You are on page 1of 6

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ

Охрид, 7–9 октомври 2007

Сашо Наневски
Весна-Сап дооел Скопје

СИСТЕМ ЗА НЕПРЕКИНАТО НАПОЈУВАЊЕ НА КОМАНДЕН УРЕД ВО


ТРАФОСТАНИЦА

КУСА СОДРЖИНА
Во современите струјни кругови во кои е инсталирана стационарна оловно киселинска
батерија, сигурноста на правилна работа на тие струјни кругови во голема мера зависи и од работата
на стационарната оловно киселинска батерија во различни режими на работа.
Како ќе работи стационарната оловно киселинска батерија во струјните кругови во голема
мера зависи од капацитетот на стационарната оловно киселинска батерија.
Капацитетот на стационарните оловно киселински батерии зависи од физичко хемиските
особини и од режимот на експлоатација на стационарните оловно киселински батерии.
Во овој труд накратко е објаснет системот за непрекинато напојување на команден уред во
трафостаница. Тој е составен од неколку делови, и тоа:
1. функција на стационарната оловно киселинска батерија во системот за непрекинато
напојување,
2. склоп на системот за непрекинато напојување,
3. одредување на капацитетот на стационарната оловно киселинска батерија.
Клучни зборови: стационарна оловно киселинска батерија, уред за полнење – исправувач, уред за
празнење, капацитет на батерија.
ABSTRACT
In the modern current circuits in which the stationary lead acid battery is installed, the reliability of
proper work of the current circuits is mainly dependent on the work of the stationary lead acid battery in
different regimes of work.
How will the stationary lead acid battery work in the current circuits mainly depending on the
capacity of the stationary lead acid battery.
The capacity of the stationary lead acid battery depends of the physical and chemical characteristics
and from the term of the exploitation of the stationary lead acid battery.
In this work in short terms it is explained the system for uninterruptible charging on unit for
commanding in a transformer station.
It is concluded of a few parts, as following:
1. function of stationary lead acid battery in a system for uninterruptible charging,
2. parts of the system for uninterruptible charging,
3. measuring of the capacity of the stationary lead acid battery.
Keywords: stationary lead acid battery, charging unit – rectifier, discharging unit, capacity of the battery.
1 ВОВЕД

B4-07R 1/6
MAKO CIGRE 2007 B4-07R 2/6

Во современите струјни кругови во кои е инсталирана стационарна оловно киселинска


батерија, сигурноста на правилна работа на тие струјни кругови во голема мера зависи и од работата
на стационарната оловно киселинска батерија во различни режими на работа.
Како ќе работи стационарната оловно киселинска батерија во струјните кругови во голема
мера зависи од капацитетот на стационарната оловно киселинска батерија.
Капацитетот на стационарните оловно киселински батерии зависи од физичко хемиските
особини и од режимот на експлоатација на стационарните оловно киселински батерии.
Во продолжение накратко ќе се претстават основните составни делови на уредот.

2 СТРУКТУРА НА УРЕДОТ
Стационарните оловно киселински батерии претставуваат извор на електрична енергија во
облик на еднонасочна струја за стационарни уреди. Нивното подрачје на примена е огромно. Во
нашиот случај е битно да напоменеме дека се употребуваат за снабдување со енергија на командните
уреди за активирање на прекинувачи и склопни механизми кај разни станици за снабдување со
електрична енергија (електрани, трафостаници), командни уреди во индустријата и на други места.
Постојат повеќе видови на стационарни оловно киселински батерии, и тоа во зависност од
видот на плочите се делат на:
• Батерии со пастирани електроди,
• Батерии со позитивна цевкаста електрода и негативна пастирана електрода,
Според видот на електролитот, батериите се делат на:
• Батерии со електролит кои спаѓаат во батерии со одржување, и
• Батерии со АГМ или желатинска изведба кои спаѓаат во батерии без одржување.
Во овој труд ќе биде претставена најчесто употребуваната, и најдокажаната според
долæината на векот на експлоатација, стационарна батерија која е изведена со позитивна цевкаста
електрода и негативна пастирана електрода и која содржи електролит.
Секоја стационарна батерија се состои од повеќе келии, спојници, постолје на батеријата.
Секоја ќелија се состои од позитивни цевкасти електроди, негативни пастирани електроди,
сепаратори, кутија, поклопец, чеп, полови изводи, електролит. Позитивните и негативните електроди
се споени со мостови и на мостовите се изведени полови изводи. Електродите меѓусебно се одвоени
со сепаратори. Ваквите споеви се поставуваат во специјални кутии кои потоа се затвараат со
поклопец. На крај ќелијата се полни со електролит кој претставува разредена сулфурна киселина со
густина од 1,24 kg/l при 20 степени целзиусови и максимално дозволено ниво на електролит.
И покрај тоа што оваа стационарна батерија спаѓа во групата на батерии со одржување сепак
тоа одржување во текот на годината е минимално, и најчесто се состои од долевање на дестилирана
вода во секоја ќелија поединечно во зависност од потрошениот електролит. За разлика од неа
батериите кои спаѓаат во групата на батерии без одржување имаат посебни критериуми при кои тие
може да работат правилно. Имено истите мора да се полнат со специјален исправувач со
температурана компензација, или да се инсталирани во просторија која е климатизирана. Во
спротивно бидејќи истите се херметички затворени при несоодветно полнење или при несоодветни
температури на експлоатација може да дојде до нивно оштетување, а потоа истите не може да се
сервисираат и е потребно да се заменат со нови. Исто така бројот на циклуси на батериите без
одржување е многу помал од бројот на циклуси на батериите со одржување, а од бројот на циклуси
директно е зависен векот на експлоатација на батериите.
Системот за непрекинато напојување се состои од:
• Стационарна оловно киселинска батерија, и
• Уред за полнење (исправувач).
MAKO CIGRE 2007 B4-07R 3/6

На слика 1 е прикажан трифазен мостен полууправлив исправувач кој се користи за полнење


на стационарна батерија.

(а) надворешен изглед (б) внатрешен изглед


Слика 1. Уред за полнење на батерија - исправувач,

3 РЕÆИМИ НА РАБОТА НА УРЕДОТ


Во општ случај, се применуваат два вида на погон исправувач и стационарна батерија, и тоа:
3.1. Батериски погон
Батериски погон е кога потрошувачите се напојуваат исклучиво од стационарната батерија,
додека при полнење на стационарната батерија потрошувачите се исклучени.
3.2. Паралелен погон
Паралелен погон е кога исправувачот, стационарната батерија и потрошувачот се постојано
паралелно приклуËени. Тоа е типична примена на регулиран исправувач што напојува стационарна
батерија во електроенергетски постројки со разлиËна намена. При тоа се применуваат две подгрупи
на паралелниот погон:
3.2.1. Пуфер погон
Пуфер погон е паралелен погон кај кој стационарната батерија ги напојува потрошувачите
само при врвни оптоварувања.
Кај овој режим на работа за да не дојде до сулфатизација на плочите потребно е еднаш
месечно стационарната батерија да се полни за изедначување. Тоа може да се постигне на два начина
и тоа:
MAKO CIGRE 2007 B4-07R 4/6

• Полнење на батеријата со едночасовни паузи со струја од 0,4 x I10 се додека


специфичната маса на електролитот и напонот на ќелијата во рок од 4 часа не
растат повеќе, и
• Непрекинато полнење на батеријата 48 часа со струја 0,2 x I10.
3.2.2. Припремен паралелен погон
Припремен погон е паралелен погон кај кој стационарната батерија е паралелно приклучена
на исправувачот и потрошувачот, и истата служи како резерва во случај на испад на мрежниот напон.
Овој погон е најчесто применуван погон.
Кај овој режим на работа стационарната батерија се полни со напон на одржување 2,23-2,25
V/ќелија. Во случај на брзо полнење може стационарната батерија да се полни со напон 2,35-2,40
V/ќелија во рок од 3 до 5 часа, а потоа кога ќе се постигне тој напон стационарната батерија
продолжува да се полни со напон на одржување.

4. КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАТЕРИЈАТА
Во зависност од командниот напон, како и од постројката каде се употребува системот за
непрекинато напојување, се одредува и типот на батеријата и исправувачот.
Кај нас најчесто употребувани командни напони се 110V и 220V.
Основна карактеристика на стационарната оловно киселинска батерија е капацитетот. Од
капацитетот на батеријата може да се констатира исправноста на батеријата во системот. Затоа
неговото мерење на одреден временски период ни дава информација за состојбата на батеријата, а со
тоа и за состојбата на системот за непрекинато напојување.
Капацитетот на батеријата се изразува во Ah (ампер час). Всушност капацитетот е производ
на струјата и времето на празнење, формула (1). Неговата величина се добива со празнење со
константна струја до одреден краен напон, при што се мери времето потребно да напонот падне на
граница пропишана од произведувачот.
C = 1⋅ t (Ah ) (1)
каде што е:
• C е капацитет на батеријата во (Ah),
• I е струјата на празнење во (A), и
• t е времето на празнење во (h).
За стационарни батерии за номинален капацитет е усвоен капацитет за 10 часовен режим на
празнење по DIN 43539 дел 4.
Најбитни фактори кои влијаат врз капацитетот на батеријата се:
• Степенот, т.е. режимот на празнење,
• Крајниот напон на празнење,
• Температура на батеријата,
• Содржина и квалитет на активен материјал,
• Конструкција и број на плочи,
• Волумен и специфична маса на електролит,
• Период на експлоатација.
Како што напоменавме батериите најчесто работат во припремен паралелен погон, т.е.
најчесто се во фаза на мирување, и оттука произлегува дека е препорачливо истите еднаш годишно да
се испитаат, односно да им се одреди капацитетот.
За определување на капацитетот на батеријата може да се употреби посебен уред за празнење
на батеријата, прикажан на слика 2. На сликата 3. е прикажана командната табла на уредот.
MAKO CIGRE 2007 B4-07R 5/6

(а) поглед од напред (б) внатрешен изглед на уредот


Слика 2. Уред за празнење на батерија

Слика 3. Командна табла на уредот за празнење на батерија

Со уредот се врши длабинско празнење на батеријата со што се одредува нејзиниот


капацитет. На командната табла се внесува напонот на батеријата во (V), минималниот напон по
ќелија (најËесто 1,8 V/ќелија), како и струјата на празнење во (A) која е зададена од производителот
на батеријата. Најдобро е да се врши десетчасовно празнење на батеријата со зададената струја од
производителот I10 во (A).
Пред да се започне со празнење е потребно стационарната батерија да се исклучи од системот,
и истата да се замени со мобилна стационарна батерија додека се врши празнењето, за да бидеме
сигурни дека и да се случи прекин на електричната енергија командните уреди ќе можат да
функционираат како не би дошло до дефекти.
MAKO CIGRE 2007 B4-07R 6/6

Потоа се запишуваат напоните на сите ќелии поединечно. Кога ќе се вклучи уредот за


празнење на батеријата се мери напонот на сите ќелии на секој час и се запишува во претходно
изготвена табела, а исто така се запишува и капацитетот на батеријата изразен во (Ah).
Доколку некоја ќелија падне на минимален напон по ќелија пред да се постигне номиналниот
капацитет на батеријата, истата се премостува и се продолжува со празнењето се до постигнување на
номиналниот капацитет на батеријата.
Врз основа на добиентите резултати од мерењето на капацитетот може да се констатира
квалитетот на батеријата, т.е дали батеријата е во добра состојба, дали некои ќелии е потребно да се
заменат или е потребно да се замени целата батеријата.
На сликата 4 е прикажан графиконот со добиениот напон по секоја ќелија од испитуваната
стационарна батерија тип 110 x CH 108, 220V 139Ah/10h од каде може да се заклучи дека батеријата
има капацитет нешто поголем од 80%, и притоа две ќелии не се во добта состојба (лоши), така што
истите е потребно да се заменатч потоа, сервисираната батеријата може да се употребува и да се
влуËи во работа.

Слика 4. Графикон со добиен напон по ќелија

ЗАКЛУЧОК
Може да заклучиме дека е потребно да се врши навремено мерење на капацитет на
стационарната оловно киселинска батерија, бидејки така на најдобар начин ќе ја констатираме
нејзината исправност или неисправност.
Ако се констатира неисправност, тогаш е потребно да се процени дали е можна поправка со
замена на одреден број на ќелии, или е потребна целосна замена на батеријата за да системот за
непрекинато напојување биде во исправна и припремна состојба.

ЛИТЕРАТУРА
[1] Милан Оцепек дипл. инж., Технички приручник за оловне батерије, Межица Р. Словенија:
Рудники свинца ин топилница Межица Р. Словенија, 1985 година.

You might also like