Professional Documents
Culture Documents
лажни приjaтели
лажни приjaтели
Мислам да
ги немаше толку во словенските јазици, никој не би ги учел.(Например,
реченицата на чешки јазик „Pozor, policje varuj“ за еден Рус звучи како
«Внимание, полицијата краде», меѓутоа реченицата се преведува како
„Внимание, полицијата предупредува “. Нема учење без смеење. Еве ги
моите омилени лажни пријатели.
1) Družina (словенски) — семејство. Во рускиот тој збор има малку друго
значење. Кај нас тоа е всушност архаизам кој се користел во однос на
војското на староруските кнезови.
2) Хуј (српски) — ветре, струење на воздух. Го сретнав зборов во една
српска песна за деца и долго се смеев. Ја прашав мојата белградска
пријателка, таа ми објасни и кажа дека зборот е многу поетски, не се
користи во разговорен јазик. Кај нас во Русија сѐ е обрнуто, таа
секвенца на звуци може да се чуе на секој корак, затоа што е пцовка. Се
знае дека, звукот „х“ словените го сфаќаат како многу експресивен,
некои го користат во ономатопеи, а некои во секојдневен живот.