You are on page 1of 13

БОГОВИ ВО СЛОВЕНСКАТА

МИТОЛОГИЈА
Римска религија
Римската религија била комбинација од неколку
различни култови и практикувала неколку вида на обичаи. 
Римјаните првобитно ја следеле руралната анимистичка
традиција. Луѓето верувале дека секој предмет и секоја појава
имаат свој дух кој ги одржува и движи. Многу разни духови биле
одговорни за разни сфери на живеењето.

Друг аспект на ова анимистичко верување било обожувањето на


предците, со тоа што секое семејство ги обожувало своите предци
со сопствени обреди.
Раноримски култ
Римската култура и религија се развиле во контест на етрурската
митологија. За разлика од грчката митологија боговите не биле
персонифицирани, биле апстрактни и биле изедначувани со
предметот или појавата која ја претставувале.

Во ова најстаро време, Римјаните најмногу ги почитувале Јупитер,


Јунонa и Минерва, кои имале заеднички храм на Капитол.
Римски богови
Најважните домашни богови на Римјаните биле: Јупитер, Јунона,
Минерва, Марс, Квирин, Јанус, Веста, Нептун, Сатурн, Лари и Пенати.

Врховен бог на Римјаните бил Јупитер, богот на небото, кој подоцна


бил идентификуван со Зевс. Тој од небото испраќал светлина, дожд,
давал овошје, носел победа. Јупитер ја изразувал својата волја преку
молњи и птичји знаци.

Јунона, божицата на бракот била заштитник на жените и девојките и


му одговарала на Јупитер. Подоцна, според грчкиот модел била
сметана за сопруга на Јупитер.

Минерва била божица на мудроста, покровител на уметноста и


занаетите. Подоцна била идентификувана со грчката божица Атина.
Римски богови
Марс бил бог на војната, но исто така и на земјоделството. Како бог на
земјоделството ги штител посевите, а како бог на војната, тој ја чувал земјата
од непријателите и се грижел за војниците.

Квирин бил старо божество на Римјаните. Заедно со Јупитер и Марс го


сочинувале светото тројство.

Јанус, во почетокот бил бог на вратите и влезовите, а постепено бил прогласен


за бог на секој почеток (живот, ден, месец, година). Неговиот храм имал
двострана врата која била отворена за време на војна, а во време на мир била
затворена. Кога војската тргнувала во војна, минувала низ вратата во знак на
среќен почеток.

Веста била божица на домашното огниште, симбол на вечноста на семејната


љубов.

Нептун бил богот на водата и морето, заштитник на морнарите и


морепловството. Подоцна бил идентификуван со грчкиот бог Посејдон.
Римски богови
Пенати и Лари биле семејни божества. Пенати боговите носеле
среќа и го штителе семејството, а Лари биле семејни духови-
чувари, духови на мртвите предци кои се грижеле за местото
околу куќата и биле одговорни за продолжување на семејната
лоза.
Нивните мали статуи биле чувани на огништето околу кое жените
се молела на божицата Веста.
Религијата за време на Римската Република
- Свештенички функции
За време на Римската Република, постоел строг систем на
свештенички функции под водство на Колегијатот на Понтифите,
на чие чело стоел Понтифекс максимус кој бил главата на
религијата.
Понтифите го добиле името поради тоа што во античките
времиња го надгледувале градењето на мостот што ги поврзувал
левиот и десниот брег на реката Тибар.
Тие ја надгледувале богослужбата и свештениците, поставувале
правила за вршење на богослужбата, го уредувале календарот и
пишувале летописи.
Религијата за време на Римската Република
- Свештенички функции

Фламените се грижеле за култовите кон разните богови. За време на


Римската Република имало петнаесет фламени. Најважните тројца
биле flamines maiores („главни свештеници“), кои ги опслужувале
боговите Јупитер, Марс и Квирин. Останатите дванаесет, од кои
двајца се непознати, биле flamines minores („нижи свештеници“).

Весталките биле свештенички на божицата Веста, кои како мали


девојчиња ја преземале оваа должност и морале да останат во
службата најмалку триесет години. Колегиумот се состоел од шест
Весталки кои претходно се заколнале на невиност. Најважна нивна
задача било одржувањето на вечниот оган во храмот на божицата
Веста. Весталката која поради невнимание дозволила оганот да
изгасне била казнувана со камшикување, и таа која ќе го прекршела
заветото на невиност била жива погребувана.
Религијата за време на Римската Република
- Свештенички функции

Авгурите ја толкувал волјата на боговите со набљудување на


одредени знаци што боговите по своја волја им ги покажале на
луѓето.
Такви знаци биле летот и песните на птиците, грмотевиците и
молњите испратени од Јупитер, чудни настани и др.
Религијата во Римското Царство

За време на Римското царство религијата еволуирала на многу


начини.
Мноштво странски култови добиле на популарност, како на
пример обожувањето на египетската божица Изида и персискиот
бог Митра.
Исто така, низ царството почнало да се шири христијанството,
нагло забрзувајќи се во вториот век.
Меѓутоа, дури и во четвртиот и петтиот век, римското паганство
успеало добро да се одржи. Храмовите биле с ѐ уште често
посетувани, и така старите верувања и обичаи продолжиле да
живеат.
Религија во Римското Царство
- Прогон на христијанството

Христијанството брзо се ширело во римската држава. Најмногу го


прифаќале робовите, селаните и колоните.
Римската власт ги прогонувала христијаните. Прогонот се темелел
на правното мислење дека Црквата не била законски одобрена
религија.
Римјаните ги сметале христијаните за опасни радикали, чии
учења биле толкувани како безбожни.
Римјаните ги сметале христијаните за атеисти затоа што одбиле
да ги почитуваат националните богови кои ја штитиле заедницата.
Се верувало дека христијаните се штетни за општеството, а
нивниот начин на живот се сметал за анти-социјален.
Религија во Римското Царство
- Ширење на христијанството

И покрај жестоките прогони на христијаните, христијанството се


раширило на целата територија на Римската држава.
Поради тоа првиот христијански
римски император Контантин во
313 година ја прогласил
христијанската религија рамноправ-
на со другите религии. Тој има
голема улога во историјата на
христијанството. Константин бил
еден од главните финансиери на
црквата, изградил многу базилики,
ја ослободил црквата од многу
даноци и на тој начин го помагал
распространувањето на христијан-
ството.
Религија во Римското Царство
- Ширење на христијанството

Во 391 сите култови, освен христијанството биле забранети со закон


од царот Теодосиј I. Тој бил апсолутен противник на паганството и
издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви
во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат
уништени или да бидат претворени во цркви. Најмногу драстичните
закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во
овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за
посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред
паганските богови под заканата од жестоки казни.

Меѓутоа, дури и во четвртиот и петтиот век, римското паганство


успеало добро да се одржи. Храмовите биле с ѐ уште посетувани
често, и така старите верувања и обичаи продолжиле да живеат.

You might also like