат во училишната архива и служат како доказ.
По завршувањето на рокот за прием на приговори од кандидатите УМК треба да го пополни
документот Образец за сумарен извештај за пристигнати приговори до УМК во кој ќе го наведе
бројот на пристигнатите приговори според барањата во документот.
Веднаш по крајниот рок за прием на приговори, со Брза пошта (Македонски пошти) УМК ги испраќа
документите до ДИЦ.
15
ПРИЛОГ: ФОРМУЛАРИ
16
ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР ФПИМ 1
Училиште:
1 4 7 10
2 5 8 11
3 6 9 12
17
___________________ ____________________________
Претседател на УМК Овластено лице од ДИЦ
Напомена: Доколку при примопредавањето на испитниот материјал УМК забележи некакво оштетување на
испитниот материјал или било какво прекршување на процедурите за доставување на испитниот
материјал, Ве молиме забележете во просторот предвиден за тоа.
Забелешка:_______________________________________________________________
________________________________________________________________________
__
___________________ ____________________________
Претседател на УМК М.П Овластено лице од
ДИЦ
18
Реден Kod na kutiite: Реден Kod na kutiite: Реден Kod na kutiite: Реден Kod na kutiite:
бр. бр. бр. бр.
1 4 7 10
2 5 8 11
3 6 9 12
предал примил
_______________________ М.П. _________________________
Овластено лице од ДИЦ Овластено лице од
ДИЦ
FPIM 2
Училиште:_____________________________________
Име на наставниот предмет:_____________________________________
Наставен јазик:____________________________
Предал: Примил:
Претседател на УМК Тестатор
____________________________ ____________________________
19
Датум ________________, час____________________
Предал: Примил:
Тестатор Претседател на УМК
____________________________ ____________________________
U~ili{te____________________________, mesto______________
U~ili{nata maturska komisija vrz osnova na izvr{eniot pregled potvrduva deka dostaveniot ispiten
materijal e soodveten na фormularot za primopredavawe na ispitniot materijal i na brojot na prostoriite za
testirawe vо ova u~ili{te.
Број на примени вреќички со резервни тестови :
Наставен предмет Бр. на вреќички со резервни тестови
македонски јазик и литература
албански јазик и литература
турски јазик и литература
математика основно ниво (македонски настевен јазик)
математика основно ниво (албански настевен јазик)
математика основно ниво (турски настевен јазик)
математика напредно ниво (македонски настевен јазик)
математика напредно ниво (албански настевен јазик)
математика напредно ниво (турски настевен јазик)
англиски јазик (македонски настевен јазик)
англиски јазик (албански настевен јазик)
англиски јазик (турски настевен јазик)
француски јазик (македонски настевен јазик)
француски јазик (албански настевен јазик)
француски јазик (турски настевен јазик)
германски јазик (македонски настевен јазик)
германски јазик (албански настевен јазик)
германски јазик (турски настевен јазик)
руски јазик (македонски наставен јазик)
естетика (македонски наставен јазик)
естетика (албански наставен јазик
Филозофија (македонски наставен јазик)
Zabele{ki:
I. Vo ispitniot materijal nedostasuvaat ____________ vre}i~ki so testovi so {ifri __________,
___________, ___________.
Vo ispitniot materijal nedostasuvaat ____________ koverti so formulari so {ifri __________,
___________, ___________.
II. Vo ispitniot materijal ima vi{ok ____________ vre}i~ki so testovi so {ifri __________,
___________, ___________.
20
Vo ispitniot materijal ima vi{ok ____________ koverti so formulari so {ifri __________,
___________, ___________.
Pretsedatel na UMK______________ Zamenik - pretsedatel na UMK______________
^len 1_______________________ Член 2_____________________
Sekretar_____________________ Овластено лице од ДИЦ______________
ФЗТ
од испитната просторија_____________________________________
(бр. на испитна просторија)
на______________наставен јазик.
_______________ ______________
Тестатор Претседател на УМК
Претседателот на УМК_______________________________________
(цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)
на_____________наставен јазик.
Предал:________________ Примил:_____________
Претседател на УМК Тестатор
Тестаторот _________________________________________________
(цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)
21
примил_____________, по наставниот предмет__________________
(број на тестови)
на_____________наставен јазик.
Предал:________________ Примил:_____________
Претседател на УМК Тес татор
22