You are on page 1of 8

СТАНБЕНИ

ЗГРАДИ
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА-ИЗБОРНА НАСТАВА

Архитект ГОРДАНА СТОИМЕНОВ


ПОДЕЛБА НА СТАНОВИТЕ СПОРЕД БРОЈОТ НА СОБИ
Кога се прави поделба на становите според бројот на соби се бројат главните простории во станот:
– дневната соба, и
– спалните соби.
Според тоа има:
– гарсониера 25 до 30 м2.,
– еднособен стан 32 до 42 м2.,
– двособен стан 50 до 61 м2.,
– трисобен стан 70 – 86м2.,
– четирисобен стан итн.

Доколку спалната соба има површина до 8 м2 се нарекува „половина соба“.


Тоа најчесто е детска соба со еден кревет.
Становите кои имаат „половина соба“ се нарекуваат: едноиполсобни, двоиполсобни,
трииполсобни, итн.
ПОДЕЛБА НА СТАНОВИТЕ СПОРЕД БРОЈОТ НА СОБИ
ГАРСОНИЕРА
Е најмал стан, наменет за брачен пар без деца или за самци. Гарсониерата ја сочинуваат: влез, бања и
една просторија во која се соединети дневниот престој, спиењето и јадењето. Нема посебна кујна, туку
има т.н.„чајна кујна“ која се наоѓа во ниша или во плакар.
ЕДНОСОБЕН СТАН
Се разликува од гарсониерата по тоа што има издвоена кујна покрај другите простории. Најчесто се
наменети за живеење на брачен пар без деца.
ДВОСОБЕН СТАН
Има просторија за дневен престој, кујна, трпезарија и посебна спална соба со површина од околу 12 м2.
ТРИСОБЕН СТАН
Покрај просторијата за дневен престој, кујна и трпезарија има две спални соби.
ЧЕТИРИСОБЕН СТАН
Покрај просторијата за дневен престој, кујна и трпезарија има една родителска спална соба и две детски
спални соби.
ПОВЕЌЕСОБЕН СТАН
Повеќесобни станови и луксузни станови освен основните простории имаат и:
– гостинска спална соба,
– работна соба, соба за хоби,
– библиотека,
– соба за игра на деца,
– економски простроии (утилити, остава и др.).
При проектирање на објекти за домување, се применуваат следните стандарди и
нормативи:
ДНЕВНИ СОБИ
Минималната површина на просторот за дневен престој изнесува 17 м2,
а ако се предвидува дневен престој со дел за јадење минималната површина изнесува 22
м2.
Се пресметува 4-5 м2 по човек, и се добива:
- за 4 члено семејство 17-19 м2,
- за 5 члено семејство 20-24 м2,
- за 6 члено семејство 25-29 м2.
СПАЛНИ СОБИ
За еднокреветна соба минималната површина изнесува 9 м2, а минимална широчина на
собата 2,20 м.
За двокреветна соба минималната површина изнесува 12 м2, а минималната широчина на
собата 2,40 м2.
За родителска спална соба минималната површина е 14 м2, а минималната широчина 2,80
м.
КОМУНИКАЦИИ
Минимална широчина на влезниот претпростор во станот изнесува 1,20 м.,а на
внатршните комуникации
минимум 0,90 м.
Кај скали, минималната широчина на кракот изнесува 1,10 м., а минималната широчина
на подестот 1,20 м.
Висината на скалата изнесува максимум 18 см, а ако нема лифт 16 см.
Минимална височина на скалишниот простор изнесува 2,10 м.
Минимална широчина на ходникот кој води до становите изнесува 1,40 м.
Минимална широчина на ходникот кој води до становите за решенија со галериски
пристап до становите е 1,40 м.
На објекти со приземје и три нивоа и повисоки, задолжително се вградуваат лифтови,
соодветно димензионирани според бројот на корисниците на објектот.
ВИСИНА НА ПРОСТОРИИ
Најмалата спратна височина со која се пресметува бројот на спратови, мерено од плоча до плоча,
- за домување е 2,90 м, и
- за деловна дејност 3,40м,
- Минимална светла висина на просториите за живеење е 2,50 м., а за други простории 2,30 м.
- Минималната кубатура на воздухот во станот изнесува 28 мЗ/лице.
- Височина на оградата на лоѓии, балкони, тераси, галерии и скалила е минимум 1,00 м., мерено
од завршниот под до горниот раб на оградата.
- Светлата широчина на влезна врата во станот изнесува минимум 0,90 м., а 0,80 м. за станбените
простории.
- Минимална површина на отворите-прозорците изнесува 1/8 од површината на подот.
- Минимална широчина на лоѓиите изнесува 1,30 м.
ПАРКИРАЊЕ И ГАРАЖИРАЊЕ НА ВОЗИЛА
- Минимални димензии на гаражно место во станбен објект изнесува 2,50 х 5,00 м., а на гаражен бокс 3,00 х
6,00 м.
- Минималната височина на гаражата е 2,20 м.
- Се проектира најмалку 1 паркинг место за секој стан.
- За објектите и катните гаражи со механизиран систем на паркирање се определува во зависност од
предложениот систем при изработувањето на проектната документација.
- Пристапната рампа за гаража е со пад максимум 12%, или 16% ако пристапот е покриен.
- При проектирање на визбеното ниво во заеднички станбени објекти, максимално треба да се предвидуваат
гаражи односно паркинг простор, а да се одбегнува предвидување на визбени простории.
- Рампите за пристап до паркиралишта и гаражи во подземни или надземни градби со капацитет до 40 возила ги
имаат следниве најголеми подолжни наклони:
- до 16% за отворени прави рампи,
- до 16% за покриени кружни рампи, и
- до 20% за покриени прави рампи
а доколку не постојат просторни услови за совладување на потребната денивелација, да се планира автолифт.
- Минимална широчина на еднонасочна права рампа изнесува 3,00 м,-3,50 м, а за еднонасочна кружна рампа 3,75
м-4,00 м.
- Минималната широчина на двонасочните прави рампи изнесува 4,50 м,-5,50 м, а на кружните изнесува 5,60 м.-
ДИМЕНЗИИ НА АРХИТЕКТОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ
- СТОЛБ
50 х 50 см., 40 х 50 см., 50 х 60 см., 30 х 60 см.,
- МЕЃУКАТНА КОНСТРУКЦИЈА
14 см.- 20 см.
- ГРЕДИ
35 см.- 40 см.
- ЅИД ФАСАДЕН
20 см.-25 см. + 10 см. Термо фасада
- ЅИД ПРЕГРАДЕН
15 см. - 20 см.

You might also like