You are on page 1of 4

ШАБЛОН ЗА ПОДГОТОВКА НА ЕДУКАТИВНА ИГРОВНА АКТИВНОСТ

Напомена: Ве замолуваме да го користите и следите документот со насоки за


пополнување. Вашата активност на крајот треба да ја ископирате во формуларот на
секцијата “Додај активност”.

1. Наслов на активноста*

Раѓањето на пеперутката

2. Кратко сиже за активноста

Целта на активноста е ученикот да може да ги препознае, да ги именува и сликовито


да ги претстави четирите фази од животниот циклус на пеперутката.

3. Учесници во играта*

ученици од школска возраст.


4. Возраст – развоен период*

6 год. - 8 год.

5. Програмски подрачја – аспекти на развој/наставни предмети:

Ликовно образование
Развој на креативноста

6. Подаспект на развојот

секојдневна креативност и посветеност

7. Форми на работа

индивидуално.

8. Простор/локација 9. Работен јазик*


училница македоснки
10. Време за подготовка*

20 минути

11. Време за реализација

20 минути

12. Цели*

- да се оспособи за препознавање на четирите фази на животниот циклус на


пеперутката;
- да ги именува термините кои ги претставуваат четирите фази на животниот
циклус на пеперутката;
- да може сликовито да го претстави животниот циклус на пеперутката;
13. Очекувани резултати*

- ги препознава и именува термините кои ги означуваат четирите фази на


животниот циклус на пеперутката;
- сликовито го претставува животниот циклус на пеперутката;
14. Насоки*

● Претходна подготовка за активност


Наставникот претходно им пушта видео на учениците на кое е претставен животниот
циклус на пеперутката.
● Инструкции за активноста/ играта
Оваа активност се реализира во четири групи. Наставникот им дава посебни
инструкции за некоја група за успешна реализација на активноста.
Прва група: Сликовите претставување на животниот циклус на пеперутката со
употреба на пластелин;
Втора група: Сликовите претставување на животниот циклус на пеперутката со
употреба на природни материјали (памук, камчиња, листови и сл.);
Трета група: Сликовите претставување на животниот циклус на пеперутката со
употреба на материјал за рециклирање (хартија, картонски кутии, капачиња и сл.);
Четврта група: Сликовите претставување на животниот циклус на пеперутката со
употреба на готови илустрации, според книгата „Гладната гасеница“ (Види Прилог 1, 2,
3).
● Активност/игра
Ученикот го гледаат видеото. Потоа, наставникот ги дели во четири групи. Секоја група
добива посебни инструкции за работа и соодветен материјал за реализација на истата.
Учениците, користејќи ги материјалите, имаат за задача да го претстават животниот
циклус на пеперутката. Во последниот дел од оваа активност секоја група ја
презентира својата изработка пред останатите ученици.

15. Материјали

● пластелин
● хариени тањирчиња
● памук
● камчиња, листови, дрвца
● хартија, картон
● течно лепило
● фломастери
● илустрации
16. Прилози

17. Карактерна вредност

радост, посветеност, креативност

18. Приспособување на активноста за спроведување (учење преку игра) со


ученици со посебни образовни потреби

19. Дополнителен коментар во однос на процесот и/или на платформата

20. Активноста е поднесена од:

Тања Трајкова, одделенски наставник, ООУ,,Крсте Мисирков,, Гевгелија

21. Проверено со:

22. Линк до i-frame од видео поставено на YouTube

23. Полиња за внес на графики


/

You might also like