You are on page 1of 13

ВЕШТАЧКИ

ИЗВОРИ НА
ЈОНИЗИРАЧКО
ЗРАЧЕЊЕ
Изработиле: Анамарија Ујгуноска и Сара Трајкоска
ВОВЕД
Јонизирачкото зрачење (радијација) е она зрачење, коешто има доволно
висока енергија да предизвика избивање на електрон од електронеутрален
атом, со што врши јонизација, како што укажува и самото име.

Јонизирачкото зрачење се среќава насекаде и тоа може да биде од различна


природа. Според природата постои:

o Природна радијација

o Вештачка радијација
ВЕШТАЧКА
РАДИОАКТИВНОСТ
Составена е од група радиоактивни елементи кои се создаваат во истражувачки
лаборатории од луѓе. Она што ќе се изврши е бомбардирање на не-радиоактивни
елементи кои имаат јадра како што е атомот на хелиум за да можат да ги претворат
во радиоактивни изотопи. Радиоактивни елементи кои се наоѓаат во длабочините
на земјината кора и кои се извадени на површина со економски активности како на
пр. е рударство и вадење нафта. Тие се сметаат за вештачки бидејќи природно не
можат да бидат на површината на земјата.
ВЕШТАЧКА РАДИОАКТИВНОСТ
Стабилните изотопи од кои е изградена материјата во нашата средина можат да се
„активираат“, односно да се трансформираат во одреден радиоактивен изотоп. Ирена
и Фредерик Жолио-Кири дошле до ова откритие сосема случајно. При спроведување
на нуклеарни реакции со алфа честички, забележале дека како резултат на реакцијата
е произведен позитрон. Но, позитроните биле емитирани дури и откако изворот на
алфа-честичките бил отстранет. Тие заклучиле дека бомбардирањето произведува
вештачка радиоактивност.

Првиот вештачки радиоактивен изотоп добиен на овој начин бил бета плус
радиоактивен, па во исто време бил откриен овој тип на радиоактивност, кој
вообичаено не постои во природната радиоактивност.

Набргу потоа се покажало дека радиоактивни изотопи може да се добијат со


бомбардирање и на други елементи.
ДОБИВАЊЕ ВЕШТАЧКИ
РАДИОИЗОТОП
Извесни вештачки радиоизотопи се вадат од истрошени прачки во јадрен
реактор, кои содржат разни производи од цепење. На пример, се проценува
дека до 1994 г. се произведени околу 49.000 TBq (78 тони) технециум
присутни во нукеларни реактори — во огромна мера најголем извор на
земски технециум.Меѓутоа, само мал дел од произведеното наоѓа стопанска
употреба. Други вештачки изотопи значителни количества се добиваат по
пат на цепење, но сè уште не се извадени. Трети пак, се добиваат со
неутронско озрачување на матични изотопи во јадрен реактор (на пр. Tc-97
се добива со неутронско озрачување на Ru-96) или пак со бомбардирање на
матичните изотопи со високоенергиски ечстички од забрзувач.
β+ зрачење
Нестабилните атомски јадра кои имаат вишок протони може да се распаднат
преку β+ распаѓање така што некој протон ќе се претвори во неутрон,
позитрон (β+ честичка) и неутрино. При β+ распаѓањето јадрената енергија
на новонастанатиот хемиски елемент или изотоп e поголема од онаа на
стариот. Тоа е така бидејќи протонот има поголема маса од збирот на масите
на неутронот и позитронот, па затоа таа „вишок“ маса се претвора во
енергија.
β+ зрачење
Кога обичниот алуминиум бил изложен на алфа честички емитирани од
природна радиоактивност, тие добиле радиоактивен фосфор и еден неутрон.

Овој изотоп на фосфор потоа спонтано се распаѓа и се претвора во стабилен


изотоп на силициум.

Времето на полураспадот на вештачки добиениот радиоактивен фосфор е


2,6 минути.
РЕНДГЕНСКИ ЗРАЦИ
Рендгенски зраци (наречени и Х-зраци) — облик на електромагнетно зрачење и
се дел од електромагнетниот спектар со честоти од до Hz, односно со бранови
должини од 0,1 до 10 нанометри (до m) и енергија во опсег од 120 eV до 120 keV.
Зраците се јонизирачки и поради големата енергија се користат во радиологијата
(за медицински цели), како и во кристалографијата за одредување на структурата
на кристалите.

Рендгенските зраци спаѓаат во вештачко јонизирачкото зрачење, што значи дека


тие зраци се електромагнетно активни и имаат полнеж (набој). Поради својата
голема енергија зраците се многу продорни и при поголема доза можат да ги
оштетат ткивата.
Др. вештачки извори на
јонизирачко зрачење

Вештачки извори се сите оние каде озрачувањето на организмот со дози над


природниот радиоактивен фон се должи на техничките (вештачки) извори на
јонизација. Освен радиоактивното зрашење и зрачењето, тука спаѓаат и:
акцелераторите, нклеарните реактори, неутронските генератори, електронските
микроскопи, зрачењата кои се користат во медицината ( кобалт-бомба и др.)
ПРАШАЊА:
1. Какво може да биде јонизирачкотп зрачење споерд природата?
2. Што се извршува при вештачка радиоактивност?
3. Каков бил првиот вештачки радиоактивен изотоп?
4. Од каде се вадат вештачки радиоизотопи?
5. Каква е јадрената енергија при β+ распаѓање?
6. Зошто е тоа така?
7. Што прави изотопот на форфор?
8. Каде се користат рендгенските зраци?
9.Кои се вештачки извори на јонизирачко зрачење?
10. Наброј пример за вештачки извор!

You might also like