You are on page 1of 15

СОУ „БОГДАНЦИ“ – БОГДАНЦИ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Предмет:

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОШТЕНСКИОТ ТРАНСПОРТ

Тема:

ОБИЧНИ ПИСМОНОСНИ ПРАТКИ - ПИСМО

Ментор: Изработил:

Стојанка Анѓелковиќ Ристо Картелов

Богданци 2023

1
Содржина

Вовед .............................................................................................................................................. 3

Обични поштенски пратки 4

Посебни услуги за обични писмоносни пратки се: 4

Итна пратка „EX“ 5

Авионска пратка 5

Писмо и видови писма 6

Прием на обични писмоносни пратки 8

Прием на обични пратки на шалтер и преку поштенски сандачиња 11

Сортирање на обични писмоносни пратки 11

Превоз на поштенски пратки 12

Достава на обични писмоносни пратки 15

Истражување за поштенски услуги 15

Заклучок 17

Користена литература 18

Вовед

2
Во оваа проектна задача ќе се запознаеме со поштенскиот сообраќај,сите поштенски пратки,видови писма кои се користат и слично.Писмото

потекнувало од латинскиот збор posita кое значи поставена.Подоцна почнале да се користат првите поштенски марки 1863 година. Со постоење на

поштенските услуги полесно било за комуницирање помеѓу луѓето.Писмото е едно од најважните документи во поштата,а после него доаѓаат и сите

останати поштенски пратки и услуги. Писмото е затворена обична писмоносна пратка на којашто не е означена вредноста. Писмото содржи пишувано

соопштение, а може да содржи и други предмети.Писмо претставува пратка за кореспонденција во затворен плик, со следните карактеристики:Писмото

мора да биде затворено на начин кој овозможува целосна заштита на содржината од можни повреди, оштетувања или намалување на содржината во тек на

преносот, како и заштита од намалување или оштетување на содржината без однадвор видлива повреда.Поштенскиот сообраќај како сообраќајна дејност

има за цел да врши прием, сортирање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешниот и во меѓународниот сообраќај.Обезбедувањето на

поштенските услуги не мора да ги содржи сите наведени елемнти односно фази. Обични писмоносни пратки се поштенски пратки за кои при приемот на

шалтер во ЕПМ на испраќачот не му се издава образецот Потврда за прием на пратка, а при врачувањето на пратката не се бара потврдување на приемот од

страна на примачот на пратката.Обични писмоносни пратки се:писмо , поштенска картичка , печатени работи , секограми и мал пакет.Поштенска картичка е

пратка со отворено пишано соопштение. Изработена е од картон или од доволно цврста хартија во форма на правоаголник. Како поштенски картички се

сметаат сите видови разгледници кои одговараат на условите предвидени за поштенски картички.Мал пакет е отворена поштенска пратка која содржи

предмети со или без означена вредност со тежина до 2 кг . и со димензии за писмо. Малиот пакет може да содржи попис на содржината , технички услови ,

вредност на стоките и адреса на испраќачот и примачот , но не и пишувано соопштение.Секограми ( отпечатоци за слепи ) се отворени поштенски пратки

кои содржат печатени знаци за слепи , звучни снимки или компјутерски записи. Димензиите на секограмот мораат да одговараат на димензиите предвидени

за писмо , а тежината не смее да биде поголема од 7 кг.

Обични писмоносни пратки

Обични писмоносни пратки се они поштенски пратки кои при прием поштата издава на испраќачот Потврда за прием на пратка,а при врачување на

пратката од примачот не се бара свој потпис да потврди прием на пратка.

Во обични писмоносни пратки спаѓаат(писма,поштенски картички,печатени работи,секограм,мал пакет и друго).

Обични писмоносни пратки ги делиме на:

-затворена обична писмоносна пратка – писмо

-обична писмоносна пратка со отворено пишано соопштение – поштенска картичка

-отворена обична писмоносна пратка – печатени работи,секограм,мал пакет.

3
Посебни услуги за обични писмоносни пратки се:

-итна достава

-авионска пратка и

- poste restante пратка.

Посебни поштенски услуги се услуги со кои испраќачот при предавањето на пратката бара посебен начин за пренос и достава на пратката. Барањето за

посебни поштенски услуги го поднесува испраќачот при предавањето на поштенските пратки за пренос.

Посебните услуги му овозможуваат на испраќачот:

● Пратката побрзо да се отпреми и да му се врачи на примачот

● Пратката да се врачи под одредени услови (со повратница, откупнина и сл.)

● Пратката да се заштити во текот на преносот

Итна пратка „EX“

Итна пратка е онаа што му се врачува на примачот со првата редовна достава или со посебен носител, пред другите пратки кои пристигнале во

одредишната пошта.

Налепница за итна пратка

Авионска пратка

Авионската пратка е поштенска пратка за која испраќачот при предавањето на пратката бара да се пренесе по авионски пат. Како авионска пратка може да

се предаде секоја обична или книжена поштенска пратка, под услов целата или на дел од релацијата да биде предвидена поштенска авионска врска за превоз

на таква пратка со авион и во целост да биде платен дополнителниот износ за оваа услуга.

4
Налепница„Со авион“

Пост рестант пратка

Пост рестант пратка е поштенска пратка која во адресата на примачот има ознака „пост рестант“ и за којашто испраќачот при предавањето на пратката бара

таа да му се достави на примачот во одредишната пошта. Тоа значи дека пратката се чува и му се врачува на примачот во одредишната пошта во рок од 30

дена од денот на пристигнувањето, со наплата на соодветна поштарина за оваа услуга. Како „пост рестант“ пратка не може да се предаде итна пратка.

Писмо и видови писма

Писмо е поштенска пратка која содржи писмена порака која што е во затворено плико без означена вредност, или било која друга поштенска

пратка која што ги исполнува стандардите и условите за писмо. Писмото не може да има поголема тежина од 2кг. Постојат три вида на писма и тие се:

стандардизирано писмо, нестандардизирано писмо и гломазно писмо.

Писмото мора да биде добро спакувано и затворено, така што содржината да биде заштитена од можни повреди или оштетувања. Исто така, не

смее да се извади или да се оштети содржината на писмото без видливи оштетувања на обивката. Ако пликото нема доволно сигурност на содржината на

пратката во текот на преносот, испраќачот е должен накрсно да го поврзе со коноп. Доколку има правоаголен облик, писмото мора да ги има следниве

димензии: збирот од должината, ширината и висината на писмото не смее да бидат поголеми од 90cm, а која било страна не смее да биде поголема од 60cm.

Ако писмото има облик на валјак, најголеми димензии смеат да бидат: збирот од должината и двата пречника не смеат да бидат поголеми од 104cm, со тоа

што најголемата страна не смее да биде поголема од 90cm, односно збирот од должината и двата пречника не смеат да бидат помали од 17cm, а должината

на писмото не смее да биде поголема од 10cm.

Стандардизирано писмо е писмо во затворен облик,кој има правоаголна форма и чија должина не е помала од широчината и треба да одговара

на следниве димензии:

- најмали димензии од 9x14 см- најголеми димензии од 12x23,5 см

- најголема тежина до 20 грама

- најголема дебелина до 5 мм

- адресата на примачот да биде напишана на страната на пликото која што нема преклоп за затварање и во правоаголен простор.

Писмо во обвивка со прозирен дел:

- димензијата и тежината за писмо со прозирен дел се еднакви на димензиите и тежината предвидени за писмото со обична обвивка.

Во стандардизираните писма не се вбројуваат:

5
- писма со текстуален дел или графички знак под адресата ,десно или лево од адресата во простор широк најмалку 15 мм.

- писма кои содржат испакнати и тврди предмети

- превиткани писма кои не се затворени од сите страни, и писма изработени од материјал кој што нема особини на хартија

Нестандардизирано писмо е писмо кое што не ги исполнува условите за стандардизирано писмо,а тежината не е поголема од 250 гр.

Гломазно писмо е писмо со тежина поголема од 250 гр.

Димензии на писмо

Прием на обични писмоносни пратки

Под прием на обични писмоносни пратки се подразбира прием на пратки од испраќачот за да бидат отпремени и да му бидат врачени на

примачот.Приемот на пратки започнува со превземање на пратки од испраќачот ,а завршува со жигусување на пратките,со тоа поштата утврдува дека

пратката ги исполнува сите пропишани услови за превоз.Поштенската пратка може да се предаде во единиците на поштенската мрежа како обична,книжена

и емс пратка и друга пратка.Пратките кој што треба да се поднесат на царински преглед,пратка со откупнина и пратка со повратница,единиците на

поштенската мрежа може да ја прими само како книжена пратка.Доколку се работи за авионска пратка која што е потешка од 20 грама единицата на

поштенската мрежа може да ја прими само како книжена пратка.Ако постои сомневање дека поштенската пратка содржи предмет чиј што пренос е забранет

од страна на надлежен орган,единицата на пожтенскат мрежа може да побара од лицето кое ја превезува пратката да ја отвори и стави на увид содржината

на пратката.

Во внатрешниот и меѓународен поштенски сообраќај е забранет пренос и прием на следниве поштенски пратки:

6
- предмети чиј што пренос е забранет со закон

- експлозивни и леснозапаливи предмети,радиоактивни и други опасни материи чиј пренос е забранет

- живи животни во писмоносни пратки

- предмет чиј промет е забранет во внатрешниот сообраќај

- предмети кој што по нивната амбалажа може да бидат штетни за нормално одвивање на сообраќајот

- предмети забранети со акти

Доколку при превоз на поштенски пратки постои сомневање дека се превезува пратки кој што се забранети,поштенскиот работник има за право

да изврши увид на содржината на пратката.Ако испраќачот предава пратка за која што е дозволен прием и пренос,но со одобрение од надлежен

орган,должен е со себе да го донесе одобрението како доказ.

Прием на обични писмоносни пратки

Обична писмоносна пратка испраќачот може да ја предаде за прием во единиците на поштенската мрежа,со уфрлање во поштенско сандаче,а

доколку испраќачот се наоѓа на широко и најшироко подрачје,пратката може да ја предаде на пошторазнесувачот.

Широко доставно подрачје е она каде што пошторазнесувачот поминува три пати во неделата,а најшироко доставно подрачје каде што пошторазнесувачот

поминува еднаш во неделата.

Пратки кој што мора да се предаваат на шалтер на единиците на поштенската мрежа:

-обични писмоносни пратки кој испараќачот ги предава во поголем број

-пратки со поголем обем,кој неможе да се уфрлат во поштенско сандаче

-пратки за кои испраќачот бара посебна услуга

-пратки за кој поштарината се плаќа по договор

При прием на обични писмоносни пратки на шалтер во ЕПМ,поштенскиот работник е должен да провери:

-дали пратката ги исполнува условите за превоз

7
-да ја утврди тежината на пратката

-на пратката да залепи налепка за посебни услови,ако тоа е побарано

-да ја пресмета и да наплати поштарина

-да ги залепи поштенските марки во горниот десен агол од адресната страна и да изврши жигосување

-да провери за кои пратки се наплаќа поштарина по договор

-да го провери датумот на пратката

Ако на писмоносната пратка е залепена поштенска марка треба да се изврши жигосување на пратката со поштенски жиг.Жигосување се врши со

ставаже јасен отпечаток од поштенскиот жиг врз поштенската марка која што се наоѓа во горниот десен агол на пратката.Поштенскиот жиг треба да покрие

1/5 од поштенската марка.Ако отпечатокот е нејасен треба да се стави нов отпечаток од поштенскиот жиг на пратката.

Отпечаток од поштенски жиг никогаш не се става на пратки кој што поминале од машина за франкирање.

Писмо со отпечаток од машина за франкирање

Прием на обични пратки на шалтер и преку поштенски сандачиња

8
Прием на обични писмоносни пратки преку поштенски сандачиња се врши со нивно празнење.При празнење на пратките поштенскиот работник

е задолжен при празнење на поштенски пратки од поштенското сандаче да внимава да не остане некоја пратка внатре.При празнење на пратките од

поштенското сабдаче се предаваат на поштенскиот работник кој што негова задача е да ги пренесе пратките.

Доколку поштенскиот работник пронајде пари или било каква поштенска пратка која е непотпишана и без поштенска марка, должен е тоа да го

пријави и ги предава на работникот кој врши контрола.

Поштенските пратки се сортираат во вид,форма,големина за да можат да се приспособат за жигосување.

Сортирање на обични писмоносни пратки

Под отпрема на поштенски пратки се подразбира подготовка на примените пратки за превоз од поштата во насока на одредиштето според

картовни врски што се пропишана со Преглед на картирање и Редот за превоз на поштенски пратки.

Сортирање се врши така што се земаат примените пратки на "r" шалтер од поштенската единица.

Со оглед на видовите пратки кои се отпремаат во заклучоците за обични писмоносни пратки се делат на:

1. Во соединет заклучок "s" се отпремаат сите видови пратки.

2. Во писмоносниот заклучок "Z" се отпремаат препорачани и обични писмоносни пратки.

3. Во писмоносниот заклучок "z" се отпремаат обични писмоносни пратки.

Сортирање се врши на тој начин што поштенската единица ги сортира пратките на следниот начин:

Најпрво се издвојуваат "r" пратките и други останати видови на пратки кој работникот ги вметнува во "s" картата.Во "s" картата може да се

отпремаат сите пратки комбинирано.Откако ќе се сочини "s" картата уредно се пребројуваат пратките и работникот и контролорот ја затвараат картата со

свој рачен потпис и се става поштенски жиг со дата и време кога "s" картата е сочинета.

Потоа се сочинува список на размена и на самиот список се става потпис од работникот и контролорот и списокот се затвара,при што на секој

список има број на отпрема,како и на "s" картата.

Сортирање на обични писмоносни пратки се прави на начин така што работникот ги зема писмоносните пратки и ги сортира по градови така

што:

-врзоп за Скопје 1000 во тој образец се врзуваат сите писма,се става врзопот на називницата "p36" и сите писма се врзуваат.А писмата за други градови се

врзуваат,се става врзоп називница "p36" и се пишува други градови и на самата називница се става печат,потпис од работникот и контролорот.

9
Врзопите се врзуваат во едно и се ставаат во вреќа за отпрема,а потоа се става врзоп со "r" пратка.Вреќата се врзува со стега која има код и самиот код е

испишан на "s" картата.Така се завршува сортирањето,а во едно и отпрема на пратки во поштенската единица.

Вреќата се затвора така што се фаќа за двата краја,рабовите се набираат и три пати се обвиткуваат со коноп.При врзување на вреќата со коноп се обвиткува

и Називницата која има ознака ,,z,, а на вреќата претходно се става отпечаток од поштенскиот жиг и под него се става потпис на работниците кои ја

затвориле враќата и го запишуваат бројот и називот на одредишната пошта.

Обичните пратки кои се отпремаат од населени места,за населени места каде што се врши достава на самите обични писмоносни пратки,се сортираат по

реони и по фахови при што самата пратка е спремна за доставување.

Превоз на поштенски пратки

Превоз на пратки е фаза кој го опфаќа процесот на работа од отпремата до пристигнувањето.Така се овозможува пренос на поштенски пратки на

сите нивоа.

Доколку се превезуваат пратки во меѓународен сообраќај по сувоземен пат потребни се следниве документи:

-за возачот е потребно платен налог,дозвола за меѓународно ниво и пасош

-за возилото е потребно сообраќајна дозвола,зелен картон и потврда во случај на специјаленпревоз

-за пратките е потребно дозвола за превоз и царински исправи за превоз на пратките.

Средства за превоз на поштенски пратки кој се користат:

-поштенски вреќи

-палети и

-контејнери.

Поштенските вреќи се користат како амбалажа за опрема и транспорт на заклучоци каде што се наоѓа поштенската пратка.За изработка на овие

вреќи кои се користат за површински превоз на пратки се користи подебел материјал, за превоз на авионски и ЕМС пратки се користи потенок материјал и

полесен.При нормален превоз вреќите треба да ги заштитат пратките од оштетување, и да бидат лесни за полнење и празнење на пратките,без да се

отштетат.Наменети се за секаков вид на временски и климатски услови,и во затворен и во отворен простор.

Палети се користат како подлога каде се редат помали единици,со цел да се изврши окрупнување на натоварените единици при манипулација и

транспорт на пратки.

10
Во зависност од намената постојат неколку вида палети:

-бокс-палета

-рамна дрвена палета

-специјална палета чија што носивост може да биде 1 тон.

Бокс-палета

Според видот на материјалот од кој се изработуваат може да бидат:

-дрвени палети

-палети изработени од пластичен материјал

-метални палети кои најчесто се изработени од алуминиум.

Виљуш кар со палети

Контејнерски превоз превозот се врши со контејнери,тој е непропуслив сад кој е во правоаголен облик кој ги штити пратките од губење и

оштетување.Го олеснува превозот бидејќи е се истоварува едно по едно,туку цел контејнер наеднаш.

Контејнерите може да бидат универзални и специјални контејнери.

11
Универзалните се користат за повеќе стока, а специјалните се користат само за еден одреден вид на стока кој што б ара посебни услови за транспорт.

Контејнерот е предвиден за користење во сите услови на транспорт во поштенскиот сообраќај,во сите временски услови,во затворен и отворен простор.

Достава на обични писмоносни пратки

Под достава на пратки се подразбира врачување на пратки исплата на упатниците во деловната просторија на примачот,според адресата која е

означена на пратката .

Достава на пратки се состои од:

-преземање на обични и книжени пратки за достава

-подготовка на обични писмоносни и книжени пратки за достава

-достава на обични писмоносни и книжени пратки и

-пресметка и раздолжување на пошторазнесувачот по враќање од доставата.

Обичните писмоносни пратки се доставуваат со врачување лично на примачот или со уфрлање во куќно или збирно сандаче.

12
Обичните писмоносни пратки се доставуваат со врачување лично на примачот или со уфрлање во куќно или збирно сандаче.

Доставата е скап и сложен процес за пренос на пратки бидејќи:

-постои голема застапеност на човечкиот труд

-намалена е можноста за користење средства за механизација

-пошторазнесувачите минуваат многу километри

-имаат големи трошоци за разлика од другите фази на пренос

-се остварува постојан контакт со корисниците на поштенски услуги.

Основна задача при достава на обични пратки е кога пристигнуваат пратки треба да им се врачат на примачите што е можно во пократок рок од

пристигнување во одредишната пошта.

Ако примачот се преселил, а ако разнесувачот ја знае неговата нова адреса,тој ја пречкртува првонаведената адреса и ја запишува новата адреса

на примачот.Пратката која што била врачена, пошторазнесувачот не смее да ја прими назад,освен ако се работи за обична и препорачана пратка која што

била погрешно врачена.

Истражување за поштенски услуги

Во поглед на тоа како работи поштата направено е истражување во врска со тоа.Се врши испорака и прием на пратки кои може да бидат:

 обични писмоносни пратки

 емс пратки

 пакети и др.

Задолжен е пошторазнесувачот и "r" писмата се задолжуваат во доставна книшка и сите други писма.Доставната книшка се сочинува за секој реон посебно,а

доставувачот ги прима писмата со потпис и потврда дека бројот на задолжени писма за кој тој е задолжен е идентичени. Контролорот го уверува со потпис

дека сето тоа е така.

ОБИЧНИТЕ ПИСМА доставуачот ги дели по реони како и сметките. Пр. ЕВН,ВИП,ТЕЛЕКОМ и останати.

Контролорот ги пребројува и се сочинува образец "Лична евиденција на пошторазнесувачот".Во образецот Лична евиденција се испишува:бројот на

обичниписмоносни пратки,број на "r" пакети,емс пратки и друго кое се прави секој ден поединечно. Доставувачот излегува и врши достава на пратките,а

13
кога се враќа од достава се извршува проверка и пребројување на вратените пратки и се сочинува доставна белешка. Доставувачот се потпишува,а

конторолот тоа го потврдува со потпис и така се контролира работниот процес.Секоја пратка која е вметната во списокот може да ја прими само

ополномоштено лице и со тоа завршува процесот на сортирање и испораката на самите пратки.

Се врши примање и отпрема на пратки кои може да бидат и во внатрешен и меѓународен сообраќај.

Пратките примени од поштенските единици може да бидат:

-обични писмоносни пратки кој може да се отпремаат по воздушен,авионски,помо-

рски пат,и со самиот начин на патување се одредува самата цена на чинење на пратката,а исто така и нејзината тежина.

Сите пратки кои што се примени се ставаат во "s" картата и се отпремаат во пошта за меѓународен сообраќај Скопје.

Заклучок

Во оваа проектна задача најпрво се запознавме со сите видови пратки,писма со кои располага поштата,какви услуги дава,како се врши

превоз,достава на писма.Заклучивме дека поштенскиот транспорт е доста развиен кај нас,а и пошироко.Споменувани се сите видови услуги кој ние ги

добиваме од поштата,од поштенските работници,но и нашите должности кои ги имаме спрема поштата,и поштенските работници.Заклучивме дека секој е

задолжен за онаа работа која што најдобро ја извршува,и дека работата на секој поштенски работник не е толку едноставна. Запознаени сме со доставата на

обични писмоносни пратки,начинот на самата достава,исто така и сортирање начин на сортирање на обичните писмоносни пратки.Исто така запознаени сме

со поштенската картичка дека е изработена од картон или доволна цврста хартија во форма на правоаголник , најголеми димензии на поштенска картичка се

15x10,5cm , а најмалите 14x9cm.Направено е истражување во врска со работата на поштенските раборници,самиот начин на кој тие го извршуваат

тоа.Пратката со откупнина му се врачува на примачот со претходно наплата на откупниот износ означен на пратката, а потоа откупниот износ го уплатува

во корист на испраќачот од пратката.Пратка со повратница ,,AR’’ (avis de reception) е таква пратка чијшто прием писмено се потврдува од примачот, кој го

става својот потпис на повратницата.Авионска пратка е

поштенска пратка за која испраќачот при предавањето на

пратката бара да се пренесе по авионски пат.Издвоен пакет е пакет со

14
кој треба да се ракува многу внимателно за време на преносот.Пакет е поштенска пратка со определена големина и тежина која содржи стока со и без

означена вредност. Пакет со означена вредност е пакет чија содржина во случај на губење, оробување и оштетување, испраќачот ја осигурил до означената

вредност на самата пратка. Означената вредност мора да и одговора на вистинската вредност на содржината на пакетот. Пакетот не смее да содржи кршливи

и расипливи предмети.

Користена литература

1.Весна Живаљевиќ,Технологија на поштенски транспорт. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија,

2010.

2.истражување во Македонска пошта -Гевгелија

3. http://ap.mk/ap.mk/resource/legislativa/pravilnik_opsti%20_uslovi_upu.pdf

4. https://www.pd.mk/index.php/opsti-uslovi/

5. https://www.google.com/search?q=Македонска+пошта+пратки

15

You might also like