You are on page 1of 42

 За да се измери некоја големина треба да

се спореди со усвоената единица мерка за


таа големина
 Единицата мерка треба да е што е можно
поточно дефинирана
 Мерните единици се материјализираат
 Материјализирани мерни единици се
викаат еталони
 Главна к-ка на еталоните е да може да ја
повторува единицата мерка и да може да
се пренесува на други инструменти кои се
нарекуваат секундарни(работни) еталони
 Според тоа еталон може да се дефинира и
како материјализирана мерна
единица,мерен инструмент или мерен
систем наменет да остварува,чува и
повторува мерна единица
 Со еталоните се остварува единство во
мерењето што е и главната цел на мерната
техника
 Единство во мерната техника се остварува
преку меѓународна организација за
законска метрологија(Organisation
Internationale de Metrologie Legale-OIML)
 Во Република Македонија важи
Македонскиот стандард-МКС со кој се
наложуваат следните барања:
- резултатите да бидат изразени со
одредена точност во единиците од SI
- средствата за мерење се подложни на
проверки
- постојат стандардизирани постапки при
одредени испитувања и мерења
 Овој завод утврдува овластени лаборатории
кои вршат проверки на средствата за
мерење
 Тие лаборатории се опремени со
национални примарни еталони
 Преку споредба со примарните еталони се
проверуваат секундарните еталони кои се
викаат и работни еталони и се применуваат
во практика
 Мерните инструменти со кои се вршат
мерењата се
споредуваат(калибрираат,еталонираат) со
националните еталони, кои пак се
споредуваат(калибрираат) со меѓународни
еталони
 На тој начин се обезбедува единство на
мерењето во светски рамки
 Претставува прецизен уред кој овозможува
добивање на три константни напони со
стандардни вредности од:

10 V
1,018 V
1V
Овој еталон еднаш годишно се калибрира со
меѓународен еталон
 Со него се врши проверка на мерните
инструменти за следниве електрични
величини:
- еднонасочен напон(VDC)
- наизменичен напон(VAC)
- еднонасочна струја(ADC)
- наизменична струја (ACA)
- моќност(POWER)
- отпорност(R)
- капацитет (С)
- фрекфенција(f)
 Извори за напојување(еднонасочна или
наизменична струја)
 Потенциометри
 Делители на напон
 Отпорници
 Кондензатори
 Калеми
 и др.
 Даваат напон од 1V па се до неколку
десетици KV
 За оваа намена можат да се користат
галвански елементи(акумулатори,батерии)
како и уреди-стабилизатори кои се
напојуваат од градска мрежа
 На следниот слајд е прикажана блок шема
на уред за стабилен еднонасочен напон
220V U-
трансформато Насочувач со
р филтер
стабилизато
р
 Со помош на трансформаторот се
трансформира напонот од мрежа на
соодветна вредност во зависност од
напонот кој треба да се добие на излез од
уредот
 Насочувачот е грецов спој со помош на кој
наизменичниот напон од трансформаторот
го претвара во еднонасочен
 Филтерот е обично капацитивен и служи за
филтрирање(пеглање) на еднонасочниот
напон на излез од грецовиот спој за да се
добие целосно еднонасочен напон
 Стабилизаторот може да се реализира со
транзистори,отпорници и диоди или пак да
биде интегрирано коло и има задача да дава
стабилен напон на излез од уредот
 Тоа значи било какво варирање на влезниот
напон (+- 10%) да не влијае на константната
вредност на напонот на излез
 Во мерната техника најчесто има потреба
од напони кои се наизменични но се
менуваат во широк опсег на вредности
 За таа намена се користи регулационен
трансформатор
 Таквиот трансформатор во својата
секундарна намотка има подвижен контакт
кој може рачно да се движи
 Ваквиот трансформатор вообичаено е во
куќиште на чија предна страна се наоѓа
рачка за регулирање на напон
 Освен рачка на предната страна има и
волтметар и амперметар за мерење на
струјата во приклученото коло
 Кога не е неопходно галванско одвојување
од мрежа секогаш се користи регулационен
трансформатор
 Со регулационен трансформатор може да
се регулираат напони во широки граници
 Регулацијата е линеарна
 Не го стабилизираат излезниот напон, што
значи дека за постабилен напон се
користат генератори на напон со точно
утврден бранов облик и фрекфенција
 За регулирање на напонот и струјата во
некои мерни кола се користат отпорници
 Отпорници кај кои контируирано може да
се менува нивната вредност се викаат
променливи
отпорници(потенциометри,реостати)
 Потенциометар има три краја, а реостат
има исто три краја(приклучоци) но се
користат два за регулирање на струја или
сите три за регулирање на напон
 Отпорнички кутии содржат во себе
прецизни отпорници
 Бараната вредност се остварува со
преклопки
 Во една отпорничка кутија се вградени
повеќе декадни преклопки(декади)
 Со секоја преклопка се опфатени десет
отпорници
 Отпорниците кои припаѓаат на една декада
се разликуваат од оние во соседната за 10
пати
 На следната слика е прикажана отпорничка
кутија со 7 декади
 Со неа можат да се одберат отпорници со
вредност помеѓу 0 и 9 999 999 Ω со чекор
од 1 Ω
 Во режим на еднонасочна струја
отпорниците имаат чисто омска вредност
 Во кола со наизменични струи покрај
омската отпорност која е доминантна тие
содржат и индуктивност и
капацитивност(паразитни)
 Индуктивноста и капацитивноста зависат
од фрекфенцијата на наизменичниот напон
 Со цел да се добие прецизен кондензатор
со одреден капацитет во мерната пракса се
користат кондензаторски кутии
 Како и кај отпорничките тие се со повеќе
декадни преклопки со чија помош на
приклучоците се добива саканата вредност
за капацитет на кондензаторот
 Најчесто се изработуваат со 3 до 5 декади
 Реално секој калем има освен индуктивност
уште и отпорност и
капацитивност(паразитни)
 За мерни цели калемот треба да има што е
можно помали паразитни величини
 На следната слика е дадена еквивалентна
шема на калем
 Што е еталон?
 Што е секундарен еталон?
 Која е главната цел која се остварува со
помош на еталони?
 Кои барања ги поставува МКС?
 Што е калибрирање?
 Со што се споредуваат националните
примарни еталони?
 Колку често се калибрира еден национален
еталон?
 Наброј неколку напони кои се реализираат
со помош на еталон за еднонасочен напон?
 Инструменти за кои величини можат да се
споредуваат со еталон-калибратор?
 Нацртај ја жиг маркичката за проверен
инструмент?
 Што се спаѓа во мерен прибор?
 Нацртај блок шема за уред за стабилен
еднонасочен напон?
 Кој електронски склоп најчесто се користи
како насочувач?
 Која е функцијата на трансформатор кај
уредите за стабилен еднонасочен напон?
 Зошто служи филтер кај уреди за стабилен
еднонасочен напон?
 Нацртај шема на регулационен
трансформатор?
 Каков напон дава на својот излез
регулационен трансформатор?
 Зошто се користат отпорници во некои
мерни кола?
 Кои отпорници најчесто се користат во
мерна техника?
 Нацртај електрична шема за регулирање на
струја со реостат?
 Нацртај електрична шема за регулирање на
напон со реостат?
 Ако декадна отпорничка кутија има 7
декади која е најголемата отпорност што
може да ја даде таквата кутија?
 Нацртај еквивалентна шема на отпорник?
 Нацртај еквивалентна шема на калем?
 Напиши формула за еквивалентирање на
кондензатори(капацитет)
 Напиши формула за еквивалентирање на
калеми(индуктивност)

You might also like