You are on page 1of 2

Мај 1944 година

п о в ик
од Македонскиот леринско-костурски народно-ослободителеи фронт

Македонски народе, Македонци и Македонки!

Крвавиот германски фашизам, непријателот на целиот свет, умира од големите и


смртоноспи удари ма силите на слободата и на трајниот мир.
Советската ослободителна Црвена армија на Источниот фронт подготвува нова летна офанзива, што
се очекува да отпочне деновиве, која ќе биде последниот удар за ослободувањето на балканските
народи. На Италијанскиот фронт нашите силни сојузници, Англо-Американците, му нанесуваат
исто така силни удари на непријателот, бомбардирајќи ги секојдневно индустриските центри и
неговите воени објекти. Од друга страна, се очекува и отворањето на Вториот фронт.

Народно-ослободителните партизански војски на балканските народи го прогонуваат


општиот непријател од своите земји.

Така, маршал Тито, нашиот голем и прв војник на Балканскиот Полуостров, со неговата
храбра војска ги ослободува селата и градовите во Југославија и многу брзо ќе се сретне со
херојската Црвена армија.

Исто така нашата млада, но храбра Народно-ослободитегална македонска војска, во


планините и полињата на Македонија ја пишува со златни букви историјата. Веќе е ослободен
градот Кичево со целата околија и таму слободно се вее македонското знаме. Во Кумановско се
ослободени повеќе од 80 села и на едно големо пространство покрај железничката пруга Куманово
—Гевгелија нашата војска е господар на ситуацијата, со полна контрола на пругата, и од ден на ден
се повеќе се шири слободната територија на нашата скапа македонска земја.

И сојузничката храбра албанска Народно-ослободителна војска, секој ден во албанските


плаиини и полиња му задава смртоносни удари на германскиот окупатор и ослободува села и
градови. Градот Корча е објект на чести напади на албанските партизански одреди за ослободување
од германскиот окупатор. Од секаде оган против бесниот германски окупатор. Гледајќи го сето тоа,
ѕверскиот германски фашизам, започна да пљачкосува, да убива, масовно да малтретира и невини
деца и луѓе, да гори села без никаква причина. Но и тоа нема да го спаси. Сега бара помош и спас од
неговите домашни фашистички чираци и слуги, издајници на македонскиот и грчкиот народ,
приготвувајќи братоубијствена војна меѓу Грците и Македонците, што би било уништувачко за
двата народа.

Така, од една страна грчките фашисти: Пуљос, Коларас, Хрисохос, капетанот Андреаси и
други како нив, вооружени од Германците, како бесни кучиња напаѓаат на македонските села, ги
тероризираат, пљачкосуваат и убиваат, обесчестуваат чесни Македонки, ги палат и ги горат селата
како вистински разбојници со дозвола и помош од бесниот германски окупатор.

Од друга страна, предавниците на македонскиот карод, како Христо Руков, од село Косинец,
Костурско, Спиро Василев (Чаиро), Софијанец од село Загоричани, Костурско, и други како нив,
заедно со официјалните агенти на бугарската фашистичка влада, Калчев и Керемитчиев, агитираат
сред мирниот македонски народ со цел да го вооружат со германски пушки и да го свртат против
грчкиот народ. Токму тоа е и желбата на германскиот окуцатор.

Браќа и сестри, Македонци и Македонки!

Ве каниме и ви упатуваме братски апел. Ние како ваши браќа и ваши синови, должни сме да
ви го покажеме правиот пат:
1) Ни еден Македонец да не земе германска пушка. Оној што ќе земе германска пушка ќе се
смета како германски војник, издајник на својот народ и на слободата.
2) Внимавајте добро- Никој Македонец не треба да стане непријатал на новата и вистинска
слобода, која доаѓа за сите народи во светот.
3) Помогнете им, упатете ги вашите браќа, кои зедоа насила германски пушки, да ги свртат
против Германците, иако тие им ги дадоа да се борат за нив.
4) Спасот на македонскиот марод е во следново: сите Македонци, млади и стари, илинденци
што можат да носат пушка, влезете масовно по редовите на нашата Народно-ослободителна
македонска војска, во Македонската леринско-костурска бригада. Само нашата војска може да
гарантира: живот, дом, чест и слобода на македонскиот народ. Никој со германска пушка. Сите во
редовите па Македонската ЛЕРИНСКО-КОСТУРСКА БРИГАДА.
Да живее Народно-ослободителната војска на Македонија!
Да живее нашиот голем МАРШАЛ И ВОЈНИК, другарот ТИТО!
Да живее СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!
Да живее Црвената армија и нашите сојузници Англо- Американците !

Смрт на фашизмот — Слобода на народот!

МАКЕДОНСКО-ЛЕРИНСКО-КОСТУРСКИ
НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

Мај 1944 година .

(АМ, Збирка: Ег. Македонија во НОБ 1941 — 1945)

You might also like