Professional Documents
Culture Documents
ПЕРСОНАЛНИ ДРУШТВА
ПЕРСОНАЛНИ ДРУШТВА
Содружник на јавно друштво не смее, без изречна согласност на другите содружници, да врши работи што се во
рамките на предметот на работење на јавното друштво, ниту да биде содружник кој лично одговара, да биде
член на орган или вработен во друштво коешто на јавното друштво му е конкурент или би можело да му биде
конкурент.
Удел во јавно друштво може да се пренесува на трето лице само со согласност на сите содружници.
Содружник во јавно друштво може својот удел да го даде во залог со согласност на сите содружници.
Добивката и загубата се делат меѓу содружниците на јавното друштво сразмерно на уделот на секој содружник во
друштвото ако со договорот за друштвото поинаку не е определено.
ОДНОСИ НА ЈАВНОТО ДРУШТВО СО
ТРЕТИ ЛИЦА
Престанувањето на јавното друштво, сите содружници го пријавуваат за упис во трговскиот регистар, освен ако
јавното друштво престане со стечај, односно врз основа на друга правосилна одлука на судот.
Ако јавното друштво престанува со одлука на судот, судот што ја донел одлуката по службена должност,
ја доставува и до трговскиот регистар.
КОМАНДИТНО ДРУШТВО
(limited partnership; societe en commandite simple; die
Kommanditgeseliscaft;
la societa in accomandita semplice)
XII Зачетоците на командитното друштво се бараат во средновековната „commende".
XV покрај носителот на деловниот потфат, во потфатот учествуваат поголем број лица со својот капитал; сите
заедно настапуваат спрема третите лица под заедничка фирма. Веќе тогаш името на вложувачот на капиталот се
води во трговските регистри. Таа форма на трговските друштва во Италија се нарекувала “accomandita".
Командитното друштво е прво трговско друштво во коешто има капиталско учество. Значаен развој доживува во
Франција во XVI век, Тогаш доаѓа до првото нормирање на командитното друштво за коешто, меѓу другото, е
пропишано дека се основа со писмена спогодба, којашто мора да се депонира кај трговскиот суд, којашто, исто
така, мора да се објави со наведување на имињата на командиторите.
Посебен прилог во развојот на командитното друштво има и германското право. Германскиот Трговски законик
зборува за обврските на командиторот да го плати преземениот влог,
Командитно друштво е трговско друштво во коешто се здружуваат
две или повеќе физички и правни лица од кои најмалку еден
содружник одговара за обврските на друштвото лично со сиот свој
имот, односно неограничено и солидарно ако се најмалку два
содружника (во натамошниот текст: комплементар), а најмалку
еден содружник одговара за обврските на друштвото само до
износот на запишаниот влог во друштвото (во натамошниот текст:
командитор). Влогот на командиторот не може да биде во труд и
услуги.
БЕЛЕЗИ НА КОМАНДИТНОТО
ДРУШТВО
Командитаногно друштво е трговско друштво без оглед на предметот на работењето.
Командиторот има право да бара препис или копија на годишните сметки на друштвото, односно увид во
трговските книги заради проверка на нивната исправност, право да му се соопшти содржината на трговските
книги на командитното друштво и на другите документи, како и право писмено да поставува прашања што се
однесуваат на управувањето со командитното друштво, на кои мора да му се одговори по писмен пат.
Уделите во командитното друштво можат да бидат пренесени на трето лице само со согласност во писмена
форма со заверени потписи на содружниците со електронски потпис на регистрацискиот агент, или во
електронска форма потпишана со електронски потпис на содружниците на друштвото преку Системот за е-
регистрација.
Добивката се дели меѓу содружниците на командитното друштво сразмерно на уделот на секој содружник во
друштвото, освен ако со договорот на друштвото поинаку не е определено.
ПРАВНИ ОДНОСИ НА КОМАНДИТНО
ДРУШТВО СО ТРЕТИ ЛИЦА