You are on page 1of 1

Описно оценување по англиски јазик за II одделение- прво полугодие

Давид, Анастасија
5 - Воспоставува прв контакт на формален начин и учтиво возвраќ а при претставување.
Самостојно продуцира усвоени кратки заповедни реченици. Oдговара (со вербален/невербален
јазик) на поставена слушната задача поврзана со броеви од 1 до 20. Репродуцира и самостојно
продуцира усвоени лексички единици поврзани со училишната средина, облеката и
дводимензионалните геометриски форми (облици). Репродуцира и самостојно продуцира усвоени
лексички единици поврзани со броеви од 1 до 20 во едноставни исказни реченици. Ги користи
присвојните придавки во контекст на искажување присвојност. Ги идентификува и употребува
глаголите кои укажуваат на физичка/движечка активност во соодветен контекст. Ги знае
личните заменки и формите од глаголот СУМ во потврдна форма и може да ги примени во
едноставни реченици (одговори на прашање или состви самостојно реченица). Прави разлика
помеѓу показните заменки во еднина и правилно ги применува.

Јана, Ангела, Горјан, Селвие


4 - Воспоставува прв контакт на формален начин и учтиво возвраќ а при претставување. Со мала
помош продуцира усвоени кратки заповедни реченици. Oдговара (со вербален/невербален јазик)
на поставена слушната задача поврзана со броеви од 1 до 20. Репродуцира и самостојно продуцира
усвоени лексички единици поврзани со училишната средина, облеката и дводимензионалните
геометриски форми (облици). Репродуцира усвоени лексички единици поврзани со броеви од 1
до 20 во едноставни исказни реченици. Ги идентификува и употребува глаголите кои укажуваат
на физичка/движечка активност во соодветен контекст. Ги знае личните заменки и формите од
глаголот СУМ во потврдна форма и може да ги примени во едноставни реченици (одговори на
прашање или со мала помош состави едноставна исказна реченица). Прави разлика помеѓу
показните заменки во еднина и со мал поттик правилно ги применува.

Јована, Лука, Леонид, Милан, Павел, Џемил, Анџели, Мелис


3 - Учтиво возвраќ а при поздравување. Следи едноставни инструкции и соодветно реагира на
нив. Ги повторува усвоените кратки заповедни реченици со вербален/невербален јазик.
Идентификува и разликува броеви од 1 до 20. Ги набројува усвоените лексички единици поврзани
со училиштето, облеката и дводимензионалните геометриски форми (облици). Ги идентификува
и употребува глаголите кои укажуваат на физичка/движечка активност во соодветен контекст. Ги
знае личните заменки и формите од глаголот СУМ во потврдна форма. Прави разлика помеѓу
показните заменки во еднина и со мала помош правилно ги применува.

Санита
2 - Следи едноставни инструкции и соодветно реагира на нив. Ги повторува усвоените кратки
заповедни реченици со вербален/невербален јазик. Со помош идентификува и разликува броеви
од 1 до 20. Со помош ги идентификува лексичките единици поврзани со училишната средина,
облеката и дводимензионалните геометриски форми (облици). Невербално реагира на глаголите
кои укажуваат на физичка/движечка активност во соодветен контекст.

You might also like