You are on page 1of 12

С.О.

У „Орде Чопела“ - Прилеп

Проектна задача по предметот

- Сточарство -

Тема: Расен состав на овците во Македонија

Изработил: Ментор:

Прилеп 2010
Содржина:

Вовед........................................................................................................... ..3
Расна структура на овци во Република Македонија..............................4
И од овците има живејачка!.......................................................................6
Белеат македонските планински
убавини!..............................................8
Една поинаква
приказна!.............................................................................8
Автохтони видови на изумирање.............................................................9
Општина Свети Николе ќе прави бренд од природен феномен...........9
Користена литература.......................................................... 12

2
Вовед

Индустријата за овци во Македонија има долга традиција и е поддржана со


поволни природни услови (стадата се одгледуваат во еколошки чисти зони, а
пасиштата заземаат речиси половина од вкупното земјоделско земјиште) и
значително придонесува за земјоделскиот извоз. Додека според мислењето на
експертите се смета дека бројот на овци е помеѓу 600 и 800 илјади, официјалната
статистика (2000-2007) покажува годишен просек од 1.28 милиони овци во земјата
(од кои 67% расплодни овци – највеќе молзни, 27% јагниња и едногодишни
јагниња, 6% овни и стерилни овци). Сепак, точниот број на грла и фарми не е
познат бидејќи регистрацијата и обележувањето на овци се уште не е извршено.
Околу 96% од молзните овци се одгледуваат од страна на индивидуални
приватни фармери. На поголемиот дел од фармите се одгледуваат помалку од 51
овци, во околу 45 % од стадата на овци има помеѓу 101 и 300 грла и има околу
десет фарми каде бројот на овци надминува 1,000 грла. Типичните фарми за овци
и кози се фамилијарни бизниси, користејќи сопствена земја, амбари и работна
сила. Поголемите фарми или групи на фармери се насочени кон изнајмување на
државни пасишта за време на летната сезона. Побројни стада може да се најдат
само во западниот дел на земјата. Вообичаено се чуваат само една или две кози
од страна на фармерите чие млеко и месо се произведуваат само за потребите на
домаќинството. Сепак, во последниве години, беа направени некакви инвестиции
во тој сектор.

3
Расна структура на овци во Република Македонија

Расната структура на популацијата на овци во Република Македонија се


состои главно од расата Праменка поделена во Овчеполка (60%) и Шарпланинка
(30%) додека остатокот
е од Праменка
вкрстена со Мерино
и/или Аваси. Со оглед
на доминантната
можност за извоз на
јагнешко месо,
традиционално не
постои јасно
дефинирана производствена ориентација (месо–волна наспроти млеко-месо).
Бројот на овци се намали во последната деценија заради забраната на извоз на
јагниња во периодот 1996-99 (во Италија и Грција), поради појавата на лигавка и
шап и поради промената на очекувањата на младите фармери. Во последните
години секторот за овци настојува на умерен, но стабилен раст кој беше поддржан
од Владата. Целите на сегашната политика и мерките на политиката на МЗШВ во
индустријата на овци се зголемување на бројот и подобрување на расната
структура во стадата на овци во Македонија. За овците, политиката ги поддржува
индивидуалните фарми за зголемување на бројот на овци во стадата, центрите за
размножување за Аваси и Виртенбершката раса и Ф1 вкрстувања (Аваси и
Виртенбершката раса и локални раси). Овците најмногу се одгледувани од страна
на руралното население, кое од нив добива добри количини на квалитетно млеко
и месо. Вкупниот просек на производство на овчо млеко во последните неколку
години е околу 49.6 илјади литри со просечен принос од 57 литри по овца. Овците
на индивидуалните фармери произведуваат 60 л/годишно додека овците од
претпријатијата само 39л. Освен тоа, овчите кожи се барани во штаварниците и во
индустријата на производи од кожа. Овците даваат и волна, но во нашата земја
4
таа не постигнува висока вредност. Овчото млеко се преработува во неколку
специјалитети - меко бело овчо сирење (кое е најпопуларно и се продава на
домашниот пазар, но мали количини се извезуваат во соседните земји), овчи
кашкавал, кисело млеко и сирутка. Многу добар производ е и младото јагнешко
месо. Мекото бело сирење заедно со јагнешкото месо ја одразуваат традицијата и
вештините на овчарите. Квалитетот на производите се цени како на домашниот
така и на странскиот пазар, а денес речиси 900.000 овци даваат околу 900.000
јагниња и 40.000 тони млеко од кое главно се прави меко бело овчо сирење.

Македонија има традиција на производство на јагнешко месо за извоз.


Околу 80% од македонските јагниња се извезуваат во европските земји, воглавно
во Грција (2,126 тони) и во Италија (761 тон). Помали количини на јагнешко месо
се продаваат во Србија, Црна Гора и Кипар и особено во Хрватска, која станува
значаен растечки пазар. Јагнешкото месо е признато како еден од главните
производи за извоз од македонскиот земјоделски сектор, а тој сектор има голем
потенцијал за проширување.

Сепак, слабата производствена технологија, хигиената и примената на


стандардите за квалитет можат да се истакнат како значителен проблем. Постои
само една млекраница во земјата со дозвола за извоз во ЕУ, додека два други
преработувачи поседуваат дозвола за извоз во земји кои не се членки на ЕУ. Во

5
поново време, производителите покажуваат тренд на зголемување на
производството на млеко и вкрстување со раси на овци кои имаат висок
потенцијал за производство на млеко.
Вкупниот просек на производство на овчо млеко во периодот 2001-2007 е
околу 49.6 илјади литри со просечен принос од 57 литри по овца. Овците на
индивидуалните фармери произведуваат 60 л/годишно додека овците од
претпријатијата само 39 л. Најголем дел од млекото е преработено во бело овчјо
сирење (од типот на фета) кое се продава на домашниот пазар, но мали количини
се извезуваат во соседните земји (Грција) во сезоната на молзење. Други млечни
производи се овчи кашкавал, кисело млеко и сурутка. Млечните овчи производи
имаат добар извозен потенцијал поради ниските производствени трошоци и
високиот квалитет. Сепак, слабата производствена технологија може да се
истакне како значителен проблем, како и хигиената и примената на стандардите
за квалитет. Постои само една млекраница во земјата со дозвола за извоз во ЕУ,
додека два други преработувачи поседуваат дозвола за извоз во трети (не-ЕУ)
земји. Во поново време, производителите покажуваат тренд на зголемување на
производството на млеко и вкрстување со раси на овци кои имаат висок
потенцијал за производство на млеко. Со цел да се подобри размножувањето на
добитокот, формирани се повеќебројни центри за размножување со високо
квалитетни овни (од расите Источно-фризиски, Виртенбег и Аваси) под контрола
на овластени институции.

И од овците има живејачка!

Република Македонија се простира на површина од 2.571.300 хектари од што,


близу 800.000 хектари се пасишта. Добитокот, пред Втората светска војна и потоа,
пасел на степските природни пасишта што се наоѓаат во котлините и на
планините, познати  под името планински сувати. На овие површини се
одгледувале шарпланинската, овчеполската и влашката црна овца. Пред војните
во Овче Поле, Бановинската овчарска станица, меѓу другото, вршела
истражување за вкрстување на мерино овцата со домашната овца. Врз основа на

6
податоците, пред војната во Македонија имало 2.100.000 овци (1937 година).
Нашата домашна овца, тежи 30-40 килограми, се добива од 1-1,5 кг волна, млеко -
од 40 до 60 кг годишно. Тогаш во светот имало околи 987 милиони овци.    
Живееме во време кога невработените во Македонија ја достигнаа бројката од
над половина милион и тоа работоспособни луѓе кои би придонеле за среќен
живот, за себе и за членовите на нивните семејства и голема економска моќ на
Република Македонија, ако има реални проекти за искористување на природните
предности.    Во минатото, за тоа ни се свежи сеќавањата, речиси секое семејство,
за православниот голем празник Велигден  на трпезата во град или село,  имаше
печено јагне. Денес тоа го немаме. Јагнешкото месо е многу скапо. Како и да не
биде. Во Македонија има само 600.000 овци.  Што да се прави денес?   До
планинските пасишта  во денешно времем главно се стигнува многу брзо, со кое и
да било моторно превозно средство, материјали за градење бачила и посебни
простории за живеење на овчарите има во изобилство. Зошто не се инвестира во
оваа област. Зошто не се направат потребните објекти, со помош на генератори,
таму каде што нема други услови да се овозможи да има струја, луѓето кои ќе ги
одгледуваат овците да бидат снабдени со телевизори, радио, транзистори, оружје
за одбрана од ѕверови - волци и други животни што му пречат на човекот,
безбедно да живее. Чуварите на овци, или непопуларно кажано овчарите, во текот
на денот, трипати да бидат снабдувани со храна, весници, поштенски пратки, при
што би се користеле современи средства за транспорт во планински услови и
слично за  да се овозможи нормално функционирање на вработените.   
Гореизнесеното за бирократијата, претставува утопија или тоа е многу скапа
работа. Веднаш се поставува прашањето за нашата држава има ли поскапо и
потажно да гледаш  половина милион невработени, потиснати, без весел поглед
за живеење? Не може сите невработени да  пасат стада овци, тоа е јасно. Но, има
нешто кое е тесно поврзано со  обработката на овчото млеко, правење сирење и
надалеку познатиот кашкавал, месото, волната, кожата, овчото ѓубре, толку
потребно во земјоделството за производство на зеленчук, незагаден од
вештачките ѓубрива.   Господа градоначалници, во целата наша земја, преземете
активности, ако ништо повеќе, да оставите добри спомени на владеењето на

7
децентрализацијата, која со вас и без вас, треба да се противстави на
управувањето од еден центар. Нека ни помогне Господ, за изнесеното во
рубриката "Јас мислам", зашто никогаш човекот не знаел и не можел да оцени,
што ќе ни донесе утрешниот ден. Мислам дека не грешам кога се залагам за
оживување на овчарството во Македонија, бидејќи тоа секому е познато како
компаративна предност на овие простори. Впрочем, и искуството и традициите
покажуваат дека имало и може да има живејачка од тоа.

Белеат македонските планински убавини!

Овчарството во Македонија од секогаш било стратешка гранка. Македонија


е препознаена како извозник на јагнешко месо, во Италија, Грција, Турција,
Хрватска Овчарството и винарството се две гранки кои се препознаени дури и од
Европската Унија како гранки кои можат да бидат високо конкурентни македонски
бизниси на големите европски пазари каде би имале
значително учество. Сточарите имаат големи проблеми со
пласирањето на своите производи. Владее
традиционализам и конзервативизам. Неинформираност.
Каде да се пласира месото и млекото е главното прашање.
Немаат пазари. Немоќни се.

Една поинаква приказна!

Сточарот Исмет Челику од село Црвице (Кичевско). Млад сточар кој создал
големо стадо и е горд на своите овци. Се служи со литература по овчарство. Учи
за превентивна заштита од болести, исхрана на овците, приплод, како да се
направи репродукција на овците. Челику е сточар во вистинска смисла на зборот.
Поседува над 15 хектари сопствена земја, а овците ги чува во најголем дел
фармерски. Станува збор за систем на чување на овците по принципот на
инстензивно чување во штала. Стратешки е определен за производство на
јагнешко месо. Кај овој човек за две години овците се јагнат трипати. Челику е

8
определен исклучително на производство на јагнешко месо. Има околу 800 овци,
а за него се смета дека е еден од најперспективните сточари во земјата. Има
визија, се служи со литература, и вели дека овој бизнис му е во крвата. Друг
пример, во тој дел од Македонија е сточарот Емро Емро од дебарскиот регион.
Емро вели дека почнал со 60 овци, а денеска има околу 4000 (четири илјади
овци). Тој е еден од најкрупните приватни сточари во Македонија. Произведува и
јагне и сирење.

Автохтони видови на изумирање

Домашните раси на овци полека ги снемува како што се „праменка“ и


„овчеполка“. Тие се измелезени и се повеќе се одгледуваат овци што тешко се
приспособуваат на нашето поднебје. Експертите се децидни дека мора да се
преземат мерки за да се запре драстичното намалување на сточниот фонд.
Причината за ваквата состојба ја бараат во немањето стратегија за развој на оваа
гранка. Исчезнувањето на одредени видови животни не е својствено само за
земјава. Денес во светот е загрозен опстанокот на 30 проценти од домашните
видови животни. Се проценува дека секоја недела изумира по еден вид.

Општина Свети Николе ќе прави бренд од природен феномен

Овците во Овче Поле даваат солено млеко


Уште пред 120 милиони години, односно во времето на јура и креда, кога
Вардарскиот Океан се повлекувал од овие простори, се задржале седименти и
остатоци од натриумски и калиумски соли кои, најверојатно, биле заштитени со
таложници од тиња, Во регионот на Овче Поле
има околу 15.000 хектари пасишта. Тајната на
високиот бренд на овчеполското сирење е во
тоа што поголем дел од пасиштата се со солена

9
почва и трева. Токму ваквите герени или соленчаци, како што светиниколци ги
викаат солените пасишта, го прават и млекото и сирењето ароматично, природно
солено и со висок квалитет. Фондот за развој на Општина Свети Николе
подготвува посебна студија за светски бренд на сирењето од полето на овците,
како што патописците и трговците од дамнешно време го викале Овче Поле,
познато во историјата и како Пробатон центар на тогашната пеонска држава, 217
година пр.н.е.Турскиот патописец Челебија и бугарскиот Кнчов, патувајќи низ
Балканот, кога дошле на пазарот во Солун забележале и запишале: "Сите го
бараат сирењето од полето на овците. Има посебна арома и вкус. Ќе го
почувствувате од далеку". Сирењето од Овче Поле и денес се бара и во Солун и
во Истанбул. Трговците од дамнина, ако случајно не успееле да набават од ова
сирење, дури потоа барале сирење од други места.Чуле сладокусците дека
сирењето од Светиниколско од памтивек има посебен квалитет со природна
соленост, оти овците пасат на солени пасишта. "Трговци од сите страни на светот
доаѓале во Овчеполеието и во Свети Николе каде што имало повеќе добиточни
пазари и посебни пазари за сирење. Свети Николе или порано познато како
Пробатон, уште во времето на Пеоните во 217 години пр.н.е.бил главен град на
просторот меѓу реките Вардар (Аксиј) и Струма ( Стирион). Низ него минувале
главните патишта кон Цариград и Солун. Овчеполскиот регион секогаш имал
околу 15.000 хектари пасишта, од кои поголемиот дел се на природно солена
подлога. Таквите солени почви и пасишта се единствени во светот. Таму тревата
најмногу им одговара на овците. Млекото што го даваат е природно солено, а со
таква природна соленост е и сирењето", е запишано во најновата студија за развој
на Општината Свети Николе. Главниот координатор на студијата магистер Никола
Шалев има посебна визија да го осовремени овој историски бренд. "Планираме
брендот кој природата ни го дала, да го прошириме низ светот. Трговците од
странство повторно почнаа да го бараат уникатното овчеполско сирење", вели
Шалев, претставник на Фондацијата за обнова и развој на Овче Поле, и додава:
"Пред извесно не посети младиот германски магистер за производство на сирење
Ханс Лифтер. Случајно ја посетивме баба Стојка во селото Немањици, која
целиот свој живот произведува биено, природно солено сирење на сонце печено.

10
Странскиот експерт за производство на сирење беше вчудовиден од квалитетот
на сирењето и од неговите природни својства. Но Германецот се изненади кога
баба Стојка му кажа дека веќе нема кој да ја замени. Синот станал поп, а ќерката
се определила за фризерка", раскажува Шалев. Кога ги посетивме пасиштата
соленчаци, кои се просторираат покрај магистралниот пат Штип - Велес, односно
кон Свети Николе и Куманово, неколку стада овци пасеа токму на солените
ливади. "Јас сум од Амзебегово, оддалечено од овде околу 5 километри. Кај овие
герени ги напасувам моите, но и овците на соседите од селото. Пасиштата се
солени, можеби од некогашното море кое било овде", вели овчарот Зоран Трајков
кој, откако станал стечаец, се преориентирал на овчарството. Уште пред 120
милиони години, односно во времето на јура и креда, кога Вардарскиот Океан се
повлекувал од овие простори, се задржале седименти и остатоци од натриумски и
калиумски соли кои, најверојатно, биле заштитени со таложници од тиња, па со
годините почнале да се раствораат и да доаѓаат до горните слоеви на почвата.
Оттаму и влијанието врз растителниот свет", објаснуваат експертите од Рударско-
геолошкиот факултет во Штип. Порано во овој регион имало над 120 илјади овци.
Само некогашниот ЗИК "Овче Поле" на времето располагал со 60 илјади овци. За
неколку години, основните стада овци се преполовиле, и денес регионот
располага само со неполни 30 илјади глави овци. "Мораме да го зголемуваме
бројот на стадото. Се подготвуваат нови проекти за обновување на овчарството.
Ќе има посебна работилница за едукација на сточарите. Мораме да го
искористиме нашиот ексклузивитет на солените пасишта и на овчеполското
сирење кое се бара на светските пазари. Но затоа ќе мора да се задржи и
автохтоната раса праменка. За специфичниот овчеполски сој ќе се формираат
нови репродуктивни центри кои ќе овозможат интензивно сточарство. Мора
природните услови да се спојат со современиот начин на одгледување на овцата
и на производството на млеко и негови преработки.

11
Користена литература:

http://www.kapital.com.mk

http://www.vipa.com.mk

http://www.eko.net.mk

12

You might also like