You are on page 1of 2

ОПЕРА,ОПЕРЕТА,БАЛЕТ И МЈУЗИКАЛ

ОПЕРА е музичко сценско дело, музичка драма, каде глумци го прикажуваат дејствието на
драмската приказна пеејќи го текстот, пратени од оркестар.Претставува извонредна фузија на
пеење, глума, оркестрална музика, костими, сценарио (либрето), ликовен сценски израз, а често и
балет како форма на танцување.

Зборот опера е скратен облик од италијанскиот израз opera in musica, што во буквален превод би
значело „музичко дело“. Целта на ваквото именување, била желбата да се опише операта како
збир од музички дела сплотени во единствена музичка форма.

Операта „Дафне“ (Daphne) на италијанскиот композитор Јакопо Пери од 1597 година, се смета
за прво оперско остварување. Намерата била со операта Дафне да се оживее класичната грчка
трагедија, како дел од целокупното будење на античките вредности во периодот на ренесансата.

Пеачките улоги во оперите се разликуваат по распонот и бојата на гласот. Машките гласови,


подредени од највисокиот до најнискиот, може да бидат: контратенор, тенор, баритон, бас-
баритон и бас. Женските пак се класифицирани на: сопран, мецосопран и алт.Секој од овие
гласови може да има и своја подподелба,како што сопораните може да бидат: лирски , драмски ,
колоративен , спинто и вагнеријански сопран.

Пеењето ја претставува срцевината на операта. Во големата опера (grand opera), форма на опера
која најчесто се изведува во денешно време, се пее целиот текст. Спротивно на ова, во комичните
опери (opera buffa), најчесто нема големи, грандиозни сцени, а и хорот не е толку застапен.
Самиот термин комична опера претежно се однесува на опери со ведри теми, а бил воведен со
цел да се направи разлика од сериозни опери (opera seria). Нешто подоцна, терминот комична
опера станал основа на верските опери, но и тие најчесто завршувале трагично. „Травијата“ на
Џузепе Верди, „Боеми“ и „Мадам Батерфлај“ на Џакомо Пучини се можеби најистакнатите
примери. Повеселите теми од XIX век биле основа за појавата на оперетите, кои пак нешто
подоцна, во XX век, со сатирична содржина и без голем заплет-мјузикли. Мјизиклите најпрво се
појавуваат во Соединетите Американски Држави.

ОПЕРЕТА е музичко – сценско дело со ведра и забавна содржина. Драмското дејство се реализира
преку пеење, свирење, глума и говорни дијалози. Оперетата произлегла од комичната опера во
средината на 19 век. Се мисли дека Жак Офенбах ги напишал првите оперети кои што се најраните
едночински хитови „Двајцата слепи луѓе“, „Ба – та – клан“ и првата целосна оперета со голем
успех „Орфеј од подземниот свет“. За кратко време операта достигнала многу голема популарност
и во други европски земји како: Англија, Германија, Австрија и пошироко. Најзначаен композитор
на оперети на германски јазик е австриецот Јохан Штраус – помладиот, а негова најпопуларна
оперета е „Лилјакот“. Врвот на англиската оперета бил достигнат кога се појавиле Гилберт како
писател на либрета и Саливан Вилијам како композитор на музиката.

БАЛЕТ-Балетот е формален вид на танц. Обично се изведува на сцената како дел од балетската
работа која често вклучува мимика, глума, раскажување на приказни и е проследен со музика.

Балет е вид на изведувачки танц кој потекнува од италијанските ренесансни палати на XV век,
подоцна развиен во форма на концертен танц во Франција и Русија. Оттогаш станал широко
распространет, и висока техничка форма на танц со свој сопствен речник. Балетот може да се
однесува и на балетските танцови дејности, кои се состојат од кореографија и музика за балетска
продукција. Добро познат пример за ова е „Оревокршачка“,балет во два чина чија прва
кореографија била на Мариус Петипа и Лев Иванов со мелодија од Петар Илич Чајковски.

Класичен балет

Класичниот балет се заснова врз традиционалната балетска техника. Постојат различни стилови на
класичен балет кои се поврзани со нивните места на потекло, како што се
францускиот ,италијанскиот и рускиот балет.

Неокласичен балет

Неокласичниот балет е стил на балет кој е во согласност со техниката на класичниот балет, но


отстапува од класичниот балет преку невообичаено брзо темпо на танцот и неговото додавање на
нетрадиционални техники. Меѓупросторот во неокласичниот балет е обично помодерен или
комплексен отколку во класичниот балет.

Современ балет

Современиот балет е вид на танц кој е под влијание и на класичниот и на модерниот танц. Ги
вклучува принципите на основната техника и контрола на телото на класичниот балет, но
овозможува поголем опсег на движење од класичниот балет и може да не се придржува до
строгите линии на телото или одѕивот кој ги вклучува техниката на класичниот балет.

МЈУЗИКАЛ или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот
на XX век. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на
мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или прерадено книжевно дело.
Најпознатите мјузикли се “Коса”,” Бакни ме Кејт”, “Циганите летаат во небото”, “Некои тоа го
сакаат жешко”, “Чикаго “и други.

Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра.

Музичките сцени од мјузиклите имаат за цел да ја потенцираат и развијат приказната, да ни ги


доближат карактерите, понекогаш да не оттргнат од главното дејство, а неретко и да не насмеат.
Спојот на музиката, танцувањето и развивањето на приказната, како и начинот на кој карактерите
ни се обраќаат преку ТВ екраните, создава аудиовизуелна уметничка творба, која на умешен
начин ги спојува филмот, музиката и театарот.

You might also like