You are on page 1of 2

Сите имаме лажни пријатели. Сите сакаме да се дружиме со нив.

Мислам да
ги немаше толку во словенските јазици, никој не би ги учел.(Например,
реченицата на чешки јазик „Pozor, policje varuj“ за еден Рус звучи како
«Внимание, полицијата краде», меѓутоа реченицата се преведува како
„Внимание, полицијата предупредува “. Нема учење без смеење. Еве ги
моите омилени лажни пријатели.
1) Družina (словенски) — семејство. Во рускиот тој збор има малку друго
значење. Кај нас тоа е всушност архаизам кој се користел во однос на
војското на староруските кнезови.
2) Хуј (српски) — ветре, струење на воздух. Го сретнав зборов во една
српска песна за деца и долго се смеев. Ја прашав мојата белградска
пријателка, таа ми објасни и кажа дека зборот е многу поетски, не се
користи во разговорен јазик. Кај нас во Русија сѐ е обрнуто, таа
секвенца на звуци може да се чуе на секој корак, затоа што е пцовка. Се
знае дека, звукот „х“ словените го сфаќаат како многу експресивен,
некои го користат во ономатопеи, а некои во секојдневен живот.

3) Το ανδρόγυνο (гречки) — брачен пар. Еднаш читавме текст каде што


беше ваква реченица: „На морскиот брег седеше το ανδρόγυνο и
гледаше зајдисолнце“. Секако некој го превел тој чуден збор како
«андрогин» т.е митско суштество со четири раце и четири нозе кое го
опишал Платон во својот дијалог „Симпозиум” објаснувајќи ја љубовта
како начин на соединување на две половини. Во грчкиот тие се пак
заедно! Меѓу друго значењето „брачен пар“ е многу логично, затоа што
о άντρας е маж, η γυναίκα е жена.
4) Полено (македонски) — „поле“ со член „но“. Професорката Ала нѝ
читаше руски преводи на македонската поезија. Во еден од преводите
беше ваков ред «Ајде да се бакнуваме на гредата». Не звучеше тоа
многу романтично. Со „полено“ на руски загреваме куќи.
5) Ручки (диалект на селото Веркола во Архангелската област, Русија) —
алатка за берење јагоди. На московските фолклористи жителите на ова
село долго им објаснувале како тие берат јагоди. Московските
фолклористи мислеле дека тие некако глупаво се шегуваат со нив: „Во
соседното Виегора берат со раце, а ние — не, ние береме со рачиња“.
Работата била во тоа што во литературен јазик „ручки“ (рачиња) е
деминутив од „рука“ (рака).

You might also like