You are on page 1of 15

ПЕРСОНАЛНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО

КОМАНДИТНО ТРГОВСКО ДРУШТВО


ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО - ЈТД
(société en nom collectif, società in nome collettivo, partnership)
Compagnia, fratema compagnia – директен претходник на ЈТД;

Членови на определено семејство → други роднини → лица од надвор


Со учество на повеќе лица се јавува потреба од подробно регулирање на нивните односи
Во регистрите се запишувале имињата на содржниците, нивните удели и меѓусебниот однос
Потреба од разграничување на имот на друштво и имот на содружници

Прв законодавен акт каде се јавило ова друштво била


Ордонанската за копнена трговија од 1673 Société Générale

Француски трговски законик од 1807 Société nom colelectif

Во Германски трговски законик од 1861 се регулира и се разграничуваат внатрешните


односи со односите спрема трети лица и колективната сопственост (доверител на содружник
не се намирува од друштво, туку само обврските на друштвото се намируваат од имотот на друштвото)
Јавно трговско друштво е трговско друштво во кое се здружуваат две
или повеќе физички и правни лица, кои на доверителите за обврските
на друштвото им одговараат неограничено и солидарно со сиот свој
имот.
Од првобитните родбински друштва денес се задржува обврската за личен ангажман и за
активно учество во работата на друштвото и неговото управување, а спрема трети лица остана
обврската за неограничена и солидарна одговорност

Не е многу актуелна и распространета форма – тоа се должи на појавата на ДОО и неговите


предности – ЈТД е соодветно за друштва со помал број содружници
БЕЛЕЗИ НА ЈАВНОТО ТРГОВСКО
ДРУШТВО
1. ЈТД е друштво кое спаѓа во групата на персонални трговски друштва, односно друштва на лица;

2. ЈТД има својство на правно лице;

3. ЈТД настанува врз основа на договор за друштвото;

4. ЈТД мора да се состои од најмалку два содружника;

5. Во ЈТД не е пропишано создавање на минимална основна главнина;

6. Неограничена и солидарна одговорност на содружниците за обврските на ЈТД;

7. Секој содружник има право и обврска да управува со ЈТД.


ОСНОВАЊЕ НА ЈАВНОТО ДРУШТВО
Јавно друштво се основа со договор за друштвото склучен меѓу основачите.

(1) Договорот за друштвото содржи одредби за:


1) името и презимето, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта (ако
содружник е странско физичко лице) или на друга исправа за утврдување на идентитетот важечка
во неговата земја и неговото државјанство и местото на живеење, односно фирмата, седиштето,
ЕМБС, ако содружникот е правно лице,
2) фирмата и седиштето на јавното друштво,
3) предметот на работењето на јавното друштво,
4) видот и износот на влогот на секој содружник,
5) начинот на личното учество на секој содружник во работата на јавното друштво,
6) начинот на водење на работењето и на застапувањето на јавното друштво и начинот на
донесување на одлуките,
7) начинот на распределба на добивката и начинот на покривање на загубата и
8) други прашања определени со овој закон со коишто се уредуваат односите меѓу содружниците.
ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ
СОДРУЖНИЦИТЕ НА ЈАВНОТО
Правните односи меѓу содружниците на јавното друштво се уредуваат со договор за друштвото.
ДРУШТВО
Влоговите на содружниците во јавното друштво можат да бидат различни.
Содружникот може во јавното друштво да вложи пари, ствари, права, труд и услуги.

Содружник на јавно друштво не смее, без изречна согласност на другите содружници, да врши работи што се во
рамките на предметот на работење на јавното друштво, ниту да биде содружник кој лично одговара, да биде
член на орган или вработен во друштво коешто на јавното друштво му е конкурент или би можело да му биде
конкурент.

Удел во јавно друштво може да се пренесува на трето лице само со согласност на сите содружници.

Содружник во јавно друштво може својот удел да го даде во залог со согласност на сите содружници.

Секој содружник е овластен да управува со јавното друштво.

Добивката и загубата се делат меѓу содружниците на јавното друштво сразмерно на уделот на секој содружник во
друштвото ако со договорот за друштвото поинаку не е определено.
ОДНОСИ НА ЈАВНОТО ДРУШТВО СО
ТРЕТИ ЛИЦА

Застапување на друштвото - Секој содружник е овластен да го


застапува јавното друштво.

Лична одговорност на содружниците - За обврските на јавното


друштво секој содружник им одговара на доверителите на
јавното друштво непосредно, со сиот свој имот и солидарно со
сите други содружници.
ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ДРУШТВО И
ПРЕСТАНУВАЊЕ НА СОДРУЖНИШТВОТО
Основи за престанување
(1) Јавното друштво престанува со:
1) истекот на времето за коешто е основано;
2) одлука донесена од сите содружници;
3) стечај на јавното друштво:
4) смрт на кој било од содружниците, односно престанување на содружник - правно лице, освен ако со договорот з
друштвото поинаку не е определено;
5) стечај над кој било од содружниците;
6) отказ на некој од содружниците на јавното друштво на договорот за друштвото, освен ако со договорот за
друштвото поинаку не е определено;
7) правосилна одлука на судот;
8) губење на деловната спосособност на еден од содружниците, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е
определено и
9) одземање на дозволата за вршење на дејноста, а јавното друштво не ја промени дејноста.

Престанувањето на јавното друштво, сите содружници го пријавуваат за упис во трговскиот регистар, освен ако
јавното друштво престане со стечај, односно врз основа на друга правосилна одлука на судот.

Ако јавното друштво престанува со одлука на судот, судот што ја донел одлуката по службена должност,
ја доставува и до трговскиот регистар.
КОМАНДИТНО ДРУШТВО
(limited partnership; societe en commandite simple; die
Kommanditgeseliscaft;
la societa in accomandita semplice)
XII Зачетоците на командитното друштво се бараат во средновековната „commende".

"commendator” - вложувал пари и ствари во определена прекуморска зделка,


“tractator”- единствен носител на таквиот деловен потфат бил сопственикот на бродот

XV покрај носителот на деловниот потфат, во потфатот учествуваат поголем број лица со својот капитал; сите
заедно настапуваат спрема третите лица под заедничка фирма. Веќе тогаш името на вложувачот на капиталот се
води во трговските регистри. Таа форма на трговските друштва во Италија се нарекувала “accomandita".

Командитното друштво е прво трговско друштво во коешто има капиталско учество. Значаен развој доживува во
Франција во XVI век, Тогаш доаѓа до првото нормирање на командитното друштво за коешто, меѓу другото, е
пропишано дека се основа со писмена спогодба, којашто мора да се депонира кај трговскиот суд, којашто, исто
така, мора да се објави со наведување на имињата на командиторите.

Посебен прилог во развојот на командитното друштво има и германското право. Германскиот Трговски законик
зборува за обврските на командиторот да го плати преземениот влог,
Командитно друштво е трговско друштво во коешто се здружуваат
две или повеќе физички и правни лица од кои најмалку еден
содружник одговара за обврските на друштвото лично со сиот свој
имот, односно неограничено и солидарно ако се најмалку два
содружника (во натамошниот текст: комплементар), а најмалку
еден содружник одговара за обврските на друштвото само до
износот на запишаниот влог во друштвото (во натамошниот текст:
командитор). Влогот на командиторот не може да биде во труд и
услуги.
БЕЛЕЗИ НА КОМАНДИТНОТО
ДРУШТВО
Командитаногно друштво е трговско друштво без оглед на предметот на работењето.

Командитното друштво е персонално трговско друштво.

Bo командитното друштво се здружуваат, две групи претприемачи (комплементари и командитори)

Управувањето и застапувањето со командитното друштво е право и обврска на комплементарите.


ОСНОВАЊЕ НА КОМАНДИТНОТО
ДРУШТВО

Командитно друштво се основа со договор за друштво во писмена форма


со заверени потписи на содружниците со електронски потпис на
регистрациониот агент, или во електронска форма потпишан со
електронски потпис на содружниците на друштвото преку Системот за е-
регистрација.
ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ
СОДРУЖНИЦИТЕ
Правните односи меѓу содружниците се уредуваат со договорот за друштвото.

На лично учество во работите на командитното друштво е обврзан само комплементарот.

Со командитното друштво управуваат комплементарите.

Командиторот има право да бара препис или копија на годишните сметки на друштвото, односно увид во
трговските книги заради проверка на нивната исправност, право да му се соопшти содржината на трговските
книги на командитното друштво и на другите документи, како и право писмено да поставува прашања што се
однесуваат на управувањето со командитното друштво, на кои мора да му се одговори по писмен пат.

Уделите во командитното друштво можат да бидат пренесени на трето лице само со согласност во писмена
форма со заверени потписи на содружниците со електронски потпис на регистрацискиот агент, или во
електронска форма потпишана со електронски потпис на содружниците на друштвото преку Системот за е-
регистрација.

Добивката се дели меѓу содружниците на командитното друштво сразмерно на уделот на секој содружник во
друштвото, освен ако со договорот на друштвото поинаку не е определено.
ПРАВНИ ОДНОСИ НА КОМАНДИТНО
ДРУШТВО СО ТРЕТИ ЛИЦА

Застапување на друштвото - Командитор не може да го


застапува командитното друштво.

Одговорност на командиторот - Командиторот не одговара за


обврските на командитното друштво ако го внел целиот влог за
којшто се обврзал со договорот за друштвото.
ПРЕСТАНУВАЊЕ НА КОМАНДИТНО
ДРУШТВО
Основи за престанување на командитно друштво се:
1) истекот на времето за коешто е основано;
2) одлука донесена од сите содружници (комплементари и командитори);
3) стечај на командитното друштво;
4) смрт на кој било од комплементарите, односно со престанување на комплементар правно лице,
освен ако со договорот за друштвото поинаку не е определено;
5) стечај над кој било од комплементарите;
6) отказ на некој од комплементарите, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е
определено;
7) правосилна одлука на суд;
8) губење на деловната способност на комплементар, освен ако со договорот за друштвото поинаку
не е определено;
9) одземање на дозволата за вршење на дејноста, а командитното друштво не ја промени дејноста и
10) други случаи определени со закон и со договорот за друштвото.

You might also like