You are on page 1of 5

Петре М.

Андреевски

Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 -


Скопје, 25 септември 2006) —
македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се
вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски
поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и
чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон
читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го
препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.
Биографија

• Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во


1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија
во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата
по југословенска книжевност.[1] Работел во Македонската телевизија. Бил
уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската
академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН
центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a
во 1983 година бил и негов претседател)[2].
Литературно творештво

• Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија,


раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на
повеќе
јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски и
тн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на
Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.[3]
• Стихозбирки:
• Јазли (1960 )
• И на небо и на земја (1962)
• Дениција (1968)
• Дални наковални (1971)
• Пофалби и поплаки (1975)
• Вечна куќа (1987)
• Лакримариј (1999)
• Книги со раскази:
• Седмиот ден (1964)
• Неверни години (1974)
Литературно творештво

• Сите лица на смртта (1994)


• Боеми (постхумно)
• Романи:
• Пиреј (1980)
• Скакулци (1983)
• Небеска Тимјановна (1988)
• Последните селани (1997)
• Тунел (2003)
• Бежанци (постхумно)
• Книгата драми (1984), во која влегуваат:
• Време за пеење
• Богунемили
• Есеи:
• Сегашно минато време (2006)
• Стихозбирки за деца:
• Шарам барам
• Касни порасни (сликовница)
Награди

• Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година),


„Браќа Миладиновци“ (два пати) „Рациново признание“ (два пати)и
„Стале Попов“ (два пати).[4]
• На 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко
Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за
исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот
дух и националната самобитност.

You might also like