You are on page 1of 3

Оперета

Оперета е музичко-сценско дело со ведра, шегобијна и забавна содржина. Драмското


дејство се реализира преку пеење, свирење, глума и разговорни дијалози. Оперета е мала
опера, но не во обемот на делото (времетраењето), туку во намалување на музичкиот дел и
давање повеќе простор за дијалози.
Оперетата произлегла од француската Opera Comique (комична опера) во средината на 19
век (1839год).
Жак Офенбах ги напишал првите оперети како што се „Двајца слепи луѓе“, „Ба-та-клан“ и
„Орфеј од подземниот свет.“
Популарноста на оперетата ги надминува француските граници и се проширува во
Англија, Херманија, Австрија и пошироко. Најзначаен композитор на оперета на
германски јазик е австриецот Јохан Штраус – помладиот, а неговата најпопуларна оперета
е „Лилјакот“. Виенската традиција ја продолжуваат Франц Лехар, Оскар Штраус, Карл
Целер и др.
Берлин станал центар на германската оперета. Таа се одликувала со сопствен стил,
особено по Првата светска војна. Овој стил вклучувал новитети како што се елементи од
џез, други синкопирани танцувачки ритмови и присуство на регтајм*-марширачки
мелодии.
Врвот на оперетата на англиски јазик бил достигнат кога се појавиле Гилберт како писател
на либрета и Саливан Вилијам како композитор на музиката. Развојот на оперета
продолжува во 20 век со дела од композиторите Едвард Герман, Лајонел Минктон и
Хародл Ф. Симонс.

*регтајм – музички вид, пијанистичка музика за танц, непосреден претходник на џезот,


претставува комбинација на црнечки фолклор и европска музичка традиција.

Јохан Штраус II

Јохан Штраус II (25.10 1825 – 03.06.1899) припаѓа на големото семејство Штраусови од


кои еден дел биле талентирани музичари и одиграле значајна улога во музичкиот живот на
Виена. Сепак, најпознат од нив бил Јохан Штраус II. Неговото име е поврзано со појавата
на валцот во операта. Оваа музичка форма нашла свое место и во творештвото на
големите композитори на 19 век – Шопен, Лист, Брамс. Танцовиот ритам на валцот бил
добредојден на раскошните балови кои кон крајот на 19 век се приредувале во
аристократските салони и дворците на богатите виенчани. Во компонирањето на многуте
валцови (околу 400) – „На убавиот син Дунав“, „Пролетни звуци“, „Виенска крв“,
„Приказни од виенската шума“ и др. , Штраус имал голем успех. Не случајно Брамс го
нарекол најмузикалната глава на Европа. Стекнал широка популарност и на
многубројните гостувања низ големите градови на континентот.
Првата оперета што ја напишал се нарекува „Индиго и 40те разбојници“, во 1871, но
неговата најуспешна оперета е „Лилјакот“ (1874), која што станала најизведувана оперета
во светот и до ден денес останала најпопуларно сценско дело.
„Лилјакот“ набрзо бил поставен на репертоарот на Дворската опера, подоцна Државна
опера во Виена. Оперетата била прифатена и во други угледни оперски куќи во Европа и
пошироко.

„ Лилјакот “
Оперета во 3 чина
Светска премиера: 05.04.1874 – Виена

Улоги:
Ајзенштајн – тенор
Кнез Орловски – тенор
Франк, управник на затворот – баритон
Фалке, нотар – баритон
Розалинда, жена на Ајзенштајн – сопран
Адела, слугинка на Розалинда – колоратурен сопран
Фроси, стражар во затворот – говорна улога

1 чин:
Ајзенштајн е осуден на осумдневен затвор затоа што навредил државен чиновник. Тој
треба вечерта да започне со издржување на казната и затоа жена му подготвува богата
проштална вечера.
Адела, слугинката, добива покана од нејзината сестра да присуствува на бал под маски,
организиран од кнезот Орловски. Со друго образложение, Адела бара слободни денови.
На балот е поканет и Ајзенштајн. Тој заминува од дома кажувајќи ѝ на својата сопруга
Розалинда дека оди во затвор. По неговото заминување, Розалинда е посетена од
нејзиниот љубовник Алфред, професор по пеење.
Франк, управителот на затворот, доаѓа да го приведе Ајзенштајн, но наидува на Алфред,
кој се преправа дека е Ајзенштајн и е уапсен наместо него.

2 чин:
Во вилата на кнезот Орловски се прави забава. Со дозвола на Орловски, Фалке е диригент
на балот. Фалке му го кажува својот заговор на кнезот Орловски. Неговата цел е да му се
одмазни на Ајзенштајн поради повредата што тој претходно му ја нанел, оставајќи го на
улица во пијана состојба, облечен како лилјак. Дел од планот на Фалке е присуството на
Франк, Адела и Розалинда.
Кнезот ги пречекува своите гости меѓу кои и Розалинда, маскирана во улога на унгарска
грофица, Ајзенштајн под името Маркиз Ренард, Франк- витезот Шагрин и Адела во улога
на глумица. Гостите се забавуваат и разговараат со наклоност едни кон други, не
препознавајќи се меѓусебно. Ајзенштајн почнува да се додворува на „грофицата“ и ѝ го
подарува својот убав златен часовник, а Розалинда го прима, за да ѝ послужи подоцна
како доказ за неговото неверство.
И Франк и Ајзенштајн се многу напиени кога им текнува дека мораат да ја напуштат
забавата и да заминат во затворот иако Ајзенштајн не знае дека Франк е управникот на
затворот, ниту пак Франк знае дека Алфред е затворен наместо Ајзенштајн.

3 чин:

Адела и сестра ѝ мислат дека витезот Шагрен (Франк) отишол во затвор затоа што
направил нешто лошо. Во затворот ги прифаќа стражарот Фроси, кој е премногу
поднапиен и двете девојки ги затвара во ќелија, додека во соседната, Алфред се
разонодува пеејќи.
Франк и Ајзенштајн пристигнуваат пијани и овој сака да му објасни на Франк дека доаѓа
тука како затвореник, Но Франк знае дека веќе затворил некој Ајзенштајн и никако не
можат да се разберат. Заради одмазда, Фалке го доведува целото друштво од балот и тука
открива како го излажал Ајзенштајн заради шегата со лилјакот. Така, Ајзенштајн дознава
дека цела вечер страсно се додворувал на сопствената жена, која како за доказ го има
златниот часовник. Розалинда сака да се разведе, но тој ја моли да му прости. Кога
излегува на виделина под какви околности е приведен и затворен Алфред, брачните
другари веќе нема да си префрлаат. Сите се ослободени, а Франк е задоволен со тоа
Ајзенштајн формално да ја издржи казната.

You might also like