You are on page 1of 9

10.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 24 − 26 септември 2017

Игор Стојановски,
Борко Алексоски,
Дарко Докузовски,
Бранка Васиќ
АД МЕПСО - Скопје

ПРЕГЛЕД НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМИ ЗА ОДЗИВ


НА ПОБАРУВАЧКАТА - „DEMAND RESPONSE“ ПРОГРАМИ ВО РАМКИТЕ НА
АД МЕПСО

КУСА СОДРЖИНА
За подобрување на работата на електроенергетските системи, кај учесниците на пазарот
на електрична енергија, постои сè поголем консензус од аспект на зголемување на
флексибилноста од страната на побарувачката, преку воведување на програми за одзив на
побарувачката, т.е Demand Response (DR) програми, кои што сами по себе претставуваат еден
вид на ресурс преку кој се постигнува поефикасна работа на електроенергетските системи. Денес,
ваквото гледиште е рефлектирано во Европските мрежни кодови, директивата за енергетска
ефикасност и Енергетската заедница при Европската комисија. Во овие рамки, т.н. Demand
Response има важна улога во сигурноста во напојувањето, интеграцијата на обновливите извори,
како и подобрувањето на конкурентноста на пазарот.
Во овој труд се презентирани основни препораки за потенцијален развој и интеграција на
идни т.н. Demand Response прогами во Македонскиот електропреносен систем оператор, од
аспект на законски регулативи во Република Македонија, касификација на т.н. Demand Response
програми, како и пазарните ефекти и нивното влијание врз побарувчката на електрична енергија.
Клучни зборови: енергетска ефикасност, безбедност во напојувањето, мрежни правила, пазар
на електрична енергија.

1 ВОВЕД
Според денешниот контекст на енергетиката, во кој барањата за подобрување на
животната средина и безбедноста во напојувањето стануваат уште повисоки, потребно е истите
да се следат од аспект на зголемување на ефикасноста на електроенергетските системи, преку
намалување на трошоците. Еден од методите за тоа, кој има важна улога е управувањето со
одзивот и потрошувачката (demand side management). Од аспект на електричната енергија,
потрошувачката може да биде поефикасна доколку се користи помалку, но доколку се управува
истата во единица време, континуирано. Согласно член 15.4 од Европската директива за
енергетска ефикасност (The Energy Efficiency Directive-2012/27/EU, Аrt 15.4), државите членки
се обврзани за отстранување на оние стимулациите кои се однесуваат на тарифите за пренос и
дистрибуција (регулирани), кои се штетни за целокупната ефикасност (вклучувајќи ја и
енергетската ефикасност) на производство, пренос, дистрибуција и снабдување со електрична
енергија или тие што можат да го нарушат учеството на пазарите за балансна енергија и
набавката на системски услуги. Исто така, сите држави членки треба да ги поттикнат своите
оператори да ја подобрат ефикасноста преку проекти во инфраструктурата и управувањето, а
исто така, согласно рамката од Директивата 2009/72/ЕС, државите членки треба да ѝм дозволат
на снабдувачите да го подобрат учеството на потрошувачите во подобрувањето на ефикасноста
на системот, вклучувајќи и Demand Response, во зависност од националните услови.

C2-051R 1/9
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 2/9

Денес, во Европа, постојат повеќе алатки кои промовираат поголема ефикасност на


системите (дистрибутивен и преносен) од аспект на побарувачката во единица време, кои се
познати како одзив на побарувачката (Demand Response – DR). Во суштина, DR програмите се
состојат во спроведување на стимулации за потрошувачите сè со цел да се постигне намалување
на побарувачката (Demand) во периодите на високи пикови или загушувања во мрежата. Во
повеќето од случаите, тоа подразбира промена на некои потрошувачи од периоди со висок пик
во период со низок пик.
Иако DR не е нов концепт, сепак, во последно време добива сè поголем интерес, кој се
должи на зголемувањето на загушувањата на електроенергетските системи, развојот на паменти
мрежи, како и интеграцијата и зголемена пенетрација на обновливите извори на енергија. DR
програмите во изминатиот период, беа составени од две услуги за големите потрошувачи, и тоа:
сигурност во напојувањето и кратење на оптоварувањето при поголеми нарушувања, каде што
денес, со развојот на паметните броила, автоматизацијата на домаќинствата и напредните
технологии за комуникација и управување, овозможуваат поголема софистицирана форма на DR,
вклучувајќи и на ниво на домаќинства, преку адаптација на побарувачката на нивната дискреција
во одзивот во време (варијабилни ценовни сигнали).
DR програмите можат да резултираат со значителни придобивки во електроенергетските
системи, но од друга страна, трошоците за нивна интеграција можат да бидат прилично високи,
посебно со употребата на напредните технологии за мерење, комуникација и управување, т.е.
системи за автоматски одзив на потрошувачката (automated demand response).
Сепак, проценката на придобивските од DR програмите е тешко да се проценат во однос
на на промената на конзумот, како и разбирање на ефектите на промените на суштинските
промени во комплексните електроенергетски системи, за кои се потребни голем број на анализи.
Досега се направени голем број на студии кои ги квантифицираат и квалификуваат овие ефекти,
преку обезбедување на варијаблини увиди и потврдување на почетната точка за понатамошен
развој во овој сегмент.
Целта на овој труд е да се презентира основниот пристап кон потребните чекори за
анализа и проценка на економските влијанија на DR програмите во преносниот
електроенергетски систем на Република Македонија, т.е. АД МЕПСО.

2 КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА DR ПРОГРАМИТЕ
Имајќи ги во предвид големиот број на DR програми, важно е првично да се разбере
потенцијалот на придобивките кои можат да се постигнат, како и изработката на идни анализи
презентирани во соодветни студии. Во табела 1 дадени се генерални класификации на DR
програмите. Според истата, DR програмите може да имаат доверлив или економски карактер. Во
зависност од факторот кој го активира одзивот на побарувачката, програмите можат да бидат
поделени на врз основ на цената или врз основ на состојбата на системот (во периоди со
максимално оптоварување). Исто такво значење, но кое се однесува на типот на изворот на
активирачкиот сигнал, DR програмите можат да бидат водени според два пристапи, и тоа,
системски водени или пазарно водени, респективно. Во однос на типот на понудениот сигнал
(квантитет или цена), програмите можат да бидат поделени според одзивот на потрошувачката и
одзивот на цената. Според користените методи за спроведување на DR, истите можат да бидат
засновани на поттикнувачки или на временски стапки. На крај, постојат различни програми за
контрола на оптоварувачката крива (конзум), во кои редуцирањето на истиот е контролиран
преку систем операторот, или преку пасивни програми за контрола, во кои редукцијата на
конзумот е контролирана од страна на потрошувачите.
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 3/9

Табела 1: Преглед и класификација на DR програмите


Класификација Поврзаност Извор
Цел Доверливост Економика (RMI,2006)
Активационен фактор Врз база на нарушеност Брз база на цената Faruqui and Hledik,
на системот 2007
Потекло на сигналот Одзив на Одзив на пазарот IEA, 2003
потрошувачката
Тип на сигналот Одзив на конзумот Одзив на цената RMI 2006
Мотивационен метод Врз база на Врз база на временски FERC,2006; US
поттикнувачки методи стапки DOE,2006
Контрола Директна контрола на Пасивна контрола на DTE Energy,2007
конзумот конзумот

Програмите за одзив на конзумот вклучуваат одредени карактеристики, и тоа:


• Директна контрола на конзумот;
• Кратење на конзумот;
• Непрекинатост на конзумот; и
• Планирање на конзумот
Од друга страна, програмите за ценовен одзив, ги вклучуваат следните карактеристики:
• Тарифи дефинирани со времето на користење (Time of Use-TOU)
• Динамичка ценовна промена (цена при критичен пик (Critical-peak pricing-CPP)
или цени во реално време (Real-time pricing-RTP); и
• Ценовно наддавање на побарувачката
Генерално, кај DR програмите, побарувачката се контролира далечински во зависност од
договорните услови со потрошувачите, додека кај програмите за ценовен одзив, потрошувачите
одговараат на нивната дискреција во зависност на времени варијабилните цени.
Други поврзаности, кои влијаат на каратеристиките на DR програмите се наведени во
табела 2, односно се следните:
• Преземање на иницијативи за DR и изработка на програма преку која ќе се
направи динстинкција помеѓу либерализираниот пазар и централизираниот
регулиран пристап.
• Важно е да се земе во предвид, дали промовирањето и финансирањето на DR или
инсталацијата за овозможените технологии се земени во предвид од страна на
регулаторот или се оставени на иницијатива на учесниците на пазарот.
• Целната група на потрошувачи, од големите до малите комерцијални
потрошувачи или потрошувачите од домаќинствата, може да биде исто така
релевантен фактор.
• Конечно, инсталирањето на расположливите технологии е детерминирачка во
однос на можностите за интеграција на DR програмите.
Табела 2: Диференцијализација на други фактори коив влијаат на DR програмите
Класификација Поврзаност
Систем/Маркет структура Вертикално интегиран регулиран систем Либерализиран пазар
Промоција и финансирање Од страна на регулаторот Снабдувачи
Таргетирани потрошувачи Потрошувачи на ВН и СН ниво Потрошувачи на НН ниво
Автоматизација на одзивот Рачен одзив Автоматски одзив
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 4/9

3 ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПРОДОБИВКИОД ПРОГРАМИТЕ ЗА ОДЗИВ НА


ПОТРОШУВАЧКАТА
Одзивот на потрошувачката може да има големи потенцијални придобивки. Истите кога
ќе се материјализираат ќе зависат од целите, дизајнот и перформансите на импрементирантите
програми, како и од останатите фактори, како што се структурата на пазарот/системот и
имплементацијата на соодветната технологија.
Овие програми можат да имаат влијание врз следните сегменти: работата на
електроенергетскиот систем, проширувањето на системот, како и ефикасноста на пазарот на
електрична енергија. Бидејќи во електроенергетскиот систем на Република Македонија до овој
момент нема имплементација на DR програма, во ова поглавје на трудот, ќе бидат наведени
потенцијалните придобивки кои произлегуваат од претходно споменатите три сегменти, истите
се опишани од теоретски аспект, како и одредени погледи за дистрибуцијата на придобивките во
однос на снабдувачите и примената на т.н. паметни броила.
3.1 Работа на системот
За DR програмите, каде што одзивот на потрошувачите може да биде врз основа на
пазарен сигнал, може во одреден степен да се одрази на работата на системот, односно да доведе
до намалување на реалните оперативни трошоци при производство и/или пренос/дистибуција.
Ако цените се рефлектираат на трошоците за производство, тогаш дел од побарувачката
во периодите на високи пазарни производствени цени, временски се помести во периодите со
пониски производствени цени, може да резултира со заштеди при производството.
Овој концепт исто така може да биде земен во предвид и при влијанието врз животната
средина, односно доколку во конструкцијата на цената на електрична енергија се содржи и ставка
за влијание врз животната средина (најчесто како СО2), тоа ќе влијае и врз одзивот на
побарувачката. Сепак, промената на вкупните емисии зависи директно од производствениот
микс. За електроенергетските системи каде што магиналниот часовен максимум се задоволува
од производни постројки кои користат современи технологии со редуцирани СО2 емисии,
поместувањето на дел од побарувачката во периоди со нормална побарувачка, може да резултира
со зголемување на СО2 емисиите, барем за краток период.
Друг позитивен ефект при работата на производствените системи е можноста за
овозможување на балансирање на побарувачката и одзивот во реално време, кое што има особена
важност кај системите кои имаат висока интеграција на интерминентно производство (ОИЕ).
Всушност, DR се смета за основна можност за намалување на проблемите кои се предизвикани
од страна на обновливите извори на електрична енергија кои претставуваат варијабилни и
недоверливи извори.
Придонесот на DR во балансирањето на системот во реално време, заедно со фактот дека
DR може да помогне при компензирање на загушувањата преку редукција на товарите, во случај
на испад на генераторски постројки, може да предизвика намалување на системските резерви до
одредено ниво за доверливо напојување за краток период.
Што се однесува на работата на мрежата, со примената на DR програмите (или преку
ценовна или договорна иницијатива), побарувачката може да ги намали оптоварувањата во
мрежата или да се избегнат евентуалните испади во случај на зголемени загушувања. Исто така,
DR може да придонесе во намалување на загубите во мрежата, како и да се обезбедат системски
услуги, како што се напонска поддршка, балансирање со активна/реактивна енергија, фреквентна
регулација и фактор на моќност. Сите овие ефекти врз мрежата можат значително да ја зголемат
доверливоста на мрежата, како и да го подобрат квалитетот на електрична енергија.
3.2 Проширување на системот
Како што е и погоре споменато, DR програмите потенцијално можат да ги намалат
максималните пикови на побарувачката и тоа на локално ниво и на системот во целост.
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 5/9

На локано ниво, мрежата е димензионирана на тој начин, што ќе може да ги издржи


максималните оптоварувања т.е. максимална побарувачка. Од тука, пропорционалното
поместување на дел од побарувачката ќе резултира со редуцирање на пиковите, а со тоа и
одложување на проширувањето на мрежата.
На системско ниво, нивелирањето на структурата на побарувачката ја намалува потребата
за инсталирање на производствени капацитети за врвно оптоварување, а со тоа и намалување на
инвестициите за изградба на резервни капацитети за одредено ниво на доверливост во
напојувањето, односно зголемување на доверливоста при напојувањето за одредено ниво на
резервни капацитети.
Друг ефект на DR програмите во однос на проширувањето на производствените
постројки, што може да се смета за придобивка во земјите кои што го субвенционираат
производството на електрична енергија од обновливи извори, е тоа што овозможуваат висока
пенетрација на интерминентни извори преку олеснување на напојувањето и балансирање на
потрошувачката.
3.3 Ефикасност на пазарот
Во либерализирани услови, пазарно ориентираните DR програми, најчесто
имплементирани во форма на временско променливи тарифи, можат да овозможат активно
учество на побарувачката во пазарот, а со тоа да се постигнат значителни подобрувања во
ефикасноста на пазарот.
Тоа им дава можност на потрошувачите да го максимализираат нивното искористување
со прилагодување на побарувачката во однос на одзивот на пазарните сигнали. При пазарни
сигнали на висока цена, потрошувачите имаат можност за поместување на нивната побарувачка,
но се разбира само кај одредени потрошувачки каде што при поместување на нивната
побарувачка нема да се наруши нивната нормална работа, што резултира со поголема ефикасност
при алоцирањето на ресурсите.
Гледано од страна на потрошувачите, зголемувањето на еластичноста на побарувачката
доведува до ублажување на производството, што исто така резултира со намалување на
магнитудата и бројот на ценовни пикови.
Од друга страна пак, преку израмнување на побарувачката, цените можат да бидат
пазарно прилагодувани. Сепак, добро е да се напомене дека редукциите на цените важат само за
целокупниот пренос на енергијата од генераторските постројки до потрошувачите, но не и
реални заштеди на опшеството во целост, односно DR програмите можат да ѝм овозможат на
производителите и трговците да ги намалат трошоците за дебаланс.
3.4 Резиме
Во табела 3 дадени се сумарните показатели на потенцијалните придобивски кои се
опишани погоре во текстот. Истите се категоризирани според активностите на енергетските
системи во однос на нивното потекло.
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 6/9

Табела 3: Потенцијални придобивски од DR програмите


Пренос и Работа на системот Проширување на системот Ефикасност на
дистрибуција пазарот
Намалување на Одложување на
загушувањата инвестициите во појачување
Пренос и Управување со на системот или долготрајно
дистрибуција загушувањата, избегнување зголемување на
на испадите доверливоста на мрежата
Намалување на целокупните
загуби во мрежата
Олеснување на работата на
системот од оперативен
аспект
Производство Намалување на Намалување на Намалување на
производството во периоди инвестициите во ризикот од
на максимални производствени капацитети дебаланси
оптоварувања: намалување за обезбедување на
на цената на ЕЕ и можно системски услуги
намалување на СО2 емисии
Полесно балансирање на Редуцирање на барањата за Лимитирање на
потрошувачката и обезбедување на резервите пазарот на ЕЕ
производството (посебно кај за системски услуги
интерминентните Намалување на
производствени постројки) цената -
волонтерски
Намалување барањата за Зголемување на можноста за
системски резерви или пенетрација на
долготрајно зголемување на интерминентни ОИЕ
доверливоста при при
снабдување со ЕЕ во
системот
Трговија Намалување на
ризикот од
дебаланси
Намалување на
цената -
волонтерски

4 КВАНТИТАТИВНА ПРОЦЕНКА НА ПРИДОБИВСКИТЕ ОД DR ПРОГРАМИТЕ


За да се направи квантитавивна проценка на придобивските од DR програмите, првично
е потребно да се направи проценка на промените воведени во побарувачката, а како втор чекор,
со помош на аналитички пристап, да се дефинираат ефектите од промената на енергетскиот
систем.
4.1 Проценка на промените во побарувачката
Повеќето од придобивските поврзани со примената на DR програмите директно зависат
од нивното влијаније на промените врз побарувачката. Според тоа, за да се направи соодветна
евалуација на DR придобивките, потребно е да се земат во предвид ефектите од поместувањето
и конзервирањето на оптоварувачката крива за потрошувачите, групирани во одредени
потрошувачки групи. Генерално, секоја од овие групи потребно е да биде посебно евалуирана,
при што ќе бидат земени во предвид разликите во оптоварувачките криви, како и сензитивноста
на цените.
Добро е да се напомене дека при правењето на претпоставки во однос на промените во
побарувачката, може да дојде до потешкотии, поради тоа што одзивот на потрошувачката има
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 7/9

стохастичка природа, која зависи од повеќе фактори, како што се: климатски промени, тарифен
дизајн, тип на потрошувачи и други.
Понатаму, при дефинирање на претпоставките од ефектите на DR програмите врз
потрошувачкoто портфолио, можни се три различни пристапи, и тоа: проценка врз основа на
претходно изработени студии или искуствено (ценовна еластичност), развој на економетрички
модел на побарувачката, преку симулации со методот од долу кон горе (bottom-up).
4.2 Проценка на ценовната еластичност
Со примената на ценовната еластичност проценките кои се засноваат на претходно
изработени студии или врз основа на претходно искуство, се еден од можните начини, како и
едноставен пристап за оцена на промените во побарувачката. Еластичноста на цените на
побарувачката го изразува зголемувањето на побарувачката во процентуални услови како
одговор на пораст на цената во еден процентен поен.
Во контекст на DR програмите, најчесто се користат три вида на ценовна еластичност: на
сопствената цена, вкрстена еластичност и еластичност на супституцијата. Еластичноста на
сопствените цени ја изразува промената на побарувачката во даден период за 1% зголемување на
цената на истиот период, додека вкрстената еластичност ја изразува варијацијата на
побарувачката во еден период за зголемување од 1% во цената на друг период. Еластичноста на
супституцијата ја изразува побарувачката поместена од периоди на максимално оптоварување во
периоди со нормално оптоварување со оглед на зголемување од 1% во релативната цена на двата
периоди.
4.3 Економетрички модел
Економетриските модели се стремат да го „извлечат“ нивото на побарувачката од некои
експликативни фактори врз основа на микроекономската теорија. Вообичаената формулација е
максимизирање на корисноста на потрошувачите при нивната потрошувачка на електрична
енергија. Најчесто користените експликативни фактори се цената на електричната енергија и
приходот (буџетот) на потрошувачот. Исто така, може да се земат предвид и социјалните и
демографските услови, карактеристиките на диспезираноста на мрежата, како и технолошките
аспекти. Економетриските модели се развиваат преку прибирање на податоци од вистински
искуства, кои потоа се користат за евалуација на програмите. Проценките на ценовната
еластичност обично се добиваат од овој тип на модел.
Со примената на економетриските модели на побарувачка може да се обезбеди точен
приказ на проценката на побарувачката доколку се земат во предвид релевантните фактори кои
влијаат врз потрошувачката и параметрите кои ја изразуваат промената на побарувањата во
однос на тие фактори соодветно. Сепак, бидејќи овие параметри се прилагодени за даден сет на
податоци под одредени услови, моделите за економетриски побарувања може да не важат кога
се менуваат основните услови. Според тоа, главното ограничување на овој тип модели е дека
нивните резултати може да бидат многу зависни од основните услови.
4.4 Bottom-up модели
За разлика од економетриските модели, Bottom-up моделите на побарувачката имаат за
цел да ги опфатат специфичните оптоварувања кои ја сочинуваат побарувачката. Профилот на
побарувачката се добива со собирање на елементарните оптоварувања. Овие модели се прилично
сложени и бараат поголема опфатеност на податоците за елементарните оптоварувања.

5 ПРЕГЛЕД НА МОЖНОСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА DR ПРОГРАМИ ВО АД МЕПСО


Според претходно изложените поглавја, во ова поглавје е дадена сублимирана проценка
на можностите за развој на DR програми во АД МЕПСО, односно да се дефинира основната
рамка и насоките за потенцијален развој на идните програми за интеграција на одзивот на
побарувачката во македонскиот преносен систем, од аспект на постигнување на поголема
сигурност во снабдувањето во системот, како и поголема економска ефикасност и зголемена
одржливост.
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 8/9

Од друга страна, треба да се има во предвид фактот дека ваквите програми се на нивното
почетно ниво на развој, како на светско ниво, така и во Република Македонија. Во овој труд
дадени се основните насоки преку кои се предвидува да се изврши самата проценка.
Процесите, кои имаат за цел да се постигне пофлексибилна побарувачка, бараат да се
земат предвид претходно дефинираните карактеристики на проблемот, односно:
• Карактеристики на потрошувачите кои ја претставуваат побарувачката, во однос
на позицијата на МЕПСО во секторот за електрична енергија
• Технологии и економија
• Активности за информирање и методологии, потребни за собирање на податоци
за учество во програмите в
Понатаму, даден е преглед со чекорите преку кои е потребно во иднина да овозможи
дефинирање на основните рамки и препораки за развој на DR програми во АД МЕПСО.
5.1 Легислативен аспект
Легислативниот аспект има важна улога за развој и имплементација на програми за
одговор на побарувачката. За таа цел, потребно е да бидат земени во предвид следните чекори:
1. Преглед на моменталните легислативи во Република Македонија
2. Преглед на веќе донесение легислативи во развиените земји кои се однесуваат на
обозможувањето на пенетрацијата на програмите за одзив на побарувачката
3. Споредба на претходните чекори и препораки за потребните измени и
преадаптации на постојната легислатива во Република Македонија.
5.2 Аналитички пристап за проценка на одзивот на побарувачката
Моделите за тековите на моќност само покажуваат области на преоптоварување на
преносната мрежа, но не развиваат решенија за ублажување на овие услови за преоптоварување.
Според тоа, потребно е да се создаде основен модел на побарувачка според дијаграмот на
оптоварување преку користење на стандардни методи за планирање на преносната мрежа,
односно:
1. Класификација на побарувачката во групи – искуствено, класификацијата на
побарувачкото портфолио може да биде поделено на три основни групи:
индустриски потрошувачи, комерцијални потрошувачи и домаќинства;
2. Креирање на потрошувачкиот дијаграм (конзум) – за секоја од дефинираните
потрошувачки групи потребно е да се изврши проценка на конзумот со одржлива
временска резолуција (часовно, двочасовно итн.), за одредени карактеристични
денови;
3. Идентификација на побарувачкото портфолио - За секое побарувачко портфолио
и конзум, потребно е да се идентификуваат техничките можности на
потрошувачите за побарувачката (контролирани / неконтролирани), како и
капацитетот на намалување (флексибилност), типовите на најпогодни товари,
технички ограничувања, брзина на рампата за активирање нагоре и надолу,
минимално и максимално времетраење за активирање, различни временски
ограничувања и флексибилност, минимална големина на пазарната цена итн.
5.3 Ефектите на пазарот и нивното влијание врз побарувачката
Клучните параметри за развој на идните програми за одзивот на побарувачката кои се
потребни за да се процени вредноста на DR во вкупната ефикасност на пазарот се дефинирани
преку дефинирање на тарифните планови како што се цените: во реално време, за време на
користење, при максимално оптоварување и други.
Иако, според моменталната организација на пазарот на електрична енергија во Република
Македонија, нема учество на агрегатори, сепак, како опција може да се земат во предвид и
агрегаторите, за евентуални идни преспективи.
MAKO CIGRE 2017 C2-051R 9/9

5.4 Расположливост на технологии


Постојат различни алатки и системи кои постојат на комерцијалниот пазар, (од системи
за автоматско мерење до голем број на ИТ инфраструктури) способни да ја активираат и
управуваат квалификуваната побарувачка. Според тоа, потребно е да се земат во предвид
главните спецификации на избраната технологија за спореведување и управување на одзивот на
побарувачката. Овие технологии треба да имаат способност да реагираат кога тоа е потребно и
да имаат можност за мерење на неговиот одговор.
5.5 Бизнис планови
Дефинирањето на соодветни бизнис планови има најважна улога во исплатливоста при
имплементација на DR програмите. За таа цел, потребно е да се направат детални техно-
економски анализи за можностите и предизвиците во вклучувањето на одзивот на побарувањата
во Македонија, земајќи го предвид видот на услугите со кратка проценка на идните приходи и
трошоци и пречките кои можат да спречат постигнување на посакуваните цели, при што би се
дефинирале потенцијалните придобивки и предизвици од имплементацијата на DR програми.

6 ЗАКЛУЧОК
Програмите за одзив на побарувачката, од аспект на развојот на „паметните“ мрежи,
покажуваат голем потенцијал и ветувачка иднина, особено ако придобивките од нив се
искористат кај производните системи, преносните и дистрибутивните мрежи, учесниците на
пазарот на електрична енергија и потрошувачите. За овие програми, во моментов, се прават голем
број на истражувања и студии во многу електроенергетски системи низ целиот свет, преку
прилично поедноставени проценки, или со комплексна симулација и економетриски пристапи.
Изложениот материјал во трудот, покажува дека главните предизвици на овие анализи
лежат во проценката на промените во профилите на побарувачка (флексибилна побарувачка),
како и од проценката на влијанието на овие промени во побарувачката за производство,
мрежните системи и економските сигнали. Иако постојат одредени студии, со оглед на зачетокот
на овие програми, потребно е да се изработат многу повеќе истражувања за да обезбедат сигурни
проценки за придобивките од DR програмите и притоа да се даде поверодостоен показател за
нивното значење на краток и долг рок.
Од друга страна, економските сигнали се фундаментални инструменти за стимулирање
на одзивот на побарувачката. Овие сигнали мора да бидат дизајнирани да бидат доволно силни
за да имаат влијание, како и соодветни за поттикнување на свесни и реални однесувања.

7 ЛИТЕРАТУРА
[1] Affonso, C.M., L.C.P. da Silva, W. Freitas (2006). Demand-side management to improve power security.
Transmission and Distribution Conference and Exhibition, 2005/2006 IEEE PES, May.
[2] RMI (2006). Demand response: an introduction - Overview of lessons, technologies, and lessons learned.
Rocky Mountain Institute.
[3] IEA (2003). The power to choose - Demand response in liberalised electricity markets. ISBN: 92-64-10503-
4. OECD/International Energy Agency
[4] Faruqui, A., R. Hledik (2007). The state of demand response in California. Prepared for California Energy
Commission, final consultant report, CEC-200-2007-003-F, September.
[5] FERC (2006). Assessment of demand response and advanced metering. Staff report, AD-06-2-000, Federal
Energy Regulatory Commission
[6] DTE Energy (2007). Demand response overview and pilot concepts. July.
[7] US DOE (2006). Benefits of demand response in electricity markets and recommendations for achieving them.
United States Department of Energy. February.
[8] A. Conchado, P. Linares (2010). The Economic Impact of Demand-Response Programs on Power Systems. A
survey of the State of the Art.
[9] AD MEPSO (2017). ToR - Smart Grid Improvements– Lot 3: Automated Demand Response

You might also like

  • 337 PDF
    337 PDF
    Document4 pages
    337 PDF
    Драгана Крстевска
    No ratings yet
  • 305 PDF
    305 PDF
    Document5 pages
    305 PDF
    Драгана Крстевска
    No ratings yet
  • 273 PDF
    273 PDF
    Document7 pages
    273 PDF
    Драгана Крстевска
    No ratings yet
  • C6 033
    C6 033
    Document11 pages
    C6 033
    Драгана Крстевска
    No ratings yet