You are on page 1of 20

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

АВТОМАТИКА И СИСТЕМСКО ИНЖЕНЕРСТВО

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Електрични актуатори и сензори

ТЕМA:Сензори за мерење на сила

Ментор: Кандидат:

Проф. Д-р Тодор Чекеровски Ристе Колев

Број на индекс:20597

Штип,Декември 2020
Содржина

1.Вовед

2. Инструменти и уреди за мерење на сила

3.Механички динамометри

4.Еластични мерни претворувачи

5. Конструкција на еластичните претворувачи

6. Видови на еластични членови

7. Електроотпорни тензометриски динамометри

8. Пресметка на карактеристиките на тензометриски динамометри

9. .Електромагнетни динамометри

10. .Капацитивни динамометри

11. Хидраулични и пнеуматски динамометри

12.Мерни траки

13.Магнетоеластични сензори

14.Пиезоелектрични сензори за сила

15.Мерење на моментот на силата

16.Заклучот

17.Користена литература
1.Вовед
Сензорските мерни уреди, познати како мерни инструменти, најчесто се
нарекуваат сензори или мерни претворувачи. Сензорот е уред кој детектира и
реагира на сигнал или стимулација, додека мерен претворувач е уред кој ја
претвора влезната енергија од еден облик во излезна енергија со друг облик.
Кога се изведуваат автоматски мерења, обично се користат инструменти кои ги
содржат и сензорот и мерниот претворувач.

Сила е векторска величина,во механиката и во техниката е една од основните


и најважните величини кои треба
да ги мериме и
контролираме.Силата се дефинира
според вториот Њутнов закон како
f=m*a.Силата на гравитација
преставува производ на масата на
гравитационото забрзување
G=m*g.Силата на гравитација од
аспект на мерењето е важна затоа
што е основа за мерење на масата
и вагањето.Наместо забрзувањето
во изразот за сила на гравитација се јавува забрзувањето на
гравитација.Силата во пружината на еластичен стап е дадена со изразот:

F=c*x каде што:c-крутост на пружината или стапот,x-е деформација.

Mерењето на силата може да се заснова на два различни пристапа.Во првиот


пристап,се користат матрејали кои под дејство на силата,односно кога се
механички оптоварени ,менуваат некоја своја карактеристика,на пример
електричен отпор,диелектрична константа итн.Другиот пристап се заснова на
мерење на еластичната деформација.Овие мерни уреди во себе содржат
барем еден еластичен елемент..Со дејство на сили доаѓа до деформација на
еластичниот елемент.Деформацијата може да се мери, па после тоа да се
пресмета силата. Таков начин на одредување на силата е индиректна
постапка. Со директно мерење може да се oдреди вредноста на силата.
Уредите со кои се спроведува директното мерење на силата ги нарекуваме
динамометри.

Оптоварувањето со сила претставува начин за проверка и испитување на


објекти пред нивно пуштање во работа. На пример мостовите се оптоваруваат
со сила за да се провери нивната употребливост. Кровните и стадионски
конструкции по правило се проверуваат после изработка и монтажа со
оптоварувања во вид на сила. Такви точно познати сили доведуваат до појава
на еластични деформации на испитуваните објекти.

2.Инструменти и уреди за мерење на сила


Директно мерење на силата се остварува со специјални уреди динамометри.
Работата на динамометрите може да биде базирана на различни принципи.

а) Според принципот на работа можат да бидат:

- механички,

- електрични,

- хидраулични и

- пневматски.

б) Според функцијата можат да бидат:

- истегнувачки и потисни

- за испитување на компресија.

За мерење на сила се користат различни видови на претворувачи, а најчесто:

- тензометриски мерни ленти,

- индуктивни претворувачи,

- капацитивни претворувачи и

- пиезоелектрични претворувачи.

Основни барања кои секоја конструкција на динамометрите мора да ги


задоволи се:

- висока осетливост во целиот опсег на мерење, односно реагирање на


промената на силата,

- мала инерција и

- практичност и економичност во работата.

Електричните динамометри често се користат затоа што имаат помала


инерција, поголема точност и осетливост во однос на механичката хидраулика.

3.Механички динамометри
Постојат два основни пристапи за мерење на сила односно вагање, и тоа со
директно споредување и индиректно споредување со помош на калибрирани
претворувачи.

Директно споредување е техника на баланс - односно нулта метода.Балансот


кај механички ваги се воспоставува по пат на еднаквост на моментите.
Најстарите ваги се направени да работат на овој принцип.Методот на
еднаквост на моментите се нарекува и метод на симетрија.Силата и нејзиното
дејствување на кракот се изедначуваат со некоја друга сила која делува на
другиот крак. На овој начин се врши вагање односно директно одредување на
силата на другиот познат крак. На сл.1 прикажани се ваги кои работат на
принцип на симетрија и повеќестепнски ваги.

Со помош на овие ваги се мери товар W,за што се користат помали товари Wp и
Ws.Се зема Wp да е нула кога се врши градуирање на скалата.Товарите W1 и W2
можат да се заменат со товар W.Кај вагањето постои релација на лостовите:

W 1 fe
Txb=W s xa и Txc= +W 2 h
d

Од сликата се гледа дека постои пропорција на должиите h/e=f/d,па е :

Txc=h ( W 1+W 2 )=hW

Од комбинација на предходните изрази се добива :

W s∗a W ∗h a∗c
b
=
c
или W =W s
b (
∗h =R W s )
каде што R=ac/bh- фактор на множење на скалата.
Слика1.Повеќестепенски систем на вагање

Динамичкиот одговор на вакви скали зависи од природната фреквенција и


придушувањето. Природната фреквенција зависи од движењето на масите,
факторот R и силата.
Друг тип на мерно средство за механичко мерење на силата е механизам со
скала – нишалка. Во суштина тоа е повеќестепенски механизам со константна
должина. Влез или директна сила или сила на пропорционална тежина се
обесува на стап. Кога тоа ќе се направи доаѓа до смирување со постепено
движење на деловите на механизмот околу точката А. Движењето се активира
со запчест систем врзан за стрелка која се поместува и ја покажува на скалата
масата или силата. Ваков принцип на механичко делување (сл.2) вграден е во
механичките динамометри со различни изведби.
Слика 2.Основна конструкција на скала-нишалка

4.Еластични мерни претворувачи


Повеќе видови на механички претворувачи користат еластични делови или
нивна комбинација за мерење на сила. Резултатот е линеарност помеѓу влезот
и излезот на претворувачот. Величината на крутоста се зема директно како
мерка за пропорционалност за сила или оптоварување или како секундарен
претворувач за да се претвори поместувањето во друг облик на излез.
Најчесто тоа е електричен сигнал.
Еластичните членови ја задоволуваат равенката:

K=F/y

каде е: F нанесена сила која се мери, у- вкупно поместување, К- константа на


крутоста.
За еластичен елемент се одредува константа К зависно од тоа кој е елементот.
Во табелата 1 дадени се некои еластични елементи и нивните константи К како
и равенките од кои тие се добиваат.
Табела 1.Еластични елементи и константи
5.Конструкција на еластичните претворувачи
Дизајн детекторот- transduser- елемент е функција од капацитетот и потребната
осетливост и природата на трансдусерот. Зависи од природата на влезните
величини: дали е статички или динамички.
Сите случаи не е можно да се анализираат, но може да се земат во обѕир
неколку основни фактори. Колку е поголема осетливоста и максималните
излези по единица влез толку се подобри карактеристиките кои трансдусерот
ги има.

Слика 3.Трансдусер
Еластичниот член треба да има што помала крутост во однос на
деформациите кои ги произведува оптоварувањето-силата. Тоа се постигнува
со комбинација на факторот на влијание. Често е потребно да се креира
крутоста на конструкцијата, ќелиите на оптоварувањето на сметка на
осетливоста и тогаш да се конструира секундарниот дел на претворувачот.
Друг фактор кој вклучува осетливост е времето на одѕив или времето на
постигнување на рамнотежа. Ова е функција на пригушување и природна
фреквенција. Брзиот одѕив значи и висока природна фреквенција и потребен е
еластичен член и висока крутост.
Напонот на материјалот е ограничувачки фактор во било кој член за сила.
Треба напоните да останата под границата на еластичност и тоа не само во
некои точки, туку на сите места. Заостанатите напони влијаат на вкупната
напонска состојба. Доколку се собираат со постоечките,напоните растат и се
јавува нелинеарност и хистерезис. На дизајнот и примена на ќелијата за сила
влијаат и производните толеранции.
Механичките еластични членови се пружини кои ја претвораат силата-масата
во еластично поместување на пружината или еластичниот прстен.На
механички осетливиот член, кој е составен дел на секој претворувач на сила,
се дејствува со сила F. Како излез од примарниот дел на претворувачот ќе се
јави како одговор сигналот U. Ако е механички поосетлив член пружината,
одговорот на дејствување на силата е поместување на пружината. Значи,
механичката величина- сила или маса се претворуваат во соодветно
поместување. Поместувањето во соодветен механички, електричен или со
некој друг секундарен претворувач се трансформира во сигнал од друг вид. Ако
мерениот секундарен дел на претворувачот е електричен, тогаш на излезот ќе
се јави електричен сигнал.
Сите делови не учествуваат подеднакво во мерење на силата. Мерењето
директно зависи од делот за прием и пренос на силата, распоредувачот со
помош на кој силата се доведува на еластичниот член, претворувач и селектор
кој ја одвојува само силата во правец на мерењето, додека силите во другите
правци се занемаруваат. Освен тоа претворувачот има куќиште и дел кој го
штити од преоптоварување. Сите останати делови не учествуваат директно во
мерење на силите.
Според конструктивната изведба на механичко електричните претворувачи тие
можат да се поделат по начинот на настанување реакција на врската на:
- претворувачи со одвоено делување кај кои реакцијата настанува поради
деформација на електричниот реактивен член;
- претворувачи на заедничкото претворување кај кои реакцијата на врската се
остварува со деформација на еластичниот и електричниот член;
- претворувачи со компензациона сила кај кои реакцијата се создава со
електрично урамнотежување.
Современите претворувачи работат на првиот принцип на претходно
опишаниот начин.
Претворувачите од другиот тип механичкото оптоварување го пренесуваат на
активниот материјал било да е тој електричен или магнетен. При тоа
механичката деформација се отчитува во појава на напонот. Заради тоа и се
нарекуваат претворувачи на заедничко дејствување, односно еластично-
електрично претворување.
Третиот тип на претворувачи создава реакција по електромагнетен пат.
Компензација во колото се врши сè додека деформацијата не се сведе на нула.
На сл.4 е дадена шема на претворувач за сила и изведбените претворувачи.
Слика 4.Конструктивна шема на мерен претворувач за сила:1-константна
површина за прием на силата,2-дел за пренос на силата,3-куќиште,4-
распоредувач,5-селектро,6-граничник,7-еластичен елемент,8-збирен уред,9-
електричен дел,10-потпора за прием на силата.
6.Видови на еластични членови
Еластичните членови на мерните претворувачи за сила можат да бидат
различни во зависност од тоа какви напони ќе предизвика надворешното
оптоварување: на смолкнување и аксијално, напони на свивање или сложени
напони. Главно се користат еластични членови за свиткување дадени на сл.5
кои содржат мерни ленти. Бројот на мерните ленти во зависност од типот,
конструкцијата и видот на мерниот мост можат да бидат различни. Мерниот
опсег е од 100 N до 10 kN. Основен облик на еластичниот член за свивање е во
облик на конзола со две или четири мерни ленти дадени на сл.5

Сл.5.Еластични членови за свивање со тензометриски ленти


Еластичните елементи за смолкување
прикажани се на слика 6 а нивниот опсег е
во границите од 10kN до 1 MN.
слика6.Еластичните членови за смолкнување зо тензометриска лента
7.Електроотпорни тензометриски динамометри
За мерење на сила скоро исклучиво се користат електрични динамометри.
Мерењето на сила со електрични динамометри се сведува на мерење на
деформацијата на мерната лента на стап или прстен оптоварени со сили на
истегнување или притисок, сл.7.

Електричен динамометар:a)мерна ќелија оптоварена на притисок или


истегнување,б)мерна ќелија со ќелии на оптоварување распоредени по обем
в)мерна ќелија со мембрана
8.Пресметка на карактеристики на тензометриски динамометри
Поради делување на силата која се мери, било да е тоа на затегнување или
притисок внатре во конструкцијата на динамометрите се јавуваат сили и
моменти.
Слика 8.Отоварување на динамометарот:a)изглед на оптоварувањето б)пресек
и шема на пресметка
Во пресекот Р-Р од сл.8 се јавува внатрешна истегнувачка сила F/2 и момент
на свиткување М0. Крутоста на еластичниот прстен се пресметува на основа на
најголемата деформација Δl во правец на дејствување на силата F со помош
на Casteliagnovаta теорема.
Во произволниот пресек Р-Р моментот на свиткување е:
1
M =M 0− F∗R(1−cosφ)
2
Вкупната енергија на деформацијата на прстенот е еднаква на збирот на
енергија на четири симетрични четвртини на телото на динамометарот.
φ
M2 R
0

А=4 ∫ dφ
0
2E I z
Kаде:E-модул на еластичност,М-момент во произволниот пресек,Iz –момент на
инерција на пресекот.
Бидејќи пресекот P-P останува недеформиран,наклонот на еластичната линија
∂А
еднаков е на нула, =0 ,па е:
∂М
1 1∗sin φ 0
M 0= FR
2 ( )
φ0
a деформацијата во правец на дејствување на силата
3
∂ A (F R ) 1 1 sin 2 φ0
∆ l=
∂F
= ( φ + sin2 φ 0−
E Iz 2 0 4 ) φ0
Крутоста на динамометарот како еластично тело се пресметува според
изразот:
F EI
K= = 3 z
∆l R Ф0
Во зависност од вредноста на дебелината на динамометарот(h),за φ=670 и
Ф0 =0,043 дадени се вредностите за крутоста на динамометарот во тебела 2.

Табела 2.Крутост на динамометрите


Динамометрите можат да се користат за мерење на компонентите за отпор на
режење на секоја од тие компоненти може посебно да се измери на основа на
деформацијата која ја предизвикува.За мерење на секоја компонента се
формира посебен спрег.

9.Електромагнетни динамометри
Освен електричните се користат и електромагнетни динамометри кои работат
на индуктивен принцип. Според конструкцијата можат да бидат динамометри
со:
- мембрана,
- цевни елементи и
- прстенести еластични членови.
На сл.9 прикажана е ќелија на оптоварување со електромагнетна компензација
на сила.

Слика 9.а)Електромагнетна компензација на сила,б)индуктивен динамометар


со мембрана,1-тело,2-мембран,3-стап,4-јадро,5-калем
10.Капацитивни динамометри
Со дејство на сила на капацитивни мерни претворувачи, капацитетот на
кондензаторот се менува (сл.10). најчесто се користат претворувачи за сила со
мембрана, со прстенести членови и цевни еластични членови.

слика 10.Капацитивни претворувачи на сила


Капацитивните претворувачи на сила се користат за мерење на сила од 10N до
10 МN. Имаат мали димензии, па се погодни за вградување на ограничени
простори, имаат сила на триење и отпорни сили.
11.Хидраулични и пнеуматски динамометри
Ако силата се нанесува на една страна или мембрана, а на другата страна
дејствува одреден притисок, треба да се воспостави рамнотежа на силата.На
тој принцип работат хидрауличките пнеуматски претворувачи за сила(сл.11).
Слика 11.Пресеци на хидрулични и пнеуматски ќелии за сила
Клипот на хидрауличниот динамометар не ги допира ѕидовите на мерната
ќелија. Кога мерната сила делува на мембраната таа се поместува и со тоа го
доведува во движење клипот кој може да врши мало движење. Поместувањата
на клипот можат понатаму да се трансформираа во сигнал кој се мери и дава
информација за величината на силата-оптоварување или притисок.Oвие
претворувачи се со голем капацитет 22MN и точност ±0,5%.Осетливи се на
температурни промени што може да се реши со поставување на
нула.Температурните промени во текот на мерењето да внесат грешка од
0,25% со 10 степени промена на температурата.
Пневматската ќелија е слична на хидрауличната и работи на сличен начин.
Разликата е во медиумот кој во овој случај е гасовит.Пневматските ќелии
користат мембрана за воспоставување на рамнотежа, наместо клипови.
Промените на оптоварувањата се големи,па мерната мембрана мора да се
урамнотежува постепено.

12.Мерни траки
Mерните траки работат на принципот на промена на отпорот на
отпорните жици при нивно истегнување.Траката се состои од
отпорна жица завиткана како на сликата 12 .Ако траката се
истегне се зголемува должината на жицата,а со тоа и
отпорноста.Промената на отпорноста се мере со помош на
мерени мостови.На следната слика(слика13) е прикажен еден
од можноста за мерење на силата.Како еластичен елемент се
користи еластична греда,а траките се се поставуваат во
пaрови.Овој уред може да се користи и за мерење на момент.
сл12.Мерна трака
Во случај на дејстување на сила,траките 1 ’ и 2’
ќе се издолжат,а траките 1’’ и 2’’ќе се
намалат.Парот 1’ и 1’’ ja одредуваат
деформацијата на левата страна на гредата
додека другиот пар ја одредува деформацијата
на десниот дел.Траките кој се дел од парот се
Сл.13Мерење на сила врзуваат диференцијално за да се постигне
температурска и друга компензација.Промена на отпорноста тогаш е:
R=R '' −R ' =R+ R' ' −( R−R )=R' ' + R'
Имаме повеќе типови на мерни траки:
-Намотани проводници
-Метални фолии
-Металени филмови(метализација)
-Мерни траки од полупроводнички матрејали
Најчести матрејали од кој се изработуваат овие мерни треки се легурите на
база на бакар и никел.Овие легури имаа добри електрични и термички
карактеристики,осетливост приближно 2,можат да се користат во темпертурен
опсег до околу 3000C.Можат да се изработат од легури на база на
платина,најчесто се користат за мерење во опсег на високи температури од
околу 10000C.Oсетливост од околу 6,голем термички коефициент како и мала
специфична отпорност.Најчесто легурите на платина се со волфранот и
иридиумот.Исто така полупроводничките траки можат да се изработат од
полуроводнички траки на база на силициум.
Главни карактеристики на мерните траки се отпорноста која најчесто е над 100
Ω,отпорноста во неоптоварена состојба која се означува со R0,коефициент на
термичка отпорност,коефициент на термичко ширење,еластичност,осетливоста
која е приближно 2 а кај некои матрејали таа достигнува и до 6.Осетливоста се
означува со k и може да се пресмета како :
∆R ∆l ∆ R∗l
=k =¿ k =
R l ∆ l∗R
Темпертурен опсег на работа е од -50 0C до 1500C,опсегот на мерење е од 0,5
до 5x106kg,точноста кај овие сензори достигнува до 0,02% од целата
сила,цената на овие сензори се движи од 50 до 7500 $.
Мерните траки се прицврстуваат на порвшини изработени од епоксидна смола
или се поставуваат на керамички слој.Од квалитетот на смолата и од самото
монтирање зависи квалитетот на мерењето.Мерните траки се поврзуваат со
винстонов мост.Ако термичките коефициенти на траката и подлогата не се
еднакви,при промена на температурата се јавува грешка во мерењето која
мора да се компензира.Исто така кај мерните траки пожелно е да имаат што
поголема должина,а што е можен помал попречен пресек,за осетливоста да
биде поголема.Друго нешто на што треба да се внимава е тоа да мерните
ќелии(подлогата на која се прицврстуваат мерните траки) имаат линиарна
деформација во однос со силата која дејствува на нив,за да деформацијата кај
мерните траки биде линеарна со применетата сила.Мерните траки се
поставуваат на ќелиите при самата изработка.Силата со која можат да се
оптоварат овие сензори не зависи од мерните траки туку од самите ќелии
13.Магнетоеластични сензори
Тие работат на принцип на инверзен магнетострикциски ефект,кој представува
промена на состојбата на магнетизираниот материјал под влијание на
механички напрегања. Како материјал за изработка на овие сензори се
употребуваат легури на железо и никел со соджина на никел 50-70%,легури на
железо и силициум до 2-4% и специјални легури на железо и алуминиум. По
начинот на работа разликуваме активни,параметарски и анизотропски
сензори.Кај активните магнетоеластични сензори еластичниот елемент е
постојан магнет со n навои. ,механичкото напрегање σ кое настанува под
дејство на силата F предизвикува промена на магнетната индукција за
вредност
1 dF dF
U =−n a B =k ; ∆ B=f (σ ) ≈ aB σ
S dt dt
па во намотките се индуцира напон
Параметарските магнетоеластични сензори имаат константно магнетно поле,но
магнетната пермеабилност се менува заради дејството на силата. Кај
анзиотропските сензори еластичниот елемент е така направен да сликата од
магнетното поле се поместува во просторот под дејство на силата. Елементот
има два навоја:побуден кој служи за создавање на магнетно поле и другиот е
излезен,на него се добива излезниот напон. Во техничката пракса најповеќе се
користат кога полињата се под агол од 450,900 и 00.
Се користат за мерење на големи сили,мерење на тежината на големи возила
како и во погоните за валење.
14.Пиезоелектрични сензори за сила
Постојат два типа на пиезоелектрични сензори за сила:
-директна примена на пиезоелектричниот ефект-можност за мерење на
променлива сила
-кварцен осцилатор-можност за мерење на статичка сила
При директна примена на пиезо електричниот ефект,сигналот е присутен само
во кратки временски интервали после воспоставување на побудата.Иако можат
да се мерат споропроменлви сили,воглавном се користат за мерење на сила
при удари или експлозија.Постои и таква реализација со која може да се
одредат сите три компоненти на силата.Секој од претворувачите реагира на
само еден равец во кој делува силата.Кристалите се во облик на диск.

слика14.Пиезоелектичен сензор за мерење на сила


За мерење на статичката сила може да се користи конфигурација во која
пизоелектричниот претворувач може да се користи како осцилатор на
електричното коло.Резонантната фреквенција е дадена со следниот израз:
n ρ
f n=

2l c
Kаде l е карактеристичната димензија на кристалот(во тој правец се јавува
осцилациите),ρ ја преставува густината на кристалот,а c модул кој го опишува
оптоварувањето(Young модул).Кај овој сензор промената на фреквенцијата
настанува поради деформација на кристалот при дејствување на сила.Освен
промената на l се менуваат и c и ρ,но тие промени се занемарливи.При
демензионирање на овој сензор,оската на пресек и фреквенцијата на
осцилациите се бираат така да кристалот има што помала осетливост на
механичко оптоварување.
Можно е да се направи сензор,со одлична осетливост во мал опсег:11 бита во
опсег од 0 до 1.5kg.

сл15.мерење на статичка сила


При дејствување на сила се јавува промена на фреквенцијата која е дадена со
следниот израз:
K f0n
∆ f= F
l
Kаде K е константа.За да се оствари компензација поради влијанието на
температурата,се користи диференцијална метода,т.е. се одзема промената на
фреквенцијата на двата претворувачи,при што само еден е изложен на
делувањето на силата.
При реализацијата на сензорот треда да се исполнат две контрадикторни
барања:
-Q фактор на резонаторот треба да е што поголем,т.е. треба да се намали
влијанието на околината.
-Промената на фреквенцијата проследено со промената на силата исто така
треба да е голема што бара директно пренесување на надворешната сила на
сензорот.
15.Мерење на моментот на силата
Моментот на силата T преставува акција која пробува да изврши ротационо
движење,најчесто на некој осовина.T=FxL,каде F е силата,а L е кракот на таа
сила.Кога се моментот примени на едниот крај на осовината,другиот крај се
обично врте.Интензитетот на оваа сила може да се мери на три начини:
-Oдредувањето на оптоварувањето на осовината
-Мерење на разиликата на аголното поместување на двата краја на осовината
-Одредување на промените на магнетните особини на феромагнетниот
матрејал од кои е направена осовината,при оптоварување на самата осовина
Мерење со помош на мерни траки
Сл16.Мерење на моментот на силата
Мерните траки се поставуваат под агол од 45 0 .Две траки се собираат а две
истегнуваат.Траките со поврзуваат во винстонов мост.Сигналот добиен од
мерните траки треба да се пренесе до индикаторот.
Постојат три начини:
-Директно поврзување-со помош на четкици,сличен пример како кај
електромоторите.Се користат за брзини до 30m/s.
-Ротациони трансформатори-мостот се напојува со помош на осцилаторот кој
преставува примар.Излениот сигнал од мостот се користи како примар на
другиот трансформатор ,при што амплитудата зависи од мерниот момент на
сила.

Сл17.Пренос на сигналот
Мерење на аголните разлики поради оптоварувањето на две различни
локации долж осовината можно е да се одреди моментот на силата и
T
бесконтактното да се пренесе информацијата за вредноста на силата:∆ φ 4
R
Трет начин на пренос на информацијата за вредноста на моментот на силата е
пренос на сигналот по безжичен пат.
16.Заклучот

Мерењето е една од најважните активности во сите сфери од животот како


наука, трговија, комуникација, транспорт, здравје и јавна безбедност. Сензорот
е уред кој детектира и реагира на сигнал или стимулација, додека мерен
претворувач е уред кој ја претвора влезната енергија од еден облик во излезна
енергија со друг облик.
Mерењето на силата може да се заснова на два различни пристапа.Во првиот
пристап,се користат матрејали кои под дејство на силата,односно кога се
механички оптоварени ,менуваат некоја своја карактеристика,на пример
електричен отпор,диелектрична константа итн.Другиот пристап се заснова на
мерење на еластичната деформација
Мерењето на силата е присутно во роботиката,градежниството,електричните
машини,медицината,петрохемиската индустрија и др.Сензорите за силата се
едни од најкористените сензори,без нивно присуство не можеме да замислиме
ниту еден автоматизиран производствен процес.Автоматизацијата на
процесите гарантира висок квалитет и брзо и доверливо
производство.Сензорите за сила со комбинација со индустриската мерна
електроника се користи за контрола:процесот на пресување,процесот на
обликување на матрејалот,дијаграм на силата во текот на
производството.Друга примена на овие сензори е во авионската,железничката
и автомобилската индустрија.Контролата на квалитетот и испитувањето на
својствата на матрејалите е уште една област каде што овие сензори наоѓаат
голема примена.Kако пример за употреба на овој сензор во автомобилската
индустрија е мерење на силата која ја создава сигурниот појас при кочење.Во
медицинта се користат за испитување на распределбата на сила на стопалото
при движење,за реализација на системот на балансирање на вештачкото
колено.Се користат и во екраните осетливи на допир.
Исто така овие сензори се користат во комерцијалните возила,како што е
одредување на силата на тркалата,одредување на тежината на луѓето во
возилата заради дозволента безбедна тежина,управување со серво
моментот,моментот кој се состава при кочење,кај електронски контролираниот
кочен систем,мерење на оптоварувањето на осовината заради дистрибуција на
електронската контролирана сила на кочење.
17.Kористена литература
1.Senzori robota
2.Tehnicko razvojni centar
3.Fizicko-tehnicki merenja
4.Сензори,Актуатори и процеси
5.Мерење и мерни инструменти-Доц.д-р Братица Темелкоска

You might also like