Professional Documents
Culture Documents
ООП Вежби - Час 03.1
ООП Вежби - Час 03.1
}
ЗАДАЧИ:
1. Да се креира класа Covek со три приватни атрибути за име, презиме и
матичен број. Во класата да се дефинира стандарден (default) конструктор, и
гетери и сетери за атрибутите. Во главната класа да се креира една инстанца
од класата Covek, да и се доделат вредности, и истите да се испечатат.
2. Да се креира класа Restoran со приватни атрибути за име на ресторанот,
локација, телефон, број на седишта. Во класата да се дефинираат гетери и
сетери за сите атрибути. Во главната класа да се креира една инстанца од
класата Restoran, да и се доделат врености и да се испечатат со коментар по
избор.
3. Да се креира класа Proizvod со приватни атрибути за име на производот,
цена, производител, тежина. Во класата да се дефинира конструктор кој ќе
доделува статични вредности на сите атрибути од класата, и гетери и сетери.
Во главната класа да се креира една инстанца од класата Proizvod и да се
испечатат вредностите на истата.
4. Да се креира класа Avtomobil со приватни атрибути за марка, модел,
поминати километри, боја. Во класата да се дефинира конструктор кој
динамично ќе доделува вредности на сите атрибути. Исто така, да има метод
кој на влез прима целобројна променлива pomnoziKm, и негова задача да
биде множење на поминатите километри со соодветната променлива која се
добива како влезен аргумент. Методот да ја враќа вредноста. Во главната
класа да се креира една инстанца од класата Avtomobil, да се повика методот
и да се испечатат вредностите на истата.