You are on page 1of 15

TEHNI^KI FAKULTET BITOLA

студиска програма
MA[INSKI OTSEK

MA[INSKI ELEMENTI 1
VOVED
ПОДЕЛБА НА ОПШТИТЕ МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ
Стандарди - поим, видови, ознака
ПОИМ: Стандардите се еднообразни технички прописи на национално (државно)
и на интернационално ниво кои имаат значење на закон

ЦЕЛИ: Стандардите овозможуваат низа на позитивни ефекти како што се подобрувањето на


квалитетот на производите, разменливост на деловите, поедноставување на производството
и процесот на конструирање, пониска цена како и отстранување на спорните прашања на
релација производител - корисник. Производот што ги задоволува стандардите е прифатлив
и економичен за експлоатација и одржување.

ВИДОВИ И ОЗНАКА:
 Национални : ЈУС (ex Југославија), ДИН (Германија), ГОСТ (Русија), НФ (Франција) итн


Интернационални: ISO (International Standarding Organization)

ОЗНАКИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СТАНДАРД


Во Македонија како национален стандард е ЈУС согласно со минатото учество во создавањето
на овој стандард во заедничката Федерација. Во недостаток на некои одредби кои ЈУС
стандардот не ги опфаќа, се користат одредбите од ДИН стандардот.
Ознаката на ЈУС стандардот се состои од алфанумерички знакови во облик ЈУС Х.ХХ.ХХХ.

Првата Х ознака се однесува на областа на стандардизација; за машинство важи буквата М.


Другата група од две ХХ ја сочинува ознаката на група стандарди на пр. А1,Б3,Ц2 итн. Третата
група од три ХХХ резервирана е за редниот број на стандардот (пр. ЈУС М.Б1.120).
Толеранции
Под поимот толеранции се подразбира отстапување на некоја
големина или параметар во однос на точната вредност.
Толеранциите се неминовна потреба при конструирање и
изработка на машинските делови и се пропишани со стандарди.

Со стандардите се предвидени:
 толеранции на должински мери;

 толеранции на обликот и положбата на површините и

оските на деловите;
 толеранции на квалитетот (рапавоста) на обработената

површина;
Толеранции на должински мери
На сликата се прикажани:
 Надворешна мера S - мера која при мерењето
може да се опфати со пипките на мерниот
инструмент (шублер или сл.)
 Внатрешна мера U - која при мерењето ги опфаќа
пипките на мерниот инструмент;
 Неодредени мери N - не се ниту надворешни ниту
внатрешни, а можат да бидат и длабочински;
Основни големини на толеранциите
 Номинална мера D е мера што служи како основа за дефинирање на граничните мери и отстапувањата;
 Стварната мера Ds,ds е мера која се определува преку мерење на изработениот дел;
 Најголемата мера Dg,dg и најмалата мера Dd,dd се мери што како максимални и минимални може да
ги има стварната мера;
 Алгебарската разлика на било која мера (стварната, горната или долната) претставува отстапување -
долно или горно стварно отстапување;
 Ако отстапувањето на надворешните мери се означи со мала буква а, а внатрешното со голема буква А,
тогаш постојат следните отстапувања:
 стварно отстапување as=ds-Ds или As=Ds-D;
 горно отстапување ag=dg-D или Ag=Dg-D;
 долно отстапување ad=dd-D или Ad=Dd-D
 Толеранција е разлика меѓу горната и долната гранична мера, односно алгебарска разлика меѓу горното
и долното отстапување. За надворешните мери се означува со To а за внатрешни TT,т.е. To=dg-dd, или
TT=Dg-Dd;
 Толеранциско поле е подрачјето опфатено помеѓу две линии што претставуваат граници на
толеранциите а дефинирано е со големината на толеранцијата и нејзината положба во однос на нултата
линија;
 Нулта линија е права линија од која се нанесуваат отстапувањата: позитивните над неа а негативните
под неа; при графичко прикажување, нултата линија одговара на номиналната мера;
Положби на толеранциските полиња:
а)внатрешна мера б)надворешна мера
Налегнувања
Налегнување образуваат два дела од еден склоп (отвор и чеп) со исти номинални мери..
Во зависност од односот на мерите на двата дела од склопот, налегнувањето може да
биде со зазор, со преклоп или може да биде неизвесно.
Зазор е разлика меѓу мерите на отвор и чеп пред спојување, ако таа разлика е
позитивна (сл.5)
Преклоп е разлика меѓу мерата на отворот и чепот, ако таа разлика е негативна (сл.6)

Неизвесно налегнување е она кое може да биде и зазор и преклоп, во зависност од


изработката;
Во конструирањето најчесто се применуваат два ИСО системи за толеранции и налегања
(сл.6):
Толеранциската мера се означува на тој начин што пред номиналната мера се става
буква што ја означува положбата на толеранциското поле и број кој го означува
квалитетот на толеранцијата, како на пример:
 f50H8/f7, f50H8/f7
Основни принципи за пресметка на
машинските елементи
Основната цел при пресметката на машинските елементи е да се определат
потребните димензии на деловите или да се изберат стaндардни димензии на
деловите од соодветни стандардни фамилии (множества) за претходно
дефинирани работни услови.Исто така, најчесто е потребно да се направи и
анализа на сигурноста, односно способноста на машинските делови да извршуваат
определена функција во претходно дефинирани работни услови.

Постапката за остварување на овие основни цели во глобала може да се дефинира со следните


општи чекори:
 1.Прв чекор :дефинирање на работните оптоварувања на машинските елементи
Во овој чекор се дефинираат сите работни оптоварувања, т.е. се апроксимираат со сили и
спрегови на сили, се дефинираат нивните нападни точки, правец, насока на дејствување како и
интензитетот на оптоварувањата;
 2.Втор чекор: дефинирање на работните напони во машинските елементи
Во овој чекор сите работни оптоварувања се сведуваат на карактеристичните пресеци на делот и
се определуваат работните напони според видот и карактерот, т.е. рамнина на дејствување; при
димензионирањето, работните напони не се познати бидејќи не се определени димензиите на
карактеристичните пресеци на делот;
 3.Трет чекор: избор на материјал за делот и дефинирање на критичните напони
Во овој чекор се врши избор на материјалот со соодветни механички карактеристики, т.е.
критичните напони што може да ги издржи тој материјал без последици од разорување;
 4.Четврт чекор: димензионирање на машинскиот елемент
Во овој чекор се врши споредба на работните и критичните напони и се решаваат непознатите
димензии на попречните пресеци на машинскиот елемент, со конечно усвојување на истите преку
заокружување на стандардни броеви;
 5.Петти чекор: се пресметуваат стварните работни напони во машинските елементи
Овој чекор овозможува дефинирање на стварните вредности на работните напони за дефинирани
работни оптоварувања и веќе познати и усвоени димензии на делот;
 6.Шести чекор: дефинирање на степенот на сигурност на машинскиот дел
Преку споредба на критичните и стварните работни напони, се определуваат степените на
сигурност по основ на разнородните напони во машинскиот дел и се дава конечна оцена за
неговата издржливост;
Работни оптоварувања на машинските елементи

Видови на промени на оптоварувања:


а)статичко b)хармониско променливо, c)ударно, d)случајно
Работни напони во машинските делови
 Работните оптоварувања предизвикуваат одредени напрегнувања на машинските
делови. Според тоа, под поимот напрегнување се подразбира состојба на машинскиот
дел под дејство на надворешни оптоварувања.
 Напрегнувањата можат да бида аксијални (истегнување/збивање), свиткување,
усукување (торзија) и смолкнување. Освен овие видови на напрегнувања, доста често
се јавува комбинација на истовремено дејствување во пресеците на машинските делови
на две или повеќе видови напрегнувања и таа состојба е наречена сложено
напрегнување.
 Напон е внатрешен отпор во материјалот на делот сведен на единица површина на
попречниот пресек. На секое напрегнување одговара определена распределба на
напони по површината на попречниот пресек (сл.9)

Распределба на напони за прости напрегнувања


а) распределба на номинални напони б)геометриска концентрација на
напони
Видови на циклични промени на работните напони

 За мерка на овие промени се користи коефициентот на асиметрија на циклусот

 Ако е 0<R<1, напонот е едносмерно променлив со преднапонот. При R=0 напонот е


чисто или почетно едносмерно променлив, а за -1<R<0, асиметрично променлив. За
R=-1 напонот е наизменично (симетрично) променлив, т.е. σd=-σg. За σd=σg
амплитудата σa=0, R=1 што одговара на статички напон.
Критични напони кај машинските делови
Критичен напон за константен работен напон
Критични напони кај машинските делови

Критични напони за променлив работен напон - динамичка издржливост

сл.12а. Велерова крива: а) во природен координатен систем, б)логаритамски


Степен на сигурност

Сигурноста на работниот дел против појава на критична состојба што


овозможува појава на лом на делот е обезбедена кога е работниот напон
помал од критичниот напон. Како показател на сигурноста на машинските
делови се користи степенот на сигурност како однос на критичниот [σ] и
работниот напон σ:

Се смета дека е доволна онаа вредност на пресметаниот


степен на сигурност која го обезбедува условот:
работниот напон мора да биде помал од критичниот
напон и при најмала можна вредност на критичниот и
најголема можна вредност на работниот напон.

You might also like