You are on page 1of 4

6.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 4 - 6 октомври 2009

Вангел Фуштиќ, Крсте Најденковски


Универзитет “Св.Кирил и Методиј“, Факултет за електротехника и информациски технологии
Јован Митревски
АД ЕЛЕМ, Подружница ХЕЦ Треска - Скопје

ФАБРИЧКИ КОНТРОЛНИ ИСПИТУВАЊА НА РОТОРСКИТЕ ПОЛОВИ И


ВОЗБУДНИОТ СИСТЕМ НА ГЕНЕРАТОРИТЕ ЗА ХЕЦ СВETA ПЕТКА

КУСА СОДРЖИНА
Во трудот се дава презентација на фабричките контролни испитувања на роторските
полови и возбудниот систем за генераторите Г1 и Г2 за ХЕЦ Св. Петка, кои се реализираа во
мај 2008 г. во фабриката Andritz-VA TECH Hydro, Индија. Испитувањата беа според планот за
контролни испитувања на генeраторите ITP-136301-001, при што во трудот е даден приказ на
испитувањата на роторските полови, вкупно по 28 за Г1 и Г2, (и двата резервни), на кои е
извршено испитување со импулсен напон, мерење на отпор на изолацијата и високонапонски
испитувања. Во истата лабораторија беше испитан и возбудниот систем на генераторите
Сите контроли и испитувања беа реализирани согласно важечките меѓународни IEC
стандарди, со мерна калибрирана опрема и стручен персонал. Во трудот е даден и коментар за
добиените резултати од мерењата во однос на задоволување на критериумите, кои
произлегуваат од меѓународните стандарди за ваков вид на испитувања и опрема.
Клучни зборови: синхрон генератор, роторски полови, возбуден систем, фабрички тестирања

1 ПОДАТОЦИ ЗА ГЕНЕРАТОРИТЕ
Хидроелектричната централа Света Петка се гради на реката Треска, и е лоцирана
помеѓу новата ХЕЦ Козјак и постојаната ХЕЦ Матка. Инсталираната моќност на централата е
36,4 MW, со два агрегата секој со по една Францис турбина со моќност 18,2 MW. Предвидениот
проток низ турбините треба да изнесува 2 x 50 m3/s.
Во Табела 1 се дадени податоци за генераторите, проектирани и произведени во VA
Tech Hydrо – Weitz, Австрија.
Табела 1. Податоци за генераторите
Големина Вредност
Номинална моќност (kVA) 20500
Номинален напон (V) 10500
Фреквенција (Hz) 50
Фактор на моќност 0.9
Статорска намотка
Број на канали 360
Класа на изолација F
Роторски полови
Напон (V) 62
Струја (A) 1078
Број на полови 28

A1-9R 1/4
MAKO CIGRE 2009 A1-9R 2/4

2 ФАБРИЧКИ ИСПИТУВАЊА НА РОТОРСКИТЕ ПОЛОВИ


Роторските полови се произведени во VA Tech Hydro, Бофал, Индија. Според планот за
контролни тестирања на генераторите, на роторските полови беа извршени следниве фабрички
испитувања:
-испитување со импулсен напон,
-мерење на отпорот на изолација,
- високонапонски испитувања.
2.1 Испитување со импулсен напон
Испитувањето со импулсен напон, овозможува да се изврши контрола на изолацијата на
навивките на возбудната намотка (намотката на роторскиот пол). Принципот на импулсното
тестирање се состои во тоа да се формира испитно коло, кое се состои од намотката што се
испитува и од кондензатор за празнење. Импулсен напон се инјектира во намотката на секој од
половите. Испитниот напон е околу 30 V по навивка. Ова испитување на намотките на
половите се заснова на метод на споредба на импулсниот одзив на две навивки. Навивките на
два пола се поврзуваат во намотка. Се снимаат осцилациите на напонот на двата полови и потоа
со соодветна мерна опрема се анализираат. Се споредуваат брановите облици на напонот (слика
1), кои не треба да се разликуваат значително. Ако постои оштетување на изолацијата на
навивките на половите, се нарушува резонантното коло, со што ќе дојде и до промена на
амплитудата на напонот.

Слика 1. Напонски импулс добиен од тестирањето на половите


2.2 Мерење на отпорот на изолација
На секој од половите беше извршено мерење на отпорот на изолација, во согласност со
постапката дефинирана во стандардот IEEE Std.43-2000. Минималната вредност на отпорот
после 1 минута (Ri-1min) од мерењата треба да изнесува
Ri −1 min = kV + 1 (1)
Измерените вредности за отпорот на изолација за сите полови се дадени во Табела2, и се
значително поголеми од минималните вредности . Мерењата се вршени со мега-омметар со
напон од 1000 V и температура на амбиентот од 37 оС.
MAKO CIGRE 2009 A1-9R 3/4

Табела 2. Отпор на изолација


Број на полови Отпор на изолација (GΩ)
Генератор А 28 57-90
Генератор Б 28 62-92.5
Резервни 75
2
полови 89.5
.

Сл. 2 Испитување на роторските полови


2.3 Високонапонски испитувања
На роторските полови е извршено и високонапонско тестирање во согласност со IEC
60034-1. Намотките на роторските полови беа тестирани со еднонасочен напон од 2800 V,
добиен согласно со изразот 2.
1.1 ⋅ U p = 1.65kV ≈ 2800V ( DC ) (2)
Сите роторски полови го издржаа ова високонапонско тестирање.

3 ФАБРИЧКО ИСПИТУВАЊЕ НА ВОЗБУДНИТЕ СИСТЕМИ


Возбудните системи на двата генератори, тип THYNE5 (Excitation and Digital Voltage
Regulator), беа испитувани според IEEE Std.421 B. Притоа, на возбудниот систем беа
реализирани следните контроли ии испитувања:
- ожичување и комплетност на компонентите,
- испитување на енергетските струјни кола (со 3,0kV AC - 60 sec.)
- испитување на управувачките кола 220V DC (со 1,5kV AC - 60 sec.)
- функционално испитувањена дигиталните I/O струјни кола
- контрола на напојувањето,
- контрола на управувачките функции,
- контрола на заштитните уреди и алармниот мониторинг,
- контрола на аналогните кола,
- контрола на функциите на регулација
- контрола на енергетските компоненти и стррујни кола.
MAKO CIGRE 2009 A1-9R 4/4

Сл. 3 Фабричко испитување на возбудните системи

3 ЗАКЛУЧОК
Фабричките испитувања и контрроли кои беа извршени на роторските полови и
возбудните системи на двата агрегата за ХЕЦ Св. Петка, покажаа дека производителот водел
сметка за квалитетот при изработката на компонентите и нивната функционалност, како и
подготвеност за монтажа во ХЕЦ Св. Петка. Стручниот тим на ЕЛЕМ кој активно учествуваше
во испитувањата, даде значителен придонес за обезбедување на целокупната документација во
врска со изпитувањата, комплетност на протоколите за испитување, спроведување на
испитувања според стандардите и анализа на резултатите од испитувањата.

4 ЛИТЕРАТУРА
[1] Salient pole rotor. In-process inspection and tests, VA TECH Hydro, (internal documents),2008.
[2] IEEE Recommended Practice for Testing Insulation Resistance of Rotating Machinery, IEEE Std.43-2000
[3] IEC 60034-1 Rotating electrical machines Part 1: Rating and performance.
[4] AD ELEM, Tender specifications for HPP Sv. Petka, FAT.

You might also like