You are on page 1of 15

Хемијата како

експериментална
наука
Каква наука е хемијата?

природна или општествена


1.Хемијата е природна наука
Ако е природна наука, што
мислите, што проучува?
-природата и појавите во неа
Што се е природа?
Набројте некој пр.:..........

Хемијата е природна наука и како


другите природни науки:
биологија, физика, медицина,
геологија..... и таа како основна цел
го има изучувањето на природата и
законитостите што владеат во неа.
- Зошто Хемијата и останатите науки се
науки?

За тоа што во неа, а и во другите се


собрани и систематизирани знаења
и откритија од дадена област.
Бидејќи природата ја изучуваат сите
природни науки, постојат нејзини
делови кои се предмет на изучување на
две природни науки и при тоа се
создаваат т.н. гранични науки.
- ГРАНИЧНИ НАУКИ -
(премин од една наука кон друга):
БИОЛОГИЈА
МОЛЕКУЛАРНА
БИОЛОГИЈА
БИОХЕМИЈА
ХЕМИЈА
ФИЗИЧКА
ХЕМИЈА
ХЕМИСКА
ФИЗИКА
ФИЗИКА
Дали е возможно цела природа
да ја изучуваме наеднаш ?
- НЕ
2.Систем:
СИСТЕМ
околина на системот→

Изучувањето на природата за да биде можно


потребно е да се одбери точно определен дел
од неа, дел за кој знаеме каде започнува и каде
завршува и кои се неговите граници.
Овој дел од природата се вика систем, а
остатокот од природата се вика околина на
системот.
Изучувањето на системите се врши со
набљудување и мерење.
3. Набљудување:
Набљудувањето е планирана активност која
има за цел да се увидат својствата на
супстанците или да се регистрираат промените
што настануваат во изучуваниот систем.
Кога во системите свесно се предизвикуваат
промени, и при тоа се набљудува што се
случува при промена на условите (температура,
притисок и сл.) или при намерни хемиски
промени тогаш изведуваме експеримент.
За хемијата експериментите се од
најголема важност.
4. Мерење:
Мерењето претставува
споредување на големината на
мерното својство, со големината
на исто такво својство кое е
земено како стандард.
пр. единица за маса е 1kg – и
споредуваме со единицата – kg
Мерењето и дава егзактен (точен)
карактер на хемијата
Набљудувањето и мерењето во
хемијата се експериментални
активности.

5.Хемијата е експериментална и
егзактна наука.
Хемијата ги проучува:
дефиниција

-супстанците (составот, градбата, начините


на нивно добивање и својствата)
- реакциите во кои стапуваат супстанциите
- причините за појавите што ги изучува
(проследени со изменување на составот),
- законитостите на кои појавите се
покоруваат и
- теориите што сето тоа го објаснуваат.
6. Поделба на хемијата на
научни дисциплини

ХЕМИЈА
- ДАЛИ КОРИСТИМЕ ЕКСПЕРИМЕНТ ИЛИ ТЕОРИЈА

ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА - ТЕОРИСКА
- ШТО НИ Е ЦЕЛ НА РАБОТА

ХЕМИЈА
ПРЕПАРАТИВНА - АНАЛИТИЧКА
- ТРАДИЦИОНАЛНА – според природата на супстанците

ХЕМИЈА
НЕОРГАНСКА - ОРГАНСКА
7.Значењето на хемијата:
Достигнувањата во хемијата се многу важни за:
медицината, фармацијата, агрономијата,
енергетиката, во индустриското пр-во,
пр- вото на синтетички горива, синтетички каучук,
пластични маси, вештачки влакна, бои, лакови,
лекови, вештачки ѓубрива, добивање метали од
руди, производство на полимери, во воената
индустрија (различни експлозиви, бојни отрови и
средства за заштита од нив) и др.
Современото општество не може да постои без
ХЕМИЈА
Одговори ги прашањата:
1.Каква наука е хемијата, и што проучува?
2.Што е систем - дефинирај?
3.Што е набљудување, а што е мерење-
дефинирај?
4.Што е експеримент- дефинирај?
5.Како е поделена хемијата на научни
дисциплини?
6.Дали е значања хемијата за човекот,
зошто и каде? напишете свои примери:
одговорите во порака лично на messenger

You might also like