You are on page 1of 3

Пет катаклизми кои ја промениле историјата

Природните катаклизми на свој начин ја формираат човечката историја.


Поради нивната семоќна четка се менувала клима, пропаѓале цивилизации, се
преселувале народи.
Ерупцијата на вулканот Санторини
Тој настан се случил помеѓу 1645-1600 г. пред нашата ера (што се односи до
поконкретен датум, мислењата на историчарите се разликуваат). Ерупцијата
била толку моќна, што таа предизвикала цунами високо околу 100 метри, а
облакот од пепел се раширил на неколку стотини километри.
Кон моментот на ерупцијата жителите на Крит се сметале за едни од
најдобрите морнари и трговци, а нивната флота била најглавната сила на
Егејското море. Престолнината на Критската држава се наоѓала на островот
Тира (Фера) до планината Санторин.
Кога почнал земјотресот, жителите се качиле на бродовите и го напуштиле
островот. Вулканот не ја издржал сопствената тежина и потонал заедно со
испразнатите населби. Поради таа катастрофа пропаднала цела цивилизација
губејќи сѐ за најкратко време. Многу настрадал и Крит. Токму на него се
срушило џиновското цунами.
Некои научници сметаат дека на островот Тера се наоѓала легендарната
Атлантида опишана од Платон. Освен тоа ерупцијата ја поврзуваат со едно
место во Библијата, кадешто се работи за огнен столб, кој го видел Моjсеј, тоа
би можела да биде ерупцијата на Санторин. А морето се разделило поради
потонувањето на островот. Сепак не сите се согласуваат со таа теорија.
Ситуацијата во Средоземното море тешко ќе повлијаше врз ситуацијата во
Црвеното море.

Последниот ден на Помпеи


Жителите на римскиот град Помпеи едвај би можеле да претпостават дека
планината која се извишувала над нивните куќи била вулкан. Само што
заспаниот. Дури врвот на планината бил покриен со шума. А неговата чудна
како да притисната внатре форма кај никој не предизвикувала страв.
Интересно е тоа, што еднаш градот го посетил Аристотел. Тоа се случило
многу порано пред разбудувањето на вулканот. Го збунила необична форма
на планината, и тој претпоставил дека тоа е вулкан. Со своите мисли тој се
споделил со локалните жители. Секако, никој не обратил внимание на
неговите зборови.
Еднаш сам Везув одлучил да ги предупреди жителите на Помпеи дека дошло
време да се заминува подалеку од него. Тоа се случило на 5 февруари 62 г. на
нашата ера. Но и тој знак луѓето го игнорирале. Тацит го опишал сето тоа во
своите „Анали“.
Ерупцијата, која станала легендарна, се случила на 24 август 79 г. на нашата
ера. Ерупцијата траела околу едно деноноќие. Плиниј Помладиот пишувал:
„Огромниот црн облак брзо се приближувал… од него од време на време
избивале долги, фантастични јазици пламен, кои изгледале како молњи само
што многупати поголеми“.
Тешко е да се изброи количеството на жртви. Точно може да се каже дека ги
имало повеќе од две илјади. Големиот дел на жителите сепак успеал да се
спаси. Меѓу другото, во тој ден загинал не само овој град, туку уште два
Херкуланум и Стабии.

Земјотресот во Шенси
Едно од најстрашните земјотреси во историјата се случило во 1556 г.
Горчливата чаша морале да ја испијат жителите на провинцијата Шењси во
централната Кина. Според проценувањето на специјалистите земјотресот бил
од XI степен. Сѐ во радиус од 500 километри од епицентарот во долината на
реката Вајхе било потполно разурнато. Според најскромните пресметки
загинало 800 илјади луѓе, провинцијата Шењси на многу години се
претворила во гола пустош. Луѓето едноставно се плашеле да се селат таму.

Кракатау
Вулканот на Малајскиот архипелаг го кажал своето гласно „јас“ на 27 август
1883 година. Ерупцијата на Кракатау до ден денес се смета за едно од
најмоќните и најуништувачките ерупции во историјата. Експлозијата
предизвикала цунами со височина околу 30 метри. Природната катаклизма
одзела животи на 30 илјади луѓе и исфрлила во море околу 300 градови.
Според мислењето на специјалистите силата на експлозијата на Кракатау 10
пати ја надминала експлозијата на бомбата фрлена на Хирошима.
Познато е дека и порано вулканот „бунтовал“. Вулканолозите мислат дека
уште во 535 година ерупцијата на Кракатау предизвикала климатски промени
на нашата планета. Тоа го потврдуваат и дендрохронолозите кои истражуваат
годишни прстени на старите дрвја. Се смета дека поради ерупцијата се
појавил Зондскиот проток помеѓу Јава и Суматра.

Поплава во Кина
Ужасна природна несреќа го погодила југо-централниот дел на Кина во 1931
година. Тогаш загинало околу 4 милиони луѓе. Повеќе од 50 милиони луѓе
настрадало губејќи го својот имот.
Пред поплавата таа територијата ја погодила невиданата суша која траела од
1928 до 1930 година. Потоа природата се одлучила да се пошегува. Зимата
1930-1931 година била многу студена и снежна. Во пролетта врнело. Поради
тие причини кон крајот на август големите реки Јанци, Хуајхо, Хоангхо,
излегле од бреговите.
Многу брзо тие дошле до Големиот канал, ги уништиле браните, и во многу
кратко време потонало околу 200 илјади луѓе. Поради количеството на
загинатите, не било возможно сите да бидат погребени. Почнале да се шират
болестите: тифус и колера. Наскоро ситуацијата се влошила поради страшен
глад кој довел до канибализам.

You might also like