You are on page 1of 11

RNA - ВИРУСИ

Во групата на РНК – вируси спаѓаат:


Virus influenzaе;
Lyssavirus;
Mumpsvirus;
Morbilivirus;
Poliovirus;
Rubellavirus;
HIV.
MUMPSVIRUS
Овој вирус предизвикува ЗАУШКИ.
Заушките се вирусна инфекција која најчесто ги напаѓа
паротидните плунковни жлезди, кои се локализирани пред
ушите зад вилицата.

Овој вирус се пренесува преку


плунката во непосредна близина
при разговор, смеење, кивање,
кашлање или при користење на
ист прибор за јадење и пиење.
 Болеста почнува со нетипични симптоми како:
покачена температура, малаксаност, главоболка,
гадење, слабост, кои не нè упатуваат на заушки.
Еден до три дена по појавата на овие симптоми се
развиваат типични симптоми: болка во увото, болка
при џвакање, осетливост на кожата, потоа се
појавува препознатливиот оток зад вилицата, пред
ушите. Овој оток најчесто почнува еднострано но
набргу отекува и другата жлезда.
По прележаната болест, се создава траен имунитет

Исто така заушките можат да се манифестираат со


воспаление на тестисите. Тестисот кај овие болни е
зголемен до 4 пати од нормалната големина, болен,
кожата е црвена. Може да доведе до стерилитет.
Превенција е вакцината MRP-морбили, рубеола,
паротит.

Треба да се следи температурата на болниот и да се


користи антипиретик за нејзино намалувавање, а за
отокот се препорачуваат облоги. Болниот треба да
избегнува тврда, кисела храна, да внесува што повеќе
течности. Најважно од сè е болните кои имаат заушки
да останат дома за да се спречи ширењето на вирусот.
RUBELLAVIRUS
Овој вирус предизвикува РУБЕОЛА,
уште наречено црвенка.

Симптомите на рубеола силно личат на оние


кај обичен грип – главоболка, треска, болки во
зглобовите, крвави очи, замор, осип. Токму
осипот е клучен во распознавањето на
болеста. Тој обично се појавува во областа на
лицето, вратот, зад ушите, по вратот. Може да
се рашири и по целото тело.
Вирусот на рубеола се шири преку директен
контакт со болен. Пренесувањето настанува
по воздушен-капков пат и се смета за слабо
заразен.
Постои вакцина против рубеола. Покрај тоа
примањето треба да е во согласност со
здравствената состојба, односно таа не
може да биде вметната ако сте болни во овој
момент или ако веќе сте бремени.
Рубеолата е многу опасна во раните фази на
бременоста, кога ембрионалниот развој на
фетусот го става својот почеток. Тогаш ризикот
од оштетување е најголем. Попреченостите
можат да бидат: психички инвалидитет, глувост,
слепило или силно оштетен вид, срцеви
аномалии, воспаленија во мозокот, црниот дроб,
белите дробови, коскена срцевина.
Сите овие дефекти силно ги намалуваат шансите
за опстанок на фетусот по раѓањето. Дури тоа и
да се случи, бебето ќе биде со многу сериозни
оштетувања.
Заразувањето со инфекцијата на рубеола може
да не покаже толку големо влијание по десеттата
недела од бременоста.
HIV – Human Immunodeficiency Virus
ХИВ e причинител на имунитетски
недостаток кај човекот. Тој е вирус кој го
напаѓа имунолошкиот систем кој помага во
заштитата на човекот од болести.

Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА. Ако


некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека
крвниот тест покажува дека вирусот е
присутен во организмот. Се додека
вирусот не го нападне имунолошкиот
систем, понекогаш по многу години,
тоа лице нема СИДА.
ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети,
доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во
следните телесни течности: крв, сперма, пред-семена
течност, вагинални секрети и мајчино млеко вирусот
го има во доволни концентрации за да може истиот
да се пренсе. Додека во пот, солзи, плунка, урина,
фецес вирусот го нема во доволна концентрација и
преку овие телесни течности вирусот не може да се
пренесе.

Инфекцијата може да се пренесе преку употреба на


заеднички игли кај наркомани, со незаштитен
сексуален однос, а жени кои се ХИВ позитивни може
да го пренесат вирусот на нивните бебиња во тек
на бременоста, породувањето или во тек на доењетo.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД ХИВ ИНФЕКЦИЈА:

При секој сексуален однос да се користи


соодветен кондом кој е правилно наместен,
кондомот е единственото средство кое може да
превенира пренесување на вирусот за време на
сексуален однос.

Никогаш да не се делат игли или прибор за


инјектирање, со други.

Треба да се внимава при различни инциденти, на


пример ако некој крвари или со манипулацијата со
медицинскиот отпад (игли).

You might also like