You are on page 1of 3

Скопје, 16.09.

2019
год.

Предмет: Забелешки на Основен проект за Реконструкција на


110/35 kV ТС Прилеп 1

Како надополнување на Состанокот одржан на 13.09.2019 год.


одржан помеѓу АД МЕПСО и ЕЛТЕК ДОО Скопје, а кој се однесува на
реконструкција на ТС Прилеп 1, во продолжение следат забелешките
на Основниот проект во делот за мерење на електрична енергија.
Сите забелешки треба да се имплементираат во Основниот проект.

1. ТЕХНИЧКИ ПРЕСМЕТКИ- Проверка на Мерни


Трансформатори за Броила

Струјни трансформатори

-Во точка 1.1 Струјни трансформатори за препорачано оптоварување


на струјните трансформатори во мерна точка земено е мин 25% од
номинална секундарна моќност.

Во Мрежни правила одобрени од РКЕ во член 116 став 7 стои:

(7) Вкупното оптоварување на секое секундарното јадро на СМТР,


вклучувајќи ги и секундарните струјни врски, треба да биде од 20%-
100% од номиналнaта моќност на јадрото.

Односно доволно е 20% од номиналниот товар.


Да се поправи.

Напонски трансформатори

-Точка 1.2 Напонски трансформатори во текстот стои: ....„Со цел да


се обезбеди правилно функционирање на струјните
трансформатори“,..

Текстот се однесува на напонски трансформатори, да се поправи и


да се дадат основните формули за проверка на напонските
трансформатори како во Точка 1.1 за струјните трансформатори, и да
се даде формулата за пресметка на падот на напон.

Односно, за НМТР треба да се провери и номиналната оптовареност


на секундарната намотка и падот на напон, согласно Мрежни
правила член 117 став 5 и 6.

(5) Падот на напон од НМТР до броило (ΔU) мора да биде ≤0,05% од


секундарниот номинален напон на НМТР ако е приклучено броило со
класа на точност 0,2s, односно ΔU≤0,1% во случај кога е приклучено
броило со класа на точност 0,5s. Напречниот пресек на проводниците
на напонските мерни кола се бира согласно претходното.
(6) Вкупното оптоварување на секое секундарното јадро на НМТР,
вклучувајќи го и приклучниот кабел, треба да биде од 20%-100% од
номиналнaта моќност на јадрото.

Пресметките за оптовареноста на секундарната намотка за мерење


да се прикажат за секое поле и при тоа да се земе во предвид само
броилото, односно неговата напонска намотка. Ова произлегува од
тоа дека во ТС Прилеп 1 се менуваат и каблите од високонапонската
мерна опрема

Да се земе претходново во предвид и да се поправи.

2. Ормар за мерење = MC1+MC1

-стр 11, бр. на документ Е02-621/721 раставувачот-осигурувач –S1 е


3p+N, 20A и во струјното коло е после осигурувачот-F1.

Да се промени со раставувач (без заштита) или гребенаста склопка –


S1 3p+N, 16A; 400V~. Да се постави како прв елемент во струјното АC
коло, пред осигурувачот –F1

-стр 11, бр. на документ Е02-621/721 осигурувачот –F1 e 3p+N, 20A, во


струјното коло пред –S1 и N не оди преку негов контакт.

Да се промени во осигурувач –F1 3p+N, 16А; 400V~. Заштита на сите


3 фази, а N да се води преку контакт во F1 без заштита. Во струјното
коло да се постави веднаш после раставувачот или гребен –S1.

-стр 12, бр. на документ Е02-621/721 раставувачот-осигурувач –S01 е


2p, 16A и во струјното коло е после осигурувачот-F01.

Да се промени со раставувач (без заштита) или гребенаста склопка –


S01 2p, 16A; 230VDC. Да се постави како прв елемент во струјното DC
коло, пред осигурувачот –F01

-стр 12, бр. на документ Е02-621/721 осигурувачот –F01 e 2p, 16A, во


струјното коло пред –S01.

Да се промени, во струјното коло да се постави веднаш после


раставувачот или гребен –S01.

3. AC и DC разводни ормари за напојување


Согласно Точка 2:

-Во AC разводниот ормар, напојниот осигурувач FMC1 3p, 6A за


ормарот за МЕЕ, да се преправи во FMC1 3p, 20A.

-Во DC разводниот ормар, напојниот осигурувач FMC1 2p, 25A за


ормарот за МЕЕ, да се преправи во FMC1 2p, 20A.

4. Забелешки од состанокот одржан на 27.08.2019 год.

- Секундарните мерни напони да се носат дополнително преку Q1m


за Систем 1 и Q2m за Систем 2

- Да се обезбеди сигнализација за SKADA платформата од заштитните


автомати за мерните напони од Систем 1 и Систем 2

-Да се усогласат ознаките на приклучните клеми за мерните напони


во шемите за MC1(Омар за мерење) и E04 (Напонски мерни
трансформатори).

Поздрав,

Членови на работна група

Зоран Митиќ
Зоран Јовановски

You might also like