You are on page 1of 8

,, Забавата кај Диме’’

Ликови: Диме, Бени, Мали, Атиџе, Џејлан, Петра, Мила, децата од маалото,
родителите на Бени, родителите на Диме.

Место: Сцена 1 – домот на Бени, Сцена 2 – Надвор пред зградата, Сцена 3 – Домот на
диме и местото на забавата

Сцена 1:

Во домот на Бени, детето вежба и свири на синтисајзер, неговите родители влегуваат


во неговата соба.

Таткото: Што правиш? (му се обраќа налутено)

Бени: Што мислиш дека правам?

Таткото: Вежбаш за забавата на Диме, нели?

Бени: Тато, вежбам веќе со недели, зошто ме прашуваш?

Таткото: Но не те пуштивме да одиш на забавата! Нема да одиш! Се разбравме?

Бени: Но Диме ме покани, а можеби и ќе свирам, не сакам да го разочарам.

Таткото: Слушај Бени, има нешто сомнително тука. Сите таму ќе бидат македонски, а
само ти албанец.

Бени: Не, не сум само јас...

Таткото: Да да, само ти си, знам

Бени: Но и Атиџе ќе дојде на забавати, и Џејлан.. и...

Мајката: Да, но само ти од сите таму си албанец..

Таткото: И сам!

Бени: Тато, нема да е така.. тие ми се другари!

Таткото: Ќе останеш дома, и тука е крај!


Сцена 2

Џејлан: За добра забава, ти треба добра храна, добра музика и најважно добро
друштво.

Диме: Како да си излегла од реклама! Ајде помогни ми нешто. (Носи ќеси со продукти)

Џејлан: А ти мислиш дека е лесно да се мисли за сите детали за забавата? Па уште и да


ти работам нешто! Ти треба да си среќен што ме имаш мене! (го подудира со лепеза)
Така ти треба кога си намуртен.

Се среќаваат со мајката на Диме и Петра – девојче кое штотуку се доселило во


соседството на Диме, носи чудна облека.

Мајката: Здраво, имате место за уште еден? Ова е Петра. Ја поканив на забавата.

Петра: Здраво!

Диме: Здраво, јас сум Диме.

Петра: Фала ви за поканата, ќе има ли музика?

Диме: Музика!! Знаев дека заборавив нешто.

Џејлан: Да, баш тоа фалеше на забавата.

Петра: Тогаш ќе испеам една песна, мене во село сите ме викаа да им пеам на
прославите.

Џејлан: Ооо, па тоа би било прекрасно. ( се подсмева)

Петра си оди, налутено: Ајде со здравје.

Мајката: Ова не беше баш љубезно од тебе, знаеш?

Диме и Џејлан: ...


Сцена 1

Во домот на Бени, мајката е во кујна, таткото чита весник. Бени се обидува да ги убеди
да го пуштат да оди на роденден.

Бени: Мамо, знаеш и ти, не е фер! Зошто да не одам, сите ќе одат.

Мајката: Слушај го татко ти! Тој знае што ти вели. Не ти вели залудно.

Бени: Диме ми е другар и сакам да одам!

Таткото: Бени! Дојди овде. Седни. Дојди поблиску.

Бени седнува до татко му.

Таткото: Другар, велиш? Така? Само, да ти кажам нешто, работев со македонци повеќе
од 10 години. Секој ме издаде. Јас сум направил вака, јас сум направил така. И кога бев
болен, кога лежев во болница, ниту еден не дојде да ме посети.

Бени: Каква врска има тоа со забавата од Диме?

Таткото: Ти мислиш Диме те поканил на забава дека ти е другар? Македонците ти се


пријатели, само кога имаат корист од тебе. Ако има интерес од тебе. Те поканил за ти
да свириш, за тие да се забавуваат.

Бени: Диме никогаш не би направил такво нешто!

Таткото: Изгледа имаш кратка меморија. Си заборавил дека пред неколку недели ми
се пожали дека ти рекол ,, Еј смотан! ‘’. Ти мислиш дека јас не те пуштам да се
забавуваш. Јас само не сакам да бидеш повреден.
Чин 3

Во домот на Диме, Диме и Џејлан почнуваат со подготовки.

Џејлан: Забавата ќе пропадне.

Диме: Што е пак сега?! Пак ли фали нешто?

Џејлан: Ништо не фали, таа Петра ќе биде како тринаесето прасе.

Диме: Ајде па и ти, што си се фатила за нејзе?

Џејлан: Да ти објаснам некои работи за тоа што треба за да имаш добра забава. Добра
забава имаш ако сите ти се кул, луѓето ја прават интересна. А таа Петра е како од друга
планета.

Диме: Имаш право, многу е смешна со тие алишта.

Во меѓувреме некој ѕвони на ѕвонче, Диме ја отвора вратата, влегува Петра. Џејлан не
гледа дека таа е тука.

Џејлан: Петра е чиста пропаст. Па уште и ако запее.. Ние ќе пуштиме техно, таа ќе игра
народно. Ние ќе пуштиме хип хоп таа ќе игра оро. А и како е облечена да не
зборуваме, кога ќе ја видат ќе речат... Ооо Петра па тоа си ти!

Петра му го подава тајнирот на Диме, навредена, излетува од собата.

Џејлан: Зошто се мене ми се случуваат вакви работи?

Сцена 2

Бени е надвор пред зградата, седи на клупа. Поминува комшивката Мила од зградата,
гледа дека нешто не е во ред со детето.

Мила: Ех, дее. Што си се растажил, како сите бродови да ти потонале?

Бени: Диме, мојот другар прави забава. Не ме пушта татко ми, вели Диме ме викнал
само да му свирам на забавата, а тие да се забавуваат. Што ако навистина ме викна
само за да им свирам? Што ако не ми е вистински другар?

Мила: А ако греши татко ти?

Бени: Е како да не, греши. Е ајде речи татко ми греши, а чичко ми Блерим? А Агрон од
училиште? Сите исто велат како татко ми. Сите грешат? Е како да не!
Мила: А си го прашал Диме зошто те има повикано?

Бени: Не. Не ни треба да го прашувам. Се ми е јасно.

Сцена 3

Во домот на Диме, додека двајцата со Џејлан подготвуваат за забавата, доаѓа Мали.

Мали: Бени рече дека нема да доаѓа на забавата.

Диме: Како? Зошто?

Мали: Од каде да знам? Тебе ти е другар, прашај го.

Диме: Џејлан, пак си издрдорила нешто?

Џејлан: За што ме сметаш ти мене, а?

Диме: За голема озборувачка! Прво за Петра, а сега еве и со Бени.

Џејлан: Прво, јас на Бени ништо не сум му рекла. Второ, за Петра, ти направив услуга.
Ти треба да речеш фала што нема да дојде таа на забавата. И трето сам да си ја
направиш забавата. Па ако сакаш и повикај ја Петра. Ти скокај како скакулец а таа нека
ти пее смешни народни песни.

Џејлан си оди, излетува налутена.

Сцена 2

Диме оди пред зградата да го најде Бени.

Диме: Што ти е тебе? Како да не ја знаеш Џејлан. Се што ти рекла те излажала.

Бени: Џејлан ништо не ми рече.

Диме: Болен си?

Бени: Не.

Диме: Не ја поправи оцената по математика?


Бени: Ја поправив!

Диме: Тогаш зошто не доаѓаш на забавата?

Бени: Сакаш да знаеш зошто? Зошто конечно сфатив дека си ме викнал само за да ви
свирам и да ве забавувам. А за то, можеш само да сонуваш. ( си оди)

Диме: Чекај, чекај!

Бени: Што е?

Диме: Сакам да знам од каде ти се пикнала таа идеја во глава?

Бени: Епа сигурно од небо, не е сигурно.

Диме: Јас мислам дека не е така. Баш ми е жал што нема да дојдеш на забавата.

Атиџе: ( дотрчува во рака со ролери) Еј дечки, видете што добив за оценките.

Бени си оди.

Атиџе: Што му е на овој?

Диме: Му тиши главата.

Бени се среќава повторно пред влезот со комшивката Мила.

Бени: Не знам што е правилно. Тоа што го кажа татко ми или тоа што го рече Диме.

Мила: Одговори ми само на ова прашање – дали сега сакаш да одиш на забавата?

Бени: Да!

Мила: Ете ти го одговорот.

Бени си оди. Доаѓа Џејлан. Видно вознемирена ја среќава расплаканта Петра која седи
на клупата.

Џејлан: Ах Петра. Тебе те барав. Јас дојдов да... ( Петра си ја врти главата, не сака да ја
слуша Џејлан). Слушај Петра, понекогаш јазикот ми е побрз од мозокот.

Петра: Жал ми е што не го задоволувам твојот вкус.


Џејлан: Ама не е така.

Петра: Да, така е! Но јас немам од што да се срамам! Јас сум ваква, можеби имам
смешна шарена облека, ако пуштиш техно јас ќе играм народно, ама тоа е тоа!

Џејлан: Но Петра, има и нешта кои јас не ги знам, а ти ги знаеш. Јас ако видам крава, ќе
и зборувам како на мачка. Но, научив дека човекот не го прави облеката, дојди со
мене на забава! Ќе ти позајмам облека.

Петра: Ако ми се допаднат.

Сцена 1

Кај Бени дома, татко му гледа фудбал, Бени стои и го гледа.

Таткото: Што стоиш така? Дојди, седни, има фудбал на ТВ.

Бени: Јас одлучив дека ќе одам на забавата кај Диме.

Таткото: Некој ти го помешал умот.

Бени: Дали ти некогаш си имал пријател македонец?

Таткото: Повеќе од што ти си имал денови во животот.

Бени: Но дали си имал вистински пријател македонец?

Таткото: Слушај, ајде не ми се прави паметен. И да не си ја спомнал забавата уште


еднаш! Оди во соба!

Бени: Знаеш што? Можеби и вистина е дека албанските родители се престроги а


албанските деца се премногу прослушни!

Бени си оди во соба. Неговите мислат дека тој ќе остани во собата но тој заминува на
забавата.
Чин 3

You might also like