You are on page 1of 10

УНИВЕРЗИТЕТ "Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ" - СКОПЈЕ


ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
ИНСТИТУТ ЗА ПРЕНОСНИ ЕЛЕКТРОЕНЕГРТЕСКИ СИСТЕМИ

Ристо Ачковски
ОДБРАНИ ПОГЛАВЈА ОД ДОВЕРЛИВОСТ НА ЕЕС

(умножени предавања на постдипломски студии)

Скопје, март 2007 г.


1. ОПШТО

Доверливоста се дефинира како способност за изведување


(обавување) на превидената функција во текот на определен временски
период под зададени услови. Оваа дефиниција за доверливоста се
применува како за одделните елементи на некој систем така и на
целиот посматран систем.
Пресметките на доверливоста базираат на модели на елементите
и на модели на системот. Тие модели ги одразуваат нивните
карактеристики и структура. Но пресметките се базираат и на
показателите (индексите) на доверливост на елементите од ист или
сличен тип до кои што се доаѓа со статистичка обработка на
податоците од експлоатација (погонот) во минатото. Со анализа на
доверливоста, всушност, се предвидува какво ќе биде поведението на
некој елемент или на некој систем во иднина, на база на познавањето и
примената на податоците од минатото.
Сите пресметки на доверливоста опфаќаат две основни фази:
a) Утврдување на состојбите во кои системот не може да ја
извршува предвидената функција;
b) Пресметување на индексите на доверливост на база на
познавањето на состојбите утврдени во претходната фаза.
За пресметката на индексите на доверливост на електроенер-
гетските објекти (ЕЕО) електроенергетските мрежи (ЕЕМ) и електро-
енергетските системи (ЕЕС) се развиени повеќе методи. Нив можеме
да ги поделиме во неколку групи:
Прва група. Првата група методи ги определува дефицитарните
состојби (состојби во кои што се јавува дефицит или неизвршување на
целосната функција на уредот/системот) по пат на системско
пребарување на состојбите на мрежата/системот при што се опфаќаат
единечните (едноструки) дефекти како и нивната суперпозиција на
ремонтите на друг(и) елементи од системот. Не е на одмет овде да се
нагласи дека таквата суперпозција на испад на еден елемент со ремонт
на друг всушност пртставува еден вид двоен (двострук) испад, што
претставува многу потешка ситуација од единечниот испад.
Втора група. Втората група методи за определување на
критичните ситуации како алатка за нивното утврдување ги применува
минималните пресеци во системот.
Општо посматрано, показателите на доверливост се делат на
статички и динамички. Статичките показатели се дефинираат за
обновливите елементи, какви што се на пример елементите на ЕЕС но
и самиот ЕЕ систем во целост. Тие зборуваат за просечното поведение
на елементите, т.е. системот посматрано на долг рок, најчесто во текот
на целиот технички експлоатационен век на елементот или, пак,
системот.

1
Динамичките показатели, пак, се определуваат за необновливите
објекти или кога е потребно да се предвиди поведението на
објектите/системот во ограничен временски период.
Имајќи ја предвид природата на ЕЕС и на неговите елементи, во
наредниот дел ќе бидат наведени дефинциите на основните индекси на
доверливост но за стационарна состојба. Стационарните вредности на
овие показатели овозможуваат да се направи проценка на техничко-
економските карактеристики на објектите/системите кои што ќе се
однесуваат на повеќегодишен период на работа и избор на најповолно
решение за нивната конфигурација и нивниот состав.

2. ОСНОВНИ ПОИМИ И ОСНОВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Работата на елементите од ЕЕС претставува стохастички


(случаен) процес во кој разгледуваниот елемент се наоѓа во една од
своите можни состојби. Во нашиот случај, кога зборуваме за
доверливост на ЕЕС, состојбите на елементите како и на системот во
целина се претставуваат со дискретни случајни променливи со конечен
простор на состојби и континуиран параметар кој го претставува
разгледуваното време.
За опишување на состојбите на секој елемент од системот се
користи моделот на Марковиот процес со две состојби и тоа: N
(нормална) состојба во која елементот се наоѓа во нормална работна
состојба и R (состојба на испад), односно состојба, во која поради
грешка (дефект) елементот не може нормално да ја извршува
предвидената функција.
Случајниот редослед на промени на состојбите на еден елемент е
скициран на сликата 2.1. На неа со m1, m2, … mn и r1, r2, … , rn се
означени времињата на траењето на состојбите на нормална работа на
обновување (поправка) додека со n е означен вкупниот број посмат-
рани циклуси.

Слика 2.1. Случаен редослед на промени на состојните на еден елемент

Нека со m го означиме средното (просечното) време на траење на


исправната работа на елементот (состојба N), додека со r го означиме
средното (просечното) време на траење на поправката (воспоста-
вувањето) на елементот (состојба R):
n n
m= ∑m /n
i =1
i ; r= ∑r /n.
i =1
i

2
Тогаш стационарната вредност на расположливоста на елемен-
тот, која што ќе ја означуваме со A (Availability) е еднаква:
m
A= , (2.1)
m+r
додека стационарната вредност на неговата нерасположливост U
(Unavailability) е еднаква на:
r
U = = 1 − A. (2.2)
m+r
Збирот од времињата m и r ја даваат т.н. "периодичност" Т на
отказите (испадите) на елементот:
T = m + r. (2.3)
Фреквенцијата на отказите f на елементот е еднаква на
реципрочната вредност од периодичноста T, т.е.:
1
f = . (2.4)
T
Интензитетот на испадите (отказите) на елементот λ се
дефинира на следниот начин:
1
λ= ≈ f, (2.5)
m
додека интензитетот на поправките μ се дефинира со релацијата:
1
μ= . (2.6)
r
Значи, преминот од состојба N во R се опишува со соодветните
интензитети на премини λ и μ. Под интензитет на премин се
подразбира веројатноста за премин од една во друга состојба во
единица време, под услов претходно да не настанал таков премин,
односно промена на состојбата. Интензитетите λ и μ се мерило за
брзината (фреквенцијата) на премините од едната во другата состојба.
Так, на пример, ако е λ = 0,2 испади годишно, тоа значи дека
просечното времетраење на неговата номална работа изнесува 0,2
години (1352 часа), т.е. дека тој елемент или уред во просек ќе испаѓа
(ќе се расипува) 1/λ = 5 пати годишно. Слично, μ = 100 значи дека за
време од 1 година (8760 часови) уредот може во просек да се поправи
100 пати, т.е. дека просечното време потребно за поправка на тој
елемент изнесува 87,6 часови/поправка.

2.1. ОСНОВНИ ИНДЕКСИ НА ДОВЕРЛИВОСТ

Нека со τ ја означиме случајната променлива со која е


претставено времето кое елементот го поминува во својата нормална
работна состојба (N), пред да премине во состојба на отказ (испад) (R).
За функцијата на распределба на испадите или функција на
недоверливост може да се напише:
FT (t ) = P [τ ≤ t ] , (2.7)

3
каде со P[τ ≤ t] е означена веројатноста елементот да премине во
состојбата R во текот на временскиот интервал [0; t].
На сличен начин може да се дефинира и комплементарната
функција на FT (t ) , односно функција на опстанување или функција на
доверливост [3]:
RT (t ) = P [τ > t ]. (2.8)
Првиот извод на функцијата FT(t) ја дава нејзината функција на
густина на веројатноста т.н. густина на испадите fT(t).
dF (t ) dR (t )
fT (t ) = T =− T . (2.9)
dt dt
Интензитетот на испад, λ(t), односно интензитетот на премин од
нормална состојба N во состојбата R е даден со релацијата:
f (t ) f (t ) −1 dRT (t )
λ (t ) = T = T = . (2.10)
RT (t ) 1 − FT (t ) RT (t ) dt
За специјални случаи кога λ(t) = λ = const., што може да се смета
за типично за најголемиот број на елементи на ЕЕС, функцијата на
доверливост ќе биде:
RT (t ) = e−λt ⇒ fT (t ) = λe−λt . (2.11)
Од претходно изложеното се заклучува дека времето на нормална
работа на еден елемент е случајна променлива која има експонен-
цијална распределба кога интензитетот на испадите λ е константен.
Експоненцијална распределба на времетраењето повлекува константен
интензитет на испадите.
Збирот на средното време до испад m, (mean time to failure-
MMTF) и средното време до поправка r (mean time to repair-MTTR), го
дефинира очекуваното времетраење на еден работен циклус Т кој се
состои од една состојба N и една состојба R, и се нарекува средно
време помеѓу испадите (mean time between failure-MTBF).
За да се опише однесувањето на елементите или системот не е
доволно да се познаваат само веројатностите за престој во одредени
состојби pN и pR, туку и нивната фреквенција и времетраење. Фреквен-
цијата на еден циклус f е еднаква на реципрочната вредност на
неговото времетраење. Оттука, за веројатностите еден елемент да се
најде во состојбите R и N се добива:
m f
A = pN = = m⋅ f =
m+r λ
(2.12)
r f
U = pR = = r⋅ f = .
m+r μ
Во изразот (2.12) со pN и pR се означени веројатностите во даден
момент на време уредот да биде исправен (N) или пак да биде во
дефект, т.е. на поправка (R). Тие, значи, се совпаѓаат со
расположивоста А односно нерасположливоста U на елементот.
Од овие изрази следува дека фреквенцијата појавувањето
(настанувањето) на една состојба s е производ од веројатноста на таа
состојба ps и интензитетот на премин од таа состојба λs, односно:

4
f S = pS ⋅ λ S . (2.13)
Бидејќи веројатноста на една состојба претставува однос помеѓу
нејзиното времетраење tS и вкупното времетраење на циклусот T,
t
pS = S = t S ⋅ f S , (2.14)
T
ако времетраењето го замениме со фреквенција на циклусот, за
времетраењето ќе се добие:
p
t S = S = pS ⋅ λ S (2.15)
fS

3. МРЕЖИ
Доверливоста на техничките системи може да се анализира преку
мрежни структури со помош на кои може да се моделираат некои
функции на анализираниот систем. Притоа прекинот на функцијата се
претставува како прекин на врската помеѓу "почетокот" и "крајот" на
системот, т.е. помеѓу "влезниот" и "излезниот" јазел. Компонентите
(елементите) на системот што се анализира претставуваат гранки на
мрежата. Неисправната состојба на компонентата се прикажува со
прекин на соодветната гранка. Мрежата со помош на која што се
моделира некој технички систем се нарекува "блок-дијаграм" на
доверливоста или функционален граф на системот.
Функционалниот граф го одразува начинот на работа на
посматраниот систем од аспект на неговата доверливост. Тој не мора
да има никаква сличност со физичката структура на системот. Со него,
всушност, се прикажуваат неисправните состојби на системот.
Така, на пример, ако системот не функционира кога сите негови
елементи, без исклучок, се неисправни, тогаш гранките на
компонентите во неговиот граф се во паралелната врска. Доколку пак
системот на функционира кога барем една негова компонента е
неисправна, тогаш во неговиот функционален граф сите гранки се
врзани редно (сериски).
Доколку графот на системот се состои од гранки кои во поглед на
доверливоста се заемно независни, тогаш е можно да се добијат
едноставни аналитички изрази со помош на кои лесно се пресметуваат
индексите на доверливост на елементарните комбинации на гранките
(редна, паралелна или редно-паралелна врска).

3.1. РЕДНА (СЕРИСКА) ВРСКА

Нека функционалниот граф на некој систем се состои од ne редно


поврзани елементи. Тогаш системот е исправен само ако се исправни
сите негови компоненти. Според тоа, расположливоста А на редната
врска е:

5
ne
A = A1 ⋅ A2 ⋅…⋅ Ane = ∏ Ai . (2.16)
i =1

Стационарната нерасположливост U, во тој случај, ќе биде:


ne ne
U = 1 − A = 1 − ∏ Ai = 1 − ∏ (1 − U ) . i (2.17)
i =1 i =1

Имајќи предвид дека е обично U << A и U → 0 , произлегува


релацијата:
ne
U ≈ ∑U
i =1
i . (2.18)

Интензитетот на испадите кај редната врска е еднаков на збирот


на интензитетите на одделните компоненти на системот бидејќи
испадот на било која од нив директно го пренесува системот во
неисправна состојба:
ne
λ= ∑λ .
i =1
i (2.19)

Лесно може да се докаже дека фреквенцијата на испадите


(дефектите) на системот f во случајот на редна врска се добива со
помош на релацијата:
⎛ ne ⎞ ne ne ne
f = ⎜ ∑ λi ⎟ ⋅ ∏ Ai = ∑ fi ⋅ ∏ Aj . (2.20)
⎝ i =1 ⎠ i =1 i =1 j =1
( j ≠i )

Бидејќи важи Ai → 1; i = 1, ne , за практични пресметки може да се


смета дека е:
ne
f = ∑f
i =1
i . (2.21)

За останатите индекси на доверливост на системот ќе важат


следниве релации:
ne ne

∑ λi ⋅ ri ∑λ ⋅r i i
r= i =1
= i =1
(2.22)
λ ne

∑λ
i =1
i

1 1
f = ≈ =λ (2.23)
m+r m
ne
U = pR ≈ λ ⋅ r = ∑ λ i ⋅ ri . (2.24)
i =1

Од изведените релации произлегува следната еквиваленција:

λ1, μ1 λ2, μ2 λn, μn λeq, μeq

Слика 3.1. Еквивалентирање на сериски систем

6
3.2. ПАРАЛЕЛНА ВРСКА

Нека функционалниот граф од некој систем се состои од ne


паралелно врзани гранки. Од самата дефиниција на паралелната врска
произлегува дека системот преминува во неисправна состојба само
кога сите ne негови компоненти се во неисправна состојба. Според тоа
стационарната вредност на нерасположливоста U и расположливоста А
на паралелната врска на елементите ќе биде:
ne
U = ∏U i . (2.25)
i =1
ne
A = 1 − U = 1 − ∏U i . (2.26)
i =1

Бидејќи системот преминува во работна (исправна) состојба со


обновувањето на било која негова компонента, интензитетот на
обновување на системот μ ќе биде:
ne
μ= ∑μ
i =1
i . (2.27)

Фреквенцијата на испадите на системот f во овој случај ќе биде:


⎛ ne ⎞ ne ne ne
f = ⎜ ∑ μi ⎟ ⋅ ∏ U i = ∑ f i ⋅ ∏ U j . (2.28)
⎝ i =1 ⎠ i =1 i =1 j =1
( j ≠i )

3.3. СЛОЖЕНИ МРЕЖИ

Графовите кои не се составени од множества редни и паралелни


врски не можат да се сведат на една единствена еквивалентна гранка
како во претходните два случаја. Пример за граф од една сложена
мрежа за која тоа се однесува е прикажан на сликата 3.1.

Слика 3.2. Сложена мрежа чиј граф е во облик на мост

Во графот од сликата 3.2. со I е означен изворниот (влезен) јазел,


додека со О е означен излезниот (приемен) јазел. Прекинот на врските
помеѓу ови два јазла означува прекин на напојувањето, односно испад
на системот.
За пресметуавње на индексите на доверливост на солжените
системи (мрежи) како погоден се покажал методот на мининални
пресеци. Тој базира на определувањето на т.н. "минимални патеки"

7
3.3.1. Метод на минимални патеки
Патека претставува низа од редно поврзани гранки од графот
кои ги поврзуваат изворниот и излезниот јазел. Минимална е онаа
патека која во себе не содржи ниту една друга патека, Минималната
патека не минува низ ниту еден јазел повеќе од еднаш.
Редот на минималната патека е еднаков на бројот на гранките
што таа ги содржи. Највисокиот можен ред на минималната патека rmax
е еднаков на бројот на јазли n намален за еден, т.е:
rmax = n − 1 . (3.29)
Минималните патеки на еден граф можат да се определат со
помош на матрицата на поврзаност C. Оваа матрица е квадратна со
димензии [n×n].
Елементот Eij на оваа матрица, кој што припаѓа на редицата i и
колоната j е ознаката за гранката од мрежата што ги поврзува јазлите i
и j. Ако помеѓу споменатите јазли не псотои директна врска (гранка)
соодведниот елемент е нула, т.е. Eij = 0.
Ако за графот од сликата 3.2. јазлите ги подредиме по следниот
редослед: I, 2, 3, 0, матрицата на поврзаност C ќе го има следниот
облик:
⎡0 G B 0⎤
⎢G 0 C D ⎥
⎢ ⎥ (3.30)
⎢B C 0 E⎥
⎢ ⎥
⎣0 D E 0⎦
Елементите од првата редица на матрицата C се минималните
патеки од прв ред од изворниот јазел I до јазлите 2, 3, … и излезниот
јазел 0. Минималните патеки од втор ред од изворниот кон останатите
јазли од мрежата се добиваат со множење на првата редица од
матрицата C, од десно, со самата матрица C. При множењето се
испуштаат производите што содржат повеќе од еднаш некоја од
гранките. Ако при множењето се појават два или повеќе производи од
исти множители, се задржува само едниот од нив.
Кога вака добиената редица се помножи, од десно, со матрицата
C, се добиваат минималните патеки од трет ред. Бидејќи во случајов
нема минимални патеки од трет или повисок ред, постапката на
множење се прекинува тука. Но во општ случај таа постапка би
продолжила се додека не се формираат минималните патеки од n−1
ред.
По дефиниција, врската помеѓу изворниот и излезниот јазел се
прекинува само тогаш кога се во прекин сите минимални патеки.
Бидејќи овие патеки не се содржат една во друга, прекинот на една
патека не доведува неминовно до прекин на некоја друга патека.
За посматраниот функционален граф со помош на претходно
опишаната постапка е утврдено дека постојат 4 минимални патеки:
GD, BE, BCD и GCE, што е прикажано на сликата 3.3. Добиениот граф
е, од аспект на доверливоста, еквивалентен на графот од сл. 3.2.

8
Слика 3.3. Еквивалентен граф со минималните патеки

3.3.3. Метод на минимални пресеци


Пресек на еден граф претставува низа од гранки од графот со чие
испуштање се прекинува врската помеѓу влезниот и излезниот јазел.
Минимален е оној пресек кој во себе не содржи други пресеци. Редот
на пресекот qp е еднаков на бројот на гранки што тој ги содржи во себе.
Најголемиот можен ред на пресекот е еднаков на разликата nb – n на
бројот на гранки и јазли од мрежата, зголемена за 2. Притоа паралел-
ните гранки се сметаат за една гранка. Два пресека се зависни ако
содржат барем една иста гранка.
qb.max = nb − n + 2 . (3.31)
Еден од методите за определување на мининалните пресеци е
базиран на графот со минималните патеки.

You might also like