You are on page 1of 8

ЕЛЕКТРИЧНА

ЕНЕРГИЈА И СТРУЈНО
КОЛО
Изработила: Љупка Станковска IV 2
ПОИМ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Електричната енергија е форма на енергија која се пренесува преку
спроводници, без која компјутерите, апаратите за домаќинство, телевизорите и
радијата не би можеле да работат. Освен тоа, таа ги осветлува нашите домови,
училишта и деловните згради. Од сето ова може да се дојде до заклучок дека без
електричната енергија нашиот живот би бил многу поразличен.
Секојдневно се среќаваме со предмети кои работат на батерии како : батериска
светилка, далечински управувач, рачен часовник и друго.
СТРУЈНО КОЛО
Струјно коло претставува патека по која тече електричната
струја.
Наједноставно струјно коло е простото струјно коло кое може да
е составено од светилка и батерија (кај батериската светилка).
ЕЛЕКТРИЧНИ КОМПОНЕНТИ НА СТРУЈНО
КОЛО

• Компоненти на едно струјно коло се: батерија, светилка, прекинувач, жица и зујалка.
 Батерија е извор на електрична струја во струјното коло. Секоја батерија има позитивен
пол (+), горниот дел од батеријата и негативен пол (-), долниот дел од батеријата.
 Светилка е потрошувач на електрична струја во струјното коло.
 Прекинувач е уред што го контролира течењето на електричната струја во струјното коло.
 Жица е спроводник што го овозможува течењето на електричната струја во струјното
коло.
 Зујалка е дел од струјното коло, таа е потрошувач на електричната струја во струјното
коло.
ЗАТВОРЕНО И ОТВОРЕНО
СТРУЈНО КОЛО
Затворено струјно коло е струјно коло
Отворено струјно коло е струјно коло во
во кое електричната струја тече без кое електричната струја тече со прекин.
прекин.
ЗАКЛУЧОК ОД ПРИМЕНА НА СТРУЈНО
КОЛО:

• Во составување на струјните кола, извори на електрична струја најчесто беа: батерии


од 1,5 V или 3 V, кои се безбедни за употреба.
• Во нашите домови ја користиме електричната струја од електричната мрежа.
• За да можат да работат електричните апарати (светилките да светат, а зујалките да
зујат), струјното коло треба да биде затворено, а изворот на струја доволно јак за да им
ја даде потребната електрична струја.
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И
ЕЛЕКТРИЧНА СТРУЈА ВО
ЗАТВОРЕНО СТРУЈНО КОЛО
Енергијата е способност за вршење работа. Постојат повеќе видови енергија:
топлинска, светлинска, електрична енергија, енергија на звук и други.
Електричната енергија е посебна форма на енергија која ја пренесуваат
посебни честички кои се движат во иста насока низ затворено струјно коло.
Затоа, е потребен извор на енергија (извор на електрична струја), како што се
на пример, батериите.
Во батериите има мали делови наречени ќелии, кои ги ослободуваат
честичките кои се движат од позитивниот (+) до негативниот (-) пол на изворот
во затворено струјно коло.
Тоа насочено движење на посебен вид честички низ жиците во иста насока од
едниот пол (+) до другиот пол (-) се нарекува електрична струја.
Електричната струја од електричната мрежа може да биде многу опасна.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВАШЕТО
ВНИМАНИЕ.

You might also like