You are on page 1of 7

СПОРТСКА

ИЗРАБОТИЛ
ГИМНАСТИ
КА И
ФИЛИП ТОМОВ

КОШАРКА
Стој на раце – Мост – Премет во
страна
Акробатиката е дел од спортската гимнастика која ја сочинуваат разни гимнастички
елементи. Гимнастичките елементи се изведуваат со контролирани и убаво обликувани
движења. Една гимнастичка вежба треба да биде составена од елементи со различна
тежина, меѓу себе поврзани со одреден ритам ...
Корбут превртување

Олга Корбут е четирикратна олимписка шампионка и два пати олимписки вицешампионка.


Таа сега е на возраст од  59 години. Во 1994 година е Олга беше прогласена за еден од 40
најголеми спортисти заедно со Хенк Арон, Мухамед Али, Артур Еш, Лари Бирд, Јулијус
Ирвинг, Вејн Грецки, Меџик Џонсон,  Мајкл Џордан, Џо Монтана,  Боби Ор, Арнолд
Палмер, Пеле, Ричард Пети, Пит Роуз ,  Нолан Рајан и други. До 1972 година, постари
гимнастичари обично фокусот го ставаа на  елеганција но не наакробатика. Кај Олга Корбут
акцентот беше обратен. Видео материјалот што ви го презентарираме е една нејзина
победничка  вежба на двовисинско вратило која до ден денес е забранета за изведба  поради
опасноста од повреди.  Вежбата во нејзина чест го носи името „Корбут превртување“. Во
1988 година, Олга беше првата гимнастичарка која е примена во Меѓународниот дом на
славните гимнастичари.
Се за спортската гимнастика

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική (гимнастике) што значи „фонд на
физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи
„гол”, бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.
Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само
акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу
мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок
кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале
акробации во воздух.
Рипстол

Рипстолот е составен од шеснаесет дрвени скалила со должина од 90см. и висина 260см.


Рипстолот е наменет за изведување на вежби за: раце, труп и нозе, одредени гимнастички
вежби, може да послужи за изведување на корективни гимнастички вежби како и качување
и симнување од него.
Кошарка

Кошарка — екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката
низ хоризонтално поставен обрач на височина од 305 сантиметри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите
членови на екипата.

Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa
кошарка и за раширувањет—о на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална
кошаркарска асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е
Македонската Прва Лига.

До бодови во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе бодови е победник. Кошот постигнат
во лакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од
подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени
правила и начини спрема кои топката може да се води.

Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако
вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни
стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.
Историја

Првите правила, терен и игра

Првиот терен за кошарка.

Во почетокот на декември 1891 година, д-р Џејмс Нејсмит,[1] канадски професор по физичка култура од универзитетот МекГил од Монтреал и инструктор во Вежбалното училиште
YMCA[2] (денес Спрингфилд Колеџ), во Спрингфилд, Масачусетс, САД, барал енергична игра на затворено за да ги држи своите студенти зафатени и на одредено фитнес ниво за
време на долгите зими во Нова Англија. По отфрлање на скоро сите идеи кои биле или премногу груби или слабо одговарале на околеностите во гимназиите, тој започнал со
создавање на правилата на кошарката. Професорот прво закачил баскет со боја на праска на 3.05 метри односно 10 стапки. Во спротивност со модерните кошаркарски мрежи овој
баскет со боја на праска го држел своето дно и топката морала повторно да се врати штом еднаш бил постигнат бод. Сепак ова се докажало неефикасно, па така била направена
дупка на дното од баскетот, овозможувајќи и на топката да ѕирка секогаш со дрвен клин. Баскетите со боја на праска се употребувале сè до 1906 година кога се замениле со метални
обрачи со табла. Набргу била направена промена, па така топката само поминува низ мрежата, пробивајќи го патот до кошарката како што ја знаеме денеска. Секогаш кога некое
лице ја уфрлувало топката во баскетот, неговата екипа постигнувал бод. Секогаш кога екипата постигнува најмногу бодови тој ја добива играта.[3] Баскетите првично биле
заковувани на меѓукатна тераса на игралиштето, но ова се покажало непрактично кога публиката од терасата почнала да се меша со шутевите. Таблата била воведена за да се спречи
ова мешање. Тоа дало дополнителен ефект кој дозволувал удар од скок.[4] Рачно напишаните дневници на Нејсмит, откриени од неговата внука во почетокот на 2006 година,
покажуваат дека тој бил нервозен за новата игра што ја измислил, која вклучува правила од детската игра наречена „Патка на камен“, како што многу правила не успеале пред тоа.
Нејсмит новата игра ја нарекол „Basket Ball“.[5]

Првиот официјален натпревар се одиграл во гимнзија на YMCA на 20 јануари 1892 година со девет играчи. Натпреврот завршил со 1-0, а ударот бил направен на далечина од 7.6
метри (25 стапки) на игралиште со половина должина од сегашното игралиште на уличната кошарка и од тие на НБА. Од 1897 – 1898 станале стандардни екипите од по пет играчи.

You might also like