You are on page 1of 2

IEC 62040-3 (извадок од IEC 62040-3 работни режими и тест методи)

ДЕФИНИЦИЈА НА КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА UPS -и

D.10 Класификација на системите за непрекинато напојување според перформансите

Целта на класифицирањето на UPS-те според перформансите е да се обезбеди општа основа


според која сите податоци за UPS-те дадени од производителите и снабдувачите се измерени.

Ова им овозможува на купувачите, за UPS-и со слична номинална моќност, да ги споредат


производите од различни произведувачи под исти услови на мерење.

Купувачите се потсетени дека поради различните типови на товари, податоците од


производителите на UPS-и се засноваат на стандардни индустриски вештачки товари кои
симулираат типични товари од стандардната употреба.

Актуелните перформанси кај одредени примени можат да отстапуваат при преодни процеси
бидејќи реалните номинални товари од потрошувачите, почетните и последователните струи
може да се разликуваат од оние при стандардните ситуации на испитување.

UPS-те согласни со овој стандард, ќе бидат класифицирани од производителот во согласност со


следното означување:

a) Првите три карактери го специфицираат квалитетот на напојувањето на товарот во


нормалниот режим на работа кој што се очекува во повеќе од 90% од работата на UPS-от.
Изборот е определен од карактерот на потрошувачот т.е дали за него е неопходна мала
толеранцијата на напонот и фреквенцијата или е прифатлива поширока толеранција.
b) Следните два карактери го означуваат брановиот облик во двата режима на работа
нормалниот (вклучително привремените режими на работа на static bypass) и при работа
на батерии.

Како последица од растечката примена на нелинеарни товари доаѓа до дисторзија на брановиот


облик.

Каде што брановиот облик е нормално синусоидален, сите ограничувања на нелинеарни товари
ќе бидат специфицирани од производителот и означени со класификацијата <<X>>.

Кај UPS-ите кои што нормално генерираат не-синусоидален излезен бранов облик, на пр.
правоаголен, квази-правоаголен итн. ова се означува со ознаката <<Y>>. Оваа бранова форма е
погодна за привремено или постојано напојување на многу потрошувачи.

c) Последните три карактери ги специфицираат перформансите на напонот на UPS-те при


преодните процеси под различни услови и ги дефинира најлошите измерени случаи. Овие
перформанси се измерени под стандардни индустриски услови на оптеретување: Реалните
перформанси за дадена апликација (примена, карактер на потрошувач) треба да бидат
проверени од произведувачот/снабдувачот.
d)
Табела D.1-Класификација на UPS-ите според перформансите

Ознака за класификација

Динамички перформанси
Зависност од излезот Бранов облик на излезот
на излезот

Само во нормален режим на 1 карактер: нормален режим 1 карактер: при промена на


работа на работа или на bypass режимот на работа
2 карактер: при степенеста
2 карактер: режим на работа промена на линеарен товар
на батерии при нормален режим на
работа или на батерии
(најлошиот случај)
3 карактер: при степенеста
промена на не-линеарен
товар при нормален режим
на работа или на батерии
(најлошиот случај)

Опции за класификација Опции за класификација Опции за класификација

VFI: Каде што излезот на S: Генерираниот бранов 1:Слика 1 во 5.3.1.


UPS-от е независен од облик е синусоидален со
промените на влезниот тотален хармонски фактор (без прекин или напон 0)
напон и фреквенција D<0.08 и хармоници согласно
(мрежата). IEC 61000-2-2 за линеарни 2:Слика 2 во 5.3.1.
Се смета дека влезниот или не-линеарни товари
напон е во дозволените (Нула на излез во траење до
граници согласно IEC 61000- X: Генерираниот бранов 1ms)
2-2 * (не го дефинира облик е синусоидален со
варирањето на квалитет како за <<S>> за 3:Слика 3 во 5.3.1
фреквенцијата). линеарен товар. Тоталниот
фактор на дисторзија D ќе (Нула на излез во траење до
VFD (VD): Каде што излезот надмине 0.08 за не-линеарен 10ms)
на UPS-от е зависен од товар надвор од границите
промените на влезниот декларирани од 4:
напон и фреквенција производителот. Обрати се на
(мрежата). производителот
Y: Генерираната бранова
VI: Каде што излезот на UPS- форма е не-синусоидална и
от е зависен промените на ги надминува границите
фреквенција во мрежата но определени со IEC 61000-2-
промените на мрежниот 2.
напон се корегираат со (За типот на брановиот облик
електронски/пасивни уреди обрати се на
за регулирање на напонот во производителот)
границите на нормалното
работење.

*IEC 61000-2-2 ги дефинира нормалните нивои на хармониците и дисторзијата што можат


да се очекуваат од јавната ниско напонската мрежа на приклучокот на потрошувачот пред
поврзување на дадената инсталација

You might also like