You are on page 1of 10

Мерки за

обезбедување на
присуство на
деца
Доцент д-р Олга
Кошевалиска
Повикување на дете
• Во постапката спрема децата од мерките за обезбедување
присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната
постапка може да се применат: поканата, гаранцијата,
приведувањето, задржувањето, краткотраен притвор и притвор.
• Поканата е писмен акт упатен од страна на судот со кој на
обвинетиот или друго лице му се наложува да дојде во означено
време на определено место, со предупредување дека во случај на
недоаѓање ќе биде присилно доведено.
• Земајќи ја во предвид возраста на детето - детето се повикува преку
родителите / старателите. Во итни случаи, или кога не е можна
покана преку родителите, законскиот застапник, односно органот за
старателство задолжително и веднаш, но најдоцна за два часа се
известуваат за повикувањето на детето.
• ЗПД го регулира и повикувањето на детето од страна на МВР
• Разговорот со детето задолжително се води во присуство на
неговиот бранител и родителите односно законскиот застапник и во
посебни простории соодветни за разговор со дете од негова возраст.
Разговорот може да трае, ако детето го прифаќа разговорот, најдолго
четири часа.
Задржување на дете. Според ЗПД постојат три основи кога е дозволено овластените службени лица од МВР да
задржат дете и тоа:

1. во полициска станица детето може да биде задржано најмногу до 12 часа;

2. овластени службени лица на МВР може го да задржат најмногу до 8 часа детето кое е затечено in flagranti
при извршување на дејствие што со закон е предвидено како прекршок против јавниот ред и мир, но само
доколку воспоставувањето на јавниот ред и мир или отстранувањето на загрозувањето не може да се постигне
на друг начин или кога детето е под дејство на алкохол, дрога или други психотропски супстанции;

3. детето кое е преземено од странски орган за безбедност заради спроведување до надлежен


државен орган може да се задржи најмногу 12 часа.
• За секој од наведените основи за задржување на дете, под условите предвидени со закон,
овластените службени лица на МВР се должни веднаш да го известат надлежниот јавен обвинител,
судијата за деца, односно судијата на претходната постапка, родителите, односно старателите,
неговиот бранител и ЦСР.
– Задржувањето подолго од 6 часа мора да го одобри службеникот за прифат во
посебно определена и опремена полициска станица.
– Задржаното дете мора без одлагање, а најдоцна во рок од 12 часа да биде
изведено пред судија за деца, кој ќе одлучи за одредување на притвор или за
пуштање на детето на слобода. Ако судијата за деца најде дека нема основ за
задржување на детето, ќе донесе решение за негово пуштање на слобода, во
кое ќе ја оцени законитоста на задржувањето. Детето и неговиот бранител
имаат право на жалба
– За време на задржувањето не може да се води разговор со детето без
присуство на бранител.
– Задржувањето се врши во простории соодветни за задржување на дете од
соодветна возраст, а овие простории се различни од просториите во кои се
задржуваат полнолетните лица.
– За задржувањето се составува записник, во кој се внесуваат сите податоци за
денот и часот кога детето е задржано, причините за задржувањето, времето
кога е поучено за неговите права, психофизичката состојба во моментот на
неговото задржување, времето кога е разговарано со детето, констатација на
службените лица за постоењето на видливи телесни повреди и времето на
прекинување на задржувањето. Записникот го потпишува детето и неговите
родители, односно старатели, како и бранителот.
– Меѓународни стандарди за притворање на деца. Со цел да се укаже на
специфичноста на притворање на децата, се наметнува како потреба да се укаже на
стандардите предвидени во актите на ООН.
– Стандардни минимални правила за спроведување на малолетничка правда
(Пекинишки правила) дополнителниот Анекс, предвидуваат дека мерката притвор
треба да се примени како крајна мерка и за најкраток можен временски период.
– Онаму каде што е можно, притворот во очекување на судењето, треба да се замени со
алтернативни мерки, како строг надзор, интензивна нега или сместување во семејство
или образовна институција, односно дом.
– Пекиншките правила е особено нагласуваат дека опасноста за децата од „зараза од
криминалот” додека се во притвор во очекување на судењето не смее да се потценува.
– Во Прописите на ООН за заштита на малолетници лишени од слобода (Хавански
Правила) со дополнителниот Анекс, се укажува дека децата лишени од слобода се
мошне подложни на злоупотреби и опасност од кршење на нивните права, поради што
сместувањето на дете во институција треба да биде крајна мерка, и тоа за најкраток
можен период.
– Согласно со Упатствата на ООН за спречување на малолетничка делинквенција
(Ријадски упатства), во однос на контакти со пошироката заедница, на детето треба да
му се осигура соодветната комуникација на со надворешниот свет, што претставува
интегрален дел на правото за праведен и хуман третман и е есенцијален дел во
подготовката на децата за враќање во општеството.
– Определување мерка притвор според
ЗПД. Мерката притвор судијата за деца
може да ја определи против детето само
по предлог на јавниот обвинител, а по
претходно прибавено мислење од ЦСР.
– Притворот се определува за истите основи
како и за полнолетни сторители на
кривични дела определени во членот 165
од ЗКП.
– Притворот се определува со решение на
судијата за деца и може да трае најдолго
30 дена. По образложен предлог на
судијата за деца, а по претходно прибавено
мислење од јавниот обвинител и од ЦСР,
советот за деца на основниот суд може од
оправдани причини да го продолжи
притворот за уште 60 дена.
– Во случај на спреченост или отсуство на
судијата за деца, одлуките поврзани со
притворот ги донесува судијата на
претходната постапка.
– Рокот за жалба на решението е три дена од
доставувањето на решението за притвор.
По жалбата на решението на судијата за
деца во рок од три дена од нејзиното
доставување одлучува кривичниот совет за
деца на основниот суд, а по жалбата на
решението на советот за деца на основниот
суд, советот за деца на апелациониот суд.
– Ако притворот е определен само поради
утврдување на идентитетот на детето
– Судијата за деца е должен веднаш по определувањето на
притворот за тоа да ги извести родителите односно
старателите на детето, неговиот бранител и ЦСР.
– Во притворот детето се сместува одвоено од
полнолетните лица.
– Во текот на траењето на притворот на детето му се
гарантира и обезбедува правото на контакт со семејството
најмалку еднаш неделно, правото на приватно и
доверливо контактирање по потреба, правото на
медицинска помош и заштита и правото на следење на
информации преку средствата за јавно информирање.
Определување мерки за
привремено сместување
или надзор. Наместо
притвор, судијата за деца во
текот на подготвителната
постапка може кон детето да
определи една од следниве
мерки:
• установа за образование, грижа и
заштита на деца (освен установа
надлежна за извршување на мерки
и санкции спрема деца), или
• да се стави под надзор на ЦСР или
• да се смести во згрижувачко или
друго семејство, ако тоа е
потребно заради давање помош,
заштита или згрижување на
детето.
– Краткотраен притвор. Судијата за деца може да донесе решение за
определување краткотраен притвор во случај кога јавниот обвинител по
истек на рокот за задржување не стави каков било предлог. Краткотрајниот
притвор може да се определи само ако се исполнети законските услови за
определување мерка притвор.
– Краткотрајниот притвор може да трае најдолго 24 часа. Ако во тој рок јавниот
обвинител не поднесе предлог за определување притвор, судијата за деца ќе
донесе решение за пуштање на детето на слобода.
– Против решението за краткотраен притвор детето, неговиот бранител и
јавниот обвинител имаат право на жалба до кривичниот совет за деца на
основниот суд кој по жалбата одлучува во рок од 24 часа.

You might also like