You are on page 1of 7

ЛЕКОВИ

Фармакологијата претставува наука за


лековите. Името го добила од грчкиот збор
farmakon-лек и од латинскиот збор logia-наука.
Заради полесно разјаснување на оваа наука
поделена е на неколку гранки како што се:
• Медицинската фармакологија претставува
наука за дејството на сусптанциите кои се
користат за спречување , дијагностицирање
како и лечење на некои болести.
• Клиничката фармакологија го изучува
користењето на лековите за лечење на
болести.
• Токсикологијата ги изучува несаканите
ефекти на хемиските супстанци врз живиот
организам.
• Рецептурата е дел од фармакологијата што ги изучува правилата за
подготвување лекови и пишување рецепти . Првите рецепти почнале
да ги издаваат лекари - поединци и долго време се пишувале
исклучиво на латински јазик , а подоцна станале официјални
документи што ги издава државата или градот и се пополнувале
двојазично ( на латински на националниот јазик ) . Се пополнуваат на
стандардизирани обрасци и се разликуваат два вида : официјални
рецепти – во нив се запишуваат готови препарати магистрални
рецепти— во нив се запишуваат лекарства што треба да се подготват
во самата аптека. Затоа во нив се наведуваат сите состојки на лекот со
точно определното количество.
Лек или медикамент претставува производ за кој по научен пат и постапка е
утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на
пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или
за други медицински цели.Помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост,
бидејќи секоја супстанција во помала доза може да претставува лек, а во поголема
доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето
на болеста, додека големи количини се токсични за организмот, а во зависност од
големината на дозата може да дојде до труење и смрт. Спротивно на ова дури и
јаките отрови може да бидат корисни како лекови доколку се применат во одредена
доза и низ соодветни мерки на претпазливост. Затоа секој лек може да биде отров,
но секој отров не мора да биде и лек.
Класификација
Лековите можат да бидат класифицирани на повеќе начини, како на
пример според хемиските својства, начинот на употреба, засегнатоста од
биолошкиот систем или терапевтските ефекти. Детален и широко
употребуван систем за класификација е Анатомско Терапевтско Хемиски
Систем на Класификација (АТХ систем). Светската здравствена
организација чува список на есенцијални лекови.
• Доброто познавање на најважните облици на лекови има големо
практично значење . од правилниот избор на собликот на лекот во
голема мера зависи и самиот успех на терапијата . според
конзистенцијата лековите може да бидат со цврст , меки течен
облик .
• најпознати цврсти облици на лекови се : прашоци,, капсули,
таблети и лековити чепчиња . прашоците ( pulverec ) се
изработуваат со пулверизирање или ситнење на една или повеќе
лековити овити супстанции и со сеење низ соодветни сита
наменети се за се за надворешна и внатрешна употреба.
• Капсули ( capsulae ) се цврсти лекови со цилиндричен , тркалезен
или јајчест облик кои се подготвуваат од желатин , скроб и други
материи. Денес во капсулите ( особено во хуманата медицина ) се
издаваат голем број на пулверизирани лекови , од кои посебно
треба да се спомнат антибиотиците и разните мултивитамински
препарати.
• Таблетите ( tablettae ) се подготвуваат индустриски , со компримирање на две или повеќе
лековити супстанции. Со компресијата на прашоците под голем притисок се создаваат цврсти ,
тркалезни плочки со разна големина и тежина .Се распаѓаат во желудникот и секоја таблета
содржи една терапевтска доза на лекот . заштитната обвивка служи за да го маскира
непријатниот вкус или мирис на лекот , како и да ги заштити лековитите супстанции , кои се
разложуваат под влијание на воздухот и влагата .
лековитите чепчиња ( supositoria ) се наменети за примена во ректумот. На собна температура
се во цврста состојба , а на температура на телото , односно во цревниот сок , се топат и ја
ослободуваат активната супстанција .

Во меки облици на лекови спаѓаат лековитите масти и пасти . лековните масти ( unguentae ) се
изработуваат со мешање на лековитите супстанции и соодветните подлоги , како што се
вазелинот , некои растителни масла, а наменети се за примена на кожата , слузниците и раните .
најважни течни облици на лекови се лекови инјекции и раствори за инфузија .Ваквите лекови се
приготвуваат со лековните супстанции во вода или во некој друг растворувач , а наменети се за
надворешна или внатрешна употреба.
Инјекции ( injectiones ) се лекови наменети за вбризгување во ткивата и крвта . најчесто тоа се
раствори на лековити супстанции во вода наменета за, масло или некој специјален растворувач .

You might also like