You are on page 1of 7

6.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 4 - 6 октомври 2009

Влатко Стоилков
Владимир Димчев
Крсте Најденкоски
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Факултет за електротехника и информациски
технологии – Скопје, Македонија

АНАЛИЗА НА ПАРАМЕТРИ ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАТОРИ НАМЕНЕТИ ЗА


ВЕТРОГЕНЕРАТОРСКИ СИСТЕМИ

КУСА СОДРЖИНА
Ветрот како обновлив извор на енергија во последните неколку децении се покажа како
особено погоден за експлоатација, од што произлезе енормниот развој на ветерната индустрија,
со годишен прираст од околу 30 % на светско ниво. Како резултат на овој развој, ветерната
индустрија од субвенционирана стопанска гранка прерасна во индустрија со одржлив развој и
уште повеќе - профитабилна индустриска гранка. За конверзија на енергијата на ветрот во
други видови енергија (пред сé механичка и електрична) се развиени неколку видови на
ветрогенераторски системи (ВГС) чиј домен на примена варира од ветропумпни системи, преку
изолирани хибридни електрични системи, мали ветрогенераторки системи до комплексни
ветерни полиња со моќност од повеќе стотици мегавати интегрирани во големи
електроенергетски системи.
Во линија со широкиот дијапазон на примена на ВГС е секако и мноштвото решенија за
избор на генераторот како еден од главните елементи на ветрогенераторските агрегати. Иако во
основа употребените електрични машини се синхрони односно асинхрони машини, постојат
низа од различни подвидови (СМ со перманентни и електромагнети, АМ со кафезен или
намотан ротор, двојнонапојуван АМ и сл.), додека за погонување на генераторите се користат
директни или индиректни врски со роторот на ветрогенераторот. За изборот на конкретен
генератор развиени се низа технолошки решенија кои земаат предвид различни аспекти на
параметрите на ветрот за одредена локација, како на пример: копнена или вонкопнена изградба
на ветерно поле, приморска или континентална локација, надморска висина, орографски
услови, вертикален профил, индекс на турбуленција, просечна и главна годишна брзина на
ветрот, дневни и сезонски варијации на брзината на ветрот, максимална очекувана брзина во
текот на пеесетгодишен временски интервал, начин на погонување на генераторот и сл.
Во трудот е дадена анализа за влијанието на одделните параметри на ветрот при изборот
на електричниот генератор од аспект на видот, регулацијата, номиналната моќност и техно-
економските прилики релевантни за електричниот дел од ветрогенераторските системи.
Клучни зборови: Ветрогенератори, Ветрогенераторски системи, Интензитет на турбуленција,
Параметри на ветрот.

1. ВОВЕД
Експлоатацијата на енергијата на ветрот во современи услови претставува комплексна
проблематика која обединува неколку научни и техничко-технолошки дисциплини. Притоа, од
особено значење е електричниот дел на ветрогенераторските системи (ВГС) кој во основа ги
опфаќа следните фази: конверзија на енергијата на ветрот во електрична, прилагодување на

A1-4R 1/7
MAKO CIGRE 2009 A1-4R 2/7

електричната енергија кон потребите на потрошувачите или условите на мрежата и


перманентно прилагодување на излезната моќност од генераторот кон условите определени со
брзината и насоката на ветрот.
Имајќи предвид дека дијапазонот на искористување на енергијата на ветрот од аспект на
неговата брзина е мошне широк – вообичаено во границите од 3,5 m/s (брзина на вклучување)
до 25 m/s (брзина на исклучување), проектантите кои се занимаваат со оваа проблематика
перманентно се соочуваат со проблемот на изнаоѓање оптимален избор на електричен
генератор кој во долгогодишниот екеплоатациски век ќе овозможи најдобро искористување на
енергетскиот потенцијал на ветрот. Притоа, врз оптималниот избор на генераторот влијаат не
само условите на ветровитоста, туку и целокупните локациски услови кои важат за областа во
која се предвидува ветрогенераторскиот капацитет: надморската висина, карактерот на теренот,
вертикалната распределба на брзината на ветрот, висината на нерамност, местото на подигање
на ветерното поле (вонкопнено - на вода, крајбрежно или континентално, во рамнински или
планински терен и сл.).
Иако интензивирањето на експлоатацијата на енергијата на ветрот е во релативно краток
период – во последните дваесетина години, технолошкиот развој на одделните елементи на
ВГС, како и развојот на методите за оптимирање, предвидување и анализа на ВГС постигнаа
значителен напредок. Од аспект на примената на електричните машини, применети се неколку
видови асинхрони и синхрони машини кои се директно или индиректно погонувани. Во трудот
е прикажанa карактеристичната класификација на одделните ветрогенератори и се дадени
насоки за избор на оптимални решенија применливи за локации во Република Македонија.

2. КЛАСИ НА ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ


Класифицирањето на ветрогенераторите во основа се врши од аспект на брзината на
вртење на роторот од ветрогенераторите и од аспект на параметрите на ветрот. Притоа, од
аспект на брзината на вртење на роторот, ветрогенераторите се категоризирани во две групи:
ВГ со константна и ВГ со променлива брзина. Од аспект на параметрите на ветрот, според IEC
стандардот 61400-1, постојат четири класи на ветерни турбини (класа I, II, III и IV) За секоја од
овие класи се дефинирани и класи зависни од интензитетот на турбуленција како основен
параметар кој ги дефинира локациските услови за градба на ветерно поле.
2.1. Класификација од аспект на брзината на роторот
Во почетокот на 1990-тите години стандардно инсталираните ветерни турбини работеле
со константна брзина, што значи дека без разлика на брзината на ветрот брзината на роторот на
ветерната турбина е константна, и определена со фреквенцијата на електроенергетската мрежа,
соодносот на брзините во мултипликаторот и видот на електричниот генератор. Најчесто
применуван генератор кај овие ВТ е асинхрониот генератор кој е директно поврзан кон мрежа,
опремен со уред за меко впуштање во работа и кондензаторска батерија за компезација на
реактивната моќност.
Ветерните турбини со променлива брзина во последните неколку години се значително
позастапени во однос на ВТ со константна брзина. Тие се проектирани да постигнуваат
максимална ефикасност во широк дијапазон на брзини на ветрот. За разлика од системот со
константна брзина, системот со променлива брзина го одржува моментот на генераторот
прилично константен, додека промената на брзината на ветрот се апсорбира со промената на
брзината на роторот од ВТ. Електричниот систем на ветерните турбини со променлива брзина е
посложен отколку системот со константна брзина. Вообичаено тие се опремени со асихрони
или синхрони генератори и се поврзани со електричната мрежа преку енергетски преобразувач.
Основните предности на ветерните турбини со променлива брзина се зголемениот
капацитивен фактор (зголемено зафаќање на енергија на ветрот), подобрениот квалитет на
електричната енергија и намалените механички оптоварувања. Исто така, примената на ВТ со
променлива брзина овозможува и проширување на бројот на применети видови електрични
генератори. Овозможувањето на директното погонување на генераторите, со избегнување на
мултипликаторот е исто така резултат на развојот и примената на оваа технологија.
MAKO CIGRE 2009 A1-4R 3/7

Во табелата 1 е даден приказ на најчесто користените типови на ветерни турбини,


класифицирани според способноста за регулација на брзината и типот на управувањето на
моќноста. Применувајќи ја регулацијата на брзината како критериум, евидентни се четири
различни доминантни типови на ветерни турбини: константна брзина (A), и променлива брзина
(B, C и D), како и три класификации од аспект на регулацијата на моќноста: активна (0),
пасивна (1) и комбинирана (активно пасивна) (2). За опис на конкретен тип на ветерна турбина
се користи комбинација од соодветните букви и цифри. Така, на пример, типот А0 означува
ветерна турбина со пасивна регулација и константна брзина.
Табела 1. Типови на ветерни турбини

Регулација на Регулација на моќноста


Тип
брзината Активна Пасивна Комбинирана
Константна брзина A А0 А1 А2
B B0 B1 B2
Променлива брзина C C0 C1 C2
D D0 D1 D2

2.1. Класификација од аспект на параметрите на ветрот и локациските услови


При изборот на локациите односно површините каде што треба да се постават ветерните
турбини треба прво да се разгледаат неколку услови или правила кои треба да се почитуваат
при нивното поставување. Ќе наброиме некои од нив кои се побитни при изборот на локација.
Тие се:
а) Нерамност на тлото и вертикална распределба на ветрот
Нерамноста на тлото, односно карактерот на земјината површина има значително
влијание на ветрот. Во пониските слоеви, се до висини од 1 km, врз брзината на ветрот делува
триењето на воздухот со површината на земјата. Колку е поизразена нерамноста на земјината
површина, толку е поизразено успорувањето на ветрот, при што на пример повисоките
препреки имаат поголемо влијание врз брзината на ветрот отколку пониските. При
искористувањето на ветрот, за оцена на условите на површината се воведуваат т.н. класа на
нерамност (0-4) и висина на нерамност (изразена во метри). Под поимот висина на нерамност се
подразбира растојанието над тлото при кое (теоретски) брзината на ветрот е нула. Друг важен
параметар на ветрот е т.н. вертикална распределба на ветрот, односно вертикалниот профил на
ветрот. Имено, при приближување кон тлото, брзината на ветрот опаѓа и обратно: при поголеми
висини, брзината на ветрот е поголема.
б) Роза на нерамност
Слично со розата на ветри со која се преставува енергетскиот потенцијал на ветрот од
различни насоки, се користи и т.н. роза на нерамност, со која се опишува нерамноста на теренот
во различни насоки гледани од страна на односната локација на ветрогенераторот. Вообичаено,
розата на нерамност се преставува преку 12 сектори по 30о, а познати се и случаи со 8 или 16
сектори. Се разбира, треба да се внимава бројот на сектори на розата на нерамност и розата на
ветри да биде идентичен. За секој сектор се врши проценка за нерамноста на теренот
користејќи соодветна методологија. Истата се користи при пресметка на брзината на ветрот, со
цел да се согледа промената на брзината во секој сектор, како последица на нерамноста на
теренот. Во најголем број случаи, нерамноста не може да се смета во точна класа на нерамност,
заради што се врши т.н. усреднување. Притоа, особено внимание треба да се посвети на
нерамноста во доминантните насоки на ветрот, претставени преку сектори со најголем
енергетски потенцијал. За тие насоки се користат и мапи за согледување на дистанците со
константна нерамност.
в) Турбуленции
MAKO CIGRE 2009 A1-4R 4/7

Посилните ветри, особено во услови на невреме проследено со град и грмотевици се


проследени со чести налети на ветрот и промена на неговата брзина и насока. Во областите со
нерамна површина, како и зад препреките, настануваат изразени турбуленции, со мошне
неправилно дување на ветрот и создавање воздушни вртлози и циркулации. Турбуленциите ја
намалуваат ефикасноста на искористувањето на енергијата на ветрот, истовремено
предизвикувајќи зголемена амортизација на роторот од ветерната турбина. Вообичаено,
столбовите на ветрогенераторите се доволно високи за да се избегнат турбуленциите на ветрот
близу до тлото.
Турбуленциите се јавуваат како последица на препреките на ветрот или како резултат на
ефектот на ветерно поле. Препреките на ветрот, генерално можат да бидат природни (дрвја,
шуми, карпи) и вештачки (објекти изградени од човекот-згради, мостови и сл.). Турбуленциите
кои се последица на ефектот на поле настануваат кога два или повеќе ветрогенератори се во
линија со насоката на ветрот. Притоа, ветрогенераторите кои се во т.н. бразда на претходните
ветрогенератори ќе работата во турбулентни услови кои се негативни како од аспект на
степенот на искористеноста на енергијата на ветрот, така и од аспект на условите на работа на
ветерната турбина. Турбуленциите можат да се разгледаат во вертикален и хоризонтален
правец.
За оценка на нивото на турбуленциите се користи терминот интензитет на турбуленција
(TI – Turbulence Intensity) дефиниран како:
σ1
TI = (1)
v sr
каде σ1 е стандардната девијација на лонгитудиналната брзина на ветрот на висина на главата
од роторот, а vsr е средната брзина на ветрот на истата висина. Стандардната девијација и
средната брзина се усреднуваат во период од 10 минути, со фреквенција на отчитување на
вредностите на секои 2 секунди.
За пресметка на стандардната девијација σ1 се користи следниот израз даден од IEC и
GL (Germanischer Lloyd)-препораките:
a ⋅ v sr + 15
σ1 = I15 (2)
a +1
каде I15 претставува стандардизирана вредност на интензитетот на турбуленција при средна
брзина од 15 m/s која изнесува 0,18 за класа А и 0,16 за класа B, а а=2 (за класа А) или а=3 (за
класа B) е коефициент кој зависи од класата на ветерната турбина (Табела 3).
Според IEC стандардот 61400-1, според брзинските параметри на ветрот постојат 4
класи на ветерни турбини (Табела 2):
Табела 2. Брзински параметри на ветрот и класи на ветерни турбини

Параметар Класа I Класа II Класа III Класа IV


Референтна брзина vref (m/s) (максимална
50 42,5 37,5 30
очекувана брзина во 50 год.)
Просечна годишна брзина на ветрот vsr (m/s) 10 8,5 7,5 6
Максимална брзина на налет на ветрот во
70 59,5 52,5 42
50 години (1,4 vref)
Максимална брзина на налет на ветрот во
52,5 44,6 39,4 31,5
текот на една година (1,05 vref)
MAKO CIGRE 2009 A1-4R 5/7

Табела 3. Класификација на ветерни турбини базирана на интензитет на турбуленција


Класа Класа Класа Класа Класа Класа Класа Класа
Параметар
I-A I-B II-A II-B III-A III-B IV-A IV-B
I15 (Интензитет на
0,18 0,16 0,18 0,16 0,18 0,16 0,18 0,16
турбуленција на 15 m)
Коефициент a 2 3 2 3 2 3 2 3
In (Интензитет на
турбуленција при брзина на 0,210 0,180 0,226 0,191 0,240 0,200 0,270 0,220
ветрот vsr)
σ1 (стандардна девијација на
лонгитудинална брзина
1,62 1,32 1,80 1,50 1,92 1,62 2,10 1.80
Интензитет на турбуленција
при брзина на ветрот vsr)

3. ОЦЕНКА НА КЛАСИ НА ТУРБИНИ ПРИМЕНЛИВИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА


Во Република Македонија експлоатацијата на енергијата на ветрот и градбата на
енергетски капацитети од овој вид е на самиот зачеток. За жал, досегашните активности се
сведуваат само на мерни капањи за оценка на потенцијалите на ветрот и создавање правна
регулатива за искористување на обновливите извори на енергија и во тие рамки на енергијата
на ветрот. Меѓутоа, обврските дефинирани со Кјото протоколот за намалување на емисијата на
штетни гасови и зголемувањето на учеството на обновливите извори во вкупниот енергетски
биланс на ниво од 20 % до 2020 неминовно ќе водат до зголемено искористување на енергијата
на ветрот. Секако, изградбата на ветроелектрани во блиска иднина ќе има позитиви
импликации за електроенергетскиот сектор на Македонија, но и во развојот на локалната
економија.
Република Македонија не е изразено ветровита земја. Во текот на 2005-та година
направена е студија за оценка на потенцијалите на енергијата на ветрот. Изработен е
таканаречен Прелиминарен атлас за ветри во Република Македонија кој покажува дека
најдобри ресурси на ветар во Македонија има на високите планинските сртови, додека во
низините и долините има значително помала просечна брзина на ветрот. Исклучок претставува
долината на реката Вардар, каде и на помали надморски височини е претпоставена средна
брзина на ветрот во границите 7-7,5 m/s на 500-800 м.н.в.
Врз основа на прелиминарниот атлас, дефинирани се четири локации за поставување
мерни станици: Богданци, Богословец, Кожуф и Шашаварлија и истите се ставени во функција
во јуни 2006-та година. Сите мерни станици се со мерни столбови со висина од 50 m, освен
мерната станица на Кожуф која е со висина од 30 m.
Мерните станици прибираат податоци согласно светските стандарди за мерење на
ветровитоста на мерното место: на секои две секунди се врши мерење на насоката на ветрот,
брзината на ветрот (на три висини, со четири анемометри) и температурата на воздухот и се
врши усреднување на податоците на секои 10 минути. На тој начин се добиваат 144 линиски
податоци (raw data) во текот на едно деноноќие. Врз основа на мерните резултати се добиваат
вредностите на интензитетот на турбуленција при различни брзини на ветрот. Резултатите за
четирите локации се прикажани на сл. 1.
Со споредба на добиените параметри за одделните локации и класификацијата на
ветерните турбини согласно Табела 3, може да се заклучи дека за локациите Богданци и
Шашаварлија е неопходно да се користат ветерни турбини од класа А, за локацијата
Богословец доаѓа предвид и турбина од класа B, додека локацијата Кожуф е со многу изразен
интензитет на турбуленција при референтна брзина од 15 m/s (I15=0,23).
Денес во светот постојат голем број производители на ветерни турбини меѓу кои
најпознати се Nordic, Nordex, Vestas, Gamesa, De Wind, GE Wind, Suzlon и др. Сите овие
MAKO CIGRE 2009 A1-4R 6/7

производители даваат каталошки податоци за своите производи според кој нарачателите ги


избираат ветро турбините. Во нив се дадени основните технички податоци за турбината како
што се: излезната моќност, брзина на ветрот при која се вклучува/исклучува турбината,
димензии на перките, податоци за гондолата, столбот, дијаметар и површина на роторот,
јачината на звукот кои ја создават перките, температура при која работи турбината, крива на
моќност и т.н. Можеме да извршиме споредување на техничките податоци за ветерни турбини
на производителите во опсег од 1500 до 2500 kW кои можат да се инсталираат во Р.Македонија.
Интензитет на турбуленција - Богданци
Интензитет на турбуленција - Богословец

0,4 0,4

0,35 0,35
0,3
0,3
0,25
0,25
ИТ

0,2

ИТ
0,2
0,15
0,15
0,1
0,1
0,05
0,05
0
0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 0
m/s 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25
ИТ-Богданци Класа А Класа B m/s
ИТ-Богословец Класа А Класа B

Интензитет на турбуленција - Кожуф


Интензитет на турбуленција - Шашаварлија
0,4
0,4
0,35
0,35
0,3
0,3
0,25
0,25
ИТ

0,2
ИТ

0,2

0,15 0,15

0,1
0,1
0,05
0,05
0
0 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25
0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 1011 12 13 14 151617 1819 20 2122 232425 m/s
m/s
ИТ-Шашаварлија Класа А Класа B
ИТ-Кожуф Класа А Класа B

Слика 1 Интензитет на турбуленција на четири мерните локации во Р. Македонија


Како пример за избор на ВГ во услови типични за Р. Македноија може да ја посочиме
ветерната турбина од производителот Vestas, модел V82, која е оптимизирана да работи за
слаби и средни ветри. Основните технички податоци се дадени во Табела 4:
Табела 4. Основни технички податоци за ВГ Vestas V82
Дијаметар 82 m
Ротор Број на перки 3
Регулација на брзината активно пасивна
Брзина на ветрот при вклучување 3,5 m/s
Оперативни податоци Брзина на ветрот при исклучување 20 m/s
Номинална брзина на ветрот 13 m/s
Столб Висина 78 m
Тип асихрон водено ладен
Генератор Номинална излезна моќност 1650 kW
Оперативни податоци 50/60 Hz 690/600V
MAKO CIGRE 2009 A1-4R 7/7

Исто така е дадена кривата на моќност, коефициентот на моќност и јачината на звукот


кој ветрогенераторт ја прави при различни брзини на ветрот. Тие се дадени на следниве слики:

Слика 2 Карактеристични каталошки криви за ветерна турбина V82


Други поголеми модели се V80 2 MW со асинхрон генератор и V100 1,8 MW со
асинхрон генератор со намотан ротор (лизгачки прстени) од овој производител, а се
разликуваат од претходниот модел по излезната моќност, висината на столбот, дијаметарот на
перките, номиналната брзина на вртење на генераторот и т.н.
Од производителот Nordex во овој опсег можат да се искористат моделите S70/S771,5
MW, N80/90 2,5 MW и N100 2,5 MW. На сите овие модели генераторот им е двојно напојуван
асихрон генератор.

4. ЗАКЛУЧОК
Експлоатацијата на енергијата на ветрот е комплексна проблематика која изискува
решпавање проблеми од различна природа. Во трудот се прикажани принципите за избор на
ветрогенератор од аспект на интензитетот на турбуленција за локациски услови
карактеристични за Република Македонија како континентална држава.
Авторите на трудот искрено се надеваат дека искористувањето на енергијата на ветрот
во република Македонија во најскора иднина ќе стане реалност, и покрај сите препреки од
објективна, но и субјективна природа.

5. ЛИТЕРАТУРА
[1] Monitoring Program of Macedonian Wind Resources – Project funded by Norwegian Ministry of Foreign
Affairs – Contract agreement between Nord Trondelag Elektrisitetsverk and Electrotechnical faculty, 2005
[2] Wind Energy Resource Atlas and Site Screening of the Republic of Macedonia, AWS Truewind, June, 2005.
[3] V. Dimcev, K. Najdenkoski, V. Stoilkov “Exploration of wind energy potential in Republic of Macedonia”,
Balkan Power Conference, Ohrid, 2006.
[4] K.Freudenreich, K. Argyriadis. “The Load level of Modern Wind Turbines according to IEC 61400-1
[5] S. Mathew “Wind Energy, Fundamentals”, Resource Analysis and Economics, Springer-Verlag, 2006.
[6] Tony Burton, David Sharpe, Nick Jenkins. “Wind Energy Handbook”, John Willey and Sons, 2001

You might also like