You are on page 1of 1

УПАТСТВО ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ДНЕВНИТЕ ПОДГОТОВКИ СОГЛАСНО

УЧЕБНИЦИТЕ LET`S BEGIN И LET`S GO 1 (4th Ed.)


по англиски јазик во основното образование

Почитувани колеги,

Со овој допис Ви даваме насоки како да ги изготвувате дневните подготовки согласно


Годишните глобални планирања и Тематско процесните планирања за реализација на
наставата по англиски јазик, за учебниците Let`s begin и Let`s go 1 (4th edition), кои Ви ги
доставуваме како прилог:

- Дневните подготовки ќе ги изготвувате согласно целите и содржините од тематското-


процесното планирање, каде што ви се наведени целите на темите, потребните средства
и помагала за реализација на истите, потоа методите и формите на работа, како и
формите,методите, техниките и инструментите на оценување, заклучно со наслови на
содржините, а подредени по јазичните компоненти (составен дел на тематското-процесно
планирање).

- Кога подготвувате дневна подготовка ја наведувате темата, одбирате една од целите


кои се дадени во тематското планирање, ги наведувате потребните наставни средства и
помагала за реализација на целта, методите и формите на работа за реализација на
истата - како и формата,методата, техниката и инструментите што ќе го користите како
средство за оценување на постигањата на учениците.

- Што се однесува на содржината што ќе ја обработувате, истата ја преземате од


табелата каде се наведени сите содржини (по наставна тема), согласно компонентите
наведени во табелата.

- Со еден збор, сѐ што ви е потребно за изготвување на една дневна подготовка, се


содржи во тематско-процесното планирање. Вие само вршите селекција на цел/цели,
содржина на обработка, наставните средства и помагала, методите и формите на работа
и една од формите, методите,техниките или инструмент што ќе ги користите како
средство за оценување на постигањата на учениците.

За дополнителни прашања и појаснување на горенаведеното, може да ја


контактирате Силвана Ветероска на s.veteroska@yahoo.com и на
consultant@theenglishcentre.mk

Ви посакуваме успешна учебна година и многу пријатни моменти со нашите учебници!

Англиски центар Скопје


Дистрибутер на Oxford University Press

20.08.2019

You might also like