You are on page 1of 2

ЧЕТВРТО СООПШТЕНИЕ I МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ: ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА | ЈАНУАРИ 2024

ОБУКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА, ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВОСПИТНО -


ОБРАЗОВНИОТ КАДАР ВО ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ВИНИЦА, ДЕБАР, ГОСТИВАР, КИСЕЛА ВОДА

Во период од 16.11.2023 - 18.01.2024 во Велес, Гостивар, Дебар, Виница, Кисела Вода се


одржаа серија обуки за јакнење на капацитетите на воспитно - образовниот кадар во овие
општини – поддржувачи на проектот: Место за растење – Општини посветени на децата.

Во текот на сесиите, учесниците го споделија своето практично искуство, дискутираа за


детските права и детското учество и разработија нови механизми за унапредување на правата
на децата и вклучување на децата во процесите на локално планирање преку образовниот
процес.

Овие обуки опфатија 97 наставници/чки, професори/ки, воспитувачи/чки, негователи/ки,


стручни соработници и други претставници од образовниот процес.

Воспитно образовните установи имаат значајна улога во креирање средини и


воспоставување услови за остварување на правата на децата.

ОБУКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА, ЗА


ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ВО
ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ВИНИЦА, ДЕБАР, ГОСТИВАР, КИСЕЛА
ВОДА

Во период од 16.11.2023 - 18.01.2024 во Велес, Гостивар, Дебар,


Виница, Кисела Вода се одржаа серија обуки за улогата на
единиците на локалната самоуправа во остварувањето на
детските права и активното вклучување на децата во процесите
на планирање.

Целта на овие обуки беше да се зајакнат капацитетите за


остварување и унапредување на детските права во општините а
прашањата поврзани со децата да добијат централно место во
планирањето на локално ниво.

Обуките претставуваа можности за меѓусекторска соработка,


градење стратегии за создавање oпштина посветена на децата.
Истите овозможија отворена комуникација и дискусија за
детските права и детското учество а се разработија и нови
механизми за унапредување на правата на децата и вклучување
на децата во процесите на локално планирање.

Со овие обуки се опфатија 54 лица – претставници од локалната


самоуправа.

Локалната самоуправа има овластување и одговорност да


влијае на квалитетот на животот на децата!

Сакате да дознаете повеќе? www.placetogrow.mk


ЧЕТВРТО СООПШТЕНИЕ I МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ: ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА | ЈАНУАРИ 2024

ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ/КИ
Во период од 22 - 24.01.2024 година се одржа обуката за обучувачи/ки на
која активно учество земаа претставници од локалната самоуправа и
воспитно - образовните институции од Општина Виница , Komuna Dibër -
Municipality of Debar - Општина Дебар , Општина Велес , Општина Кисела
Вода , Komuna e Gostivarit - Општина Гостивар и ЗЕЛС.

Целта на обуката беше да се зголеми нивото на знаење од обработените


области на детските права, да се развијат вештини кои ќе ги зајакнат
нивните капацитети за остварување на визијата за градови пријатели на
децата употребувајќи ги во секојдневната работа со воспитно - образовните
и други институции, со групи деца и млади, како и пренесување на знаењата
и вештините во други единици на локалната самоуправа. Во текот на
тренингот учесниците конципираа работилници кои подоцна ќе ги
реализираат во нивната или во други општини.

Процесот го заокруживме со посета на Општина Охрид, на која освен што се


разменија добри меѓусекторски практики, се дискутираше и за можните
предизвици при креирањето на општини посветени на децата.

Обуката за обучувачи/ки успешно ја проследија 14 учесници од локалната


самоуправа и воспитно - образовниот кадар од сите пет општини вклучени
во процесот/ во рамки на проектот.

ШТО ВЕЛАТ УЧЕСНИЦИТЕ ЗА ОБУКИТЕ?

„Два дена, поминати како два часа. Ви благодариме Место за


растење - ТИМ ЗА ПАМЕТЕЊЕ, продолжете да ширите љубов и
насмевки во интерес на децата.“

„Во младите е креативноста, енергијата и иднината на општина Виница!


Младите заслужуваат менторска поддршка за нивните проекти и
иницијативи!

„Поинаква методологија, споделување на искуства од добра пракса и


сето тоа во прекрасна атмосфера“

“Извор: Коментар на facebook страна Место за растење

Проектот е финансиран
од Европската Унија

Сакате да дознаете повеќе? www.placetogrow.mk

You might also like